Преподобниот наш отец Јован Карпатски

За светиот наш отец Јован Карпатски не знаеме ништо ни кој бил, ни во кое време живеел и дејствувал, ни каде се подвизувал, ниту што и да е што се однесува на неговата личност и на неговиот живот. За него говори и сведочи само блажениот Фотиј, Цариградскиот патријарх, во 201-то изложение: „Ја прочитав книгата, во која, освен десетте дефиниции за главните добродетели и стоте поглавја од Диадох, епископот на Фотика, која се наоѓа во Епир, и неколкуте списи на преподобниот отец Нил, се наоѓа и списот од Јован Карпатски, на којшто му го дава следниот наслов ,Утешни зборови кои монасите од Индија, кои му побарале утеха“.“ И овој спис се состои од сто глави. Врз основа на овие зборови за свети Јован, и за свети Диадох, и за свети Нил, може да се заклучи дека бил нивни современик и дека живеел во петтиот век. Карпат е голем остров меѓу Родос и Крит. Свети Јован или бил роден таму или таму се подвизувал. Со своите поуки светиот отец ги закрепнува своите читатели со охрабрување при претрпувањето на маките и искушенијата. во кои се наоѓале.

Преподобниот наш отец Јован Карпатски