Стравотиите на третото тримесечје

Според специјалистите за абортус во доцна бременост, абортусот во третото тримесечје не е морален, туку технички проблем. Класичниот процес H&E станува потежок во поодмината бременост, бидејќи коските и мускулите на детето се формирани толку добро што лекарот кој извршува абортус не може лесно да го извлече детето со пинцета. Традиционалните индуктивни методи и hysterotomy се проблематични [од гледна точка на лекарот што врши абортус], бидејќи детето кое може да се одржи во живот често преживува абортус.

Прекалените лекари што вршат абортус развиле неколку методи на абортус со кои се обидуваат да ги надминат овие препреки. Некои методи користат додаток придружно средство, обично хемиски раствор придружен со индукција или со постапката Д8сХ. Други методи опфаќаат директен напад на бебето, со цел да се обезбеди сигурност дека бебето ќе биде родено мртво.

Следува листа на методи кои моментално се користат за абортуси во доцна бременост.

*

H&E со додаток

Лекарот што врши абортус прво го омекнува телото на детето што може, но не мора да вклучува убивање на бебето потоа го користи методот H&E за да го распарчи детето.

*

Интраамниотична уринарна инфузија

придружена со процесот H&E

При овој метод висококонцентрираниот уринарен раствор се става во аминотечност. Урината дејствува како средство за омекнување и се остава да дејствува неколку часа или преку ноќта пред да се изврши постапката Д8сЕ.

Д-р Ворен Херн користи додатна уринарна киселина обично по 20 недели, бидејќи со омекнувачкото дејство на урината “ткивото на плодот видно омекнало и овозможува лесно распарчување и отстранување”. Овој метод може да доведе до тоа детето да се роди живо кога спонтаните породилни болки и пораѓањето ѝ претходат на смртта на бебето.

*

Раскинување на мембраната и разделување на папочната врска,

придружени со постапката “H&E”

При овој метод раскинувањето на бебешката врска предизвикува смрт. Треба да поминат дваесет и четири часа пред процесот H&E, а омекнувањето се постигнува со автолиза [разложување]. Овој метод носи очигледен ризик за инфекција.

Индукција со додаток

Целта на ова поврзување е да се предизвика омекнување на ткивото на бебето за да се овозможи полесно индицирано породување. Помошното средство, исто така, помага бебето сигурно да биде родено мртво. Пример за ваквиот метод е интраамниотик-инфузија на простагландин и урина. Исто така, сѐ уште е во употреба солениот раствор интраамниотик хипертоник. И солениот раствор и простагландинот, дури со додатна урина, непредвидено може да предизвикаат раѓање на живо дете.

*

Смртоносна инјекција придружена со процесот Д8сЕ или со индукција

Додека повеќето методи на абортус во подоцниот стадиум предизвикуваат непредвидено раѓање на живо бебе, неколку лекари вршеле испитување при абортусот со смртоносна инјекција.

*

Калиум хлорид инјектиран во срцето на бебето,

придружено со индицирани породилни болки или со Д8сЕ

Co помош на ултразвук, калиум хлоридот се инјектира директно во една од срцевите комори на бебето. Потоа се користи ултразвук за да се провери дали срцето на бебето престанало да чука. Во една болница во Детроит ова е придружено со аминоинфузија на урина, потоа интрамускулен простагландин за да се индицираат породилни болки.

*

Дигоксин инјектиран во срцето на бебето,

придружено со индукција или со постапката H&E

Оваа варијанта ја користат д-р Пол Рајт од Ouklend, д-р Џорџ Тилер од Vihita и др. Според Изас, кој забележува дека, иако е широко распространет, овој метод ретко се појавува во медицинската литература, “можеби поради... можноста од штетно реагирање на јавноста”.

Исада известува дека овој метод го применил на стотици случаи “анонимен перинатологист”. Папочната инјекција, наречена “пунктура преку врвцата” предизвикува брзо запирање на работата на срцето.

Растегнување и вадење [дилатација и екстракција] [D&E]

Види го описот во придружната статија.

