НЕ УБИВАЈ!

Не правете го гревот - убивање на сопственото дете!

Не мислете дека абортусот е некоја безопасна операција како што е отстранувањето крајник или вадењето заб.

Науката тврди дека нереденото дете не може да се смета за суштински дел од телото на својата мајка. Детето, колку и да е мало, претставува посебна личност. Животот на човекот не започнува од моментот на неговото раѓање, туку од моментот на зачнувањето. Наоѓајќи се во мајчината утроба, детето веќе во четвртата недела од зачнувањето има свој нервен систем, неговата крв не се меша со крвта на мајката, тоа има свој карактер, свои црти на лицето. Тоа може да ја чувствува љубовта на својата мајка, да се радува, да чувствува страв, да ги слуша звуците. До втората половина на 20 век законите во сите земји го оценувале абортусот како убиство. Абортусот, исто така, претставува обид за самоубиство. Медицината сведочи дека смртта е наполно веројатен исход за жената што извршила абортус. Покрај тоа, абортусот се одразува на здравјето на понатамошните деца.

Но, најважно од cѐ e тоа што убиството на нероденото дете претставува смртен грев за кој родителите ќе дадат одговор пред Бога.

Затоа не чудете се ако по прекинот на бременоста можеби ви се распаднало семејството или ве снашла некоја тешка болест или некоја друга несреќа. Не чудете се тоа е последица на чедоубиството! Не може да се гради материјална благосостојба врз детската крв! Не помрачувајте си ја својата совест, не земајте си на душа толку тежок грев! Не мислете дека имате право да располагате со туѓиот живот!

ПЛАШЕТЕ СЕ ОД БОГА!

Знаете ли дека:

-18 дена по зачнувањето почнуваат да се чувствуваат ударите на срцето кај зачетокот и почнува да функционира сосема посебен, негов сопствен систем на крвоток;

-по седум недели кај нероденото дете се регистрираат мозочни импулси, тоа има веќе образувани надворешни и внатрешни органи, очи, нос, усни, јазик;

-во 12 недела, кога според нашиот закон се допушта абортус, оформени се веќе сите органи на детето и останува само да се развиваат. Детето веќе ја врти главата, ги стиска рачињата, прави гримаси, ја пронаоѓа својата уста и го цица прстот;  

-абортирајќи, ризикувате да останете стерилни или подоцна да раѓате болни и слаби деца;

-вршејќи операција за прекин на бременоста, лекарот двапати ја нарушува Хипократовата заклетва. Пред сѐ, Хипократовата заклетва директно забранува слични зафати, а потоа се нарушува и првата медицинска заклетва “Не прави штета”;

-со гревот на детеубиството родителите се лишуваат од Божјата благодат. Во минатото за таквиот чин жените биле одлачувани од Црквата [со скратување на правото за примање на Светите Христови Тајни, т.е. Светата Причест] на 20 години:

-гревот детеубиство повикува кон Бога за казна и се смета за полош од смртниот.

Убивајќи го нероденото дете, родителите се убиваат себеси. Доколку неродениот човек, како и родениот и пораснат човек, има своја бесмртна душа, на родителите по смртта неминовно им претстои средба со душите на децата што ги убиле!