1 Беседи за животот по животот (pdf)

2 Беседи за животот по животот (pdf)

3 Беседи за животот по животот (pdf)

 

Архимандрит Серафин

Глава 5

Библијата раскажува, дека Бог го создал човекот од тело и душа, образувајќи го телото од земен прав и дувнал во неговото лице дух животен; и станал човекот жива душа. Двосоставот на човекот, што ја претставува јатката на ова раскажување, се потврдува од опитот и фактите. Секој од нас непосредно чувствува дека има тело и душа.

Една германска поговорка вели: „Мап ist was man ,isst”, т.е. „човекот е тоа, кое [што] го јаде“. Како земен, тој го одржува својот живот со храна, која ја произведува земјата. А како духовен, тој се храни духовно со зборовите на Господа, според кажаното: „...човекот не живее само од леб... a од секој збор што излегува од устата на Господа“ [Види 5.Мојс„8,3; Мат. 4,4], а зборовите Божји се „дух и живот“ [Јован 6,36].

И покрај тоа што Бог ја вложил вечноста во срцето на човекот [Екл. З,11], последниот отпаднал од вечниот живот поради своето непослушание и се нашол во рацете на смртта како телесна, така и духовна. Пред да се јави како факт, смртта претходно од Бога била спомната пред прародителите како можност,

 со цел тие да бидат запазени од неа.

Сезнајниот Создател го предупредил човекот дека e твар и поради тоа не располага со самобитна блажена вечност. Таа му е подарена и тој може да ја има само ако го исполни условот на беззаветно послушание кон Бога. Во случај ако се покаже непослушен, тој, човекот, создаден за среќна вечност, ќе потпадне под ударите на двојната смрт физичка и духовна. Божјиот дух се оддалечил од него, a оддалечувањето на Божјиот Дух од душата на човекот е духовна смрт за него, како што, излегувањето на душата од телото е физичка смрт за телото. Човекот продолжил да живее со тело, но веќе бил, речиси, мртов по дух. Најпосле, оттогаш, тоа е состојбата на секој непоправен грешник, кој го прогонува Светиот Дух од својата душа. За таквиот Бог рекол: „...носиш име дека си жив, а мртов си“ [Откр. 3,1].

Ако не беше Божјата бескрајна милост кон паднатиот во грев човек, тој би загинал засекогаш. Но Бог ветил на Адам и Ева, и тоа веднаш по нивниот гревопад, дека ке им испрати Спасител, Кој ќе ја гази главата на змијата, т.е. на ѓаволот [1.Мојс. 3, 15]. Спасителот дошол, согласно Божествениот план, во лицето на Божјиот Син Исус Христос. Тој, Воплотениот Бог, се јавил на земјата, „за да ги урне делата ѓаволски“ [1. Јн. 3, 8]. Ha Голгота Господ, еднаш засекогаш, ја искупил вината на целиот човечки род со невино пролеаната Своја крв, засекогаш го исплатил пред Божјата правда неисплативиот човечки долг и со Својата љубов

го избавил Адама M неговите потомци од гревот, проклетството и смртта.

Како ги избавил од гревот? земајќи го врз Себе гревот на светот [Јован 1, 29] и примил да биде сметан за грешник, бидејќи е сесовршен Праведник [Дела 3, 17]. Парадоксално, но апсолутна вистина! „Кој од вас може да Ме укори за неправда?” [Јован 8, 46] ги прашал Безгрешниот Своите противници. Никој не можел да Го обвини! Имено, Тој, Безгрешен Човек, Богочовекот, бил распнат како последен престапник на крст. Со каква цел? Свети апостол Петар појаснува: „Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: „Преку Неговата рана се исцеливме” [1.Петр. 2, 24]. Сообразно со ова и свети апостол Павле учи: „Бог испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото” [Рим. 8, 3]. На друго место, истиот апостол објаснува: „Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја" [2.Кор. 5, 21]. Оние кои веруваат во Христа не се веќе робови на гревот, штом со помошта на дадената им одозгора благодат се стремат да ги исполнуваат Божјите заповеди. Тие се веќе слуги Божји. Бог ги ослободува од тиранијата на гревот. Непријателот гревот е веќе победен за оние, кои Го сакаат Бога и ја вршат Неговата волја.

На ист начин во Новиот Завет е опишано ослободувањето на човекот и од проклетството. Проклетството е одделување од Бога и отуѓување од Него, а тоа е еднакво на погибел.

