Преподобен Авва Исаиј (pdf)

Преподобен Авва Исаиј

Словата на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици  

За смиреномудрието

Што е смирение? Смирение е да мислиш дека си грешен и дека не правиш ништо добро пред Бога. А делата на смирението се: молчењето, неспоредувањето, немањето желба за расправии, послушноста, гледањето пред себе, постојаното гледање на смртта пред своите очи, запазувањето од лагата, себеограничувњето во водење на празни разговори, непозволувањето на себе си да им противречиш на духовните старци и настојувањето да биде како ние што сме кажале, претрпувањето на навредите, омраза спрема спокојниот живот, самопринудувањето на трудови и ненавредувањето на никого.

Преподобен Авва Исаиј