Вистинската исправност на црковното вреднување на неродениот човечки живот е драматично потврдена со вчудовидувачката модерна медицинска практика во хирургијата врз предвремено родените деца. Денешните операции за спасување живот се вршат на бебиња во утробите. Во текот на таквите постапки [развиени кон крајот на 1980 година на калифорнискиот Универзитет во Сан Франциско] бебето се раѓа предвреме така што излегува со помош на хируршки рез, а потоа се враќа во утробата за да го заврши развојот откако е извршен хируршкиот чин на спасување на животот! Повеќето од овие пациенти на степен на плод, кои биле подложени на овој необичен хируршки начин на спасување живот, страдаат од една од трите најголеми болести: progressive hydronephrosis, congenital diaphragmatic hernia, или sacrococcygeal teratoma. Покрај тоа, како што известува д-р Хери Џеси во педијатрискиот журнал, постојат охрабрувачки број извештаи за успешно лекување на плодот со нехируршки методи.

МЕТОДИ НА АБОРТУС

Во лажна симетрија, во наполно исто време кога се развила медицинската техника за лекување бебиња во утробата, имало и серија научни “пробиви” во методите за абортус предвидени за абортирање во доцна бременост, точно во истото она време кога бебињата се лекувале во утробата.

Во септември 1992 година е објавена нова постапка за абортус во второ и трето тримесечје на семинарот “Управување со ризикот” [“Risk Managmenet”] на Националниот сојуз за абортус [National Abortion Federation NAF] во Далас, Тексас. Д-р Мартин Хаскел, доктор за абортуси во Синсинати, го претставил научниот документ со кој ја опишува оваа постапка. Името на новата постапка е “дилатација и екстракција" [растегнување и вадење]. Хаскел го нарекол овој метод “H&X” 3a да се разликува од стандарниот метод “Д8сЕ” [“H&E” е дилатација и евакуација растегнување и празнење], H&X се разликува од Д8сЕ по тоа што нероденото дете се отстранува недопрено за разлика од постапката со која се распарчува во матката. Детето се убива со шмукање на мозочното ткиво преку празнината во подножјето на черепот, а лекарот што го врши абортусот го прави тоа со тапи хируршки ножици. Тоа се прави додека главата на живото детенце уште e во матката.

Хаскел ја препорачува постапката H&X за абортус во доцна бременост во второ и трето тримесечје. Класичниот абортус H&E претставува технички проблем во доцната бременост поради “жилавоста на ткивото од плодот на ОВОЈ степен на развој”.

Поради тоа, најголем број доцни абортуси традиционално се вршат со метод на инјектирање средства, како што се солениот раствор и простагландинот. Меѓутоа, овие методи се ризични за мајката, а покрај тоа, ниту еден не гарантира целосна смрт на бебето, што за лекарите кои вршат абортус претставува сериозен недостаток. Имајќи предвид дека H&X ги надминува проблемите што се појавуваат поради распарчувањето на бебето во доцниот период, може да се користи во текот на второто и третото тримесечје. Хаскел користел Д8сХ за бременост над 26 недели, а притоа тој наведува други искуства од лекари како доказ дека H&X може да се користи за абортус во трето тримесечје. Д-р Џејмс Мекмахон од медицинскиот центар Мекмахон и од хируршките центри во Лос Анџелес и Тарзана, Калифорнија, користи Д8сХ за абортус на деца постари од 32 недели, “или повеќе”, според Хаскел. За да се користи H&X во трето тримесечје, потребни се само неколку промени, вклучувајќи и дополнително растегнување на грлото на матката и подолго времетраење на операцијата. Хаскел кажува дека извршил над 700 абортуси со H&X. H&X е наполно сличен на детеубиство, така што во една пригода една студентка од колеџ, кога гледала како Хаскел врши абортус во 1989 година, повикала полиција.

