Свети Максим Исповедник

1. Бог е еден, беспочетен, недостижлив, Кој има сецела сила да постои, Кој има секаква совршена мисла, која исклучува секакво кога и како; Он e 3a сите недостапен и никое суштество не може да знае што е по суштина.

2. Се што постои може да се смисли и да се познае според начелата и доказите за познавањето. За Бога се вели дека не можеме да го поимаме; Него Го познаваме и знаеме дека постои преку верата.

3. Познавањата на создадените работи имаат своја сопствена основа за докажување, којашто се добива по природен пат, и се одредува природно. А Бог според основите, кои се наоѓаат во овие работи, во Него можеме само да веруваме дека постои, давајќи им на побожните вистинско познавање, исповедание и вера дека Бог постои. Верата е вистинско познавање кое има начела што не се докажуваат, бидејќи е уверување во работи кои се над секој ум и над секој збор.

4. Бог е почетокот, средината и крајот на се што постои: почеток како Творец, средина како Промислител и крај како Завршувач; како што е речено во Светото писмо: „Зашто се е од Него. преку Него и во Него“ (Рим. 11, 36).

5. Нема душа, која е подостојна за чест Од онаа, којашто според својата природа е разумна. Бог, како благ, кога ја создавал секоја душа. според Својот образ. ја создал да биде самоподвижно слободно битие. Потоа, секоја од нив, според својата слободна волја, избира за себеси чест или бесчестие слободно, со извршувањето на своите дела.

6. Бог е, како што е напишано, Сонце на правдата (сп. Малах. 4, 2), кое сите подеднакво ги осветлува со зраците на својата добрина. А душата, според својата расположба, бива или како восок, како богољубива, или како нечистотија, како љубителка на земните работи. Како што нечистотијата според својата природа под дејство на сонцето се исушува, а восокот, согласно својата природа, омекнува, така и секоја душа, која го сака светот и земните работи, примајќи ги од Бога вразумителните внушенија, отфрлајќи ги согласно својата расположба, се стврднува како нечистотијата и калта, и сама себеси, слична на фараонот, се фрла во пропаст. А секоја богољубива душа при таквото Божјо дејствување омекнува како восок, па примајќи ги врз себе отпечатоците на образот на Божјите работи станува духовно живеалиште за Бога.

7. Оној што го просветил својот ум со божествено знаење, кој научил со божествени песни непрестајно да Го прославува својот Создатал, кој чувствата свои си ги осветил со непорочни гледања на се, тој кон природното добро на своето битие, создадено според образот Божји, му додал и друга добрина со силата на својата слободна волја и со својата добра расположба.

8. Душата своја ја пази неосквернета оној, којшто умот свој го принудува да помислува за едниот Бог и за Неговите совршенства, кој правилно ги толкува и објаснува овие совршенства, а своите телесни сетива ги научил побожно да го гледаат видливиот свет и се што е во него и на душата да и објавуваат за Божјиот разум, скриен со сето тоа.

9. Бог, откако не ослободил од тешкото ропство на тираните на демоните, ни го дарувал Своето иго смирението, со кое се скратува сета ѓаволска сила. Оние што го носат тоа иго биваат закрепувани и неподложени на демонските итрини.

10. Оној што верува тој има страв од Бога. А кој има страв од Бога тој се смирува. Смирениот кроток станува, па откако ќе прифати таква расположба, тој бива недостапен за неприродните движења на гневот и похотите. Кроткиот ги извршува Божјите заповеди, а кој ги извршува заповедите тој се очистува. Очистениот се просветува, а просветениот се удостојува да биде со Младоженецот во сокровиштето на тајните.

11. Како што земјоделецот, барајќи погодна нива за овошна градина, ненадејно наидува на сокровиште од скапоцености, така и секој подвижник, смирен и искрен, урамнотежен во својата душевна расположба, туѓ на плевелите од земните страсти, слично на блажениот Јаков, на прашањето на татка си, на кој начин успеал толку брзо да улови: „Кога толку бргу најде, синко мој?“ можел да му одговори: „Господ, твојот Бог, беше милостив“(1. Мој. 27, 20). Зашто, кога Бог без труд од наша страна им ги дава премудрите созерцанија на Својата премудрост на оние што не ги очекуваат, тогаш мислиме дека тие ненадејно нашле духовно сокровиште. Искусниот подвижник е духовен земјоделец, кој пресадува како диво дрво во духовно поле, кое успева преку усетите на видливите работи и наоѓа во него сокровиште од благодатно зреење пројавување на Божјата премудрост во создадените работи.

12. Оној што бара знаење за да се гордее со него и кога нема да го добие, да не му завидува на својот ближен и да не бива измачуван од жалење. За него е подобро да го издржи подготвителниот труд, како што е востановено трудот на дејствителните добродетели. Извршувајќи ги однапред вредно овие телесни трудови, тој ќе ја подготви својата душа за примање на духовното знаење.

13. Оние коишто вистински и со побожна намера се грижат за познавање на работите, без да имаат намера да се гордеат пред другите, ќе добијат пресветли созерцанија и ќе најдат укажувања за начинот како најдобро да се познаат себеси. Во таквите говори законот: откако влезете во ветената земја, наследете ги големите и малите градови, кои вие не сте ги изградиле; потоци ископани, кои вие не сте ги ископале; лозја и маслиници кои не сте ги саделе (5. Мој. 6, 10-11). Зашто оној што не живее за себеси, туку за Бога, бива исполнуван со божествени дарови, коишто не се секогаш видливи заради заканувачките напади од страстите.

14. Лицемерниот, се додека мисли дека не е откриен, спокоен е и молчи, задоволен е од славата што ја има пред луѓето, билејќи им се претставува како праведен, но кога ќе го откријат каков е, тогаш почнува остро да ги прекорува другите, мислејќи на тој начин да го прикрие својот срам. Светото писмо таквиот го споредува со змијски пород, го смета за лукав и го повикува да роди плодови достојни за покајание, односно сообразно со тоа да ја измени и скриената состојба на своето срце.

15. Со цел да му наштети на својот ближен, бидејќи е вистински волк, се облака во овча кожа, за да ги прикрие своите злосторнички намери, таквиот се ползува со чесноста на другите и со нивните христијански чувства, ги уловува и ги проголтува, а потоа немилосрдно ги напаѓа и ги навредува другите. За ваквите луѓе пишува апостолот, нарекувајќи ги лажните браќа, што дојдоа и се привлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христа Исуса, за да не поробат (Гал. 2,4).

16. Оној што се престорува со лоша цел, молчаливо поставува стапици против својот ближен, а ако не успее во своите намери, се повлекува, додавајќи и го на својата страст и измачувањето на своето срце. А оној што молчи заради полза, ја умножува дружбата и си заминува, радувајќи се, бидејќи добил просвета што ја одгонува темнината.

17. Оној што на братските собири безобзирно го прекинува разговорот  внимателното слушанне, со тоа јавно покажува дека боледува од славољубие. Уловен, од славољубието, тој се труди во врска со водениот разговор да искаже многу посредни и непосредни мисли, сакајќи да го попречи неговиот тек.

18. Вистинскиот мудрец, и кога подучува и кога самиот учи, сака и другите да ги подучува и самиот да се учи само за она што е корисно. А Лажниот мудрец, и кога прашува и кога го прашуваат го предлага само онаа што предизвикува љубопитство.

19. Благодатните дарови што некој се удостојува да ги добие преку Божјата волја, должен е тие исти дарови да им ги предаде на другите, според зборовите на Господа: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“(Матеј 10, 8). Оној што го скрива дарот под земја, тој го оклеветува Оној што му го подарил, како жесток (сп. Матеј 25, 24) и се откажува од добродетелта, за да го поштеди своето тело. Оној што им ја продава вистината на непријателите, тој потоа, откако ќе биде осуден како славољубив, неможејќи да поднесе да биде посрамен, -бива задавуван.

20. Тие што се уште се плашат од борбата против страстите, што се плашат од нападите на невидливите непријатели, треба да молчат, зашто во борбата за добродетелта не треба да се употребува Противставувањето, туку треба да и се предаваат на молитвата, да Му се предадат на Бога Он да се грижи за нив и Он да ги заштитува. За нив е речено и во старозаветната Втора книга Мојсеева: „Господ ќе се бие за вас, а вие бидете спокојни“(2. Мој. 14, 14). Затоа, по победата над нивните непријатели, што ги прогонувале, треба да бидат благодарни, а какви и да се нивните добродетели, треба да сфатат дека треба да го имаат само откриено увото на срцето и да внимаваат што ќе рече Господ, како што му било заповедано и на Израилот: „Почуј, Израиле“(5. Мој. 14, 15)! Затоа, на кого заради стравот му е наложено да молчи, нему му доликува само да прибегнува кон Бога. А кому му е заповедано да слуша, тој е должен со готовност да ги слуша Божјите заповеди и да ги извршува. Оној, пак, што го добил духовното разбирање, тој треба непрестајно да извикува молитвено: и за отстранување на злото што му се заканува и благодарејќи за добиените блага.

