Олга Василевиќ

Младите сѐ порано стапуваат во интимни односи, а cé повеќе има млади девојки од 15 до 19 години кои на гинеколошките столови се ослободуваат од несаканото дете. Последица на тоа е долгиот список на жени што не можат да се реализираат како мајки. Либерализирањето на прекинот на бременоста кај нас во Југославија е прифатено како едно од уставните права на слобода на личноста, а неминовно предизвика и голем скок на абортусите. Така, педантните статистичари пресметале дека во последните 15 години, од 253.530 во 1969 година, нивниот број пораснал на 375.559 во 1983 година, така што годишно просечно бројот е зголемен за 7.935 абортуси. Бидејќи секое зошто има свое затоа, а секоја појава и своја последица, порастот на прекин на бременоста е во непосредна врска со падот на наталитетот. Природно, овој денес веќе загрижувачки пад, кој вртоглаво нѐ води во демографска катастрофа, не смее да се донесе во врска единствено со абортусот, но тој и стерилитетот, како две алки во синџир, не можам да ги превидам и да ги занемарам кога станува збор за наталитетот.

Најголема загриженост предизвикуваат бројките кои попластично отколку cѐ друго сведочат за поврзаноста на овие два феномена. Во Југославија во текот на 15 години бројот на насилните прекини на бременоста пораснал за околу 40%, а кај младите, што е трагично, за повеќе од три пати: од 14% се искачил на 45,5%. Најмногу абортуси имало во СР Србија без покраините со 131%, најмалку имало во САП Косово 24,1%. Паралелно со овие статистички податоци стојат и оние за cѐ поголемото спонтано губење на плодот, односно cѐ повеќе млади жени не можат да ја одржат бременоста до крај, на амбулантите, болниците и клиничките центри се полни со жени што бараат лек против стерилитет, жени што сакаат да раѓаат, а не можат. Стручњаците, гинеколозите, без сомнение, се во право кога оваа cѐ почеста појава директно ја поврзуваат со прекинот на бременоста по слободна желба, поткрепувајќи го тврдењето на бројките. Во текот на 15 години, на 1.000 жени во фертилно време [време на раѓање] спонтаните абортуси се зголемени од 3,5 на 4,7, а на 1.000 живородени деца се зголемени од 44,1 на 63. Најмногу спонтани абортуси се регистрирани во САП Војводина, а најмалку во СР Хрватска. Притоа, податокот дека во наведениот период двојно се зголемил бројот на жените кои ги губеле децата, бидејќи не можеле да го “донесат” плодот на свет, јасно кажува дека на сегашната демографска состојба влијаеле низа меѓусебно поврзани факти, кои не би смеело да се превидат за cѐ побројните абортуси.

Од друга страна, семејството ни е cѐ помалубројно, се свело на едно, две деца, а во врска со тоа се и бројките дека во 1983 година 51.507 жени без деца се ослободиле од фетусот, а тоа го направиле и 80.223 жени со едно дете. Природно, во неразвиените краеви овој број е мал, а во развиените, како што е СР Словенија, е многу поголем.

Од кој било агол да се набљудуваат абортусите, нивниот број и последиците за здравјето на жените, доаѓаме до размислување дека е неминовно да се намалат и со поголемо внимание и сериозност да се пропагираат други средства за заштита од бременоста. Да не заборавиме дека во овој поглед го заземаме неславното место на листата во европскиот континент. Македонците, Србите и Бугарите се на прво место според насилниот прекин на бременоста.

Во младоста многу совети и предупредувања се чинат бесмислени, претерани и премногу нагласени. Подоцна, кога е доцна за исправање на грешките, се согледува исправноста на советот и упатството. Затоа, пред да биде доцна, имајте предвид дека абортусите масовно предизвикуваат воспаленија, па така најголем е бројот на оние кои,“ всушност, поради овие болести ги полнат гинеколошките чекалници. Од 1969 година, кога од воспаление на гениталните органи боледувале 270.697 жени, бројот на жените што боледуваат од оваа болест пораснал во 1983 година на 681.806. Имаме предвид дека актуелните воспаленија лесно преминуваат во хронични, а овие, пак, се причина за “минлив или траен стерилитет на жените како најтешка компликација при насилен прекин на бременоста”.