Како што веќе кажавме, приврзаниците на движењето за абортус страшно го поедноставуваат целиот проблем: ембрионот е парче од бездушно месо, израсток без свој сопствен живот. Тоа го тврдат и го проповедаат насекаде и на секое место.

Но, дали е ембрионот навистина бездушен, без свој личен живот? Дали е тој дел од мајчиното тело со кој мајката [?] има право да располага како што сака или претставува наполно независен живот, независна личност, која се наоѓа во однос на зависност од мајчиното тело што го опкружува поради хранењето, како што сите ние се наоѓаме во однос на зависност спрема природната средина поради исхраната?


Кога започува животот во ембрионот, зa што сведочи “безгласниот крик”?

Разни лекари-биолози поставиле различна временска граница како почеток на животот на плодот. Во последно време постои тенденција да преовладее мислењето според кое животот на плодот започнува дванаесет недели по зачнувањето [иако во неговиот живот не постои преломен момент, тој е жив од самото зачнување]. Како последица на ваквото сфаќање, 91% од абортусите во Америка се извршуваат пред дванаесеттата недела од животот на плодот. Очигледно, ова се случува поради тоа што совеста на човекот не може лесно да прифати дека идниот човек во мајчината утроба, едноставно, е “парче месо”, од кое мајката може да се ослободи кога на некого ќе му падне на памет.

Меѓутоа, ова прашање не ги интересира само жените што брзаат да абортираат пред да станат свесни за својата бременост туку и лекарите што вршат абортуси. Ги интересира и оние што се принудени да соработуваат во тоа или да дадат согласност, макар со еден знак. Тоа е затоа што животот е навистина света работа. Затоа прашањето за абортусот не може да се ограничи на оние што го вршат. Тоа е прашање на сечовечката морална совест и свест. А совеста не допушта неодговорни постапки.

Така, во името на совеста, христијанските научници во своите изјави ги отфрлиле абортусите, а една група девојки, идни медицински сестри, одбиле да примат дипломи кога како услов за тоа им било поставено да учествуваат во абортус [за да стекнат искуство!]. Наспроти тоа, има многу научници кои по извршените илјадници абортуси се нашле пред сериозна морална дилема. По подлабоки научни испитувања, сфаќајќи што правеле, од приврзаници на прекинот на бременоста станале најсмели борци против абортусите и нивното оправдување.

Еден од таквите научници е и американскиот гинеколог Бернар Натансон, некогашен управник на специјална клиника за абортуси. Натансон во период од две години извршил шеесет илјади абортуси! Измачуван со прашањето за исправноста на своите постапки, применил најмодерни технолишки средства [електронско испитување на срцето на ембрионот, ултразвук, ембриоскопија, радиоаносовилогија итн.] за проучување на проблемот: каков живот покажува ембрионот? И кога започнува тој живот?

По испитувањата Натансон дошол до заклучок и се уверил дека “денес не е повеќе прашање на вера дали е плодот посебно човечко битие со сите посебни лични својства”. Испитувањето покажало дека во овој случај станува збор за сигурна научна вистина. За потврда на своите научни резултати, Натансон со ултразвук снимил на видеокасета абортус на плод од 12 недели [три месеци]. Оваа филмска снимка се вика “Безгласен крик", а покажува дека плодот:

а] претчувствува опасност од убиствениот инструмент за абортус и

6] го искажува чувството од опасноста во која се наоѓа со следните реакции: прета силно вознемирен; се зголемуваат отчукувањата на неговото срце од 140 на 200; широко ја отвора својата уста како за крик, безгласен крик.

Оваа филмска касета предизвикува таков ужас, што еден лекар кој извршил лично 10.000 абортуси по нејзиното гледање засекогаш прекинал со абортусите. Тоа се случило и со една феминистка која по гледањето на филмот, потресена од она што го видела, целосно го променила својот став во врска со ова прашање.

Науката напредува

Снимката на Натансон се однесува на плод од 12 недели [три месеци]. Но, како што кажавме, во Америка 91% од абортусите се вршат пред наполнување три месеци. Што важи за претходниот временски период? Натансоновите докази веќе можат да се сметаат за минато на медицината. Еве што ни откриваат научните набљудувања вршени со најсовршени технолошки средства:

а] по 18 дена од зачнувањето се чувствуваат отчукувањата на срцето на плодот и неговиот крвоток веќе функционира наполно самостојно;

6] по пет недели јасно се забележуваат носот, образите и прстите на плодот;

в] по шест недели започнува да функционира централниот нервен систем: јасно се препознава скелетот и почнуваат да функционираат бубрезите, стомакот и црниот дроб на плодот;

г] по седум недели [50 дена] кај нероденото дете се развиваат мозочните бранови [мозочните бранови се главен критериум врз основа на кој современата наука одредува дали една зрела личност се наоѓа сѐ уште во живот]. Кај малото дете се веќе наполно обликувани сите внатрешни и надворешни органи. Има очи, нос, усни, јазик;

д] по десет недели [70 дена] нероденото дете ги поседува сите особини кои јасно се гледаат кај детето по неговото раѓање [од девет месеци];

ѓ] по дванаесет недели [92 дена] органите на детето се наполно формирани, дури и отпечатоците од прстите. Преостанува единствено уште да се развијат. Плодот од три месеци е веќе способен да ја движи главата, прави гримаси и движења, ја стиска раката, ја наоѓа својата уста и си го цица прстето!

Овие набљудувања ги потврдиле истражувањата на брачната двојка Вилке. Овие лекари со своето истражување, придружено со 30 слајда во боја, со чисто лекарски докази потврдуваат дека е абортусот убиство со умисла и дека научно не може сериозно да се заснова постоење на некој “мистичен момент” пред кој плодот бил обична грутка ткиво, а после кој станува дете, човек.

