Еден од најстрашните општествени и морални проблеми со кои се среќава нашата нација денес е зголеменото прибегнување кон абортус или детеубиство. Од вкупно десет, во Америка три бремености завршуваат со конечно отстранување и усмртувањв на човечкиот зачеток. Тоа значи повеќе од милион абортуси годишно. Дури и службениците на другите христијански деноминации сѐ повеќе објавуваат дека абортусот т.е. детеубиството е - лично право произлезено од христијанската слобода. Со обзир на овој застрашувачки факт, потребно е да се изрази ставот на нашата Православна црква спрема сложеното прашање за абортусот, согледан низ перспективата на нејзиното богато историско и теолошко-етичко предание. Се чувствува потребата за правилно насочување на срцата u умовите на нашите православни христијани кои треба да се справаш со овој сѐ поприсутен проблем.

 

Од првите денови на своето постоење, Христовата Црква доследно го изедначува своеволниот абортус со убиство. “Оние што прифаќаат уништување на детето зачнато во утробата се убијци како и тие што земаат отров за да убијат деца” [канон 8 на Свети Василиј Велики].

Значи, ако треба да дадеме одговор достоен за доверба на ова заплеткано [сложено] прашање денес, треба да обрнеме внимание на теолошките и на моралните причини според кои се раководела раната Црква во оформувањето на својот став. Треба да се има предвид дека нејзината поука произлегла од духот на љубовта и постојаната пастирска грижа за морална и духовна благосостојба на христијанското стадо.

Како православни христијани, ние исповедаме дека животот доаѓа од Бога и дека човечкиот живот претставува најскапоцен дар со кој нѐ надарил Создателот. Над cѐ, Бог ја почитува светоста на човековиот живот. Ова се гледа од тоа што Тој, од Својата преголема љубов спрема нас, “Го пратил Единородниот Свој Син, никој што верува во Него да не погине, туку да има живот вечен” [Јован 3, 16]. Но, човечкиот живот не е безусловен дар од Бога, тој со себе носи и сосема извесна одговорност. Јасно е дека Бог се згрозува од одземањето на невиниот живот. Тоа се гледа не само од шестата заповед туку и од приказната за Каин и Авел [Постанок 4, 1-6]. Воплотувањето на Словото Божјо [Логосот], го осветило човечкиот живот за сета вечност, и неговата психичка и духовна страна. Создавајќи го човекот, Бог втиснал во него печат на Својот образ и подобие [лик и сличности]. Со падот во грев Адам ја разбил иконата и го уништил подобието Божјо во себе, но со Животот, Смртта и Воскресението на Вториот Адам, Исус Христос, обновена е иконата Божја и е воспоставено подобието. Ова не значи само дека човековото постоење и човековата личност се отсјај на Божественото Битие и Личност, туку и дека ние, луѓето, имаме можност за непрестајно обожавачко преобразување cѐ додека не се соединиме конечно со Бога. Тоа преобразување целосно го опфаќа човечкото битие, телото, душата и духот што го посведочува преобразеното и нераспаѓачко тело на Воскреснатиот Христос. Bo крајна линија, бидејќи е Бог совршен, од онаа страна на нашите човечки сили за поимање, процесот на обожавање, “развојот на личноста”, за ниедна човекова личност никогаш не завршува. Тој процес почнува со зачнувањето и трае до самиот момент на нашата физичка смрт. Така, ниедно човечко битие не е “личност" или “целосно човечко” во наполна смисла на зборот, бидејќи никој од нас не е сосема како Бог! Згора на тоа, на сите човечки суштества им е својствен ист потенцијал за развој во “личност”, без разлика дали уште се во утробата [значи, во почетокот на животот] или, пак, се на смртна постела. “Личносниот” потенцијал на човечкиот зачеток е очигледен не само врз основа на православното сфаќање на психофизичкото единство туку и од Светото Писмо. Како православни, ние веруваме дека Логосот Божји [Словото] слезе и се соедини со човечкиот телесен Исусов зачеток во моментот на зачнувањето [Лука 1, 26-38]. И тетката на Марија, Елисавета, мајката на Свети Јован Крстител, сведочи дека “од радост заигра детето во утробата” нејзина кога чула глас од Пресвета Дева Марија [Лука 1, 44].

Еден од општите аргументи кон кои прибегнуваат приврзаниците на абортусот е дека правото на приватност на жената се протега и врз контролата на она што се случува во нејзиното тело, вклучувајќи ја и содржината на нејзината матка. Овој аргумент го прифатил и Врховниот суд [американски], доколку периодот на бременост не надминува три месеци, во својата одлука од 1973 година за абортусот. Извесни бранители на ваквото мислење одат толку далеку што израснатиот живот во утробата го карактеризираат како канцероген израсток [!], “дел од вишок ткиво” што навлегло во неа.

Православието го отфрла ваквото сфаќање поради големата вредност што му ја дава Самиот Бог на животот, како и поради фактот дека животот е дар кој никој никому нема право да му го одземи. Ако немаме право да си го одземаме животот себеси, уште повеќе немаме право да му го одземеме животот на невиниот ембрион во утробата! Ако нашите тела се “храмови на Светиот Дух”, како што исповедаме, тогаш убиството на недолжното човечко суштество е злосторство не само против дадената личност туку и против Светиот Дух.

