Кондак I

Јагне Божјо, Кое ги земаш гревовите на светот, слушни го мојот лелек, и погледни на тагата на моето срце, земи го моето тешко гревовно бреме, Ти Кој слабостите наши ги носиш. Прими ме во покајание, пред Тебе паѓам, Тебе Те молам и од длабочината на душата Те повикувам:

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Икос 1

Боже и Господи! Твое сум создание, но леле, тешко мене, во Рајот направениот Адамов грев живее во моето тело, и јас како робинка сесрдно му служам, затоа Te молам:

Помилуј ме, Творче на cѐ што е Горе!

Помилуј ме, Создателе на природата долу!

Помилуј ме, Владико на небесните Сили!

Помилуј ме, Управителу на телесните твари!

Помилуј ме, Промислителе на cѐ!

Помилуј ме, која поради своите гревови солзи Ти принесувам!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 2

Владико Семилостив, како ваква гнасна грешница смеам да Ти пристапам со својата молитва, зашто престапувајќи ја заповедта Твоја, што си ми ја заповедал преку Мојсеј, Твојот пророк: „Не убивај”, убиец сум. И ах, бездушна стопати, со змиска природа, не сум им дала на своите чеда да ја здогледат светлината, ги проголтав, јас бедната, немилосрдно ги лишив своите чеда не само од сетилната туку и од вистинската светлина, Господ наш Исус Христос, преку Тајната Крштевање која оживува! И заради привремениот телесен покој , одбегнувајќи многу деца, јас во својата утроба сум ги убивала. И затоа, помрачена од овие и други многу безбројни гревови, се надевам само на милост, на Твојата благост, и со смелост Ти извинувам: Алилуја!

Икос 2

Ги презрев зборовите на Твојот живот, Господи, и одејќи по волјата на своето срце, од самата своја младост, па до овој ден, сега, кога знам дека сум згрешила, и дека сум крива пред Тебе, во покајание Ти повикувам, Дарежлив мој Спасителе:

Помилуј ме, зашто во беззаконија сум зачната!

Помилуј ме, во гревови сум родена!

Помилуј ме, не ги сочував заповедите Твои!

Помилуј ме, од Твојата благодат се лишив!

Помилуј ме, за своето спасение не се потрудив!

Помилуј ме, зашто сум уловена во замките на

страстите!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 3

Добро е и убаво да се живее заедно со браќата, кога братот го љуби братот, како што Ти си ни заповедал, наш Спасителе, зашто оној кој се гневи на својот брат убиец е. Јас сум таа која со гневот свој сум ги надминала сите од векови родени, посебно убијците, чии жртви биле со различни животи и возрасти и од различни причини убивани. А јас, бедната, ги лишив од живот оние кои туку што добиле живот во времето од Тебе, Дарителот на животот, заради постоење. Но јас во своето безумие, без жалост ги оттргнав уште во утробата своја, без страв Божји, отфрлувајќи ја Твојата волја и од Тебе благословениот дар на мајчинството. Своеволно сум ги истргнала од создавачките раце Твои, моите невини чеда, и не срамејќи се пред Твоите очи, ги убивав. Но нивната судбина е во Твојата десница, Господи, и мојот грев изнурка пред мене. Пред Тебе Единствениот се каам и Те молам, Благи, насочи ги моите стапки на патот на покајанието, за со сите покајани грешници да Ти запеам Тебе: Апилуја!

Икос 3

Ти единствено ја познаваш човечката немоќ, затоа не си спомнувај за сите мои падови во грев и за гревовите на младоста моја, а од оние тајните очисти ме мене, која ти повикувам:

Помилуј ме, големата грешница!

Помилуј ме, престапничката на Твојот закон!

Помилуј ме, зашто го прекршив твојот завет!

Помилуј ме, иако Тебе, Мојот Владика сум Ти ја задала оваа зла рана!