Според Хаскеловиот редослед, постапката Д8сХ започнува со “растегнување и со сѐ уште поголемо растегнување”. Грлото на матката во почетокот се растегнува 9-11 мм со механички растегнувачи [synthetic laminari], кои се оставаат да преноќат. Следното утро дилапинот се отстранува и повторно се вметнува дилапин 1525, Уште еднаш се остава да преноќи. Процесот на растегнување со дилапин може да предизвика болни грчеви кои се ублажуваат кога е потребно со средства за ублажување болки. Операцијата се врши третиот ден. По отстранувањето на дилапинот, лекарот што го врши абортусот ја кине мембраната [ако веќе не пукнал водењакот на пациентката] и ја суши аминотичната течност. Тогаш помошникот на лекарот поставува преносник на ултразвук на мајчиниот стомак и го одредува местото на нозете на детето и стапалата. Лекарот користи подолги хируршки ножици за да ја извлече едната нога на бебето. Тој грубо го влече детето, принудувајќи го да дојде во положба со стапалата надолу. Го продолжува извлекувањето додека не ја извлече ногата на бебето во каналот за раѓање.

Потоа, користејќи ги рацете наместо ножици, лекарот го вади телото на бебето на начин сличен на породување. Прво се вади другата нога на бебето, потоа трупот, рамењата и рацете. Главата “обично” останува во матката; премногу е голема за да помине преку грлото на матката.

Лекарот тогаш го презема следниот чекор [кој Хаскел благо го нарекува “ослободување од главата на плодот”]. Користејќи тапо превртени хируршки ножици во затворена положба тој ја пробива главата на детето во подножјето на черепот. Потоа насила ги отвора ножиците, зголемувајќи ја пукнатината. Отстранувајќи ги ножиците, лекарот вметнува катетар за исцицување во пукнатината и со вакуум го извлекува мозочното ткиво на детето [или, како што Хаскел го нарекува тоа, “ја чисти содржината на черепот”]. Со шмукалката, која cѐ уште е на тоа место, лекарот тогаш го извлекува мртвото тело од телото на жената, ја вади постелката со ножици и ја стружи внатрешноста на матката со остар киретте, а потоа користи киретте за исцицување со поширок отвор.

Според Хаскел, жената обично “заздравува” брзо: за 30 минути е на нозе, надвор е за два часа. Хаскел наведува “мал број” компликации, иако не го превидува големиот број.

Конференцијата во Далас, на која Хаскел ја опишал техниката H&X, била наречена “Абортусот во второто тримесечје од секој агол”. Хаскеловото претставување вклучувало десетминутна видеоснимка на методот H&X. Трагичната иронија на нашето време, vis-a-vis нашето омаловажување на човековиот живот, може да се види во фактот дека нероденото дете, кое е пациент во хируршкиот зафат, може - легално - да стане недоброволен “давател” на своите сопствени органи и ткива во истата болница! Cѐ што би требало да направи мајката е да се прошета и да побара абортус. Обратно ако неродениот пациент умре поради компликации по хируршкиот зафат, мајката може да поднесе тужба за злоупотреба на професијата како што може и детето ако се роди хендикепирано. Постојат дури и такви што јаподдржуваат биолошко-политичката фикција дека она што е во мајчината утроба не е живо и нема право да биде над “правото на избор” на родителот, мајката или општеството. Тие велат дека бебето е суштински “дел од телото на жената", што секако е наполно научна и медицинска фикција, која елаборатот на д-р Мартин Хаскел за методот на абортус H&X толкy убедливо ја покажува! Лекарот кој лекува или го убива бебето е сосема свесен за фактот дека тој има два пациента, или еден пациент и една жртва, и дејствува во согласност со тоа сознание препишувајќи хируршка терапија или лекови за бебето, од една страна, и развивајќи успешни методи за абортус, од друга страна. Bo која било време на животот сите ние сме зависни едни од други како делови од човечкото општество, поради физичкиот и духовниот начин на живеење, зашто никој од нас никогаш не е “способен за живот" како изолиран поединец. Никогаш не сме “независни" од другите човечки суштества или од Господа, ниту новороденото бебе е помалку зависно од својата мајка две минути по своето раѓање отколку што било две минути порано.

Однесувањето спрема нероденото дете како пациент е наполно во согласност со најдобрата морална, човечка и милосрдна традиција на Црквата. Однесувањето спрема нероденото дете како спрема “безначаен тумор” и спрема бременоста како да е “онеспособување” противречи на сето она на што учеле Христос и Црквата во минатото [да ги оставиме сега настрана науката и медицината].