21. Душата сама по себе никогаш не може да се издигне толку и да Го познае Бога, ако Самиот Бог, по Својата милост, не се допре до неа и не ја издигне до Себеси. Ни човечкиот ум не е во состојба толку да се издигне нагоре, за да прими некакво божествено озарување, ако Самиот Бог не Го издигне, толку колку што е тоа достапно за него, ако не го просвети со Своето божествено осветлување.

22. Само оној што верува, според Светото евангелие, може да ја помрдне планината на гревот (Матеј 17, 19), со својот добар дејствителен живот, искорнувајќи ја од себеси својата дотогашна пристрасност кон земните непостојани и изменливи работи. Оној што можел да стане ученик, тој прима од лебот духовен прекршен со рацете на Спасителот и ќе насити илјадници, покажувајќи ја со своите дела размножувачката Негова сила (сп. Матеј 15, 32 и понатаму). И кога се удостоија да станат негови апостоли „им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат, и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ“ (Матеј 10, 1). Да изгонува бесови значи да го прогонува дејството на страстите. Да лекува болести значи да ги издигнува кон побожната расположба оние што биле лишени од неа. Да лекува немоќи значи да ги поттикнува раслабените од мрзливост и да ги поткрепува со зборовите за Страшниот суд. Ho оној што добил власт да настапува на змии и на скорпии (сп. Лука 10, 19) тој го уништува и почетокот и крајот на гревот.

23. Се разбира, и секој што верува е апостол и ученик, но ученикот не секогаш е апостол. Тој секогаш е верник. Само верникот не е веќе и ученик и апостол. Впрочем, можно е, според животот и созерцанието, и верникот да се издигне до чинот и достоинството на ученик и ученикот да се издигне до чинот и достоинството на апостол.

24. Она што станува во времето на привремен поредок, кога ќе се достигне совршенството престанува, зашто неговото природно растење тогаш престанува. Но, она што го прави Божјата благодат во редот на добродетелниот живот, и кога ќе го достигне совршенството, одново се крева кон ново растење. Ова се случува така што крајот на едното служи како почеток на другото. Кој ги прекинал телесните страсти што живеале во него преку дејствителната добродетел, заедно со тоа започнал други божествени преобразувања, напредувајќи „од слава во слава“(2. Кор. 3, 18), зашто и Бог, Кој дејствува во него, не престанува да прави добро, како што и не започнувал, зашто како што и e својство на светлината да светлее, така му е својство и на Бога да прави добро. Затоа, според законот, кој и одговара на состојбата на привремените работи, што се раѓаат и умираат, саботата се смета како престанување на работата. А според Светото евангелие, кое и одговара на состојбата на духовните и мисловни работи; таа се празнува со правење добри дела. Макар што тогаш не разбирале дека саботата e заради човекот, а не е човекот заради саботата и дека Синот Човечки е Господар и на саботата. Затоа и негодувале против Него (сп. Марко 2, 27-28).

25. За вкусување на духовната сладост не е доволно само покорувањето на страстите, ако не ги придобиеме и добродетелите преку исполнување на заповедите. Господ вели: „Не радувајте се за тоа што ви се покоруваат бесовите (односно, дејствата на страстите), туку радувајте се што имињата ви се напишани на небесата“, што, според благодатта на усиновувањето, заради добродетелите се запишани во местото на бестрасноста.

26. Се додека со нашиот ум не се издигнеме до чистотата на својата природа и до се што е според Бога се дотогаш не можеме да сметаме дека сме ја придобиле неизменливата навика кон добродетелите. Зашто само тогаш, кога со силата на љубовта ќе се востанови во нас таква расположба, ние ќе можеме да ја познаеме силата на божественото ветување. Затоа што совршената непревратност на достојното е вооружена како што треба таму, каде што претходно со љубовта умот ја вкоренил својата сила. И се додека не излегол од себеси и од се друго, за што би можел да помислува и не се утврдил во молчењето, коешто се издигнува над секоја помисла кога се замолкнатн сите умствени движења никој не може да биде слободен од превратноста.

27. Великиот Мојсеј, откако ја поставил скинијата надвор од логорот, односно, дури кога срцето свое и умот свој ги востановил надвор од се видливо, тогаш почнал да Му се поклонува на Бога. И потоа, откако навлегол во мрак, односно во местото на знаењето, што е невидливо и нематеријално, тогаш се наоѓа таму, извршувајќи ги светите тајни или се осветува за нив (сп. 2. Moj. 33, 7; 20, 21).

28. Bо Светото писмо може да се прави разлика меѓу телото и духот, кој како да е, некаков духовен човек. И оној што би рекол дека словото на Светото писмо е тело, а неговата смисла дух или душа, тој не би погрешил против вистината. Јасно е дека премудар е оној што го напушта телото, како нешто земно, и целиот се прилепува кон духот како кон нешто нераспадливо и вечно.

29. Оној, којшто го исполнува Законот во животот и со поведението се воздржува од бесловесните страсти, за него и тоа е доволно за спасение, според неговото духовно детство.

30. Оној што со помошта на пророчките зборови се труди да ги отфрли страстите, тој се бори против наклоноста кон нив во својата душа, така што, борејќи се против нив преку воздржувањето од гревот во неговиот полош дел, во телото, да не се покаже грешен со подобриот свој дел со душата, та со невоздржување да греши тајно.

31. Оној што искрено го прифатил евангелскиот живот и ги отсекува од себеси и почетокот и крајот на гревот, извршувајќи секаква добродетел и со дело и со ум, Му принесува на Бога пофална жртва и исповедање. Тој е како избавен од силното напаѓање на страстите и ослободен од духовната борба со нив, имајќи само една ненаситна наслада, што ја храни неговата душа со надежта на идните блага.

32. Дејствителниот подвижник, којшто се труди да ги извршува добродетелите, го придружува телесната сетивност. А оној што се предава на созерцание нема никакви колебливи чувствувања. Неговиот ум е сосредоточен во Бога, трудејќн се да го оддалечува од телото и од светот. Тој во својот подвиг ја ослободува својата душа од природните врски на сочувство спрема телото, а дејствителниот подвижник често се чувствува на добриот пат уморен и неговата добра расположба ослабува. А оној што е предаден на созерцанија од ништо не може да биде задржан и заробен. Тој веќе се очистил од она, од што обично задобивал рани и бил задржуван од оние што сакале да владеат над него.

33. Како што е гревот плод на непослушноста, така и добродетелта е плод на послушноста. Како што по непослушноста следи неизвршување на заповедите и раскинување на сојузот со Оној Којшто ги дал заповедите, така по послушноста следи извршувањето на заповедите и најтесно соединување со Оној Којшто ги дал тие заповеди. Оној што преку послушноста ја исполнил заповедта, тој ја исполнил и правдата и го запазил нераскинливото единството на љубовта со Оној Којшто ја дал заповедта. А оној што преку непослушност не ја исполнил заповедта, тој направил и грев и се одделил себеси од единството на љубовта со Оној Којшто ги дал заповедите.

34. Оној што по раскинувањето на сојузот заради прекршувањето на заповедите пак почнува да оди кон соединување, тој најнапред се оддалечува од страстите, а потоа од страсните помисли. А подоцна од природата и од се што е природно, односно од материјалниот свет, па од духовните работи и од знаењето за нив од духовниот свет. И најпосле, откако ќе ги измине разновидните планови на Божјата промисла (текот на настаните), и без да знае ќе се доближи до самата единица, во Која единствено ја гледа својата сигурност, се радува со неискажана и прославена радост (сп. 1. Петр. 1, 8), како да го нашол „мирот Божји, што надвисува секој ум“ '(Филип. 4, 7) и она што му овозможува да се запазува од паѓања.

35. Стравот од пеколните маки ги тера почетниците да појдат по патот на бегањето од гревот. Желбата да ја примат наградата на вечните блага придонесува за зајакнување на готовноста за напредување во извршувањето на добродетелите. И тајната на љубовта го поттикнува умот повеќе од се што е земно, да стане слеп за се што е далеку од Бога. Зашто Господ ги умудрува само оние што се слепи за се друго и им ги покажува божествените работи (сп. Псал. 145, 8).

36. Врз Господа, како врз некоја основа на верата, да ја изградуваме високата зграда на благата, да вградуваме „злато, сребро и драгоцени камења“, односно чисто и вистинско богословие, светол и славен живот, божествени помисли и бисерни созерцанија, а не „дрва, сено и слама“(1. Кор. 3, 12), не идолослужење и приврзаност кон земното, не неразумен живот, не страсни помисли, лишени како зрели класови од премудри разбирања.

37. Оној што му се посветува на знаењето, да ги утврди стапките на својата душа неподвижно пред Господа, како Бог што му рекол на Мојсеја: „И застани пред Мене“(2. Мој. 34, 2 и понатаму). Но треба да се знае, дека и меѓу оние што стојат пред Господа има разлика, што може да се види, ако внимателно ги читаме зборовите на Господа: „Тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила“(Марко 9, 1). Зашто Господ не секогаш им се јавува на сите што стојат пред Него во слава, туку на оние кои само што тргнале кон Него (на почетниците) им се приближува Он во вид на слуга, како и на оние што се силни да Го следат во искачувањето на високата гора на Неговото Преображение. Ним им се јавува како Бог, каков што бил пред создавањето на светот. И затоа е можно еден ист Господ да се јавува различно: во еден вид на оние што пристапуваат кон Него. На некои на еден, а на други на друг начин, на секого различно сообразно со неговата вера.