Помилуј ме, мене која дојдов кај Тебе во покајание во единаесеттиот час!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 4

Животодавче, Цару Небесен, дојди и всели се во мене, од гревови извалканата, и очисти ме од секоја нечистотија, и спаси ја, Благи, душата моја, за спасена да Ти воскликнувам: Алилуја!

Икос 4

Се заблудив како загубена овца, повикај ја Твојата робинка, Боже мој. Се оддалечив од Твоите заповеди во непроодната шума на страстите и своеволноста, спаси ме, недостојната, оти пред Тебе топло лелекам, молејќи и повикувајќи:  

Помилуј ме, со своеволни гревови преоптоварената!

Помилуј ме, со страсти помрачената!

Помилуј ме, од гордост обземената!

Помилуј ме, од завист измачената!

Помилуј ме, со неправда исполнетата!

Помилуј ме, бидејќи Ти не ја сакаш смртта на грешникот!

Помилуј ме, мене убиецот на своите чеда, и тоа со предумисла!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

 

Кондак 5

Онаму кадешто Ти сакаш, Семоќен Боже мој, таму се победуваат и законите на природата! Победи ја гревовната природа која живее во мене и нејзината сила што ме влече кон грев, зашто Ти си Творец на cѐ и Создател на светот. Со Твојата божествена благодат дух вистински обнови во утробата моја, не отфрлај ме од Твоето лице, и Духот Твој Свет не одземај го од мене, и симни го праведно поставениот на душата моја смртен печат на чедоубиец, поставен со правосудството Твое по шестата заповед на законот Твој: „Не убивај!”. Обнови го повторно, со гревовите мои прекинатиот, Твој вечен завет со нас, Господи, и поврати ги претходните добродетели, преку гревот загубени, за слободно да Те прославувам, воскликнувајќи:

Алилуја!

Икос 5

Кој некогаш Ти согрешил така како што Ти согрешив јас грешната, и кој грев јас не го направив, кое ли зло не го замислив во својата душа? Но со покајно срце и со солзи Ти приоѓам, Семилостив, повикувајќи:

Помилуј ме, неверната робинка Твоја!

Помилуј ме, од гревови замрената!

Помилуј ме, на својот ближен мразителка!

Помилуј ме, оти со збор и со дело Те повредував!

Помилуј ме, убиецот на деца, слична на Ирод!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 6

Со зраците на Твојата благодат, Господи, просвети ја облеката на мојата душа, Дарителе на светлината, и спаси ме, за да Ти запеам радувајќи се: Алилуја!

Икос 6

Големо е мноштвото на моите прегрешенија, Христе Господи, и целиот живот мој е мрачен како ноќ, но не очајувам поради милосрдието Твое, Спасителе мој, и како Давид Ти повикувам:

Помилуј ме, зашто во мрзливост целиот свој живот го проживеав!

Помилуј ме, зашто во молитвата за гревовите, не ревнував!

Помилуј ме, неблагодарната за Твоите благи предупредувања да се покајам!

Помилуј ме, законот Твој не го почитував и заповедите не ги чував!

Помилуј ме, светот и cѐ што е во светот го засакав!

Помилуј ме, во суета земните денови на својот век ги поминав!

Помилуј ме, поддржувана од законот на овој век и гнасејќи се од мајчинството благословено од Тебе, убиства врз децата извршив!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

 

Кондак 7

Кон небесата своите очи ги подигнувам кон Тебе, Слово Божјо, но мојата смртна природа ме влече долу, Спасе мој, Создателу на Небото и Земјата и на cѐ што постои. Научи ме според горното [небесното] да Мислам и да правам, секогаш победнички со срцето и устата да Ти воскликнувам: Алилуја!

Икос 7

Окото ми e лукаво и исполнето со секаква нечистотија и со измамите на овој свет! Виновна сум - измамена, затоа Те молам, Себлаги, одврати ги очите мои да не ги гледат светските заблуди, и молејќи се, да Ти велам:

Помилуј ме, зашто копнеам верно да Ти служам!