Постапка за убивање - D&H

Чекор 1

Лекарот кој го врши абортусот цврсто ја фаќа едната нога на бебето со пинцета.

Чекор 2

Ногата се извлекува во каналот за раѓање.

Чекор 3

Со сопствени раце, лекарот го извлекува бебиното тело. Главата останува внатре.

Чекор 4

Лекарот со сила поминува низ бебиниот череп. Потоа ги отвара ножниците и го проширува отворот.

 

Чекор 5

Катетерот за ушмукување се става во расцепот, и се исцицува мозокот на бебето.

Тогаш детето се отстранува.

 

Прим. д-р Неделко Кангрга

ЗА АБОРТУСОТ

Макар што имам јасен став во врска со ова прашање, нема да навлезам во теолошка интерпретација на абортусот, туку ќе зборувам за него како лекар. Како мотив за ова кратко предавање ќе ги земам зборовите на Св. апостол Павле: “Сѐ ми е дозволено, но сѐ не ми е од корист” [1 Кор. 6,12].

Дека, од една страна, животот е дар Божји, дека е светиња, а раѓањето еден вид соработка со Бога во создавањето, зборуваат и следните биолошки и медицински факти: фактот дека во човекот е најдлабоко всаден нагонот за одржување на видот, за создавање и зачувување на породот, фактот дека и телесната љубов, која е потребна за тоа, е одраз на една поголема духовна божествена љубов, која е создавачка причина на сѐ. Не треба да се биде стручњак, психолог, па да се знае дека откако постои човечкиот род нарушувањата во оваа сфера лежат во основата на најголемиот број човечки трагедии, конфликти и душевни заболувања. Сето тоа го знаеме од секојдневниот живот, а речиси не е ни потребно да се потсетуваме дека таа тематика се провлекува и низ целокупната книжевност, или, на пример, дека психоанализата се обидува речиси целокупната потсвесна страна на психичкиот живот да ја сфати во светлината на овие односи.

Од друга страна, за тоа дека грешењето против животот, односно намерниот абортус, е неприродна и казнива работа зборува и фактот дека тоа грешење е поврзано со многубројни, дури и смртни опасности за мајката и со голем број лоши последици за нејзиното душевно и телесно здравје. Но, абортусот, како и раѓањето, не е работа што се однесува само на индивидуата, конкретно на мајката и на таткото, туку и на нивната поблиска и подалечна околина, на општествената заедница, на и на целата нација. Народот чиј наталитет опаѓа е осуден на изумирање. Абортусот е главен начин на кој народот се предава на самоуништување. А народот кој изумира се намалува и ја губи својата биолошка и физичка моќ, доживува пропаѓање и потиснување, помалку или повеќе болно, од страна на другите биолошки посилни народи. Подоцна, макар и со неколку збора, ќе покажам дека абортусот е причина и за морално пропаѓање на еден народ, кое е потешко од кое било друго пропаѓање. Не залудно масовниот абортус, каков што е случајот кај нас, е наречен бела чума. Тој навистина, како чума, го уништува животот и моралот на една заедница.

Знам дека веднаш ќе ме запрашате: зошто тогаш кај нас е дозволен абортусот со закон, зошто е толку поедноставена постапката за изведување на намерниот абортус? Ke ви одговорам на тоа прашање: зар сметате дека затоа што е дозволен со закон абортусот со закон е пропагиран и поттикнат? Не, напротив. Тој со самото тоа го квалификува како престап, но го дозволува за тоа зло да не донесе поголемо зло: криминален абортус, нестручен уште попогибелен абортус, разни злоупотреби и искористување во врска со тоа. Законот посебно го дозволува абортусот кога е потребно од медицинска причина да се спаси животот или здравјето на бремената жена. Вештачкиот абортус, според законот, може да биде оправдан и со еугенички и етички индикации, а посебно со социјални причини. Тој закон овозможува слобода на жената, но не ја спречува да се запраша: дали cѐ и е од корист...!?

