Преподобен Авва Исаиј
Словата на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици
За дејствувањето на новиот човек
1. Возљубени мои браќа, Јудеецот се познава по три работи; по обрезанието, по Пасхата и по саботата, зашто во старозаветната книга Битие е напишано: “Секое машко дете кога ќе наполни осум дена по раѓањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ќе биде купен од странец, а не е од семето твое, со обрезание ќе се обреже робот од твојот дом и купениот. А необрезаното машко, на кое не ќе му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој” (1. Мој. 17, 12 и 14). Најнапред се обрезал Аврам; тоа бил знак дека умрела неговата лева страна. Тоа е знакот што како преобраз за новиот човек им бил даден на старите, кој подоцна го пројавил во Своето свето тело нашиот Господ Исус Христос за старата расипаност, што го покривала машиот пол - да биде отсечена и одделена. За ова и светиот апостол Павле, велејќи: “Во Него сме обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; откако се погребавте со Hего во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите” (Кол. 2, 11-12). И пак: “Да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно жвеење, кој се распаѓа во измамливите желби, да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога, во правда и светост во вистината” (Ефес 4, 22-24). И уште: “За гревовите да умреме, а да живееме за правдата” (1. Петр. 2, 24). Ова е за првиот белег на Евреите - за обрезанието. Ако го нема ова, ако не е обрезан, тој не е Евреин; затоа што не го запазил заветот, кој го поставил Бог - Господ Исус Христос, со Својата крв.
2. А за светата Пасха треба многу да се каже. Зашто Мојсеј говори: “И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: “Закон за Пасхата е: ниеден туѓинец да не јаде од неа! Bo една куќа треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куќата и коски од жртвата да не кршите” (2. Мој. 12, 43,46). “А, вака јадете го: преопашени, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова”(2. Мој. 12, 11). Пасхата не треба да се јаде инаку, освен со пресен леб и со горчливи треви. Не рекол: “опашани преку вашиот крст", за да не би рекол некој оти овде се говори за обичен појас, туку е речено: “за да се покаже, дека се говори за чистотата, оддалечена од секоја страст - од дејството на соединувањето во нечистотата, за готовноста да се говори за бегството од секакво повредување, од повредувањето на совеста и препречувањето на умот да го има своето соѕерцание во чистота. Жезалот – “стапот” e мажествена надеж, за да се оди по патот без страв и да се влезе во ветената земја. Тоа е смислата и на празнувањето на саботите. Крвта е знак на крвта на Господа Исуса Христа; и тогаш кога ќе дојде Он во Своето пришествие и ги воведе синовите Израилеви во нивното наследство, тогаш овие Негови подготвителни знаци ќе станат јасни во нивните души. А горчливите треви се знак на страдањата. - Испитај, брате, и ти дали си обрезан духовно, дали си јa помазал својата влезна врата со крвта на непорочното Јагне, дали си се ослободил од секоја земна помисла, дали си се приготвил да патуваш без страв и да влезеш во ветената земја?
3. И за саботата треба многу да се каже. И таа е за оние што се удостоиле со вистинското обрезание, да ја јадат светата Пасха, да се ослободат од Египќаните, да ги видат сите нив како се издавиле во Црвеното Море и се ослободиле од тешкото ропство, зашто Бог My рекол на Мојсеја: “ Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои; а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, не синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе” (2. Мој. 20, 9-10). “Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас... Кој ќе врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој”(2. Мој. 31, 14). А нашиот Господ Исус Христос почнал да ја празнува вистинската сабота и научил Своите последователи како треба да ја празнуваат саботата, откако се издигнал во петок на крстот, а потоа, откако претрпел сѐ што било предречено, пред да ја испушти Својата душа, откако ги претрпел сите навредувања за нас и за нашето спасение, ги претрпел крсните маки, и не сакал да биде поштеден од ништо сѐ додека дишел, ги претрпел сите маки. Кога извикал дека е жеден, Му додале сунѓер со оцет, и тогаш, откако вкусил, рекол: “Се сврши! И кога ја наведна главата, го предаде духот” (Јован 19, 30). Потоа Го симнале од крстот, а Он бил неподвижен - без да има било какво движење Он навистина ја празнувал саботата. Па така, најпосле Господ Исус почивал - во сабота во седмиот ден и го благословил; Он си починал во него од сите свои работи, со кои ги победил човечките страсти, како што говори апостолот: “Кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите” (Евр. 4, 10). А ова е вистинската сабота! И оној што не ја празнувал саботата, тој не бил вистински Евреин. Затоа и пророкот Јеремиј, плачејќи за својот народ, говорел: “Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски” (Јерем.17, 21).