Помилуј ме, сакам да Ти се поклонам Тебе во дух и вистина!

Помилуј ме, зашто солзите на своето покајание како жртва за моите гревови Тебе Ти ги принесувам!

Помилуј ме, прошка за убиството на своите чеда од Тебе просам!

Помилуј ме, скрушено плачам поради своите тешки и смртни согрешенија!

Помилуј ме, убиецот виновна и пред Божествениот и пред човечкиот суд!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 8

Поштеди ме, Господи, Спасителе мој, Ти Кој си дошол на свет грешните да ги спасиш, од кои најгнасна сум јас. И Те молам, Семилостив Боже мој, приклонувајќи се милостиво на благата милост Твоја, услиши ги моите срдечни воздишки; прими ги изворите на моите солзи, и топлите молитви на мојата душа, Спасителе, за да Ти запеам: Алилуја!

Икос 8

Разбојнички зли помисли ме нападнаа, заспа мојата совест, тешко мене, поради валканоста и гревовите мои се лишив од светлата одежда, која ми е дадена на моето крштевање. Откога извршив убиство на чедата мои, од добродетели разголена сум cѐ дo ceгa. Сепак, многу настојувам да ги подигнам своите очи горе, зашто се надолу спуштени поради мноштвото лути дела, пред Тебе направени, Господи, и затоа Ти повикувам:

Помилуј ме, смртен грев направив!

Помилуј ме, досега во гревови замрена!

Помилуј ме, со секаква грозотија преисполнета!

Помилуј ме, во противприродни пороци заплеткана!

Помилуј ме, чистотата на своето девство не ја сочував!

Помилуј ме, од благочестивото мајчинство себеси се лишив!

Помилуј ме, од својата утроба своите чеда предвреме ги избркав!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 9

Подај ми потоци од солзи, Боже мој, да плачам поради гревовите свои, и во тие солзи да најдам надеж на Твојата милост спрема мене, па радосно да Ти запеам: Алилуја!

Икос 9

Го извалкав своето тело со дела одвратни, ја помрачив својата душа со лоши мисли, немоќно е телото, во немоќ е и душата моја. Тебе, Единствениот незлопамтив, Милосрдниот Судија и мојот Бог Ти припаѓам и Ти се молам:

Помилуј ме, убиецот, бидејќи сеќавањето на судбината на исфрлените мои чеда ме приведува во трепет и ужас, и неискажливо восхитување: Како, Милосрден Господи и Судијо Преведен, ме трпиш и ми помагаш, мене слугинката на адот, зашто cѐ до овој ден и час на сите начини го очекуваш моето покајание!

Помилуј ме, иако често ветував дека ќе се исправам, повторно на гревовите се враќав, како песот на својата блувотина!

Помилуј ме, многубројни убиства извршив!

Помилуј ме, зашто без страв Божји и мајчинска љубов спрема децата, свирепо чедата свои ги растргнав!

Помилуј ме, со свое самоволие гревовите ги направив!

Помилуј ме, духот свој со дрски помисли го извалкав!

Помилуј ме, зашто својот гревовен живот и до ден денешен го спроведувам!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак 10

Ранета од измамата на овој свет паднав пред него на колена, презирајќи го Божјиот закон, заборавајќи ги своите ветувања дадени на крштевањето и извршувајќи ги еден по друг своите престапи, на кои ме наведе светот, на крајот го достигнав врвот на смртните гревови чедоубиството. Но рашири ми ја Твојата прегратка, Оче, Боже мој, и побрзај кон мене, оти на крајот од животот свој жртва на пофалба Ти принесувам, повикувајќи: Aлилуја!

Икос 10

Блудниците, убијците, крадците и сите нераскајани грешници нема да го наследат Царството Божјо. Јас со секаква неправда и секакви одвратни гревови ги извалкав телото и својата душа, затоа, поради душевната своја беда Tи припаѓам и Ти викам:

Помилуј ме, во благодатното царство на Новиот Завет Твој родената!