38. За оној што животот го минува добродетелно се говори, дека тој привремено живее во тело, како некој што е придојден кој има за цел, преку извршување на добродетелите, да ја одвои својата душа од сочуство спрема телото и да го оттргне од природните прелести. А за оној што живее созерцателен живот се говори, дека е како придојден и во самите добродетели: се уште ја гледа вистината како во начадено стакло, зашто уште не успеал да ја види в лице таква каква што ја очекуваме, блага, каква што е. И Божјиот голем пророк извинува: „Навистина, човек оди како сенка“ и вели: „Зашто сум туѓ во Тебе и придојден, како сите мои татковци“(Псал. 38, 6 и 12).

39. Добро е секогаш и од се да се лишуваме и да Го бараме Бога, како што ни е заповедано (сп. Псал. 45, 11; 104, 4). Иако можеби, според својството на нашата природа, барајќи Го Бога, ние не сме во состојба да дојдеме до пределите на Неговата длабочина, сепак ќе можеме да ги видиме посветло светиите и подуховно духовните. Ова сликовито ни го покажува и старозаветниот архиереј, кој од светињата влегува во Светињата на светињите во Свјатаја свјатих.

40. Ако Синот на Бога и Отецот Бог Слово станал Син човечки и човек, за луѓето да станат богови и синови Божји, тогаш треба да верувааме дека и ние ќе бидеме таму, каде што е сега Самиот Христос, како „глава на телото“(Кол. 1, 18), Кој станал наш прстеча кај Отецот според Својата човечка природа. Зашто во собирот на спасените Бог ќе биде меѓу нив, делејќи им на сите степен на блаженство, за каков што се достојни, не без оддалечување по место меѓу достојните и подостојните.

41. Тој што се уште ги исполнува страсните телесни желби, тој уште живее во Халдејската земја, како служител и роб на идолите. Но кога ќе размисли добро и ќе дојде до познавање како треба да живее според својата природа и ќе се исполни со нови чувства, тогаш ја напушта Халдејската земја и оди во Харан во Месопотамија (сп. 1. Мој. 11, 28-31) во состојба не уште сосема чиста, туку во состојба на добродетели и гнев, се уште нечист од телесни прелести. А кога ќе ги измине овие предели на сетивното разбирање на доброто, тогаш ќе навлезе во добрата земја во состојба слободна од секој грев и од секое незнаење. Оваа состојба ја покажува Бог и им ја ветува како награда на оние што Го љубат како награда за нивните добродетели.

42. Оној што ревнува да добие Божја мудрост во дух на побожност и се нареди меѓу силите што војуваат против лошите невидливи сили, нека се моли со него да му остане способноста за разликување на доброто од злото, чијашто светлина не е силна, како што е моќна просветителната благодат на Духот. Првата светлина ја доведува плотта до дејствителната добродетел, а втората светло го води умот кон претпочитувањето да живее заедно со премудроста (сп. Мудр. Сол. 8, 2), со која, „со помошта Божја (тоа оружје) силно да разрушува тврдини“(2. Kop. 10, 4). Ова го покажува и Исус Навин. кој просел во молитвата и велел: „Запри се, сонце, над Гаваон“, односно да се запази во него незаодливата светлина на Божјото знаење на гората на духовното созерцание, „И ти, месечино, над долината Елон“(Ису. 10, 12), односно телесното разликување на доброто и злото, кое лежи во телесната немоќ да остане неизменливо во однос кон добродетелта.

43. „Гаваон“ е висок ум, а шумата е плотта што се смирува од смртта. „Сонцето“ е Словото, што го просветува умот, кое му дава сила за созерцанија и го избавува од секое незнаење. А „месечината“ е природниот закон, што го обврзува телото да му се покорува на духот за да го прифати јаремот на заповедите. „Месечината“, заради нејзината изменливост, се смета како симбол на природата. Впрочем, кај светиите природата станува неизменлива, заради неизменливата навика во добродетелите.

44. Господа не треба да Го бараат оние што Го бараат надвор од себеси. Тие треба со вера да Го бараат во себеси, Он се осведочува во делата. Апостолот вели: „ ,Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што ја проповедаме“(Рим. 10, 8), зашто барањето на зборовите на верата е барање на Самиот Христос.

45. Да не помислуваме за височината на Божјата безграничност, за да не се очаеме во Божјото човекољубие, така што, заради толкавата височина да не може да стигне до нас. Не треба да мислиме ниту за бескрајната длабочина на нашето паѓање заради нашите гревови, за да не се посомневаме во можноста во нас да биде обновена и оживеана умртвената во нас добродетел. И едното и другото можно е за Бога: Он може да се спушти и да го просвети нашиот ум со знаење. Он може, исто така, пак да ја оживее нашата умртвена добродетел и нас да не издигне со Себеси преку делата на правдата. Апостолот вели: „Да не речеш во срцето свое: кој ќе се возвиси на небото, односно да Го симне Христа, или, кој ќе слезе во бездната, односно да Го извади Христа од мртвите“(Рим. 10, 6-7).

46. Оние што живеат само за овој свет, живеат како животни. Божјите созданија ги употребуваат лошо ги употребуваат само за задоволување на своите страсти. Не внимаваат на тоа што говорат зборовите на премудроста, за да Го познаат и да Го прослават Бога од Неговите созданија и да сфатат: откаде сме, што сме, каква е нашата крајна цел и каде се стремиме. Во текот нa целиот свој живот тие талкаат. Со обете свои раце го допираат своето незнаење за Бога.

47. Сите оние што го свртуваат своето внимание на буквите од Светото писмо и на телесното служење, со нив го сврзуваат достоинството на својата душа. Мислат, дека со жртвувањето на неразумните животни Му угодуваат на Бога. Тие многу се грижат за телото и за неговото надворешно очистување, а воопшто не се грижат за убавината на душата, за страсните душевни рани, иако заради неа се создадени многу работи од видливиот свет, даден е целиот Божји закон и е напишано целото Свето писмо.

48. Тоа што Господ „лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот“(Лука 2, 34), ако овие зборови ги протолкуваме од нивната добра страна, тогаш тие значат: за паѓање на страстите и лошите помисли во секој од верниците и за издигнување на добродетелите и на секоја богољубива помисла.

49. „Вратата, каде што беа собрани учениците Негови, беше затворена поради страв од Евреите“(Јован 20, 19), поради стравот од духовите на злобата, во земјата на откровенијата, кои се тврдо востановени на висошната врз божествените созерцанија. Откако ги заклучиле сетивата, слично на врата, ќе го примат Бог Слово, Кое доаѓа таинствено, па, откако им се јави, не преку сетивата, им дарува, преку зборовите „Мир на вас!“ бестрасност, а преку дувнувањето соединување со Светиот Дух им даде власт над лошите духови, покажувајќи им ги симболите на Своите тајни.

50. „Хананејската земја“ е страсниот живот, во која се прават гревовни идоли и им се поклонуваат. „Месопотамија“ е начин на живеење, во која наоѓаат прибежиште луѓе од различни земји. А „ветената земја“ е состојба на духот, исполнета со секакви духовни блага. Слично на древниот Израил, секој од нас што не се грижи за добар морален живот, одново паѓа во ропство на страстите и бива лишен од царот на својата слободна волја.

51. Треба да се забележи дека никој од светите доброволно не одел во Вавилон, зашто е неумесно и неразумно оние што Го љубат Бога, наместо доброто да го изберат лошото. И, ако некои од нив биле насилно одведени таму заедно со народот, тогаш овде треба да ги подразбереме оние, кои не сами од себе, туку по сила на околностите, заради спасение на оние што имале потреба од раководство, го оставаат високото слово на знаењето и преминуваат пак на учењето за страстите. Заради што и светиот апостол сметал дека е многу подобро и попотребно да остане во тело, односно да го предава моралното учење за учениците, тогаш кога имал желба да се ослободи од моралното учење и да биде со Христа преку духовно созерцание (сп. Филип. 1, 24).

52. Како што блажениот Давид, свирејќи на гусле го успокојувал Саула, кој бил измачуван од лоши духови (сп. 1. Цар. 16, 23), така и секој духовен збор, сладок за оние што проникнуваат преку духовно созерцание, го успокојува умот што страда од епилепсија, го ослободува од прекорливата совест што го измачува,

53. „Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице“, слично на Давида (сп. 1. Цар. 16, 12), е оној, кој при светлината по Бога, има слово на знаење, осветлена како неа. Во таквите добрата дејност се соединува со созерцанието; дејноста цути со разни видови добродетели, а созерцанието светлее со божествени помисли.