Сега би се задржал на медицинските факти кои можат да ви бидат од интерес и вам во врска со ова прашање. [Заради поголема уверливост, за обработка на ова тема зедов медицински податоци и слободни или буквални цитати од медицинска енциклопедија, од Лексикографски завод на ФНРЈ , Загреб].

Прво, ќе опишам накусо како изгледа човечкиот плод. “Човечкиот ембрион во текот на првите три недели од развитокот нема никакви карактеристични знаци. Дури во текот на четвртата недела се јавуваат некои знаци карактеристични за човекот”, така вели енциклопедијата. Ho, иако нема надворешно видливи знаци во почетокот, човечкиот зачеток има сосема специфични и исклучителни потенцијали за да се развие од него само нов човек. При крајот на четвртата недела ембрионот e долг два и пол милиметра, но тука веќе е создадена т.н. неврална цевка, на чија една страна е основата за мозокот, а веќе е воспоставен и крвотокот. На крајот на осмата недела од бременоста, на пример, плодот е долг два сантиметра, основата на мозокот е многу зголемена и е оформена глава која расте релативно побрзо од трупот и тогаш зазема речиси половина од целата должина на ембионот. Очите се поместуваат на предната страна и околу нив почнуваат да се формираат веѓите. Вратот cѐ повеќе се обликува. Прстите на рацете и на нозете се јасно изразени. Значи, тоа е веќе еден мал човек!

Човекот не настанува со раѓањето, туку со зачнувањето. Набљудувано од одреден агол, од аспект на животниот интерес на самиот плод, т.е. на човекот во неговата најрана фаза од развитокот, абортусот е убиство, насилен прекин на неговиот живот. Тоа не е исто што и убиството на свесна и душевно развиена возрасна личност, која ги оформила и своите односи со околината, но, сепак, е убиство на човек и тоа во неговата најрана фаза од развитокот, кога во целост е зависен од својата мајка, кога не може да се брани и е ориентиран само на заштита од мајчината љубов. Животот, тој дар Божји, таа светиња, кој како и кај секој друг случај на бременост, исто така, е совршен и надарен со истите животни потенцијали како и оној што ќе се роди, ќе се развива и ќе умре на старост, овде се отфрла и уништува. Задолжително да се замислиме: какво е тогаш етичкото значење на оваа постапка?

Што се однесува на лекарите, кои во согласност со својата професија се должни тоа да го работат, секогаш ги жалев искрено и братски, а и некои од нив ми се жалеа, искрено и братски поради депримирачкото влијание на работата што мораат да ја работат. Цврсто сум уверен дека сите тие се трауматизирани, дека им е извршена неправда кога се принудени да отстапат од принципот што го вдахновува и го стимулира секој лекар, од начелото да се бори за човечкиот живот и за здравјето. Тој мора да се сврти спрема принципот на уништување на плодот и загрозување на здравјето на мајката. Заради што? Заради нешто неприродно, заради едно лажно чувство на слобода во одлучувањето и рамноправност во животот на жената. Нели е таквата етика свртена наопаку? Тоа е иронија: жената што заслужува љубов, а и самата поседува мајчински инстинкт, треба да ги остварува своите права со насилство, и физичко и психичко, кое се извршува врз неа, со нејзина согласност и соучество!

Абортусот или предвременото исфрлање на плодот од матката [до 28 недела од бременоста], на плодот неспособен за живот надвор од неа, може да биде или спонтан, поради неможноста на жената да ја одржи бременоста, или насилен, т.е. законски кај нас или криминален. Вршењето вештачки абортус е дозволено [кај нас, но не и насекаде во светот] по правило до третиот месец од бременоста, бидејќи подоцна претставува опасност за мајката.

Причините за спонтан абортус се многубројни. Најчесто станува збор за нарушувања, односно недостиг од сексуални хормони, особено недостиг од т.н. хормон на жолтиот јајник или прогестерон. Поретки се причините: анатомска аномалија, недоволно развиена матка, генетички нарушувања, несовпаѓање на т.н. Рх-фактори на крвта од родителите, луес, инфективни заболувања, а големо значење им се придава и на психолошките фактори.