Помилуј ме, примената во Црквата, од Тебе создадена!

Помилуј ме, запечатената со даровите на Духот Свет!

Помилуј ме, нахранетата со Твоето Пречисто Тело и Животворна Крв!

Помилуј ме, во Христа крстената, во Христа облечената!

Помилуј ме, сите овие доброчинства ги отфрлив и порочниот живот го избрав!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

 

Кондак 11

Подари ми дух на целомудрие, Господи и Владико на мојот живот! Од самата младост моја се лишив од добродетели, сета со страсти се заробив, духот и душата ги извалкав и телото го обесчестив. Боже, богат со дарови и милосрдие! Не гнаси се да ме очистиш, ваква одвратна грешница, зашто сум Твое создание, помилуј ме и очисти ме од секоја нечистотија на душата и телото и удостој ме со смелост да Ти пеам: Алилуја!

Икос 11

Не отгргнувај го, Господи, очекувањето на моето срце, кое се надева во Тебе, и не ме посрамувај пред Ангелите и луѓето на Страшниот Твој Суд. Не ме осудувај тогаш според делата мои, но по Твојата милост, прости ми ги сите мои гревови, бидејќи Tи повикувам:

Помилуј ме, зашто срце нечисто имам!

Помилуј Me. Cо демонски дела заробената!

Помилуј ме, во гревови родената, со крштевање измиената и повторно како свиња во беззаконие паднатата!

Помилуј ме, секој грев го направив, и на секаква казна сум достојна!

Помилуј ме, Создателе мој, и во покајание прими ме паднатата!

Господи Мој, Господи, Радост моја, помилуј мe паднатата!

Кондак12

Со широчината на Твојата љубов, Боже мој, покриј ги сите гревови на беззаконијата мои, примајќи го моето покајание, со љубов секогаш да Ти воскликнувам: Алилуја!

Икос 12  

Сладоста во безумието мое ми пројде, целиот живот во гревови го поминав, во мрзливост и непокајаност, но староста моја, со ужасот на смртта и непоткупливиот Суд Твој ме приведува кон покајание. Не отфрлај ме, Спасителу мој, иако во единаесеттиот час пријдов во татковската прегратка Твоја, зашто Ти повикувам, каејќи се:

Помилуј ме, иако крвта на моите невини деца Те повикува, сведочејќи за моето убиство!

Помилуј ме, Боже мој, по природа Троичен!

Помилуј ме, Господи, во милосрдието Прекрасен!

Помилуј ме, Владико, во нашите согрешенија долготрпелив!

Помилуј ме, Цару Свет, Кој слабостите ги исцелуваш!

Помилуј ме, полн со љубов, Ти Кој очајните грешници со љубов ги грееш!

Помилуј ме, Семоќен, Кој слабостите наши ги носиш!

 Господи тој. Господи, Радост тоја. потилџј те паднатата!

Кондак 13

Ќе се јави знакот на Синот Човечки на небесата, Пречесниот и Животворен Крст, во денот на она страшно Второ доаѓање на Судијата на живите и на мртвите, Синот Божји, и тогаш ќе заплачат сите племиња земни. O Господи Исусе Христе, Спасителу и Судијо наш, и Цару на сите! Дај ми пред оној ден солзи на покајание, да плачам топло поради моите зли и погубни дела, зашто душата своја ја озлобив и Пречистата Крв на Твојот Завет срамно ја погазив! И тогаш помилувана и спасена, со Ангелите и со сите Светии и Праведници да Ти запеам: Алилуја!