4. Тешко мене несреќниот, што сум престапил така свети заповеди и што носам тешки товари во денот саботен, иако сум умрел со Христа, сум бил погребен со Него и сум ја празнувал саботата! А кои се тешките товари, што ги носам јас? - Тоа се страстите, според кои дејствувам: гневот, мојот најтежок товар, грижата, омразата, славољубието, осудувањето, навредувањето, пакоста, надуеноста, мислењето дека сум праведен, желбата да заповедам, да спорам, самољубието, зависта. Тоа се моите душевни страсти. А моите Телесни страсти се: угодувањето на стомакот, љубовта спрема телото, украсувањето, сластољубието, похотта, жестокоста. Сите овие и сличните на нив ги уништил Господ Исус Христос во телата на светиите и ги убил во Своето свето тело, според зборовите на апостопот: Он во “едно тело ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството” (Ефес. 2, 16), што е и вистинската сабота. Па така, оној што ги носи тешките товари на страстите и што дејствува според нив, нарушувајќи го со тоа саботниот ден, како може да каже дека е вистински Евреин? Таквиот се самоизмамува, само по името е таков. Тој нема ништо да добие од Господа Исуса, бидејќи со своите дела се откажува од Него. Тој не ја празнувал вистинската сабота. Бог ќе ги воведе во Своето царство само вистинските израилеви синови. Затоа, кога ќе дојде Господ Исус Христос во Својата слава - само вистинските Израилеви синови ќе ги воведе во Своето царство, оние што се обрезани со вистинското обрезание, оние што ги собрал од сите народи, како што говори и апостолот: “Не сакам, браќа да не ја знаете таа тајна - за да не бидете горди - дека слепотија на еден дел од Израилот му падна, додека не влезат незнабошците, колку што е потребно” (Рим. 11, 25). И уште: “на оние што постапуваат по тоа правило, нека биде мир и милост, ним и на Израилот Божји!” (Г ал. 6, 16). Г ледаш ли кои се вистинските Израилци? Тоа се оние што имаат обрезано срце и вистинска сабота - победа над гревот. Пак говори апостолот: “Не е оној Јудеец, кој е таков по надворешност, ниту по обрезанието, кое е надворешно, врз плотта, туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква, него ќе го пофалуваат не луѓето, а Бог” (Рим. 2, 28-29).
5. Затоа, браќа, да внимаваме на себе си! До кога ќе се трудиме и ќе го губиме трудот преку нашата мрзливосг, не знаејќи дека во нас е нашиот непријател, кој нѐ мами и непрестајно нѐ одвлекува од она што треба да го правиме и не им дава на нашите очи да видат нешто од Божјата светлина? Испитувај се, бедни брате, ти кој си во Христа и кој си се крстил во Неговата смрт. Каква е таа смрт, со која умрел Он? - Ако одиш по Неговите стапки, покажи ми го тоа со својот живот. Он е безгрешен и ти покажал во сѐ како треба да живееш. Он живеел во сиромаштија, а ти не сакаш да ја поднесуваш сиромаштијата. Он немал каде глава да потслони (сп. Матеј 8, 20), а ти не поднесуваш таков начин на живеење. Он не враќал зло за зло, а ти не можеш да истрпуваш. Он страдал и не се гневел, а ти им нанесуваш болка на ближните и самиот се гневиш. Него Го навредувале, и пак бил спокоен, а ти, без да бидеш навредуван, пак си неспокоен. Он бил смирен и грешниците ги повикувал кон Себе Си, а ти ги оддалечуваш од себе си и оние што те сакаат. Он Поднесувал со радост сѐ што Му правеле, а ти, ако те навредуваат и најмалку, веднаш се вознемируваш и се лутиш. Он бил кроток спрема грешниците, а ти се издигаш и гордееш и над оние, кои се многу над тебе. Он се предал Себе Си за оние, кои погрешиле против Него, за да ги искупи, а ти не можеш да се жртвуваш ни за оние што те сакаат. Еве, што сѐ Он ти дал тебе, а ти што си Му дал Нему? Познај Го каков е според Неговите дела, а познај се и себе си каков си - пак според твоите дела. Ако си умрел заедно со Него; тогаш што е тоа што ги прави гревовите во тебе?
