СВЕТИЊАТА НА ЖИВОТОТ И ЧЕДОУБИСТВОТО

 

Митрополит Мелетиј Никополски

АБОРТУСОТ КАКО ОЗАКОНЕТО ДЕТЕУБИСТВО

Текстот за абортусот што го објавуваме е примен на седницата на Светиот синод на Грчката црква, одржан на јануари 1986 година, како официјален став на Црквата.

ШТО ВЕЛИ СВЕТОТ ЗА АБОРТУСОТ?

Bo последните години светското јавно мислење се занимава со прашањето за абортусот многу повеќе отколку кога било порано. Навистина, абортуси имало уште од најраните времиња. Билките за отстранување на плодот биле познати од минатото и се употребувале. Меѓутоа, во тие времиња каков било начин на прекин на бременоста се сметал за недозволен. За тогашните луѓе не се поставувало тоа како етички проблем: прекинот на бременоста, абортусот, едноставно, бил сметан за злосторство. Убиство. Човекоубиство. Човековата совест не правела разлика меѓу возрасен човек и човек во ембрион. Затоа и во Хипократовата заклетва, која е и до ден-денес општоважечка во светот како лекарска заповед, лекарот како чувар и служител на животот исповеда пред Бога и луѓето дека “ни на жената нема да ѝ даде затруен клин”.

Меѓутоа, овој став во последните години, како и cѐ друго, ставен е под знак прашалник! Така, весникот “Елефтеротипија” [19.3.1986] пишува: “Зачетокот станува живо битие дури тогаш кога може да постои независно од мајката, т.е. по своето раѓање. До тој момент тој е само дел од телото на својата мајка”. Оттука следува, пак, дека секоја жена има право да го убие детето неколку моменти пред неговото раѓање. Оние што ги негирале древните христијански вредности секогаш поаѓале од илуминистичките и од нихилистичките кругови. Тие го отворија и проблемот околу пренаселеноста и контролата на раѓањето. Меѓутоа, подоцна утврдиле дека употребата на средствата против зачнување е слаб и недоволен метод за заштита на пошироките маси, семејни и поединични, од несаканата појава на нови членови покрај себе. Така се појавило едно чудно движење: движење на приврзаници на абортусот или прекин на бременоста [проабортионисти]. Ова движење со текот на времето се зголемувало во здруженија, друштва, иницијативни групи и, добивајќи милитантен карактер, почнало да организира предавања, собири, протести... против “дадената” состојба! Станало гласно во целиот свет...