Архимандрит Серафим

Глава 4

Некој си беше рекол: „Кога си се раѓал, ти си плачел, додека другите околу тебе биле со насмевки. Живеј така, та кога ке умираш, да можеш ти да се насмевнуваш, додека другите околу тебе плачат!“

Убаво кажано, но тешко за исполнување! Кој е во состојба да се насмевнува пред лицето на својата сопствена смрт? Само совршените христијани! Но колку ги има? Мошне малку! Тоа се апостолите, мачениците, преподобните, исповедниците, бесребрениците и светителите, кои Го прославиле Господа со својот живот и со своите дела. Тие не само што не се плашеле од својата разделба со овој свет, но, како што видовме, дури ја посакувале. Свети апостол Павле, слично на другите апостоли, се стремел кон тамошниот свет, зашто имал сосема чиста совест [Евр. 13,18]. Тој им пишувал на Филипјаните: „Сакам да умрам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро“ [Фил. 1,23]. Свети Марко Трачески, тој голем пустиножител, ја поздравувал смртта како избавителка од земните тешкотии, зашто веќе немал гревови. Исто така, светите маченици се натпреварувале да умираат за Христа и тоа со радост, зашто биле убедени, дека во светот отаде ќе наследат подобар живот.

Мнозинството христијани со основа трепереле и треперат пред смртта. Тоа е познато, зашто сознанието за гревовност и неподготвеност го мачи верниот човек. Тој треба, сака или не сака да се раздели со тукашниот живот, а како ќе се јави пред својот Создател? Како ќе одговори за своите грешки? Каков дел ќе наследи таму? Ете, овие тревожни мисли го раѓаат смртниот страв.

Ние не знаеме што точно преживува човекот во моментот на умирањето. Тоа е тајна за нас. Светите Божји угодници сведочат, дека тогаш се разбудуваат и најдлабоко заспаните совести, се јавуваат на екранот на сознанието и најзаборавените мрачни спомени, се одвиваат во памтењето и најсрамните доживувања. Случките, предадени на заборав, започнуваат една по друга да испливуваат од длабочините на растресената човечка потсвест. Оној што умира одеднаш прогледува и се гледа себеси така јасно, така точно, како што никогаш дотогаш не се гледал. Ги гледа своите младешки лудории, своите измами и насилства, срамните забави кои ги посетувал, лицата со кои грешел, порочните слики на кои се восхитувал, луѓето кои ги натажувал, своите жртви, кои ги онеправдувал итн. И најважното гледа, дека можел да ги отстрани сите тие гревови за време на животот со помошта на востановеното од Христа таинство Исповед пред духовникот [Јован 20, 22-23], но тешко него! Не го сторил тоа било поради бурно вовлекување по гревовите, било поради маловерие, било поради лажен срам. А сега се покажува, дека секаква промена во насоката на животот е веќе невозможна. Оној што умира, следниот миг ќе се јави пред Судијата таков, каков што е, не според лицемерните проценки на додворувачите, туку според својата непоткуплива совест. Како ќе одговори?

Светите Божји угодници сведочат, дека во часот на смртта пред душата се јавуваат ангели и демони. Присуството на последните ја доведуваат душата во трепет и ужас. Извесна утеха ѝ доставуваат добрите ангели, дојдени да ја заштитат. Во тој миг, најголема помош и најсигурна полза човекот добива од својата очистена со покајание совест и од своите добри дела, покривани по извршеното смирение. Тогаш послушанието, трпението, проштевањето на навредите, неосудувањето на ближните што згрешиле, молитвите кон Бога, милосрдието кон страдалниците, и секое дури и најмало добро дело на љубов и на сострадание, извршено во името на Христа, најефикасно ѝ помагаат на душата. Подигната од ангелите, таа тргнува охрабрена кон Спасителот. А страсната и гревољубива душа се одведува од злите духови, за да биде испитувана на митарствата. Колку и да не сака, колку и да се тегне назад, таа ќе биде повлечена да дава одговор за своите дела. Таа може да вика за помош, но во тој решителен момент никој не ѝ се отповикува, зашто зли демонски раце ја држат во своја власт.