6. Возљубени, добро да внимаваме на Неговите свети заповеди; да ја отсечеме нашата волја, и ќе ја видиме светлината на заповедите. Ако ги сакаме само оние што нѐ почитуват, тогаш што правиме повеќе од незнабожците? Ако се молиш само за оние што ти прават добро, па тоа го прави и митникот. Ако се веселиш само со оние што те фалат, па и Јудејците го правеле тоа. Што правиш нешто повеќе од нив ти, кој си умрел за гревот и кој си живеел во Исуса Христа? Ако го сакаш само оној што те слуша, што правиш повеќе од грешниците? Тоа го прават и тие. Ако го мразиш оној што ти прави непријатност, кој не те слуша и кој се кара со тебе, тогаш и ти си како многубошц ите. Ти треба да се молиш и за него, за да му ги прости Бог неговите гревови. Ако му се лутиш на оној што говори против тебе, знај дека и митникот го прави тоа.
7. Погледни се и ти, кој си се крстил во Христа Господа, дали се твоите дела Негови! Помисли како ќе се покажеш пред Него кога ќе дојде во Својата слава и каква награда ќе добиеш, ако не си ги победил твоите страсти, а нив ги победил твојот Цар, кој е Цар на царевите и Господ над господарите. Он ќе дојде со сета Своја слава и ќе Го видат сите народи; ќе дојде со знакот на крстот, на кој пострадал за нас, а ти ќе застанеш пред Него - без да имаш нешто во телото свое од плодовите на Неговите страдања. Тогаш Он ќе ти рече: “He те познавам кој си”. Таму ќе ги видиш сите светии, кои умреле за Него, кои ќе го имаат Неговиот знак, и ќе се засрамиш да се појавиш пред нивното лице. Разгледај го животот на сите светии, и ќе видиш дека тие претрпеле зло, никому не вратиле зло за зло; само крвта на сите нив викала кон Бога: “Ти побарај сметка за нас од жителите на земјата!” А јас што го сакам спокојот во својот живот, кога ќе ги видам пророците, апостолите, мачениците и другите светии, кои трпеле кога ги навредувале, не враќале зло за зло, и не се гневеле, зашто знаеле дека тоа што им се прави не доаѓа од човечката волја, туку дека е од ѓаволската неправда, која ги тера луѓето да ја извршуваат неговата волја; кога ги убивале, со камења потрупувале, гореле и потопувале, тие не се гневеле на нив, туку се молеле за нив, затоа што знаеле кој ги тера да им го прават сето тоа.
8. Испитувај се, возљубен брате, какви дела правиш; помисли што ли ќе можеш да кажеш тогаш пред Божјото лице. Зашто во тој час ништо нема да можеш да скриеш; не ќе може никој: нешто да каже и нешто да прикрие, туку кога ќе воскреснат сите мртви, тогаш секој од нас ќе стане облечен во своите дела како со облека: со гревови или со добри дела. Тие дела ќе говорат, и секој самиот ќе знае каде му е местото. Блажен е секој што се подвизувал и што успеал да соблече од себе си сѐ што може да го вовлече во пеколот, а се облекол во она што може да го воведе во Божјото царство. Светиот апостол говори; “Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, се разруши, тогаш имаме од Бога дом, куќа неракотворна, вечно живеалиште на небесата” (2. Кор. 5, 1). Времето на нашиот земен живот е кратко; се самоизмамуваме кога мислиме поинаку; ненадејно и брзо ќе дојде нашиот смртен час, тогаш ќе се ожалостиме со плач вечен.