Под проклетства потпаднале Адам и Ева, затоа што не ја исполниле Божјата заповед во рајот. Откако извршиле грев и не се покајале, прародителите сами си навлекле проклетство, т.е. отпаднале од општењето со Бога. Зашто гревот е проклетство, Каде што нема грев, или каде што постои покајување за гревот, таму нема проклетство, туку единство со Бога и благослов, бидејќи Бог е извор на сите благослови.

Ова многу јасно личи од познатите 27 и 28 глава на книгата Второзаконие, каде што се набројуваат проклетствата и благословите над еврејскиот наред. За оние кои ги престапуваат Божјите заповеди, е речено: проклети се сите, кои си прават идоли и им служат, хулителите на татко и мајка, оние кои го онеправдуваат својот ближен, оние кои неправедно судат туѓинец, сираче и вдовица, оние што блудствуваат и прељубодејците, убијците итн. [5.Мојс. 27, 15-25]. Откако се набројуваат сите случаи на проклетство, во заклучокот се вели: „Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив“ [5.Мојс. 27,26].

За благословите се говори: „И ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ твојот Бог“ [5.Мојс. 28,2]. Тогаш „благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето, благословен ќе биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој“ итн. [5.Мојс. 28, 3-6]. Кој не сака да офка под тежината на проклетството, а жеднее да живее под сенката на Божјиот благослов, треба „да се клони од зло и нека прави добро...“ [Псал. 33,14].

Ho, во овој свет, кој целиот лежи во зло [1.Јн. 5,19], не може наполно да се избегне проклетството при нашата гревовност. Единствено во небесниот Ерусалим, каде што нема да има никакви гревови, „нема веќе да има никакво проклетство“ [Откр. 22,З]. На земјата, каде се вршат толку многу беззаконија, проклетството ги прогонува луѓето. Од него се избавуваат праведниците, кои ја вршат Божјата волја и оние кои се каат. Не Бог ги проколнува луѓето. Тој е љубов и не ја сака смртта на грешникот. Нашето сопствено зло е она, кое ни носи проклетство.

Оној, Кој не ослободил од гревот, Тој не искупил и од проклетството. Надвиснато над сите грешници, како резултат на нивната вина против Божјата волја [Псал. 118,21], проклетството отпаѓа по силата на крсната искупителна Жртва, принесена за нашите гревови. Преку верата во Искупителот, преку послушанието на Божјата волја и преку единството со Севишниот, изворот на секој благослов, проколнатиот грешник се избавува од своето проклетство. Ова е православното учење за нашето искупување од гревот и проклетството.

Некои богослови тврдат, дека првите луѓе не биле потпаднати под никакво проклетства од страна на Бога, бидејќи Бог бил љубов и не би го проколнал Адама, а рекол: „...земјата нека биде проклета за тебе...“ [1.Мојс. 3,17]. Вистина е, дека Бог е љубов, но кој би се осмелил да ја негира Неговата правда? Ако при Божјото изобличување на паднатите во грев први луѓе, зборот „проклети“ е избегнат и е насочен не кон нив, а кон земјата [1.Мојс. З, 14-17], тоа е, за да не бидат фрлени луѓето во краен очај. Затоа Бог загадочно му рекол на Адама „...земјата нека биде проклета за тебе...“ [1.Мојс. 3,17], т.е. поради твоите дела. Што е виновна земјата, за Бог да ја проколнува? Таа не паднала во грев. Човекот, земниот, згрешил. Меѓутоа, за да не биде тој обескуражен во своето поправање, не се упатува кон него фаталниот збор „,проклет“, кој ја дефинира крајната непоправливост на даден човек, а на еден помек начин, преку неплодородноста на земјата, се изјавува проклетството, во кое паднал Адам преку својот гревопад. Меѓутоа, подоцна, Самиот Господ Исус Христос, Кој е Воплотената љубов, при опишувањето на сликата на Страшниот суд, ќе им каже на непоправливите грешници: „Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган“ [Мат. 25,41], за да се види, дека Бог е не само љубов, но и Правда. Додека има надеж за поправање и покајание, во словото Божјо не се кажува за луѓето, дека се проклети, освен за потполно непоправливите нечестивци, кои, свети апостол Петар ги нарекува „чеда на проклетството" [2.Петр. 2,14; спореди Псап, 118,21].

