Свештеник Максим Обухов

Изразот “планирање на семејството” се појави скоро и веќе влезе во мода се слуша на радио и на телевизија, за “планирање на семејството” се пишува многу. Во што е неговата суштина? Енциклопедискиот речник ја дава следната дефиниција: “Станува збор за внатрешно семејно регулирање на раѓањето во поглед на бројот на децата и времето на нивното раѓање". Очигледно, ако Бог не даде деца, тука е тешко што било да се измени, значи, останува да се планира само во правец на ограничување на бројот на децата. Начините на таквото “планирање”, како што е познато, се абортусот и контрацепцијата. Во случај на абортус спомнатиот израз, едноставно, значи убиство. Познато е дека човечкиот живот почнува од моментот на зачнувањето. Детето во утробата на мајката дише, спие, расте, чувствува болка, слуша звуци, се подготвува за излегување на свет. Детето уште не се родило, а веќе е законски претендент на животниот простор, храната, облеката, слободното време на своите родители. Тоа може да им оневозможува на родителите завршување на образованието, одбрана на дисертацијата, може да наруши какви било планови, итн. И така, тато и мама решаваат да го “испланираат” својот син или својата ќерка. Мајката во женското советувалиште добива упатство за “прекин на бременоста” [уште еден убав збор!] и детето, живо детенце, едноставно се убива.

Друг начин на “планирање” е контрацепцијата и користењето средства против зачнување. Повеќето од т.н. контрацептиви претставуваат вистински абортивни средства всушност, станува збор за цела низа хормонални препарати и спирали. При нивна употреба, во 10% од случаите доаѓа до убиство на веќе зачнатото дете. Разликата во однос на обичниот хируршки абортус се состои само во постапката на убивање и возраста на убиеното детенце. И овде повторно се среќаваме со лага: дадените средства се шират како средства против зачнување, но не се тоа, бидејќи и при нивна употреба, сепак, доаѓа до зачнување.

Во второто правило на Свети Василиј Велики се вели: “Таа која смислено го погубува плодот зачнат во утробата подлежи на осуда за убиство".

Друг дел од контрацептивните средства се навистина средства против зачнување. Нивната употреба претставува посредно убиство и изопачување, зашто ја изопачува Божјата замисла за човекот. Еве што вели Црквата: “Ако јаде билки или нешто друго и ја труе својата утроба и затоа не раѓа деца, да ѝ се забрани причестувањето!” [Требник, чин на исповед]. Контрацепцијата се спомнува и во Библијата, каде што се осудува таквото дело. “Зло беше пред очите тоа што го направи тој и тој го усмрти” [Битие 38,1О]. Користењето средства против зачнување е смртен грев, рамен на убиство. Треба да се каже дека cѐ што е поврзано со планирање на семејството е придружено со лага. Така, приврзаниците на абортусот истакнуваат дека прекинот на бременоста е нужен, на пример, заради зачувување на здравјето или животот на жената. Но, повеќето компликации при пораѓањето настануваат токму поради абортусите што претходеле. Последица на абортусите, исто така, се и болестите, а понекогаш и смртта на жената. Убивањето неродени деца се смета за нормално и за нешто што се допушта кога ќе се установи дека плодот заболел, божем заради зачувување на здравјето на нацијата. Но, токму поради абортусот се раѓаат огромен број недоносени и заболени деца. Се зборува дека мајката има право на избор дали да го роди детето или не, а се премолчува дека и детенцето има право на живот. Не убедуваат дека хормоналните препарати не се воопшто штетни. Но, хормоналните контрацептиви го нарушуваат здравјето на жената не помалку од вотката или од тутунот. Тврдат дека ширењето контрацептивни средства го предупредува абортусот. Но, според статистиката во Соединетите Американски Држави, на пример, повеќе од половината абортуси се последица на неуспешна контрацепција.

Да го погледнеме меѓународниот весник “Планирање на семејството” што го издава Руската асоцијација за планирање на семејство. На последната страница од вториот број на овој весник за 1993 година се наоѓа реклама со следната содржина: “Фирма Шеринг” една од водечките светски фирми во областа на регулирањето на раѓањето!”. На рекламата е прикажана Земјината топка потоната во темносин мрак. Зрак светлина го осветлува северноамериканскиот континент. На Земјината топка лежи, ни помалку ни повеќе, превртсн и искривен крст... Во продолжение следува реклама за средства за убивање, наменети за руските деца...