54. Оној што се моли ќе го прими насушниот леб. Се разбира, тој нема да го пршии целиот, бидејќи Он самиот по Себеси е леб, туку толку колку што може да го прими оној што прима. На сите што Му се молат им се дава Себеси Лебот на Животот (сп. Јован 6, 35). Бидејќи е човекољубив Он не им дава подеднакво на сите: повеќе им дава на оние што направиле поголеми дела на правдата, а на оние што имаат малку такви дела помалку. Секому му дава толку, колку што може да прими достоинството или според добрата расположба на неговиот ум.

55. На оној што живее дејствителен живот Господ му е присутен преку добродетелта, а отстапува од оној што добродетелта не ја смета за ништо. А кон оној што има созерцанија Он е присутен преку вистинското знаење на работите, а отстапува од оној којшто во извесна мера греши во ова.

56. Во почетокот на обучувањето на луѓето во побожноста, тоа се однесува само на телото. Во самото започнување на побожниот живот говориме повеќе за буквите, отколку за духот. Потоа, малку по малку, се приближуваме повеќе кон духот и телесноста на кажанато се поточно ја одредуваме со духовните созерцанија. И тогаш Го имаме пречистиот Христос во чисто, колку што e тоа можно за луѓето, така што можеме заедно со апостолот да речеме: „Ние отсега никого не познаваме по тело; иако Христа Го познаваме по плотта, но сега веќе не Го познаваме“(2. Кор. 5, 16). Тоа е заради едноставното и чисто пристапување на умот кон Божјото Слово без покривало врз Него, како што сме успеале од телесното разбирање на Словото, да се издигниме до „Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“(Јован 1,4).

57. Оној што почнал да живее во Христа, тој ја надминал правдата и законската и природната. Божествениот апостол ни помага да го разбереме ова кога вели: „Во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила, ниту необразението“ (Гал. 5, 11). Ова е заради тоа што обрезанието ја означува законската правда, потсетувајќи не на сличната праведност според законот на природата.

58. Словото Божјо е пат (сп. Јован 14, 6) за оние коишто, живеејќи дејствителен живот, верно и одлучно трчаат во натпреварувањето со добродетелта, не уклонувајќи се ни десно од суета, ни лево од препнување на страстите, туку чекорат, одмерувајќи ги стапките на Бога, што до крај не ги запазил јудејскиот цар Аса (сп. 3. Цар. 15, 23) се разболел во староста, имал болки, па не можел, така ослабен и онемоштен понатаму да оди по патот на животот по Бога.

59. Господ рекол: „Јас сум вратата“(Јован 10, 9). Зашто Он, оние што добро го изминале патот на добродетелите, во својот чист дејствителен живот ги воведува во областа на знаењето и како вистинска светлина, им ги покажува пресветлите сокровишта на премудроста. Он Единиот е патот, вратата и клучот, и царството: пат како патеводител; клуч зашто Он им отвори на достојните да влезат во божествените скровишта; врата како Оној Кој воведува; царство како сонаследник со сите светии.

60. Господ се нарекува светлина, воскрение и вистина. Он е светлина затоа што ја осветлува душата и како одгонител на темнината и како просветител на умот за да ги разбереме нејасните работи и покажувач на тајните, кои им се достапни само на чистите; живот како подател на душите, кои Го возљубиле Бога и божествените работи; воскресение, зашто го разбудува умот од мртвата пристрасност кон божественото и, правејќи го чист од секое распаѓање и умирање; вистина давање на достојните расположби кон добрите дела.

61. Бога Го прославува не оној што го почитува само со зборови, туку оној кој заради Бога и заради Неговите заповеди трпеливо поднесува и страдања и трудови. Таквиот се прославува заедно со Бога со славата што е во Бога, носејќи ја во себе благодатта на бесмртноста како награда за добродетелта. Бидејќи секој што Го прославува Бога во себеси, со страдања за добродетелите во својот живот, и тој самиот се прославува во Бога преку сестрасно просветување со божествените зраци во состојба на озареност. И Господ им говори на оние што доаѓаат на доброволно страдање, велејќи: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него, и веднаш ќе Го прослави“(Јован 13, 31). Од ова јасно произлегува дека за страдањата заради добродетелите следат божествените дарови на благодатта.

62. Kora душата минува од сила во сила и од слава во слава, од помала добродетел преминува во поголема, и од пониско во повозвишено знаење, се дотогаш таа нема да престане да биле придојдена, како што е речено: „Долго живееше душата моја“ (Псал. 119, 6). Зашто големо е растојанието меѓу степените на знаењето што треба да го премине, се додека мине „низ места каде што е чудесната скинија до Божјиот дом при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник“(Псал. 41, 5), секогаш на еден глас му одговара друг глас, на духовниот глас му одговара друг духовен глас приложувајќи успеси во духовните созерцанија, заедно со радоста од гледањето на созсрцанијата со радост и со соодветна благодарност. Вакви празнувања имаат сите што ја добиле благодатта „од Духот, Кој вика: ,Ава, Оче!“ (Гал. 4, 6).

63. Под прекрасно место за живеење треба да се разбере бестрасната и непоколеблива добра расположба кон добродетелите, по што доаѓа Бог Словото и ја украсува душата со разни добродетелни убавини како скинија Демонот Божји е составен од многу и разни созерцанија, кои го сочинуваат знаењето со кое Бог, откако ќе ја посети душата, ја исполнува со многу мудрост; гласот на радоста е разиграност на душата, која бива исполнета со многу мудрост при погледот на многу добродетели. Исповеданието е благодарност за преславното наситување и за исполнетоста со премудрост. А шумот е непрестајно таинствено славословие составено од радоста и од исповеданието, помешани заедно.

64. Оној што храбро ги победил телесните страсти и што одржал победи над нечистите духови и, откако ги одгонил нивните помисли од својата душевна област, треба да се моли за да му биле дадено чисто срце и вистинскиот дух да биде обновен во неговата утроба, така што со помошта на Божјата благодат да биде очистен од мноштвото лоши помисли и да се исполни со божествени помисли.

65. Оној што го очистил своето срце не само што ги знае смислата и значењето на второстепените работи и на се што е по Бога, туку, откако ќе ги измине сите нив, некако Го гледа и Самиот Бог, во што и се состои крајната граница на благата. Бог, откако ќе го посети ваквото срце, го удостојува со Духот да ги испише во него Своите зборови како што биле испишани и зборовите на Мојсеевите плочи, до таква мерка, доколку самото срце растело со својот добар живот и со созерцанието, според Божјата заповед, која таинствено заповеда: „Плоди се и множи се“(1. Мој. 35, 11).

66. Умот Христов што го примаат светиите, како што вели апостолот: „Ние имаме ум Христов“ (1. Кор. 2. 16) не доаѓа по пишувањето на нашата сопствена умствена сила и како нешто што ни доаѓа на место на нашиот ум, туку како Божја сила, која има својство да го осветува нашиот ум и да го упатува кон една единствена дејност. Според моето мислење, умот Христов го има оној којшто во се помислува според Неговиот дух и преку се доаѓа до мислата за Него.

67. Ние се нарекуваме тело Христово, според зборовите на апостолот: „Вие сте тело Христово, а пооделно членови“(1. Kop. 12, 27) без да се лишуваме од нашето тело. Негово тело не биваме затоа што Он лично влегува во нас и се разделува по нашите членови, туку затоа што, слично на Неговото тело и нашето тело се ослободува од гревовното распаѓање. Зашто како што Христос според Својата природа бил безгрешен и по тело и по душа, како човек, така и ние, коишто веруваме во Него и кои сме со Духот облечени во Него можеме и ние со силата на нашата слободна волја да бидеме без грев во Него.

68. Се додека е некој во овој живот се дотогаш, колку и да е совршен, во својата сегашна состојба, и во дејствувањето и во созерцанието само делумно има и знаење, и пророштво и залог на Светиот Дух, но не и во нивната цела полнота. Но, некогаш ќе дојде и до совршена состојба, во која на достојните вистината им се покажува лице в лице таква каква што е сама по себеси. И тогаш тој нема да има само дел од полнотата, туку целата полнота ќе ја носи во себеси, присоединувајќи се кон неа. Зашто апостолот вели, дека тогаш сите, односно оние што се спасуваат „до потполна возраст на Христовото соврешенство“(Ефес. 4, 13), „во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето“(Кол. 2, 3), ,,a, кога дојде совршеното, тогаш она што е нешто ќе исчезне“(1. Кор. 13, 10).