И така, местото од Светото Писмо, каде се говори за проколнување на земјата, сосема не означува, дека при гревопадот на човекот наместо него била проколната земјата. Архиепископот Серафим прекрасно размислува: „Доколку како резултат на тоа паѓање се проколнува земјата една сосема безвиновна Божја творба, и тоа само поради околноста, дека животот на човекот е поврзан со неа, тогаш, како може да се допушти од аспект на Божественото правосудие, дека самиот човек што погрешил, виновникот за тоа проклетство, останал надвор од него? За ова, дека и човекот потпаднал под Божјата клетва, сведочи неговото истерување од рајот, неговото лишување од рајската благодат, целиот негов иден живот, обременет од тешки трудови и маки, и на крајот гнилежот и смртта".

Допуштањето, дека над луѓето не тежнеело никакво проклетство, ги прави сосема несфатливи зборовите на свети апостол Павле: „...Христос не откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: ,Секој да е проклет што виси на дрво!” [Гал. 3,13]. Како што безгрешниот Христос стана за нас грев [2.Кор. 6,21], за да не искупи од гревот, така Тој Преблагословениот, врз Себеси го прими нашето проклетство, за да не избави од вечното проклетство. Од тој факт, дека Спасителот доброволно го понесе нашето проклетство, се роди најголемиот благослов за човекот, според кажаното: „Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос“ [Ефес. 1,3].

Ова, дека Господ доброволно го прифатил Адамовото проклетство врз Себеси, не е никаков срам за Него, а напротив најсветол и славен венец, кој сведочи за Неговата жртвена љубов кон нас. Затоа светата Православна Црква со голема торжественост го воспева фактот, дека Христос од нас го симнал проклетството, земајќи го врз Своите плеки. Така на пример: во воскресната пофална стихира на 4 глас читаме: „Христе, со Твојот крст Ти си не ослободил од древното проклетство“, а во тропарот на Рождество Богородично ги среќаваме овие зборови: „Од Тебе [Богородице] изгреа Сонцето на правдата, Христос, нашиот Бог, Кој го уништи проклетството и ни даде благослов“.

„Очигледно е вели архиепископот Серафим, дека тоа погрешно богословско мислење, односно, догматот за Искупувањето [дека, божем, над човекот немало никакво проклетство бел. на авт.] почива врз едно неправилно разбирање за проклетството, кое, всушност, е себеодлачување на човекот од општењето со Бога заедно со сите погибелни последици за него кои оттука произлегуваат, како во овој времен живот, така и во идниот, задгробен живот“, а не некакво пакосно, одмаздувачко чувство, какво во Бога не може да има.

Преблагословениот Спасител, бидејќи невин, прифатил да го понесе врз Своите плеќи нашето проклетство, за да го симне од нас, кои поверувавме во Него, и да не направи вечно среќни. Каква поголема љубов од оваа може да има! Меѓутоа, кој го негира проклетството, што тежи над грешниците, тој, не само што го негира нашето искупување од тоа проклетство, но, заедно со ова ја намалува и уништува во луѓето Божјата љубов, која се појавила така поразително при нашето искупување од гревот, проклетството и смртта. Ако не беше отстрането проклетството, немаше да има за нас, грешниците, вечен благослов Божји.

На трето место, Спасителот не избавил од веригите [оковите] на смртта. „Преку еден човек вели светиот апостол Павле гревот влезе во светот, а преку гревот смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија" [Рим. 5,12]. Од Адама како извор на човечкиот род, потече матниот поток на гревовноста. Првородниот грев стана наследен грев за целото човештво. По силата на таа наследносг, расипаноста на Адамовата природа се предава и до денес Од човек на човек и како што Адам требаше да умре поради својата гревовност, така и сите Адамови потомци до денес се потгчинети на неумоливиот закон на смртта. Зашто „платата, што ја дава гревот, е смртта" [Рим. 6,23]. Грешник ли си, треба да умреш? Несреќни сме ние луѓето! Кој ќе не избави од неумоливиот закон на смртта?! [спореди Рим. 7,24].

Но, слава на Бога! На Оној, Кому му згрешивме со грев за смрт, Самиот Тој, преку искупителното дело на Својот Единороден Син, не избави од смртта! Како не избави? Преку тоа, дека Безгрешниот, Кој ништо не должеше на смртта, доброволно умре за нас, принесувајќи се на крстот како жртва за нашите гревови.

Умилостивителните жртви за гревовите биле познати уште во Стариот Завет. Потребата за искупување се чувствувала силно секогаш и од сите луѓе, паднати во грев. Таа потреба ги поттикнала древните луѓе - не само евреите но и незнабожците да принесат жртва за грев, ама тие жртви не можеле да ја очистуваат совеста [Eвp. 9,9; 10,4]. Тие биле само напомнување за неопходноста од вистинска очистувачка жртва [спореди Esp. 10,3] и израз на надежта, дека таквата Жртва сеопфатна и сеочистувачка, ке биде принесена некогаш и ќе го очисти човештвото од севластната смрт. Со други зборови, старозаветните жртви биле праслика и подготвителни кон ветената и очекуваната сеискупителна Жртва на Христа.