Некогаш живеел еден жесток тиранин. Тој бил семоќен распоредител во својата држава. Што сакал, тоа правел. За инает на секоја правда и закон, едни испраќал на заточение, други фрлал во затвор, на трети им го ограбувал имотот. И никој ништо не смеел да му каже, зашто секој обид за приговарање ја правел состојбата уште полоша. Но ете, му дошол крајот и на тој зол цар. Легнал тој на смртен одар и паднал во агонија. Дошле демоните да ја земат неговата душа. Тој ги гонел со раце, а тие му се смееле бесрамно. Тој ги заколнувал да се тргнат од пред неговите очи, а тие го бакнувале со своите мрсни усни и викале: „Ти си наш! Ти си наш!“ Тој им заповедал да го напуштат неговиот дворец, а тие исполнети со злорадост му велеле:

- Сега ти ќе го напуштиш засекогаш и ќе дојдеш со нас!

- Но, јас сум цар! - врескал гневно тој.

- Не, ти си наш слуга и секогаш си бил таков - одвратиле тие.

- Но, јас не сум навикнат да ми се противречи!

- Да, но и ние не сакаме да ни се противречи. Нашите слуги треба без збор да ни се покоруваат!

- Мавнете се оттука! - викал тој. Тргнувај со Hac - заповедале тие.

И откако го врзале со вериги, го повлекле по себе, за да го симнат пред „царот на ужасите“ [Јов 18,14]. Дури тогаш тој разбрал, дека всушност не бил никаков властодржец, туку роб на својата злоба и на невидливите господари демоните.

Секој од нас може да биде навистина цар, ако им заповеда на своите страсти, ако не се покорува на бесовите - искушувачи и ако ја врши Божјата волја. Тогаш, дојде ли смртта, злите духови нема да имаат власт над него и тој ќе биде силен да им се спротивставува.

Попусто човек си вообразува, дека е, кој знае каков големец на земјата. Пред сесилната смрт, тој, силниот, ќе се згрчи како црв и ќе умре... Еден писател вели: „Нашиот живот виси на сосема кревки нишки. Гробот ја отвора црната бездна на секој чекор од патот на животот. Смртта е световен непријател. Цареви и моќни властодржци му се потчинуваат на тој мрачен жетвар, на неговата коса. Учените, а најмногу лекарите, смело се борат да не дозволат чудовиштето да влезе во дворецот“. Безуспешно!

Душата излегува од телото, за да се појави во друга стварност. Попусто некои се лажат од мислата, дека отаде нема ништо. Таквите луѓе длабоко се заблудуваат. Илјади, милиони се сведоците и сведоштвата, дека постои задгробен живот. Речиси секое семејство има свои покојници, кои при своето умирање, бидејќи во полно сознание, разговарале редум, со своите живи соговорници, уште и со свои одминати пред нив во тамошниот живот роднини. „Еве, се јавија татко и баба! Тие ме викаат!“, шепотат со последни сили не едни усти што умираат. Некои гледаат ангели, други демони, но сите заедно сведочат, дека има задгробен свет.

Особено во тој однос, забележителен е следниот случај, кој го слушнав лично од д-р Шаханова, најстарата специјалистка по психијатрија во Бугарија. Еднаш, во текот на ноември 1956г., таа дојде во домот заедно со својата пријателка, општествениот работник Рајна Б. Попова, и ми го раскажа следното:

„Д-р Розенкампф, православен русин и професор на Софискиот универзитет, беше голем пријател со д-р Николај Михајлович Попов, исто русин и професор по психијатрија во Софија. Тие се беа и ородиле, така што, синот на Попов се ожени за ќерката на проф. Розенкампф. Двајцата професори многу другаруваа.