Насилниот, а медицински оправден абортус, доаѓа предвид во случаи кога бременоста може опасно да го загрози животот на бремената жена или да доведе до раѓање на плодот со разни недостатоци. Оправдувањето на абортусот кога станува збор за животот на мајката се смета за апсолутно со обзир на високата вредност на животот на мајката, а за релативно кога станува збор, од една страна, за здравјето на жената, а, од друга страна, за животот на плодот. Ќе наведам само неколку најглавни заболувања кај кои се смета за медицински оправдано и потребно вршењето вештачки, т.е. насилен абортус. Тоа се следните најважни случаи:

-случаи на еволутивна туберкулоза на белите дробови;

                -заболување на срцевиот мускул, при што тој во првите месеци од бременоста попушта, се декомпензира, и покрај мирувањето и лекувањето;

                -стеснување на хранопроводот или завршното црево;

                -воспалување на бубрезите што доведува до откажување на нивната работа и до тешки промени на очите;

                -некои тешки ендокрини болести, како што се Кушинговата и Адисоновата, и тетанија кога мускулите на грлото се погодени со грчеви; т.н. токсокоза на бремената жена, како и тешките облици на т.н. еклампсија гравидарум; тешка пернициозна анемија и леукемија, кои сами доведуваат до уништување на плодот и спонтан абортус;

                -кога воспалението на окото и на очниот нерв може да предизвика слепило или крвавење во очите поради бременоста;

                -ако се влошува оштетувањето на ушниот нерв во текот на бременоста;

                -тешки заболувања на рбетниот столб или негова деформација;

                -бременост надвор од матката или бременост во неправилна матка, кога се заканува смртоносно крвавење. Исто така, при малигни тумори на матката, како и при тумори на дојка, бидејќи во бременоста бргу напредуваат;

                -при некои инфективни заболувања, како што е на пример rubeola-та во првото тримесечје, бидејќи детето ќе се роди со конгенитални дефекти;

-при озраченост со рендген за време на раниот развиток на плодот, бидејќи детето ќе се роди со мани;

                -при тумор на мозокот и на рбетниот мозок; при тешки оштетувања на крвните садови во мозокот; при епилепсија која за време на бременоста се влошува; при акутно воспаление на мозокот; при парализираност параплегија; кај tabes dorzalis; кaj тешките, кататонични облици на шизофренија; кај циклотомичната психоза која се јавува во бременоста или се влошува со тенденција за самоубиство; најпосле, кога постои голема веројатност за душевно заболување кај потомството;

                -најпосле, постојат и т.н. етички индикации; при силување малолетнички и родосквернавење, кои се релативни.

                -Што се однесува на т.н. социјални индикации, при што лекарот, исто така, врши насилен прекин на бременоста до третиот месец, ќе речам само толку, дека одлучувањето за тоа не е само работа на лекарите. Ова е област каде што несфаќањето и злоупотребата се најчести. За илустрација на таа состојба ќе цитирам само некои податоци од Југословенската медицинска енциклопедија, и тоа: дека “илегалните абортуси на омажените жени се петпати поголеми во споредба со неомажените и дека со дискретна анамнеза на гинеколошките случаи е констатирано дека денес кај нас е реткост да се најде жена која еднаш или повеќе пати неоправдано не направила абортус”.

НРГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ НА АБОРТУСОТ

Овде не би се впуштил во опишување на криминалните абортуси вршени од самите бремени жени или од нестручни лица со разни хемиски или физички средства, туку само ќе кажам дека се често неефикасни, а уште почесто и опасни за здравјето и за животот на трудната жена. На пример, “средствата што се земаат за таа цел преку устата, дејствуваат само откако е затруен организмот на мајката”. Побргу би се свртел на негативните последици и на стручно изведените абортуси, кои се вршени во соодветни и беспрекорни услови за медицинска работа. Еве некои податоци:

-смртноста е трипати поголема отколку при породување;

                -перфорациите на матката се случуваат во 1% од случаите, како тешка, често смртоносна компликација;

                -како последица на абортусите во 10% доаѓа до отсуство, а во 74 отсто до болно намалување на менструацијата;

                -на 100 абортуси доаѓа подоцна до една-две бремености надвор од матката, а на 100 бремености надвор од матката причината е абортус во 40-65 случаи; неплодноста се јавува во 5,4%;

                -кај подоцните пораѓања компликациите се многу чести, како што се: плацента превија, плацента адхеренс, атонија утери;

                -доаѓа и до психички промени, како што се: намалување на половиот нагон, па диспаревнија во 20%, потоа намалување на волјата за работа и за живеење.