69. Некои сакаат да знаат: каква ќе биде состојбата на оние што ќе се удостојат со совршенство во царството небесно? Дали ќе има таму напредување и преминување од подобро кон подобро или ќе продолжува постојано една иста состојба? Тогаш какви ќе бидат душата и телото и како треба да мислиме за ова? За ова, откако ќе размисли. некој може да рече дека и таму е како што и овде за телесниот живот храната има двојно значење: служи и за растење и за запазување на оние што ја земаат; се додека не достигнеме совршена мерка на растењето на нашето тело се храниме за да растеме. А кога телото наше ќе престане да расте и да се зголемува, тогаш тоа веќе не се храни за да расте, туку се храниме само за да го одржуваме, така и во однос на душата духовната храна има двојно значење. Таа бива хранета со добродетели и созерцанија и тогаш напредува се додека не ја достигне мерката на растот на Христовата полнота. Кога ќе дојде до оваа состојба, таа тогаш престанува да расте и да и се додава на растењето. Тогаш се храни со соодветна духовна храна, која не е потребна за растење; таа храна тогаш ја прима за запазување, за да и биде запазено даденото боговидно совршенство и за добивање од таа неизмерна храна, бесмртна наслада, од која, добивајќи ја секогаш силата за обожување, душата се обожува станува бог од присоединувањето со божествената благодат. И тогаш, откако ќе престане со сите дејства на умот и на чувствата и откако, заедно со тоа, ќе ги натера да престанат и природните дејства на телото, кое е сообожено заедно со неа, според мерката што е дозволена на неговото обожување, така што преку душата и телото зрачи светлосно Самиот Бог, со победените нивни природни признаци на преизобилната слава.

70. Некои сакаат да знаат: во што ќе се состои разликата на вечните живеалишта и на ветените наслади, дали тоа ќе се одредува од местото или од големината на духовните совршенства? Едни говорат во прилог на првото, а други во прилог на второто. Којшто познал што е „царството Божјо внатре во вас“(Лука 17, 21) и што значат зборовите на Спасителот: „Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење“(Јован 14, 2), тогаш тој ќе застане на страната на вториот.

71. Царството на Бога и Отецот според седржителството се наоѓа во сите верни; тоа, според силата на благодатта, е во сите оние, коишто сецело ја отфрлиле секоја расположба спрема природниот живот душевниот и телесниот, и добиле вечен живот, така што можат да велат: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене““(Гал. 2, 20). Оној што успеал со трудови да ги умртви своите земни членови (Кол. 3, 5) и со извршување на заповедите на Словото да го победи светот што е во него, нема да има никакви маки и страдања, зашто веќе го напуштил светот и почнал да живее во Христа Победителот на светот на страстите и Давателот на вистинскиот свет. Зашто оној што не се ослободил од страсното приврзување кон земното ќе има страдања и жалости, ќе се менува во своите чувства заедно со промените во светот, којшто е променлив според својата природа, а оној што почнал да бива во Христа, тој веќе нема да ги чувствува промените во земниот живот, какви и да се. Затоа Господ и вели: „Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; ама не бојте се, зашто Јас го победив светот“ (Јован 16, 33). Односно во Мене, Словото, ќе имате мир затоа што сте избавени од промените на земните работи и страстите, а во светот, во приврзаноста кон земното ќе имате маки, затоа што светот непрестајно се менува од едно во друго. Маки ќе имаат и тој што живее добродетелно, поради трудот што е соединет со тоа, и оној што го љуби светот, поради загубите и пишувањата од земните работи. Но кај едниот тие маки се спасоносни, а кај другиот разурнувачки и погубни. За обајцата спокојот е во Господа: за првиот со тоа што трудот на добрите дела му дава спокој на бестрасноста во состојба на созерцание, а за вториот што преку покајанието ја одзема од него обичната приврзаност кон ова што е пропадливо.

73. Ние треба не само да ги убиваме телесните страсти, туку сме должни да ги уништуваме и душевните страсни помисли, подражавајќи го светиот пророк, кој вели: „Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие“ (Псал. 100, 8), односно телесните страсти и беззаконите душевни помисли.

74. Оној што во своето побожно и вистинско знаење ќе остане на патот на добродетелпте, без да скршнува на спротивната страна, тој ќе го разбира посетувањето Божјо поради бесрастието, како што не уверува истиот свет пророк, велејќи: „ќе Ти пеам и ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе ми пријдеш“ (Псал. 100, 2),.

75. Toj што тргнал по патот на побожноста не треба да се раководи само со добрината што ги извршува заповедите, туку и со тоа што ќе си спомнува за строгоста на судовите на божествената правда, та и со неа почесто да биде поттикнуван на подвизи, така што со љубовта да го посакува божественото, па така и со страв да се воздржува од лошото. Затоа е речено: „Со песна ќе ги прославам милоста и судот, Господи“ (Псал. 100, 1), и со ова сведочи дека, како оној што говори со Бога со љубов молитвено се насладува, така И оној, којшто преку стравот се укрепува, песна на Бога Му пее.

76. Едно е беспочетното и пресуштествено добро суштество, Триипостасната Единица Отецот, Синот и Светиот Дух, на трите неограничени неограничени сопостоења. А што се однесува за Неговото суштество, за тоа: каков и што е, тоа останува недостапно за секакво разбирање за создадените суштества. Никој од разумните ова не може да го разбере, секое разбирање бега од нив. Ова знаење ги надминува сите знаења.

77. Еден е Бог Отецот, Родител на Единиот Син и Исходител на Единиот Свет Дух; и неразделна Троица, Единица, неслиеност, беспочетен Ум, Единствен Родител на Единото суштествено беспочетно Слово и Единиот непресушен Извор на Животот Светиот Дух.

78. Еден е Бог, беспочетна и секогаш суштествена Единица, Која нема делови и е неразделна; Он е еден и Единица и Троица.

79. Христос Бог се раѓа и, со примањето на телото, има разумна душа и станува човек, Он му дал битие на се, кое станало од ништо; Кого Дева, откако Го родила натприродно, не се лишила од никаков знак на девството. Зашто Он, откако станал човек, не ја измешал Својата природа и не ги изменил силите, така и онаа што Го родила и ја направил мајка и ја запазил Дева. И во едното и во другото со чудо на чудо укажува и заедно со секое од нив другото го покрива. Бог Самиот пo Себе, според Својата природа, секогаш таинствено е сокриен, и ако некогаш се изведува Себеси од Својата природна скриеност, тоа го прави така што самото Свое пројавување го прави уште поскриено. Така и во Своето раѓање како човек Света Дева ја прави мајка што раѓа, но така што и во самото раѓање ги запазила неразрешливи врските на девството.

80. Со вера ја гледаме тајната на божественото воплотување и без љубознателност да Го прославуваме Оној Којшто благоволил да го направи тоа заради нас. Зашто кој е тој којшто, надевајќи се на силата на својот разум, може да знае и да каже: како се зачнува Бог Слово? Како без семе се образува тело? Како се раѓа од Дева? Како таа како Мајка раѓа и останува Дева? Како Оној Којшто е над секое совршенство напредува во возраста (cп. Лyкa 2, 52)? Како Оној Којшто е чист прима крштевање? Како наситува Оној Којшто Самиот гладува? Како Оној Којшто Самиот се заморувал и страдал дава сили и исцеленија? Како Оној Којшто Самиот е умрен оживотворува и воскреснува? Како Бог станува човек и воскреснува? Како Бог станува човек и она што е уште потаинствено, како Словото Кое е no ипостас суштествено а е во тело, пo природа е ипостасно и се уште живее во Отецот? Како Он Едниот Бог пo природа, станал и човек по природа, никако не откажувајќи се ни од едната, ниту од другата природа, ни од Божествената, според која е Бог, ниту од нашата. според која станал човек? Сите овие тајни ги сфаќа само верата, која ги исповеда овие работи, тие се и над зборовите и над разумот (сп. Евр. 11, 1).

81. Адам, откако не ја послушал заповедта, дознал дека раѓањето на нашата природа е од чувствителната сласт. Господ, изгонувајќи ја неа од природата, не го признал како умесно за Себе да биде зачнат од семе. Жената, којашто ја престапила заповедта, покажала дека раѓањето на нашата природа започнува со маки. Господ, отфрлајќи ги нив од природата, не допуштил онаа што Го родила да претрпи распаѓање, така што и доброволната сласт и породилните маки ги отстранил од нејзината природа. На тој начин станал уништувач на она, што не било создадено од Творецот, за да не научи дека во духот треба таинствено да се зачнува друг живот, кој можеби почнува со маки и со болки, коишто биваат завршувани со божествена наслада и бескрајна радост. Заради тоа Он и станува човек и се раѓа како човек Он, Којшто го создал човекот и со Своите страдања ги излекувал страдањата станува умртвувач на нашите страсти, и со своите телесни пишувања ги обновува нашите добри духовни расположби.

82. Добро е за добродетелта да се подвизуваме среде тешки трудови, зашто во таков случај таа спокојно претрпува се и како награда ја добива пристрасноста на душата. Поради тоа душата, соединувајќи се преку љубовта со Бога, се ослободува од својата расположба спрема телото и спрема светот. Изнемоштувањето на телото е укрепување на душата.

83. Вовлечени со измамата на чувствената сласт, ние сме ја претпочитале смртта пред вистинскиот живот. Со благодарност да го поднесуваме телесниот труд, кој ја уништува оваа сласт, така што преку нејзиното уништување ќе биде уништена и смртта, која настанала од неа, и ќе го примат животот што пак ќе ни се врати, кој пред тоа сме го продале за да ја добиеме сласта, а сега сме го купиле пак за малку телесни трудови.