На својот смртен одар д-р Розенкампф во полно сознание разговараше со д-р Попов што го беше посетил и со д-р Јанишевски, исто професор по нервни болести. Одеднаш, тој ја промени темата на разговорот и им рече:

- Ние сме се заблудувале, мислејќи, дека нема друг свет.

- По што заклучувате? го запраша д-р Попов.

Проф. Розенкампф одврати:

- Ете, сега ние со вас разговараме. Вие седите пред мене, а јас лежам пред вас. Но вие не гледате кој уште стои зад вас. Пак, јас гледам. Тоа се мајка ми и татко ми. Колку малку ние сме направиле за својата вера, мислејќи, дека нема друг свет. А тој постои!

Родителите на д-р Розенкампф биле одамна умрени. Во полно сознание тој сведочеше, дека ги гледа и дека тие дошле, за да го земат при себеси. По кратко време тој издивна...“

Мнозина, слушајќи слични раскажувања, изјавуваат: „Тоа се претсмртни халуцинации !“ Но, како можеда биде халуцинација нешто, кое човек го тврди во полно сознание! Освен тоа, ако беа еден, два или три случаи на претсмртни виденија, можеше кон нив да се пројавува оправдано недоверие. Но, бидејќи станува збор за многу честа појава, не може тоа лекомислено да се oдрече со замавнување на раката. Исклучено е, оние што умираат, да нѐ лажат во часот, во кој си заминуваат од нас. При таквата состојба на простување со светот, секоја умислена заблуда од нивна страна е целосно исклучена. Тие вистински гледаат нешто, за да го споделат со нас.

„Но, зошто ние не го гледаме она, кое тие го гледаат?“ ќе запрашаат некои. Одговорот ни e: Затоа што појавата не е од физичка природа, та да се види со нашите физички очи. Тоа е од духовен карактер.

Кога свети пророк Елисеј бил известен од својот исплашен слуга, дека од сите страни се опкружени со непријателска војска, тој ни најмалку не трепнал, а рекол: „Не плаши се, зашто оние, што се со нас, се повеќе од оние, што се со нив“. Спокојството му доаѓало оттаму, дека тој ја гледал со своите духовни очи „целата планина, полна со коњи и коли“, испратени од небото за помош. Наместо да му објаснува на својот слуга, дека е неумесен секаков страв, тој се помолил: „Господи, отвори му ги очите да види“. Слугата истиот момент прогледал духовно и го видел самиот она, кое до пред една минута не го гледал [4.Царс. 6,15-17]. Така и ние сега не веруваме, бидејќи уште не се отворени нашите духовни очи, но ќе поверуваме, дека има задгробен живот, кога самите ќе паднеме на смртен одар и ќе се отворат очите на нашата душа. Ама, дали тогаш нема да биде за нас мошне доцна?!

Има случаи, кога во последните дни од земното живеење на човекот, Бог ги отвора очите на отпаднатите од Православието, за да ја спознаат вистината и да не погинат тие и нивните блиски. Типичен во тој однос е следниот случај.

Дора Запрјанова, родом од Бургас, која со својот сопруг живееше во Софија, ме посети на 5 Април 1956 год. и ми го раскажа следното: „Пред 6 месеци ја загубив мајка си. Таа живееше во Бургас и беше многу добра христијанка. Од неа сме научени да веруваме, да одиме во црква, да постиме, да се причестуваме итн.

Имавме две сосетки адвентистки, страшно фанатични. Не знам како тие ја маѓепсаа мајка ми. За кратко време успеаја да ја вплетат во своите мрежи и да ја „крстат“ по нивно. Мајка ми стана потполно нивна. Редовно ги посетуваше нивните собранија и агитираше за нив.

Цели 7 години таа беше во плен на тоа свое воодушевување -до самата смрт. Многупати ние се обидувавме да ја разубедиме мајка си, но безуспешно. На крајот Самиот Бог ја вразуми.