Сепак, донекаде и старозаветните жртви ја успокојувале совеста, дејствувајќи очистувачки, извикувајќи го Божјото милосрдие и Божјата закрила над благочестивите души. Московскиот митрополит Макариј добро вели: „Крвта на сите жртвени животни и посебно, крвта на пасхалното јагне [кај евреите], ги запазила израилските првородени младенци од мечот на Ангелот на смртта во Египет. Co козја и телешка крв, пак, со која првосвештеникот [во Стариот Завет] влегувал еднаш во годината во Светињата на Светиите [најсветото место, олтарот во Ерусалимскиот храм], било поросувано светилиштето за гревовите на целиот народ. Сето ова, јасно покажувала на Божјиот народ, дека за вистинското очистување од гревовите на целиотчовечки род, ќе биде употребена крвта на Божјиот Агнец“ [види Јован 1,29]. Ова го читаме во Посланието до Евреите: „Христос, кога стана Првосвештеник на идните блага, ...ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп“ [Евр. 9, 11-12].

Големиот пророк Исаија, поради јаснотијата на своите месијански пророштва наречен „старозаветен Евангелист“, околу 700 години пред јавувањето на Спасителот, го претскажал Неговото искупително дело со зборовите: „Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости... А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, a преку Неговите рани ние се излекувавме. Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас. Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како јагне Тој беше одведен на колење, и како што е овцата пред стрижачите свои безгласна, така и Тој не ја отвори устата Своја... заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт“ [Иса. 53, 4-8].

Настаните кои се случија во Новиот Завет, ги потврдуваат сите претскажување на старозаветните пророци. Самиот Исус Христос рекол за Себеси, дека дошол „...да го даде животот Свој за откуп на мнозина“ [Мат. 20,28] и дека Неговата крв „... се пролева за мнозина, за простување на гревовите“ [Мат. 26, 28]. За истото сведочат и светите апостоли. Свети Јован Богослов, на пример, пишува, дека „...крвта на Исус Христос... не очистува од секаков грев“ [1.Јн. 1,7]. Свети апостол Павле постојано го проповеда ова: „...Христос умре за нашите гревови, според Писмата“ [1.Кор. 15,3]. „...Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис“ [Ефес. 5,2]. Тој беше „предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание“ [Рим. 4,25].

Така учеле сите Свети Отци. За илустрација да ги земеме зборовите на свети Амвросиј Медиолански: „Не можела да не искупи [од смртта бел. на авт.] крвта на пророците, не не искупиле ни Петар, ни Павле. Единствено можел да не искупи со Својата смрт Оној, Кој е и Бог и Човек“.

Кај свети Василиј Велики ја среќаваме следната мисла: „Што може човек да најде толку вредно, за да го даде за искупување на својата душа? Но ете, се нашло нешто многу вредно за сите луѓе земени заедно, кое и било дадено за искупување на нашите души; тоа е светата и многускапоцена Крв на нашиот Господ Исус Христос, која, Тој ја пролеал за сите нас"„

Свети Јован Златоуст толку сликовито ги опишува бескрајно големите крстни заслуги на Господ Исус Христос за искупувањето на целиот човечки род од смртта: „Претстави си, дека еден човек должи на некој си заемодавец исклучително голема сума, за која бива фрлен во затвор, како тој, така и жена му, и децата, и слугите. Доаѓа друг и не само што ја внесува големата сума, но му прави и голем подарок на должникот, давајќи му десет илјади жолтици, го воведува затвореникот во својата царска палата, го облекува во најголема власт, го опсипува со почести и одликувања... Точно така се случило и со нас. Христос платил многу повеќе од она, кое сме го должеле, дотолку повеќе, колку што непрегледното море е поголемо од малата капка”.

