1 Беседи за животот по животот (pdf)

2 Беседи за животот по животот (pdf)

3 Беседи за животот по животот (pdf)

 

Авторот на оваа книга, архимандритот Серафим [Алексиев],  е добро познат на православните читатели во Бугарија. Роден е во Горно Броди [Македонија] во текот на 1912 год., во сиромашно благочестиво семејство, тој ја завршува Софиската Духовна  семинарија, се запишува  на Богословскиот Факултет, а потоа како стипендијант го продолжува своето образование во Швајцарија. Во текот на 1940 год., прима монаштво. Одлучувачка улога во неговиот живот има неговото запознавање со достојниот архиепископ Серафим [Соболев] [+ 1950 год.], во лицето на кого тој наоѓа незаменлив наставник во верата и духовниот живот. Во животниот и творечки пат на архимандрит Серафим се одделуваат три периоди. Првиот [до 1960], кога тој и покрај тешките услови, развива неуморна просветно пастирска дејност, произнесува вдахновени проповеди и беседи, пишува брошури, книги и стихотворби на духовно морални теми. Од тоа време се катихизисот „Нашата вера“, зборниците со беседи „Нашата надеж” и „Нашата љубов“, едни од најбараните негови книги. Bo текот на вториот период [1960 - 1969], архимандритот Серафим веќе доцент по догматско богословие на Софиската Духовна академија, публикува ред студии, плод на упорниот богословски труд „Состојбата на човекот до, и по гревопадот од православно, римокатоличко и протестанско гледиште“, „Искупувањето како дело на Божјата љубов и Божјата правда“, „Две крајни гледишта во западните вероисповеданија што се однесуваат на Пресвета Богородица“ и др. Третиот период започнува од 1969 год., кога тој е принуден да ја напушти Духовната академија поради принципиелно несогласување со тогаш прифатената календарска реформа и со проекуменската политика, во која е вовлечена Бугарската Православна Црква. Во тој период архимандритот Серафим пишува нова серија книги со богословска и духовно морална содржина, меѓу кои „Нашата молитва“, „Животот по животот“, „Молитвата на свети Ефрем Сириски“ и др., како и последната своја книга - завет „Православие и екуменизам“ задлабочена критика на екуменската сеерес.

Архимандритот Серафим се претстави во Господа на 13/26.1. 1993 год. Тој ни ги остави како многу скапоцено наследство своите книги и својот пример на ревносен и пожртвуван монашки живот, целосно посветен на служење на Светата Православна Црква.

Архимандрит Серафим