Таа се разболе од цироза. Целата отече. Рацете и нозете така ѝ ce подуја, така што, заприлегаа на електрични столбови. Бедната, во таква тешка состојба помина околу 10 месеци. Секоја сабота адвентистките доаѓаа да ѝ ја читаат зададената лекција. Тие ја почитуваа саботата како евреите. Мајка ми видливо се приближуваше кон својот крај. Маките ѝ беа големи. Не можеше никако да се движи. Целата беше исполнета со вода до прскање. Рацете ѝ лежеа неподвижни како откинати.

Најпосле, таа падна во несвест. Околу 15 дена собираше душа и не можеше да умре. Јас отидов од Софија во Бургас, за да се простам со неа, но таа не беше во состојба ни да зборува, ни да се храни. Само одвреме-навреме отвораше очи и од тоа разбиравме, дека сака вода. Сите гледавме колку се мачи, но никој не можеше да ѝ помогне. Лекарот, знаејќи ја најдобро нејзината состојба и набљудувајќи ѝ ја бескрајната агонија, гласно се чудеше: „Каде уште во неа се крие таа душа!“ Ние чувствувавме, дека нешто се случува со неа и дека Бог не сака да ја земе нејзината душа; Самата таа ни даде потврда за ова, откако неколку дена пред да издивне, викаше, движејќи ги само прстите на своите неподвижни раце: „Доаѓам, доаѓам! Зошто не ме сакате?“

По совет на наши роднини повикавме две стари жени македонки, познати во целото маало како ревносни православни христијанки. Тие ѝ ја донесоа на мама иконата на света Богородица, запалија кандило и свеќници и ѝ читаа молитви за „исход на душа”. Во тој момент една од адвентистките влезе и направи страшен скандал: „Што правите! Таа собира душа, а вие ѝ читате разни молитви, кои таа не ги сака и не ги признава! Престанете!“ Македонките одговорија: „Ние сме христијанки, а не евреи; знаеме каква беше оваа наша сестра православна христијанка!“ Адвентистката си отиде страшно јадосана.

Следниот ден сабота наутро, мајка ми сосема неочекувано дојде во полно сознание и посака да ја подигнеме да седне и да појаде. Ова нѐ порази.

- Мамо, можеш ли да ме познаеш? -ја прашав.

- Како да не можам, нели си ми ќерка!

Јас се обидов да ја развеселам, како што многупати пред тоа сум го правела со неа, а таа ми рече:

- Секогаш си била весела. Ти си во состојба и смртникот да го насмееш.

- Мамо, зошто толку се занесуваш? Сонуваш ли? ја запрашав.

- Одам, скитам, талкам!

- Скитајќи, не го виде ли тате?

- He!

- A кого виде?

- Мајка ми, сестрите и други блиски умрени.

- Ho ти, мамо, зошто така талкаш?

- Оф, вие не знаете: телото ми е толку тепано, тепано, претепано!

- Кој те тепаше?

- Господ.

Сестра ми се замеша и рече:

Ами, нели Господ е добар! Нели Тој е љубов! Како може да те бие?

- Ах, така ме биеше, што ми го згмечи телото, зашто имам вина.

Тогаш, јас ја запрашав мајка си:

- Откако си го видела Господа, сакаш ли да го викнеме нашиот свештеник?

- Да... Сакам да се причестам? Пратете по свештеникот!...

И пак се занесе. По извесно време посака да ја измиеме и исчешламе, за да бидела чиста за Светата Причест.

Кон 10 часот дојдоа две адвентистки да ѝ ја читаат саботната лекција, а мама среде лекцијата извика:

- Лажат! Лажат!

Адвентистките рекоа:

- Баба Живка е во несвест и не знае што зборува. Не ѝ обрнувајте внимание!

По кратко време дојде парохискиот свештеник о. Васил Кршев и пред двете адвентистки ѝ рече на мајка ми:

- Баба Живке, ти си ме викала да те причестам. Ho jac знам, дека ти си го прифатила адвентизмот и затоа, додека не се откажеш од него, не можам да те причестам. Сакаш ли да дојдеш пак кај нас? Се откажуваш ли од адвентизмот?