Како се случило самото наше искупување од смртта, многу добро ни објаснува свети Атанасиј Велики. Тој вели, дека кон трулежното човечко тело требало да се присоедини Божествената нетленост, за да биде човекот направен бесмртен, „Затоа Спасителот... се облекол во тело, та, присоединувањето на тоа тело кон Животот [т.е. примањето на човечка плот [тело] од Воплотениот Бог бел. на зет.], тоа да не пребива повеќе во смрт, бидејќи смртно, но облечено во бесмртност, да остане по воскресението веќе бесмртно“. Понатаму, свети Атанасиј размислува: „Смртта не можела да се јави поинаку, освен во телото на човекот. Затоа Бог се облекол во тело, та наоѓајќи ја смртта во телото, да ја уништи. Како поинаку Господ би покажал, дека е Живот, ако не беше ги оживотворил мртвите луѓе?“

Така Христос го уништи законот на смртта, откако ја победи самата смрт. Навистина и по крстната смрт на Господа и по Неговото Воскресение, законот за смртта продолжува да дејствува во нас. Луѓето продолжуваат да умираат, но, како што добро вели архиепископот Серафим, „ова дејство е времено јавување. По силата на крстната смрт на Христа и на Неговото Воскресение, смртта ќе биде засекогаш уништена, кога ќе настапи часот на сеопштото Воскресение на мртвите“.

Тука изникнуваат неколку прашања:

1. Зошто на некои места во Писмото е кажано, дека Исус Христос умрел за сите [Јован З,16; Мат. 18,11; 1.Тим. 2, 3-6; 1.Јован 2,2], на други места, дека го дал Својот Живот за избавувањето на мнозина [Мат. 20,2; Лука 22,20; Евр. 9,28]. На прво место треба да се одбележи, дека многу често во Писмото со зборот „мнозина“ се означуваат сите. Така на пример, Христос вели: „зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани“ [Мат. 22,14]. Јасно е, дека Христос не само мнозина, туку сите ги повикал. На второ место, ќе истакнеме, дека Христос, навистина сака сите да се спасат [1.Тим. 2,4], но не сите веруваат во Него, не сите Го сакаат, не сите се отповикуваат на Неговиот спасителен повик. Поради тоа, од принесената на Голгота Жртва за сите се ползуваат не сите [Мат. 20,16].

Така ги толкува свети Јован Златоуст зборовите на свети апостол Павле: Христос еднаш „...се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина...“ [Esp. 9,28]. Златоустиот проповедник прашува: „Зошто Павле рекол ,на мнозина', а не на сите? И одговора: „Зашто не сите поверувале. Христос умрел за сите, за да ги спаси сите... Неговата смрт била во состојба да ги спаси сите од погибел, но Тој ги истребил гревовите не на сите, бидејќи оние кои не поверувале не го посакале тоа“.

2. Некои можеби ќе прашаат: Зошто Исус Христос претрпел не некоја друга, а токму крстна смрт? [види Фил. 2,8], Ha ова прашање многу исцрпно и многу добро Одговора свети Атанасиј Велики. Тој посочува три причини:

а] Исус Христос дошол да го земе врз Себе проклетството кое висело над нас. Меѓутоа, како можел Тој за нас да стане клетва [Гал. 3,1З], ако не беше примил смрт, поврзана со проклетство? Токму таква е крстната смрт, зашто напишано е: „...проклет е... секој што виси на дрво" [5. Мојс. 21,23].

б] Co својата смрт Господ Исус Христос ги искупил сите не само евреите, но и презрените од нив многубожци. Тој ја разрушил преградата, која ги разделувала [Ефес. 2,14] и ги повикал многубожците [кон спасение]. „Како Тој би ги повикал, ако не беше распнат? Само на крст се умира со распрострени раце... Со едната Своја рака Господ го привлекол кон Себе старозаветниот народ, а со другата повиканите помеѓу незнабожците... Тој Самиот дал да се разбере за ова уште за време на Неговиот живот на земјата, откако рекол: „И кога Јас ќе бидам, издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе" [Јован 12,32].

Прогонетиот од небесата ѓавол заедно со темната толпа лета по долните, приземни сфери на воздухот, со желба да ги запира оние кои се искачуваат нагоре кон Бога, за кое пишува свети апостол Павле, откако вели за „кнезот на воздухот“, дека и сега тој дејствува во синовите на неверието [Ефес. 2,2]. „Господ, пак, дошол, за да го победи ѓаволот, да го очисти воздухот и да го открие за нас патот за излегување кон небото“... Затоа Исус Христос примил смрт, која се извршува во воздухот, на крстот.  „Зашто распнатиот на крст умира во воздухот .

Слава на Господа Исуса Христа, Кој умре на крст за нас кои згрешивме, за да можеме ние, ползувајќи се со вера од Неговиот прекрасен искупителен подвиг, да бидеме вечно живи преку Него!

Архимандрит Серафин