84. Ако, кога е телото здраво и во задоволства, обично се зголемува силата на гревот, тогаш е јасно дека кога е тоа во лишувања, дека се зголемува силата на добродетелта. Затоа, храбро да ги претрпуваме измачувањата на телото, овие очистителки на душевннте нечистотии и причините на идната слава. Апостолот пишува: „Мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас“ (Рим. 8, 18).

85. Како што лекарите, кои го лекуваат телото, не употребуваат исти лекови за сите болести, така и Бог, лекувајќи ги нашите душевни болести, знае секоја болест како да ја лекува: на секоја душа и го дава она што и е потребно за нејзиното исцеление. Затоа, да Му благодариме кога не лекува, дури И кога начинот на тоа лекување претставува за нас и извесна мака, зашто крајот е секогаш блажен.

86. Ништо не ја покажува така состојбата на душата, како што го прават тоа противставувањата на измаченото тело; ако се согласи со нив, таа ќе покаже дека го сака телото повеќе од Бога, но, ако остане непоколеблива пред таквите противставувања, ќе докаже дека ја почитува добродетелта повеќе отколку телото. Заради тоа ќе Го има Бога за сожител во себеси, Кој заради нас и заради нашето спасение благоволил да страда со нашата природа, и Кој им рекол на Своите ученици: „Не бојте се, зашто Јас го победив светот“ (Јован 16, 33).

87. Ако сите светии биле подложни на поучни казни, тогаш и ние да бидеме благодарни кога заедно со нив ќе бидеме поучно казнувани, за да се удостоиме да бидеме учесници и на нивната слава. Во Светото писмо читаме: „Кого Господ го сака, него и го кара; го бичува секој син, кого што го прима“(Изрек. 3, 12; EBp. 12, 6).

88. Адам, откако го примил реброто (жената е направена од неговото ребро), кое му предлагало сласт, го исфрлил човештвото од рајот. А Господ, Кој се согласил да биде со копје прободен во Своето ребро, го вовел разбојникот во рајот. Да го засакаме преуморувањето на телото, кое е сврзано со болки, да ги намразиме неговите сласти, зашто тоа воведува во рајот и ќе не направи учесници на неговите блага, а другите изгонуваат од рајот и не лишуваат од неговите блага.

89. Ако Бог, откако станал човек, страдал со Своето тело, тогаш кој нема да се радува кога страда, имајќи Го Бога за учесник во Своите страдања? Затоа, храбро да ги претрпуваме привремените болести, кои го отапуваат бодплото на сластите што се во нас и не избавуваат од вечните маки. Кој страда на ваков начин се удостојува со Божјото царство. Светиот апостол ја кажува вистината кога вели: „Ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме“(Рим. 8, 17).

90. Ако е неопходно да страдаме, затоа што гревовната власт од прародителскиот грев и е својствена и на нашата природа, да бидеме секогаш готови храбро да ги поднесуваме овие страдања кои го отапуваат во нас бодилото на сласта, за да се избавиме од вечните маки.

91. Крајот на сите добрини е љубовта, зашто таа ги води сите што навлегле во неа ги приведува и ги приближува кон најврвното Од сите блага за Бога. Љубовта е виновникот на секое добро, таа е секогаш верна, никогаш не отпаднува и засекогаш останува неизменлива. Верата е основата, на по неа следат надежта и љубовта; таа силно ја крепи вистината. Надежта е тврдина за оние што стојат покрај неа од лево и од десно за љубовта и за верата. Таа им се покажува и на обете верна и на оној што верува и на оној што љуби, и ги води по вистинскиот пат и ги поучува. љубовта е нивното исполнување, таа како да опфаќа се што сака да опфати, давајќи му успокојување во себеси, па наместо верата во тоа што е, и надежта во она што ќе биде, љубовта го води со себе и во себе и сегашното и идното, а идното го чувствува како да е во сегашноста.

92. Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата. кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи не да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.

93. Потребно е со разумот, наместо со незнаењето, да се издигнуваме кон Бога и преку познавање да Го бараме. Откако ќе се очистиме од страста на самољубието, треба да се стремиме само кон Бога со сета наша желба. Откако ќе се ослободиме од омразата, со сета наша енергија да се трудиме да Го придобиеме само Бога, а во себеси да ја создадеме божествената и блажена љубов, соединета со Бога и со Божјата сила да се покажеме како богољупци. Љубовта е од богознаењето и желбата за Бога и тие постојат поради неа.

94. Кога ќе го отфрлиме самољубието, кое, како што реков, е почеток и мајка на сите зла, тогаш заедно со него ќе биде оттргнато од нас и се што произлегува од него, зашто кога ќе го нема него, тогаш ќе нема никаков вид зло и никаква трага од злото нема да може веќе да се задржи во нас.

95. Треба да се почитуваме и да се сакаме сами себеси и еден со друг така, како што ни посведочил Самиот Христос со Својот пример, со Својот личен пример кога посакал доброволно да пострада за нас.

96. Дејството и доказот за совршената љубов спрема Бога е искрената и доброжелателната расположба спрема ближниот. Зашто „кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Гo сака Бога, кого не Гo видел?“, ни говори божествениот Јован (1. Јов. 4, 20).

97. Еве, ова е вратата, низ која влегуваме во Светињата на светињите и се удостојуваме да бидеме достојни гледачи на недостапната убавина на Светата и царствената Троица.

98. За нас е неможно да се здружиме со Бога, ако се бунтуваме против Него со нашите страсти и, ако доброволно му плаќаме данок на лошиот тиранин и губителот на нашите души на ѓаволот со тоа што грешиме, се додека одлучно не востанеме против лукавиот и не поведеме војна против него, зашто се дотогаш остануваме непријатели Божји и борци против Него, без оглед на тоа што се нарекуваме верници, се додека доброволно им робуваме на страсните нечесности. И никаква корист нема да имаме од световниот мир, ако душата наша е лоша според својата расположба, ако востануваме против својот Создател и не сакаме да бидеме под Неговата царска власт, а им се продаваме на безбројните лоши господари, кои ја фрлаат нашата душа во гревови и лажливо не учат, место да го избираме вистинскиот и спасоносен пат, да му даваме предимство на оној што не води во пропаст.

99. Бог не создал затоа, за да бидеме „учесници во Божјата природа“ (2. Петр. 1, 4) и „да бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме каков што е'“ (1. Јов. 3, 2) според благодатното обожување, заради што е устроено се и продолжува да постои и она што не постои се раѓа и настанува во битие.

100. Ако сакаме да се именуваме Божји и да бидеме такви, тогаш да го прифатиме подвигот: да не Го предаваме Словото Божјо на страдања, слично на предавникот Јуда; и да не се откажуваме од Него, слично на апостолот Петар. Откажувањето од Словото е откажување да правиме добро заради страв од нешто, а предавството е намерннот грев со дела и слободен стремеж кон грешење,

101. Самољубието и телесното мудрување на луѓето, што ги оддалечиле луѓето еден од друг, и откако погрешно го истолкувале законот, ги разделиле луѓето, кои имаат една природа, на многу делови и сите ги вовеле во нечувствителност и жестокост, па со таквата расположба ја вооружиле самата природа против себеси, односно луѓето еден против друг. Затоа секој , кој ќе успее со здрава мисла и благородно мудрување да ја отстрани таквата извратеност на природата и најнапред спрема себеси, а потоа и кон другите, да покаже милост, откако ќе го настрои своето срце, како што треба спрема природата, и кон Бога. Според таквата расположба природно да се приближи и да покаже на себеси што значи да се биде според образот Божји и како Бог во почетокот прекрасно ја создал нашата природа подобна на Својата, која ја одразувала во себеси Неговата лична добрина и ја направил да биде хармонична; не бујна, туку мирна и спокојна; да биде и со Бога и сама со себеси тесно поврзана со љубов, таква, за да може со желба да Го прифаќаме Бога како сакано добро, а и еден со друг да се сакаме силно како делови на една суштина.

102.Човекољубивиот Бог затоа го создал човекот, за човечката природа сите луѓе да ги собере во Себе и да ги сопре да не паднат во зло, поради што самата човечка природа се разделува самата во себеси и востанува самата против себеси, не можејќи никаде да се запре, поради непостојаната подвижност и изменливост на расположбата по однос на другите луѓе.

103. Да се откажуваме, колку што можеме од задоволствата на сегашниот живот и од стравот од животните маки, и тогаш секако ќе се избавиме од секоја страсна помисла и од сите игри демонски напади. Зашто страстите ги сакаме поради задоволствата, а од добродетелите бегаме поради жалостите.

104. Измамата и страста на гревот обично исчезнува заедно со приведувањето во извршувањето на начините, на кој се извршува, наоѓајќи врз основа на својот личен опит, дека зад секоја гревовна страст неизоставно следи жално незадоволство; тој силно се стреми кон сласта, а се одвратувал од незадоволството и непријатностите. Па затоа сласта ја барал со сета своја сила, а непријатностите и страдањата се трудел на секој начин да ги одврати, сметајќи, а што е впрочем сосема неможно, на овој начин да ги оддели тие две работи и само со задоволство да го насладува своето лошо самољубие, не сакајќи да претрпи никаква непријатност, заборавајќи, како што обично бива за време на страсната заслепеност, дека гревовната сласт никогаш не е без горчевина на незадоволството. Зашто со гревовната сласт секогаш е помешана горчевината на жалоста, иако оние што ја вкусуваат забораваат за тоа заради надвладувањето на гревовната сласт над нив, така што тоа им го опфаќа целото нивно внимание и сосема им ги затвора очите, за да не можат да видат што следи потоа. Ете, гонети од нашето самољубие, ние на ваков начин се стремиме кон сластите и на сите можни начини настојуваме да ги избегнеме непријатностите и маките, а во себеси раѓаме безбројни разорни страсти.