- Да, се откажувам? Сакам пак да бидам православна! рече таа.

Баба Живке, ти ја знаеш приказната за загубената овца, заради која Исус Христос дојде на земјата, нели?

Мајка ми климна со главата во знак на потврда. Тогаш свештеникот рече:

- Уште еднаш сакам да чујам: се откажуваш ли од заблудите на адвентизмот?

Да! рече таа. Се откажувам! Прекрсти се тогаш!

Одеднаш мајка ми, која пред тоа не можеше да си ја помрдне раката, го направи крсниот знак на себеси. Ние просолзивме од вчудовидување. Потоа, o. Васил ја запраша:

- Бабо Живке, имаш ли уште некаков грев за исповедување?

- Ова беше мојот најголем грев кога - ја напуштив Православната вера! рече таа и се исповеда.

Двете адвентистки, кои до тој момент молчеа, одеднаш извикаа со гнев кон свештеникот:

Вие ќе одговарате пред Бога, затоа што, во таков момент ја принудувате да се откаже од нашата вера! Таа сега не знае што прави!

На ова свештеникот одговорил:

- Таа е во полно сознание и подобро од нас знае и гледа. Напуштете ја собава!

Оддалечувајќи се, тие ни се заканија и нам. А сестра ми рече:

- Ако сме виновни, дајте не на суд.

Откако се причести мама, о. Васил си отде. Останувајќи сами, мама рече:

- Ox, како ми олесна! Сатаната ме гушеше. Свештеникот ме ослободи од него и ми ги разврза рацете! Сега ми е многу полесно!

Сестра ми се обрна кон мама:

- Сега ние знаеме во што да веруваме.

- Нема две цркви одговори мама. Господ е еден и Црквата е една. Верувајте во Православната Црква!

Јас ја запрашав:

- Мамо, гледаш ли нешто? Има ли Бог?

- Има. Верувајте!

Тоа беа нејзините последни зборови. Потоа, таа пак падна во несвест, и така го помина целиот нареден неделен ден. Во понеделникот, на 3 Октомври 1955 година, таа почина”.

Што ќе кажат скептиците за необичните случаи, кога оние што умираат, јавно го соопштуваат точниот датум, дури понекогаш денот и часот на својата смрт? Блиските што ги опкружуваат и ова претскажување може да го сметаат за „халуцинација“ на болните. Но штом тие умираат во претскажаниот ден и час, кој ќе се дрзне да го оценува слученото претскажување како плод на болна вообразба? На мнозина светители одозгора им бил откриен денот на нивниот земен крај. Големиот Божји угдник митрополитот Филарет Московски неколку месеци пред својата смрт добил предупредување од својот покоен татко: „Помни го 19-от број!“ И тој навистина го помнел тој датум, секогаш на тој ден служел и починал на 19. Ноември 1867 година, откако сам отслужил Света Литургија и ce причестил.

Бог понекогаш дава такви необични откровенија и на обични христијани, за да ја засили преку тоа верата како на самите нив, така и на нивните блиски, многу се случаите на слични претскажување. Тие заслужуваат човек да се замисли подлабоко над нив. Еве три такви случаи од нашата стварност:

Мојот добар пријател Љупчо Германов, ми го соопшти следното за смртта на мајка си, една ретко просветена православна христијанка:

„Кон крајот на 1959 год. мајка ми Александра се разболе од остра срцева слабост. Состојбата и беше безнадежна. Такво беше мислењето на лекарите што ја лекуваа, меѓу кои беа едни од највидните наши професори специјалисти по срцеви болести. По прегледот тие изразија сомневање, дали ке ја помине ноќта што настапува.