Да се осуди нероденото дете на смрт затоа што зависи од својата мајка, “како дел од телото на жената”, значи да се осуди целиот човечки род на смрт. Сите зависиме едни од други во текот на целиот живот! А фактот дека некое лице се наоѓа на погрешно место во погрешно време или дека е со погрешна боја, не е доволна причина за убивање човечко суштество.

голема лага

Авторот и хуморист ПЈ. О Роурк пишува за испревртената бесмисла на политичката “теологија” и за беззаконијата на модерното движење за абортусот: “Покрај самооправдувањето друга подробност [посебност] на либералното убедување е неодговорноста. Либералите измислиле цели предмети на колеџ психологија, социологија, женски студии за да докажат дека ништо не е ничија вина. Никој не сака да ја преземе одговорноста за своите постапки, но размислете колку треба да ја презрете слободната волја за да ја поддржите политичката програма што го одобрува убивањето на неродените бебиња, а не ги осудува убијците. Закоравен прагматичар би можел да ги штити абортусот и смртната казна. Побожниот христијанин не би го одобрил ни едното ни другото. Но, потребни се години на исцелување за да се дојде до ослободено гледање на работите”.

Во нашето време на беззаконија и наполно презирање на логиката, многу луѓе што грешат го нарекуваат својот грев “добрина”. Тоа е она на што го направија феминистките и “либералите” на нашите денови, издигнувајки ја “предноста” на абортусот и пригодно давајќи му ново име, клинички “избор” на она што е очигледен ужас. На тој начин тие го преименуваа крајното понижување на жените во “ослободување” [либерација].

Секој истражувач на американското општество од 1973 година, кога намерниот абортус од каква било причина, од страна на која било личност, на бебе во која било возраст од развојот на плодот бил легализиран, знае дека единствени вистински “ослободени” со легализираниот абортус се нашле неодговорните мажи, кои одбиваат да бидат одговорни за својата сексуална активност. Не е случајно дека меѓу првите што го поддржале легалниот, намерен абортус во Америка биле уредниците и сопствениците на најголемите порнографски весници.

Наспроти феминистичките политички пароли, естетиката, духовната и физичката реалност на вршењето абортус се намалува. Таа му се приближува на обликот на смртоносно медицинско уништување. Тоа гиˮ ослободуваˮ жените и нивние бебиња на ист начин како што Аушвиц ги ˮослободувалˮ Евреите. Тоа ја прави истата работа како и порнографијата – ги користи, зацрнува и ги сведува жените на ниво на сексуални робови, од една страна, и на ˮпрости продуктивни граѓаниˮ кои ја штитат својата кариера, од друга страна. Тоа ја претвара животодавната утроба во мртовечка комора во која намаченото, понижено и настрадано дете умира тивко, во нечујни крици.

Вршењето абортус ˮлегалноˮ или на друг начин ги понижува жените на нешто повеќе од сексуална сопственост на мажите кои, во сексуално ˮслободнатаˮ атмосфера на денешницата немаат причина да се преправаат дека ги сметаат жените за нешто повисоко од себично средство за задоволување. Тоа дека приврзаниците на абортусот ги сведуваат жените на сексуални робови, девојки за забава и сексуални машини, е добро прикажано со сѐ поголема практика на употреба на исфрленото ткиво на плодот за медицинско експериментирање во ˮтерапевтскатаˮ потрошувачка. Денес абортусот толку ги понижил жените што тие едноставно, стануваат пофалени како банки на ткиво, инкубатори на ткивото на плодот, произведувачи на ˮматеријал за пресадувањеˮ, фабрики за органи и ткива, погодни за снабдување на незаситниот медицинско-индустриски комплекс.

Последиците од легализацијата на абортусот, прифаќање на сексуалното “ослободување” и наглото зголемување на појавата на уништување, сите се совпаѓаат [стекнуваат] во обратна пропорција.