105. Никој не доживува такво чувство на сласт како оној, којшто, откако се ослободил од секаква телесна наклоност, се соединува и прилепува со својот ум кон Бога, Кој е навистина најсаканото, најмилото и најпревозвишеното добро.

106. Како што на Бога никој не може да Му служи, ако целосно не ја очисти својата душа, исто така, никој не може да му служи ни на созданието, ако не го направи своето тело самоугодливо. Извршувајќи го ова разорно телесно служење, а при тоа, бидејќи самиот сластољубив, човекот постојано имал во себеси и сласт и горчевина, јадејќи непрестајно од дрвото на непослушноста, во кое е истовремено помешано познавањето на доброто и на злото, кое бива чувствувано и доживувано на дело.

107. Таму каде што не владее разумот, таму е обично присутна власта на чувствата, со која е некако помешана и силата на гревот, која преку сласта ја влече душата да го посакува она што и е сродно според природата на телото. Па како последица на тоа, примајќи како нешто природно, страсната и сластољубива грижа за телото, го отстранува човекот од вистинскиот природен живот и го убедува да стане сам за себеси устроител на самостојно постоење на злото.

108. Злото за разумната душа е заборавање на своите природни блага, што произлегува од страсниот однос спрема телото и светот за кој умот, откако ќе стане раководител, според своето знаење го уништува поредокот на духовите, толкувајќи ги происходот и природата на светот и на телото, одгонувајќи ја душата во сродната за неа духовна област, каде никако не навлегува законот на гревот, немајќи чувство, кое би можело да му послужи како мост за неговаго преминување кон умот (или кон умствената духовна област). Бидејќи поранешните односи на ова чувство спрема душата се веќе нарушени и сите сетивни слики се изминати, така што и умот сосема не ги чувствува, па им станал туѓ како по расположба, така и по својата природа.

109. Како што умот, држејќи ги страстите под своја власт, ги прави чувствата да им бидат орудија на добродетелите, така и страстите, кога го држат умот во своите раце, ги настројуваат чувствата кон гревот. Потребно е трезвено да се набљудува и да се размислува како треба душата да го запазува добриот начин на дејствување, користејќи се со него за раѓање и утврдување на добродетелите, а што пред тоа го правела при извршувањето на гревовите.

110. Светото евангелие бара одречување од телесниот живот и прифаќање на духовниот. Јас говорам за оние што секогаш умираат (сп. 1. Кор. 15, 31) по човекот, т.е. со своето човечко тело во овој живот, а кои живеат, според божествениот апостол само за Бога со духот, но никако веќе не живеат со својот живот, но живеат, имајќи Го во себе Христа (сп. Г ал. 20, 20). На овој начин мртви по тело се сметаат и оние, коишто во овој свет имаат големи маки, големи страдања, мачења и притеснување, па со голема радост ги трпат прогоните и секаквите искушенија.

111. Секоја страст настанува и се раѓа од соединувањето на нешто чувствено со некое чувство, со отстранување на природните сили за дејствување. Под ова ги разбирам раздразнителноста или желбата и разумот, кои се природен начин на дејствување. Ако сега умот, откако ја забележи целта на тоа нивно сложување, односно на предметот, на чувството и на природната дејствителна сила, која учествува во ова, иако може секое од нив да ги види такви какви што се по природа, и секое од нив да го разгледува одделно само за себе, предметот на чуството одделно од чувството, чувството без сродство на предметот на чувството со него, силата што дејствува, која учествува во ова, желбата или некоја друга сила, без страсна расположба спрема тој предмет, не дозволувајќи и на самата страст да го раководи размислувањето, ако, велам, умот успее да го направи ова, тогаш тој ќе успее да го издроби и од излиеното тело да ја расее правта (сп 2. Мој. 32, 20), така сложеноста на страста, каква и да е, ќе биле издробена и правта од неа ќе биде расфрлена по водите на знаењето и, откако наполно ќе ја уништи и самата помисла за страста, ќе се врати умот кон она дејствување, што му е својствено на неговата природа.

112. Животот, извалкан од многу гревовни телесни страсти, е како облека „испоганета од телото“ (Јуда 2, 3). Зашто со начинот на својот живот, како со некоја облека, секој човек обично пројавува каков е праведен или неправеден: еден има чиста облека, односно добродетелен живот, а другиот таа облека е извалкана од неговите лоши и гревовни дела. Или уште подобро: „испоганетата облека од телото“ е внатрешната расположба која и го дава изгледот на душата, што го има според својата совест. Од спомнувањата за лошите движења и дејствувања, кои излегуваат од телото, гледајќи ја непрестајно ваквата облека на себеси, душата се згрозува од смрдеата на страстите. Зашто, како што од духот, од разумното соединување на добродетелите на една со друга, во душата се прави негниежлива облека, во која откако ќе се облече, се покажува добра и прекрасна; исто така, и од телото преку разорното дејство на разните страсти, сродни една со друга, се прави за неа некаква нечиста и испоганета облека, која сама по себеси покажува каква е душата, давајќи и поинаков изглед спротивен на божествениот.

113. Тврдата и вистинска основа за надежта за обожувањето на човечката природа е воплотувањето на Бога, кое го прави човекот во таква мерка во каква Самиот Бог станал човек. Зашто е јасно, дека Оној, Кој станал човек без грев, може да ја обожи и човековата природа без да ја претвора во божество, може да го издигне до Себеси до таква мерка во каква се смирил Себеси поради човекот. За ова таинствено не учи големиот апостол, велејќи: „Го покажа на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христа Исуса“ (Ефес. 2, 7).

114. Душата која е покриена со рѓата и нечистотијата на сластите ја очистува тешкиот труд. Тој ја уништува во неа секоја склоност кон материјалното тогаш кога таа ќе ја согледа штетата од љубовта спрема него. И затоа Бог му дозволува на ѓаволот, според својата промисла, да ги измачува луѓето со тешки страдања.

115. Задоволството и жалоста и желбата и стравот, кои произлегуваат од нив, не биле во почетокот создадени заедно со човечката природа. Во тој случај тие би припаѓале во бројот на особеностите, кои ја одредуваат нашата природа. Тие се, според учењето на свети Григориј Ниски, воведени подоцна откако нашата природа го загубила своето совршенство. Тогаш тие биле накалемени врз неразумниот дел од нашата природа. Веднаш по погазувањето на Божјата заповед се покажала сосема јасно нашата сличност со неразумните животни, место блажениот Божји образ. Бидејќи било потребно, по помрачувањето на нашата разумност, човечката природа да биде справедливо казнета од она, од што ги усвоиле особеностите на неразумноста. Ова така премудро го устроил Бог, за да може човекот да сфати колку е поголема предноста на разумноста.

116. И страстите се нешто добро во рацете на оние што ревносно се грижат за својот добар и спасоносен живот, кога ги одвојуваме мудро од она што e телесно, ги употребуваме за придобивање на небесниот живот. А тоа бива, на пример, кога желбата ќе ја направиме со силен стремеж кон придобивање на небесните блага; сластољубието оживувачка радост под дејство на восхитениот ум кон божествените дарови; стравот грижа за тоа да не бидеме заради нашите прегрешенија подложени на вечни маки; жалоста да биде претворена во покајание со цел да се поправиме од злото. Накусо речено, кога ќе се користиме од страстите за уништување или спречување на сегашното или на очекуваното зло, исто како при придобивањето и запазувањето на добродетелта и знаењето, така што мудрите лекари ги уништуваат или спречуваат повредата во телото, која настанала под дејство на отрови или која ќе настане со противотров од телото на отровната змија.

117. Првиот закон на Стариот завет ја очистува нашата природа со дејствителна мудрост, а законот на Новиот завет созерцателно и таинствено го издигнува умот од она што е телесно кон духовните работи кои му се сродни на него.

118. Почетниците, оние што навлегуваат во предверието на божествениот дворец на добродетелите Светото писмо ги нарекува исплашени зашто тие се раководат со стравот; оние што придобиле извесна навика во разбирањето на добродетелите и во начинот на нивното извршување обично ги нарекува напреднати; а оние коишто во духовното разбирање се издигнале до самиот врв на вистинското знаење за добродетелите ги нарекува совршени. Затоа, оние коишто се одвратиле од старото кружење во страстите и што со сета своја расположба, под дејство на стравот, им се предале на божествените заповеди, не биваат лишувани од благата, кои се содветни за почетниците, иако уште не придобиле навика за извршување на добродетелите и не станале учесници во премудроста, која им припаѓа на совршените (сп. 1. Кор. 2, 6). Така и оние што напреднале и што напредуваат не биваат пишувани ни од едно благо, кое им припаѓа на нивниот степен на совршенството, иако уште не придобиле такво презрело знаење, какво што им е својствено на совршените. А совршените, кои веќе се удостоиле таинствено со созерцателното богословие и својот ум го очистиле од земните мечтаења, се покажуваат дека ја внедриле во себеси и божествената љубов, која го има без недостаток целото подобие на ликот на божествената убавина.