Ние бевме собрани околу нејзиниот кревет и го очекувавме веќе најлошото. Како што беше тивка и немоќна да го подигне дури и прстот на раката, таа отпрвин проговори тивко, а потоа посилно, та сите ја чувме:

Оваа ноќ мајка ви нема да си замине. Не тажете! Чуена е молитвата, како вашата, така и на најблиските починати. Себлагиот и милостив Бог ми го продолжува животот уште со три години.

И навистина, таа започна да се поправа за најрадосно изненадување на нас што ја сакавме, и уште за поголемо чудење на лекарите и професорите... Точно по три години се случи претскажувањето и ние ја преживеавме најголемата тага во нашиот дом саканата ни мајка засекогаш се раздели од нас“.

Една моја позната, за својот сопруг ми го раскажа следниот познат случај:

„Мојот маж, Христо Михајлов, тешко заболе од срцева болест. Една година и осум месеци лежеше неподвижен. После се созеде, но не потполно. Ден здрав, два болен и така тераше извесно време, додека најпосле, при една бронхопневномија падна конечно во кревет, лежејќи цели 9 месеци и повеќе не стана. Тој страдаше многу, но никогаш не негодуваше против Бога. Макар што го загуби сиот свој имот, плод на 4О -годишен труд, тој не падна во малодушие, а секогаш велеше: „Ти благодарам, Боже!“

Животот ми беше исполнет со добрини. Додека бевме богати, тој раздаваше многу пари на сиромашни семејства. На некои од работниците им направи дури и куќи, на други им кумуваше при венчавките и по тој повод им ја снабдуваше најнеопходната за нов дом покуќнина спални, печки итн. Јас понекогаш му се лутев за неразумната штедрост, а тој ми велеше: „Ти не разбираш колку е важно тоа, кое јас сега го правам!“ Друг пат ќе ми каже: „Тоа, што излегува од твојот џеб, не е веќе во твоја власт, а во Божја. Не мисли за него, ниту жали, што сум го дал. Ако некогаш се врати добро. Ако не се врати уште подобро, Бог ја има грижата за нас".

Не беше многу учен, но имаше здрава животна философија и многу практичен ум. Тоа го комбинираше со голема религиозност. Додека беше здрав, секој ден запираше да се помоли во црква. Секогаш ги постеше сите пости, редовно се причестуваше и ме советуваше: „Без исповед не се зема причест, зашто ние сме многу грешни. Не само да убиеш и украдеш нешто е грев, но и секој лош збор и лоша помисла е грев. Колку ѕвезди има на небото и зрнца песок покрај морето, толку гревови има и во човечкото срце. Како можеме да се причестуваме без исповед!“ Тој постеше пред причест многу строго: цела седмица јадеше само леб и чај, и тоа еднаш на ден. А колку добрини им правеше на соседи и роднини!

Празникот Голема Богородица го затекна тешко болен. Лежеше веќе сосема неподвижен. Состојбата му беше безнадежна, во полно сознание тој ги повика децата и сите роднини, за да се прости со нив. Јас плачев неутешно над неговата глава во текот на еден час и се молев да не бидам оставена сама. По извесно време тој собра сили и одеднаш ми рече: „Со твоите солзи ти ме врати од вечниот пат. Сега нема да умрам, туку на Мала Богородица, во 12 часот напладне. Испрати дар на Света Богородица!“

Јас испратив една крпа во црквата „Света Петка“. Во меѓувреме, тој, малку се созеде, но сепак си лежеше. Еден ден, се бевме собрале околу неговиот кревет, син ми, две мои блиски и јас. Разговаравме. Мажот ми гледаше кон ѕидот и неочекувано рече:

- Синко, колку убави рози!

- Да, нашите рози во градината се многу убави -потврди син ми, но мажот ми возврати:

- Не зборувам за нашите рози. Тие тука се многу поубави...

Во текот на целото време од своето боледување, тој беше во полно сознание. Во денот пред својата смрт, постојано гледаше во еден агол од собата. Јас го запрашав:

- Зошто постојано гледаш таму?