9. Да не му угодуваме на своето срце, туку да правиме сѐ што можеме да се грижиме за него и да го пазиме и секој час да и се молиме на Божјата добрина да ни помогне. Да не се гневиме на нашите браќа за тоа што ни говорат за да нѐ вразумат, што ни говорат за она што не е според нашата волја, која е под дејството на лукавиот. Оние, што му служат на непријателот, тие Му се туѓи на Бога - сѐ додека не бидат повикани и прибрани кај него. Погрижете се, возљубени да бидете смирени, да ги претрпувате навредите, да ги поднесувате маките, секој миг да се трудите да се откажувате од својата волја, зашто извршувањето на својата волја ги погубува своите добродетели. Оној што има добри помисли, тој ја победува својата грешна волја со силата на кротоста и со страв од расправии како од змија, зашто расправиите го нарушуваат мирот на душата, ја помрачуваат и ја прават слепа, за да не Може да ја гледа светлината на добродетелите. Обрнувајте внимание на оваа проколната страст, која ги прогонува добродетелите и настојува да ги уништи. Така и нашиот Господ Исус Христос не се издигнал на крстот додека не го исфрлил Јуда од бројот на Своите ученици. И секој човек, ако не ја отфрли оваа срамна страст, не може да успева во богоугодниот живот. Зашто од неа произлегува секое зло; од неа е нетрпеливоста, од неа е славољубието, од неа е сѐ што го мрази Бога, сѐ што е самонадејно, гордо и надуено со увереност дека знае сѐ, како и сѐ во врска со тоа што се убедува срцето - дека она што го мислат тие е така, а ако и во Светото писмо стои поинаку, и тоа го сметаат неточно и погрешно.
10. Самоосудувањето раѓа смирение. Смирение е откажување од својата волја заради ближниот. Чистотата духовна ѝ се радува на молитвата. Тој што ги мрази своите страсти, тој живее во плач и солзи. - Неосудувањето е љубов. Долготрпеливоста е да не помислуваме ништо против ближниот. Богољубивото срце не враќа зло за зло. Безмолвието е: да не се распрашуваме за работа што не се однесуваат на нас. Сиромаштијата е незлобиво срце. Владеењето со своите чувства смирува. Претрпувањето на сѐ е кротост. Милостињата е проштавање. А сето ова го раѓа откажувањето од својата волја. Ова ги смирува добродетелите едни со други. Ова го смирува и умот.
11. Како заклучок на сето ова, како што гледам во Светото писмо, Бог не сака од човекот ништо повеќе од смирението пред својот ближен и од откажувањето од својата волја во сѐ: од молитвата кон него да може да им помага на луѓето; од пазењето на очите од сонот на заборавањето и од заробувањето на прелеста, зашто човечкото суштество e лукаво и непостојано. А Божја грижа е да нѐ запазува. Неговата сила е голема, - он може од сѐ да нѐ запази. Он е закрила, што ја закрилува нашата сиромаштија. Он може да нѐ обрати кон Себе Си. Негова е и благодарноста; Он може да ни ја подари. Он може да ни ја подари благодатта на благодарењето. Он може да нѐ заштити од рацете на нашите непријатели. Негови се честа и славата во сите векови и во целата вечност. Амин.
12. Впрочем, еве, од што се раѓа желбата спрема меѓусебни спорења, и од што безмилосно пропаѓа душата, од: многу говорење, празно говорење, зборување за она што на секого Му е пријатно, невоздржливост, дволичност, настојување на она што сме кажале ние. Оној што ги има овие слабости - душата негова е бесплодна за добродетелите. По сето тоа, ако душата не се поизмачи за секоја добродетел, не може да се смири во Синот Божји. Браќа, не бидете безгрижни за вашиот живот, и умот ваш да не изнаоѓа секакви оправдувања за вашата мрзливост, за да не се сврши времето наше, кое ни е потребно за да го најдеме нашиот мир во Синот Божји, а тоа е: смиреноста во сѐ, незлобивоста, немање омраза спрема ни еден човек, неприврзаноста кон ништо, што е спротивно на Божата волја, постојано спомнување на своите гревови и умртвувањето за секое лошо дело. “Бог, Кој не лаже” (Тит 1, 2), нека им помага на нашите слабости, според Својата голема дарежливост. Амин.
Преподобен Авва Исаиј