ХРИСТОВИОТ ПАТ НА ГОЛГОТА И КРСНИОТ ПАТ НА НЕРОДЕНОТО МОМЧЕ

 

-Пилат и Синедрион го осудуваат Христа на смрт

                Неродениот: И јас сум осуден на смрт уште пред да се родам. Не сум зачнат од љубов, во благословен брак од Бога. Ме зачнале во блуд, па сега сакаат да ме отстранат. Ме мразат, бидејќи им пречам да си ја задоволуваат својата похот...

-Христос на Себе го прима крстот на кој ќе биде распнат

 

                Неродениот: Врз мене е проклетството на непосакуваниот, крстот на замразениот уште пред да бидам запознаен. Не ме знаат, а ме мразат! Не ме знаат, а им пречам. Тоа е мојот крст, Господи преблаг... Ни сонцето Твое нема да го видам, ни воздухот Твој нема да го вдишам, а ќе бидам убиен... Тоа е мојот крст, Љубов распната.

-Христос првпат паѓа носејќи го својот крст

 

                Неродениот: Ја сум несреќен случај, а не човек... Јас сум ˮнесакана бременостˮ... Мојата мајка и мојот татко имаат ˮправоˮ да ме погубат поради тоа...

-Пресвета богородица ги следи маките на Својот Божествен Син

 

                Неродениот: Твојата Пречиста Мајка Те оплакувала, Господи... А мене нема кој да ме оплакува. Затворен сум во пазувите на жена како во некој затвор... А мојата персудителка, таа што ме зачнала, ќе ме даде на џелатите на погубување...

-Симон од Кирина Му помага на Господа Исуса Христа да го носи крстот

 

                Неродениот: Тебе, Творецу и Спасителу, Ти помагаше Симон да го носиш крстот... А гледај, мене нема кој да ми пријде на помош... Тебе толпата Те мрази и Ти се смее, а јас чувствувам како бранови на омраза струјат од мојот татко и од мојата мајка спрема мене...

-Исус Христос им велеше на ерусалимските жени: Не плачете по Мене, туку плачете за себе и за своите деца, бидејќи кога се прави така со зелените дрвја, што ќе стане со сувите?

 

                Неродениот:  Жените плачеле и не ги смилостивиле немилостивите јудејски богоубијци. И јас плачам, зашто знам што ме чека... А нема да смилостивам никого.  За мене нема закон. Мојата смрт е озаконета...