Како што пишува Леон Кас: “Без обзир на нивните различни мотиви, злосторството на оној што го убива плодот и на блудницата има исто внатрешно значење. И двајцата се без срам или сексуално воздржување. И двајцата се рамнодушни спрема општото значење на половите [посебно жените]. И двајцата го набљудуваат своето телесно општење, едноставно, како приватно уживање [особено мажите]. И двајцата се рамнодушни спрема фактот дека тоа e пат до идните генерацини, оние на кои ние им даваме живот и ги подигнуваме, плаќајќи ги така, на единствен можен начин, нашите долгови на сопствените предци. И двајцата се посебно рамнодушни спрема бракот и семејството, на тие древни институции, чија главна цел е да се обезбеди вистински дом за плодна и благородна љубов и за вистинско подигнување деца”.

Телесното општење е сведено на статус на случаен контакт спорт во нашето општество. Ова понижување, разделување на смислата и љубовта од сексуалноста било предмет на расправа. Тоа ја правело програмата на работа на таквите “пионери” во сексуалното воспитување, како што е д-р Сол Гордон, кој е познат по тоа што рекол: “Сексот е премногу важен за да се меша со чувствата”[ !?]. Прифаќањето на легалниот абортус и експериментирањето врз плодот како “морален” и “нормален” чин навистина ги свело мажите и жените, едноставно, на сексуални партнери банки на ткива кои повеќе не можат да се мешаат со чувствата.

“Лекарите, речиси сите, го прифатиле и тоа многу брзо, “повторното објаснување од страна на Роа”. Само шест месеци по одлуката на Врховниот суд, во спорот, Roe-Wade PetarA.J.Adam, вонреден професор по педијатрија на Универзитетот Case Western Ressserve во Охајо, му го претставил на американското педијатриско истражувачко друштво своето истражување со своите помошници на 12 предвремено родени бебиња постари од 20 недели, кои преживеале hysterotomy абортус. Овие лекари ги отсекле главите на овие малечки бебиња и ставиле цевчиња во главните артерии, хранејќи го нивниот мозок. Истражувачки ги одржувале во живот главите на овие бебиња како што Русите одржувале во живот глава на куче во определени експерименти во 1950 година. Како одговор на прашањата поставени во ова “истражување”, д-р Адам изјавил: “Ако еднаш општеството одлучило дека плодот е мртов и му ги одзело правата, јас не гледам никаков етички проблем... Чии права ќе штитиме ако веќе еднаш сме одлучиле дека плодот нема да живее”.

Со абортусот и незаинтересираноста на нашето општество за него, мажите и жените афирмираат безвредност на човечката личност, а жените добиваат третман на блудници. Во име на “правото на жената", мајчинството денес е сведено само на една ладна медицинско-економска “можност”, а бременоста на несреќна медицинска компликација на сексот. Жените се лишени од статус на суштество што носи и храни нов човечки живот и се лишени од посебна заштита која им се должи како први свети домови на сите човечки суштества.

Страшно иронично, сведувањето на жените на статус на просто убаво спакувани органи и банки на ткива, било прифатено во име на "правото на жените”! Во таквата погрдна, утилитарна клима “уништувањето" и злоупотребата на жените изгледа дека ѝ даваат смисла на сексуалната “етика”. Програмата на работа на “феминистките” несреќно се приближила до онаа што ја има порнографската индустрија. Наставниот план на сексуалните воспитувачи се приближил до целта на дејностите на локалните стројнички. Работата на лекарите се сведе на работа на стражари на концентрационен логор.

Белегот на моралниот пресврт што го гледаме во легализираниот абортус е крајното зло да ѝ се продава на јавноста како “добро”, при што зборот “слободен избор на жената” се користи за да се опише лишувањето на детето од сите негови идни избори, што е знак на најголемо зло, за кое св. Евагриј Пустиник зборувал кога напишал:

“A сега, што сум јас да кажам за демонот кој ја прави душата бесчувствителна?.„ Кога по неговото приближување душата се одделува од сопствената состојба и се лишува од богопочитување и страв Божји, таа повеќе не го гледа гревот како грев или злото како зло, а на осудата и вечната казна гледа како на прости зборови; му се потсмева на пламенот од кој земјата трепери... Можеш да се удираш в гради, душата се приближува кон гревот, но таа не го забележува тоа... не го забележува, како свиња што ги затвора очите и трча преку ѕидѐ.