СВЕТИЊАТА НА ЖИВОТОТ И ЧЕДОУБИСТВОТО

Не правете го гревот - убивање на сопственото дете!

Не мислете дека е абортусот некоја безопасна операција како што е отстранувањето крајник или вадењето заб.

Науката тврди дека нероденото дете не може да се смета за суштински дел од телото на својата мајка. Детето, колку и да е мало , претставува посебна личност. Животот на човекот не започнува од моментот на неговото раѓање, туку од моментот на зачнувањето.

Но, најважно од сѐ е тоа што убиството на нероденото дете претставува смртен грев за кој родителите ќе дадат одговор пред Бога.

Затоа не чудете се ако по прекинот на бременоста можеби ви се распаднало семејството или ве снашла некоја тешка болест или некоја друга несреќа.  Не чудете се – тоа е последица на чедоубиството! Не може да се гради материјалната благосостојба врз детската крв! Не помрачувајте си ја својата совест, не земајте си на душата толку тежок грев! Не мислете дека имате право да располагате со туѓиот живот!

Убивајќи го нероденото дете, родителите се убиваат самите себе.  Доколку неродениот човек, како и родениот и возрасен, има своја бесмртна душа, по смртта на родителите неминовно им претстои средба со душите на децата што ги убиле!

Каква е иднината на народот кој својата благосостојба ја гради врз легализирање на смртта на своите потомци,  дозволувајќи им на жените да ја претворат својата утроба

во

ˮкланица на неродени децаˮ.

 

СВЕТИЊАТА НА ЖИВОТОТ И ЧЕДОУБИСТВОТО