Ново сведочење на лекарите

Посебно е интересен описот на абортус на плод од осум недели [два месеца] на познатиот лекар Павел Роквел [њујорк, САД]:

“Пред 14 години дадов анестезија за зачнување надвор од матката. Ја зедов в рака постелката. Тоа беше најситното човечко битие до кое човекот некогаш допрел. Во постелката пливаше едно живо, микроскопски ситно човечко битие од машки род, со должина од еден инч [2,5 см]. Овој микроскопски човек беше наполно обликуван со долги конусни прсти. Кожата му беше речиси прозирна и на крајот од прстите јасно се распознаваа тенки артерии и вени. Детенцето беше живо и пливаше во круг во текот на една секунда, во ритам на природен пливач... Кога се отвори неговата постелка, микроскопскиот човек го изгуби животот и доби изглед на ембрион од таа возраст, вкочанетост на екстремитетите... Имав впечаток дека пред себе гледам еден возрасен мртов човек” [Доркофики, Абортуси, стр. 74, грчки].

Ставот дека самостојниот живот на човекот започнува по 12 недели го застапувало со мнозинство гласови и Сегрчкото лекарско здружение. Меѓутоа, истото тоа Здружение на својот симпозиум две години подоцна [1985] се одрекло од тој свој поранешен став и го поддржале ставот дека, согласно со современите научни факти на медицината “почетокот на човековиот живот се совпаѓа со моментот на зачнувањето”.

Оваа вистина станала наполно очигледна во 1983 година, кога е создадено првото “дете од епрувета”. Првото дете од епрувета го побило и го претворило во прав сфаќањето дека плодот е грутка мртво ткиво од мајчиното тело, и потврдило дека тоа е личност со наполно самостоен и независен живот.

Две години порано [1981 година], кога американскиот Сенат побарал мислење од осум врвни специјалисти за тоа кога почнува животот кај плодот, седум од нив со полна одговорност изјавиле дека согласно со науката [медицината, биологијата], животот започнува од моментот на зачнувањето. Професорот Јероним Лежен во своето предавање на Француската Академија на моралните и на општествените науки на 1 октомври 1973 година изјавил: “Почетокот на човековото битие се врзува за моментот на зачнувањето..., човечкото битие е тогаш целосно и единствено, бидејќи во ништо не може да биде заменето со нешто друго... Овој микроскопски ситен плод во шестиот и седмиот ден, кога висината му е само еден и пол илјадити дел, во состојба е дури да се грижи и за својата судбина. Тој , да, токму тој, влијае на прекинот на месечниот циклус кај својата мајка, наметнувајќи ѝ се на својата мајка на тој начин за таа да го штити”.

Резимирајќи, ќе го наведеме заклучокот на д-р Ернест Хаунт од една негова документирана биолошка, социолошка и етичка студија. Еве што кажува тој: “Оплоденото јајце не е проста клеточна маса без сопствени карактеристики. Исто така, на овој степен тоа не е ни израсток на растителен живот ниту плод од некој животински вид. Тоа е наполно и апсолутно пројавување на живот на едно човечко битие, токму онака како што се случува тоа со новороденчето, доенчето, детенцето, момчето, возрасниот човек... Според тоа, при абортус се убива човечки живот, човечко битие, макар да се наоѓа и во најраниот стадиум од својот развој” [Доркофаки, стр. иста].

По ова што го наведоеме претходно, станува наполно јасно дека абортусот не е едноставно наивен прекин на бременоста, туку прекин на самостојно човечко битие и следствено на тоа убиство, уништување. Опишувајќи го абортусот, славниот професор Н. Лурос буквално вели: Toa e смислено убиство.

ШТО ДРУГО ВЕЛАТ ЛЕКАРИТЕ?

Професор Т. Филипидис, кој во една своја студија прво ги подложил на критика сите аргументи на приврзаниците на абортусот од правен аспект, додава: "Проблемот е од морална природа. А кога станува збор за морални прашања, правото не смее да биде ниту неутрално ниту да создава за себе алиби од нејасни одредби...”

Ова го подвлекуваат и многу други научници. Професорот по генетика на Универзитетот во Париз, Јероним Лежен, пишува: “Како и сите други научници кои непристрасно ги набљудуваат биолошките феномени, и јас сум уверен дека човечкото битие започнува од моментот на зачнувањето. Тоа, пак, значи дека намерното уништување на еден плод од која било возраст е еднакво на убиство на едно човечко битие”.

Грчкиот професор Аврамидис истакнува: “Плодот не е дел од телото на бремената жена. Според тоа, таа не може сама да одлучува за судбината на својот плод како што би одлучувала за отсекувањето на еден од органите на своето тело како, на пример, за слепото црево или за крајникот”.

Зборувајќи на истата тема, професорот пo социологија Кавадијас, пишува: “Ако со потребна сериозност ги земеме во обзир сите психолошки и психички последици, ако разбереме дека секој поединец е одговорен за општествената целина, ако го прифатиме ставот на Достоевски кога распнуваат еден човек на земјата, се распнува целото човештво тогаш јасно произлегува заклучокот дека општеството не само што има право туку има и обврска да се вмеша и да му помогне на [неродениот] човекот и да го заштити”. Со овие зборови Кавадијас сака да истакне дека општеството има право и обврска да се вмеша и да не им дозволи на поединци да го распнуваат “целото човештво”, убивајќи ги неговите најнезаштитени и најневини членови, неродените деца. Тоа го потврдува науката, етиката и социологијата преку зборовите на одговорните лекари, правници и социолози.