[Овој кондак се чита трипати, па потоа повторно: икос 1 и кондак 1]

 

Молитва прва

Впадико Господи Исусе Христе, Сине Божји! Од преголемата Твоја благост, заради нас луѓето и заради нашето спасение, во тело Си се облекол, распнат и погребен Си бил, и со Твојата Пречиста Крв се избришани нашите гревови и обновена е изопачената наша природа. Прими го моето покајание поради направените гревови и услиши го молењето мое: Згрешив, Господи, и пред Небото и пред Тебе, со збор, дело, душа и тело и со мислите на умот мој. Заповедите Твои ги прекршив, не ја послушав Твојата заповед, ја прогневив Твојата добрина, Боже мој, но Твое создание сум, за спасението не очајувам, туку на безмерното Твое милосрдие смело му приоѓам и Ти се молам: Господи! Во покајание дај ми скрушено срце и прими ме мене која Ти се молам, дај ми добра мисла, дај ми солзи на умиление, дај ми по Твојата милост добар почеток да поставам. Помилуј ме Боже, помилуј ме паднатата, и спомни ме мене грешната слугинка Твоја во Царството Твое, да го пеам Твоето Свето Име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва втора

Боже, Премилосрден, Исусе Христе, Искупителу на грешните, заради спасението на човечкиот род Ти Си ги оставил, Семилостив, преславните Небеса, и Си се населил во оваа плачна и многугрешна долина. Ти си ги примил на Своите Божествени рамења нашите слабости, и си ги понесол болестите наши! Ти, о Свет Страдалнику, си бил ранет поради нашите гревови, и затоа ние, Човекољубче, Ти ги вознесуваме смирените молитви наши. Прими ги, о Преблаг Господи, и снисходи кон нашите слабости, не си спомнувај за нашите гревови, и гневната намера на возвраќање поради нашите гревови одврати ја од нас. Со Твојата Чесна Крв обновувајќи ја нашата падната природа, обнови нѐ, Господи Исусе Христе и нас, изгнијаните во гревот, и утеши ги срцата наши со радоста на опростувањето. Ти повикуваме и со безмерни солзи на покајание припаѓаме кон Твоите стапала и кон Твоето Божествено милосрдие: Очисти нѐ сите, Боже наш, со Божествената благодат Твоја, од сите неправди и беззаконија на нашиот живот за во светоста на Твоето човекољубие да го восфалиме Сесветото Име Твое, со Отецот и Преблагиот Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва кон Пресвета Богородица

Отвори ни ги дверите на милосрдието, Благословена Богородице, да не погинеме ние кои на Тебе се надеваме, туку со Тебе да се избавиме од беди, зашто Ти си спасение на родот Христијански.

Радувај се, Единствена Пречиста Мајко, на Единствениот Создател, Господ, Бог и Спасител наш, Исус Христос!

Биди ми заштитничка во денот на Страшниот Суд, кога ќе застанам пред престолот на праведниот Судија, да се избавам од огнените маки по Твоите молитви, Единствена благословена [поклон и отпуст].

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Молитва на верните мајки кон милосрдниот Господ за намерно убиените деца во својата утроба

Спомни ги во Своето Царство, Човекољубче Господи, отфрлените чеда на Твоите слугинки, кои во утробите на православните мајки неочекувано умреле поради случајни дејства, или поради тешко породување, или поради некое невнимание, или свесно убиени, не примајќи Свето Крштевање. Крсти ги Господи, во морето на Твоето милосрдие, и спаси ги со бескрајната Твоја благодат, а мене грешната [име] која сум извршила убиство на чедата во својата утроба, прости ми, и не лишувај ме од милосрдието Твое. Амин.

Боже, милостив биди кон мене грешната! [земен поклон ]

Господи, помилуј ги чедата мои, кои умреле во утробата моја, поради верата и солзите мои, заради милосрдието Твое, и не лишувај ги од Твојата божествена светлина. Амин.

Правило:

1.Да се моли за прошка на гревот целиот живот.

2.Секој понеделник да се чита целиот акатист до крајот на животот.

3. Секојдневно да се читат молитвите на крајот од акатистот [првата и втората] со земен поклон

4.Да се пали свеќа за во утробата убиеното чедо [чеда].

5.Да се дава милостиња за таа душа.

Спомни си за нас Господи кога ќе дојдеш во Своето Царство!

Крај, cлавa и пофалба на Бога!