Личноста која расне во мајчината утроба има посебен живот, различен од нејзиниот, и зачетокот, всушност, претставува единство изведено и од мајката и од таткото. Тој е генетички единствен; единството на неговите карактеристики е неповторливо. Друг општ аргумент на застапниците на “правото” за абортус е следниот: ако абортусот се изврши во првите недели од бременоста, тогаш не се убива “човечка” личност или личност која би била “целосно човечка”. Зачетоците не се личности како своите родители, браќа и сестри. Наспроти ова, ние исповедаме дека ниедно човечко суштество не е никогаш целосна личност, но дека сите личности имаат можност да станат “целосно човечки”, да достигнат единство со Бога. Затоа не можеме да речеме, напуштајќи го таквото сфаќање за личноста, дека зачетокот во утробата нема своја човечка вредност ниту пак дека во очите на Бога и на човекот таа вредност е помала од вредноста на роденото човечко суштество.

ДАЛИ СЕ МОЖНИ ИСКЛУЧОЦИ?

Кога животот на мајката е во опасност поради бременоста, според едно гледиште, дозволено и е да се изземе од забраната за абортус. Таквата состојба е секогаш трагична, пред cѐ, за мајката, која се соочува со ужасот од изборот помеѓу својот и животот на детето што расте во неа. Овде мора да се земат предвид посебните околности и состојбата може да се разгледа во духот на христијанската жртва и љубов. За каква било одлука да станува збор, таа мора да се доведе во согласност со медицинскиот советник и духовник, но и со таткото на детето.

Во случај на силување и родосквернавење, поради неприродниот и често насилнички карактер на таквиот вид криминал, или во случај на опасност од болест, треба што повеќе да се забрза медицинската интервенција, да се исчисти спермата пред да дојде до оплодување. Младите жени треба да се упатат во тоа дека кон таква интервенција мора да прибегнат по можност веднаш, по три дена од оплодувањето е веќе доцна. Меѓутоа, ако се образува плодот, треба да се носи до крај.

Што се однесува до прифаќањето на децата, треба да се пријде од аспект на христијанската љубов. Во случај да постојат големи можности или ако е сосема веројатно дека детето ќе се роди многукратно деформирано или ментално заостанато не може да се прави исклучок. И таквите човечки суштества се создадени по образ и подобие Божјо. Православната црква треба да го поддржи секој закон што обезбедува средства и потребни олеснувања за грижа на ваквите деца во средина погодна за одгледување.

Некои други исклучоци во поглед на допуштање абортус не постојат. Црквата настојува спрема сите трудници да се однесува со сочувство, христијанска љубов и пастирско разбирање. Можноста за давање дете во адопционо прифатилиште се допушта; во неизбежни случаи срамот што ја следи оваа жртва, се прима поради доброто на детето, а не поради задоволството на родителите.

И за немажените мајки е потребно да се обезбеди помош и место каде да престојуваат, ако го немаат. Не можеме да бараме одбегнување на абортусот ако истовремено не обезбедиме простор за одгледување на детето и за сигурност на мајката и на детето. Свети Василиј Велики пишува дека е абортусот проблем што го вклучува и прашањето за обезбедување вистински услови зачнатото суштество да се роди [канон 2]. Христијанската заедница би требало жените кои поради човечка слабост прибегнуваат кон абортус да ги прима во духот на љубовта и простувањето ако искрено се покајат поради својот грев и ако сфатиле дека сите ние непрестајно сме искушувани од гревот. 

Политичка активност

За православниот човек Вселенскиот собор претставува најголем авторитет. Вселенскиот собор [691 година] во своето 91 правило заповеда: “Жената која набавува напивки за да ги искористи за абортус и оние што употребуваат отров за убивање на плодот се подложуваат на законот и се казнуваат за убиство”. Многу канони и правила на Светите Отци се слични на горе наведеното. Според нив, исфрлањето на плодот е бесмислен чин, чин на неправедно убивање човечко суштество, убиствен чин.

За Православната црква е несфатливо како една добро организирана држава може да дозволи, да толерира и да охрабрува каков било вид убиство. Зар не е обврска и одговорност на државата да ги штити невините и слабите?

Како членови на Православната црква, сметаме дека ни е обврска да ги поддржуваме политичките напори на оние што настојуваат да го забранат намерниот абортус, со исклучок во вонредни околности. Треба исто така да го шириме вистинското разбирање за љубовта и за бракот како предупредување од несаканата бременост. Православието смета дека Светата Тајна Бракот е единственото место за љубов помеѓу мажот и жената, но изразува разбирање и сочувство за оние кои преку покајание ги трпат последиците на сопственото неприфаќање на тој став.

Значи, очигледно е дека Православната црква, чиј став во врска со ова прашање издржал искушенија во период од две илјади години на нејзиното траење, денес се спротивставува на сите настојувања абортусот да остане или да стане општествено дозволена појава.