Би можеле да ја прекопате сета постојна литература за планирање на семејството”, но никаде нема да го најдете зборот “воздржување”, кој е толку природен за христијанинот. Што се нуди во замена? Еве неколку цитати:

1. “Абортусот е неразделив чинител на планирање на семејството и не може да се оддели од него” [Планирање на семејството, 1/93, стр.24].

2] Висок чиновник од Министерството за здравство се жали: во 1991 година биле спроведени 6.000 стерилизации, што претставува незначителен број во однос на 34 милиони жени од фертилен период во Русија [исто 3/93 стр. 5]. [За споредба во книгата “Правила на Православната црква”, во 24. правило на Светите Апостоли се вели: “Koj ќе се скопи самиот себеси три години да се одлачи од Светите Тајни”]

3. A еве пример и за поддржување: “Во Шведска не се бара дозвола од родителите за вршење на наставата за сексуално воспитување во училиштата... Многу училишта повикуваат претставници на хомосексуални организации да учествуват во наставата!?” [393 стр. 17,18]. Забележете дека не станува збор за булеварски порнографски весници, туку за весник од значајна меѓународна организација во чиј редакциски колегиум влегува и заменик министерот за здравство на Русија!

Не треба да се биде прониклив за да се сфати дека гореспомнатата асоцијација е антихристијанска организација што цели кон разорување на семејството во Русија. Планирањето на семејството е слично на “планирањето” на бројот на Словените на окупираните територии кое го остваруваше германското нацистичко водство во Втората светска војна, а, исто така, и “планирањето” на цели народи и слоеви на населението под советска власт! Ова би можело да се нарече “планирање на населеноста”. Болшевиците воопшто, како што е познато, ја усовршиле способноста за криење на суштината на сопствените дела со помош на нејасни изрази [да се сетиме на Лениновата “експропријација на експропријаторите” и “слобода на совеста” или Сталиновото “заострување на класната борба"]. Зад нив не заостануваат пратениците од Руската асоцијациј а за планирање на семејството. За Светата Црква тие го смислиле називот “определена конзервативна религиозна група”, а за самопрокламираната слобода за убивање на сопствените деца “право на детето да се роди сакано”, итн. Тоа е чисто ленински стил на работење. Пред малку спомнатата асоцијација e продолжение на Лениновото дело: абортусите првпат биле озаконети во болшевичка Русија во 1920 година. Со револуционерното ја става во сродство и етикетата “маде ин странство” и она најглавното заедничките цели. Планирањето на семејството е појава од ист ред како и колективизацијата, експропријацијата и др. Убиството станува убиство независно од тоа во каков облик настапува убиецот: со маузер и во кожено палто, во костум со врска во кабинетот на некој “добротворен фонд” или во бел мантил. И соучеството во убиство, исто така, е убиство. Христијаните не треба да ги збунува тоа што изопаченоста и убиството станале норма во целиот свет. За нас постои само една норма, да се биде совршен како што е совршен Отецот наш Небесен! Во случај на абортус и контрацепција изопаченоста се состои во тоа што се збркуваат поимите за доброто и злото. Раѓањето живот денес се смета за зло, а со смртта на неродените “олеснетиот живот” за добро. Отфрлајќи ги децата, луѓето го отфрлаат своето спасение.

Како што кажува грчкиот митрополит Мелетиј Никополски, секој има свои цели и се бори за нив. И Црквата се бори за своите и таа е должна да ги изрази до крај.

За да ја слушнат, таа мора да вика. Да! Ако едноставно сака да ја чујат луѓето, како носител на вистината што ја продоведал Господ наш Исус Христос, таа треба да викне громко и силно. А тогаш, кога верата ќе го бapa тоa, треба горомко да се огласи и Синодот и верниот народ. За жал, гласот на Синодот и на народот не се слуша и абортусите и донатаму се вршат под заштита на законот, под заштита на државата.