- Гледам два ангела одговори тој.

- Какви се?

- Многу убави.

- Сакам и jac да ги видам - му реков јас.

- Ти сега не можеш - беше одговорот.

Пред да умре, тој се исповеда и причести, откако во трите последни дена, по негова желба му дававме само леб и кафе. Тој строго постеше пред причест до крајот на својот живот.

Во среда наутро, на Мала Богородица, тој ме замоли да го повикам свештеникот да му чита молитви пред излегување на душата. Отец Георги Соколов му ги читаше цел час, а мажот ми во текот на целото тоа време не се помрдна. Се молеше сосредоточено...

Точно во 12 часот напладне, како што беше претскажал, издивна...

Оттогаш, јас уште повеќе поверував, дека надвор од нашиот земен живот има и друг свет, и Бог, и ангели. Зашто, ако немаше Бог и задгробен живот, од каде мојот маж можеше да го дознае со таква точност денот и часот на својата смрт, и тоа еден месец пред да се случи тоа?!“...

Во многу домови се раскажуваат слични настани за блиски покојници.

Симеон Радев, за својата прва братучетка Ана, длабоко верна и благочестива православна христијанка, го пишува следното: „Двајца од нејзините синови биле веќе оженети и имале деца; третиот бил во Америка. Таа многу тагувала за него и постојано го чекала да си дојде, за да се ожени. Тој се вратил, го оженила, и нajпослe peклa: ,,Ce молев на Бога и Тој ми даде, што сакав. Сега треба да одам кај Него. Ме вика!“ Таа била веќе многу слаба и ретко станувала од својата постела. Еден ден, на празник, посакала да ја облечат во нејзината Велигденска облека. На своите синови и снаи им рекла: „Облечете ги и вие своите убави облеки, седнете на трпезата, разговарајте си весело и jac ќе ве гледам. Дојде мојот крај, но срцето ми е радосно". Додека собраните на софрата разговарале, таа тивко изгаснала.

Тешко може да се најдат спротивставени слични факти на претскажување на смртниот ден и час. Секое неубедливо негирање тука е беспредметно и води кон опасни последици, зашто обидите да се поколеба верата, всушност, ги колеба нашите карактери. А расколебаните карактери ја расколебуваат нашата судбина. Кој од ова губи? Ние, кои ги отфрламе претсмртните настани од редот на изброените. Многу подобро рекол еден духовен писател: „Ако живеам чесно [со вера во задгробниот живот], тоа е најмалата загуба и најголемата печалба. Но, ако живеам во гревови, тоа е најништожната печалба и најголемата загуба".

Прашањето за смртта ги разбранувало и разбранува сите луѓе од сите времиња. Тоа ги интересирале и најголемите умови, зашто смртта е судбина на секој човек. Не можеш неказнето да мавнеш лекомислено со рака и да изјавиш: „Јас сакам да живеам! Мене не ме интересира смртта!" Та, штом сакаш да живееш, а пак, е јасно, дека ќе умреш, треба токму за смртта да мислиш, зашто таа единствено ќе те научи да живееш така, за да го наследиш вечниот, непреодниот, блажениот живот! Следствено, поправилно е да кажеш: „Јас сакам да живеам и затоа се интересирам за смртта!"

Може ли еден разумен човек да каже: „Јас сакам да дишам, а воздухот не ме интересира!" Како може да не те интересира воздухот? Штом сакаш да дишеш, треба да се погрижиш да имаш чист, здрав воздух. Инаку, ако дишеш отровен воздух, ќе умреш, Исто така, ако сакаш да живееш вечно, треба да си го осигураш уште тука на земјата, воздухот на Божјата благодат, која единствено може да те направи вечно среќен. Каков воздух си дишеш тука, таков ќе дишеш и во задгробниот свет. Ги дишеш ли тука постојано отровните испарувања на гревовите, ти неизбежно ќе влезеш во адот и таму вечно ќе ги дишеш огнените испарувања на геената. Ако, пак, на време излезеш од смртоносните испарувања на гревовите и го пуштиш во одајата на својата душа чистиот воздух на Божјата благодат, ти ќе го наследиш рајот со неговите вечни благопријатни мириси. Треба засекогаш да помниш, дека смртта не е некакво небитие, а само премин од времениот кон вечниот живот.