               

Не без причина во Русија, каде што најпрво дошло до законско либерализирање на абортусите, во 1927 на Киевскиот конгрес на гинеколози и акушери е заклучено"'дека вршењето абортус е опасна операција и дека вештачкиот абортус предизвикува биолошка и психичка траума, дека вештачкиот абортус е психосексуално, морално и социјално зло”. По тоа свое лошо искуство владата во Русија во 1936 година изјавила: “Рускиот лекар мора да знае дека абортусот не е штетен само за здравјето на жената, туку и тоа дека абортусот е вистинско општествено зло против кое мора да се бори секој државјанин, посебно секој здравствен работник". Толку од нив.

А за да не изгледам премногу субјективен, ќе ја цитирам нашата Медицинска енциклопедија во која се вели и ова: "Религиите имаат различен став спрема вештачкиот абортус. Еврејската и некои христијански вери кога животот на мајката може да се спаси единствено со жртвување на плодот, ја препуштаат одлуката на совеста на лекарот. Католичката црква категорично го забранува секое прекинување на бременоста, без обзир на животната опасност за мајката и животната способност на плодот, бидејќи во поглед на правата на живот мајката и плодот ги поставува во ист ред. Пасторалната медицина се судира со медицинската наука, која во дилемата му дава предност на животот на мајката, бидејќи до седмиот месец од бременоста животот на плодот е зависен од животот на мајката. Законодавството на некои држави не го признава терапискиот абортус [Ирска] или го допушта во границите на апсолутната индикација [Франција, Белгија]. Лекарската совест се издига над пишаниот закон кога продолжувањето на бременоста значи смртна опасност за жената".

На крај ќе ви кажам уште неколку збора од својата лекарска практика, макар што не сум гинеколог, туку хирург. Сум довршил неколку абортуси, не насилни, туку такви каде што, всушност, требаше да се доврши спонтано настанат абортус за да се спаси жената. Учествував и во пораѓање на жена уште како медицинар. И еве едно искуство претставено во три слики.

Прва слика: познато ви е дека намерните абортуси се вршат масовно денес. Често ме среќавале во установите каде што работам сосема млади девојки, кои без каков било срам и како со право барале информација каде се врши “чистење"? Бидејќи секојдневно има огромен број што абортираат. А прашањето, всушност, гласи дали тие се “чистат" или се валкаат?

Втора слика: должност ни е ние, како лекари, да ја прашаме секоја болна жена за нејзините поранешни абортуси. Многу пати бев во можност од некои веќе остарени и почитувани баби да слушам како со некоја скриена, но постојано присутна болка и грижа на совеста велат дека, покрај нормалните пораѓања, имале толку и толку абортуси. Нивната психичка траума останала да ги мачи и во староста. Младите или средовечните жени, генеративно способни, во тоа време често би одговарале за абортусите како за свое право на таква постапка, на такво грешење, каприциозно, презирајќи го во суштина секој божествен авторитет и релативизирајќи ја секоја морална норма. Со каква сериозност и уверување таквата личност тогаш може морално да го воспитува своето потомство?

И најпосле, за разлика од првите две, и третата слика: слика на пораѓање. Немојте да мислите дека таа слика е нешто срамно или банално, макар што не е за јавно гледање. Тоа е свечен и возвишен случај кој на жените им ги зголемува вредноста и достоинството, тоа е случај кој, всушност, би можел да биде поучен за секого, и за мажите и за жените, зашто тој како да сведочи за родилките: гледај, овие се на свој начин навистина “Господови слугинки”!