Од љубов родителите ми дале живот. Така мислам јас...

Се создаваат моите први жили. Телото почнува да се обликува.

Веќе имам уста... Срцето почна да ми чука. Кој може да се посомнева дека јас живеам!

Не разбирам зошто е мојата мајка толку загрижена...

Почнаа да ми растат рачињата и ножињата.

На рацете ми изникнаа прстиња. Наскоро ќе почнам да фаќам со нив. Кога ќе излезам од утробата, ќе ги допирам образите на мајка ми...

Дури денес мајка ми дозна дека ме носи во утробата... Пресреќна сум поради тоа... Едвај чекам да го видам лицето на своите родители...

Сега е веќе сигурно дека сум девојче.

Ги имам сите органи, подобро ја чувствувам околината.

Почнаа да ми растат косата и веѓите... Тоа ме краси...

Очи, уши, нос... Гледам, слушам, мирисам... Ги слушам моите родители додека разговараат... Некако се вознемирени. Татко ми вели: “Дали некогаш воопшто ќе абортираш?” Што значи тоа? Можеби се подготвуваат да ми купат лулка...

Мамо, слушаш ли како ми чука срцето? Тоа чука и за тебе, сакана мајчичке... Во твојата утроба се чувствувам сигурно и среќно... Мајко! Мајко! Каде се наоѓаме? Што е тоа? Што прават со мене? Мајко, помогни ми! Некој сака да ме искорне од тебе...Тоа се ножеви. Мајко... Не дозволувај да ме убијат... Боли! Ме боли! Те молам... Помогни ми!

* * *

- Госпоѓо, повелете. Операцијата е извршена. .. Зачетокот е отстранет.