И така, очигледно е, колку неправилно постапуваат оние, кои свесно избегнуваат да мислат за смртта. Со ова, тие не можат да ја поништат, зашто таа се доближува до нас со секоја минута, независно од тоа, дали мислиме на неа или не. Што можеме да преземеме против својата смрт? Единствено тоа „ да живееме така, за да ги наследиме ветувањата од Спасителот за блажен, вечен, непреоден живот. Тоа значи, да се погрижиме за спасението на својата душата, цврсто верувајќи во нејзината бесмртност. Зашто, како што добро рекол Платон, „само оној се грижи за својата душа, кој знае, дека таа е бесмртна“.

Бог, засега, ги сокрил од нас недостапните детали на тамошниот свет, но сосема не ја премолчал вистината за вечниот живот. Откако ни ја открил во Светата Библија, како што веќе го видовме ова, Тој постојано ни ја обелоденува секој ден, за да ја поддржи во нас верата жива, дека смртта не е крај на животот, а почеток на вистинскиот живот. Сите дотука опишани случаи доаѓаат да нѐ уверат, дека постои Бог, дека човекот носи бесмртна душа, дека Православното исповедание е вистинското и дека со својата смрт човекот заминува со телото во гробот, а со својот дух при Бога: едни за вечен блажен живот, а други за суд [Јован 5,29]. Ова нѐ принудува сериозно да се замислиме над проблемот за животот и смртта. Секој од нас е патник. Сакаме или не сакаме, веруваме или не веруваме сите патуваме кон вечноста. Нашето јавување пред Господа е неизбежно. Нашите години што одлетале нѐ приближуваат до таа неизбежна средба. И да бегаш од Бога, на крајот на краиштата, ќе се исправиш пред Него, зашто Тој секогаш е Истиот. На каде и да се насочиш, Него ќе Го сретнеш, на Него наидуваш [Псал. 138, 710].

Уште со своето раѓање, ние сме се качиле во возот на животот и патуваме. Преживеаните денови, месеци и години се изминатите километри на нашиот животен пат. Ние нема вечно да бидеме во возот, а ќе треба задолжително порано или подоцна да се симнеме од него на определената за нас станица во таа станица има само два излева: рај и ад [пекол]. Секојдневно иљади луѓе умираат по нашата планета и сите се пресретнати од строги царинарници, кои будно следат кој што носи во своите куфери гревови или добродетели. Ние, обично, своите животни куфери ги полниме не со добри дела, a co бззаконија и неправди: со егоизам, себељубие, гордост, блуд, завист, омраза, озборувања, поткажувања, клевети, гнев, одмазда, злопамтење и др. Ако човек преку искрено покајание и исповед го исфрлил сето ова од себеси и го наполнил својот багаж со добри дела: со љубов и милост кон ближните, со солзи нa скрушеност и постојани молитви кон Бога, тогаш ангелот - пазител, што го води по тесниот пат на добродетелта, ќе го доведе до оние посакувани врати, преку кои се влегува во рајот.

Кој, пак, не се каел за своите гревови, a сѐ повеќе и повеќе со нив ги наполнил своите куфери, откако се движел по Просторниот пат на гревот и порокот, тој ќе биде доведен од демонот што му е сопатник и го раководи до тажниот излез со злокобниот натпис „Ад“.

Тесниот влез на рајот воведува во опширните и

недогледни убавини на Царството небесно,

а широките порти на адот втеруваат во мрачните

темници на вечните маки!

ДА ГО ПОМНИМЕ ОВА!

Архимандрит Серафим

Архимандрит Серафим