119. Стравот е двоен: едниот е чист, а другиот e нечист. Оној страв, кој се раѓа заради нашите гревови под дејство на очекуваните маки е нечист, зашто неговата причина е сознанието зa направениот грев. Тој страв нема да остане засекогаш, затоа ќе исчезне со простувањето на гревот преку покајанието. А оној, кој и без тоа се вознемирува и се плаши од гревовите, тој страв останува засекогаш во душата, тој страв е чист и никогаш нема да одмине, затоа што е некако поврзан со Бога, тој им е својствен на созданијата И се пројавува низ природното стравопочитување спрема Божјата величина, пред Бога, Којшто е над секое царство и секоја сила.

120. Светиот Дух е во сите; сите ги опфаќа и за сите промислува и во сите ги доведува во движење семињата на доброто. Но во оние што биле под Законот Он укажувал на престапените заповеди и ги просветувал со претскажувањето во врска со Христовите ветувања. А во сите што се во Христа, освен кај посочените, Он е и Оној Кој посиновува и повикува кон посиновување. А како Давател на премудроста, Он не е тоа за сите луѓе, туку само за оние, кои ја сфаќаат тајната и кои се направиле достојни за Неговото божествено вселување со Својот богоподобен живот. Зашто секој што не ја извршува Божјата волја, па макар и да е верник, тој има неразумно срце, исполнето со лоши помисли, чие тело е виновно за многу гревови и секогаш исполнето со нечисти похотни страсти.

121. Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да се обожат, ја исушува нивната гордост и суета како што ја исушил и бесплодната смоква со Своето проколнување (сп. Матеј 21, 19), така што тие да ја претпостават вистинската праведност на својата божемна исправност пред луѓето, та со сета душа да пристапат кон добродетелта, како што го бараат ова божествените зборови и како што живееле светците богоугоден живот и ја запазувале добрата расположба на својата душа многу повеќе заради Бога, отколку заради тоа да ја покажуваат пред Бога својата надворешна добрина.

122. Божји непријател и одмазник е ѓаволот. Овој непријател, кога од омраза кон Бога пројавува спрема нас луѓето погубна љубов co тоа што возбудува во нас разни страсти, преку сласта што ја очекуваме од нив ja измамува нашата слободна волја за да ни ги претпоставува привремените блага пред вечните и преку тоа да ни ја одзема сета добра расположба на нашата душа, одземајќи ни ја сосема божествената љубов. На тој начин не прави да Му бидеме свесни и доброволни непријатели на нашиот Создател. Одмазникот, откако ќе ја излие врз нас целата своја омраза, бара да бидеме казнети ние, кои преку направените гревови сме му постанале потчинети нему. Зашто ѓаволот не сака ништо повеќе толку, колку што сака да го види човекот казнет. И кога ќе му биде тоа дозволено од Бога, тогаш тој како бура налетува на оние, над кои, по Божјо допуштање, добил власт, измислувајќи едни по други обвинувања за нивните доброволни страдања: дека страдале не затоа што сакале да ја извршат Божјата повелба, туку затоа што сакале со тоа да ја заситат својата страсна омраза. Сето ова станува затоа: за нашата душа да изнемогне под тежината на неволјнте и страдањата, па да ја отфрли секоја надеж на Божјата помош, па напаѓајќи го со повеќе зла, место вразумување, сето тоа да стане причина за изгубување на верата и во самото битие на Бога.

123. Без Божјо допуштање ни самите демони не можат да му служат на сатаната. Зашто Бог знае оти човекољубиво и со добра промисла му дозволува на сатаната тој преку своите слуги да ни дава разни казни на нас кога грешиме. Ова ни го покажува јасно Светото писмо во расказот за многустрадалниот Jов, каде што се вели дека сатаната не можел да му направи на Jов никакво зло без Божјата согласност.

124. Бог, бидејќи добар и, сакајќи наполно да го исфрли од нас семето на злото, односно похотта на самољубието, кое го пишува нашиот ум од божествената љубов, му дозволува на сатаната да не напаѓа со разни неволји и страдања. На тој начин, преку тие неволји и страдања, сака да ја очисти нашата душа од отровот на предходните похоти и да всели во неа омраза и потполна одвратност од сегашните искушенија за телесни наслади кои не ни дале корисно ништо, туку само страдања и маки. На тој начин Бог сака и самата измачувана сила на сатаната, полна со омраза спрема нас луѓето да ја направи да биде причина за враќање кон добродетелите на оние, кои слободно и доброволно погрешиле против нив.

125. Оној што страда затоа што ја загубил Божјата благодат, ако ја признае лековитата цел на Божјата промисла, па маките и страдањата, што му се испратени, ги прими со благодарност и со радост, тој и гревот поради кој е накажан веднаш ќе го напушти. А оној што останува нечувствителен спрема лекарските намери Божји, тој со право бива лишен од благодатта што му се дава и им се предава на страсните маки и бива оставен до крај да го врши она, за што тој самиот има и расположба и стремеж.

126. Оној што не ги прима со благодарност искушенијата и страдањата, кои со Божја согласност, ни ги наложува сатаната, а не го отфрли доброто мислење за себеси, според кое сме и исправни и праведни, таквиот, не прифакајќи ги определбите на Божјиот праведен суд и согласувајќи се да биде под јаремот на вавилонскиот цар, претрпува железни вериги, глад, меч и смрт и е сосема исфрлен од својата земја. Сето ова и многу слични работи претрпува и оној, кој бива изведен, како од својата земја, од добрата расположба и навиката во духот на добродетелта и знаењето, поради своето несакање, гордоста и суетното мислење за себеси. Божествениот апостол за сите овие работи, ни говори вака: „Добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во таги за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен... во се се препорачуваме за служители Божји, со големо трпење, во неволи, во нужди, во тегоби“ (2. Кор. 12, 10; 6, 4). Знаел великиот апостол, дека тешките телесни положби имаат својство да ги запазат божествените сокровишта во душата. Затоа и доброволно ги претрпувал, и заради себеси и заради другите, на кои им бил должен да им се покаже како пример на верата и добродетелта, така што и тие, ако и по своја вина пострадаат во нешто слично на него, да ги претрпат сите страдања како епитимија, на каква бил подложен и Коринтјанинот. (сп. 1. Кор. 5, 5), да го имаме пред нас примерот на Оној што страдал невино за наша утеха, за да Го поддржуваме во трпењето.

127. Божествениот апостол разните дејствувања на Светиот Дух ги нарекува разни дарови, кои ги дарува Самиот Свети Дух (сп, 1. Kop. 12, 4). Ваквото јавување на Светиот Дух на секого му се дава според верата што е во него со давање на извесен дар. Имено, секој од оние што веруваат, соодветно со верата и душевната расположба што е во него, сразмерно го прима дејствувањето на Светиот Дух, кое му дава доволно сили и расположба за исполнување на една или друга заповед.

128. Како што еден добива зборови на премудрост, друг зборови на разум, трет на вера, а некој друг некој од наброените дарови, наброени од големиот апостол (сп. 1. Kop. 12, 8-12). Така, еден добива преку Духот совршен дар, според мерката на неговата вера, непосредниот дар на љубовта спрема Бога, која нема ништо земно во себеси; а друг преку истиот Дух го добива дарот на совршената љубов кон ближниот; а друг некој друг дар, пак од истиот Дух, како што реков, зашто секој има во себеси свој дар, кој дејствува во него. Зашто секоја силна расположба за исполнување на некоја Божја заповед апостолот ја нарекува дар на Светиот Дух.

129. Верата е сила, која одржува се внатре во добра расположба или е таа самата доброта расположба, која му дава на оној што верува натприродно, непосредно и совршено соединување со Бога.

130. Бидејќи човекот се состои од дух и од тело, тој е подложен под дејството на два закона законот на телото и законот на духот. Телесниот закон има телесно дејство, а духовниот духовно. Телесниот закон обично не сврзува со она што е телесно и материјално, а законот на духот, којшто дејствува мисловно и духовно, не доведува во единство со Бога, така што тогаш, ако „не посомни во срцето свое“ (сп. Марко 11, 23), односно не го пресече непосредното соединување со Бога, кое станува преку верата, тогаш тој. како бестрастен, каков што станал од соединувањето со Бога преку верата, ке и рече на планината: премести се одовде таму и таа ќе се премести (сп. Матеј 17, 20). Со овие зборови. како со прст, се укажува дека мудрувањето и законот на телото навистина е тежок и тешко подвижен и дека за нашите природни сили е сосема неподвижен и колеблив.

131. Преку сетивноста во човечката природа толку се вкоренила силата на неразумната љубов спрема животот, така што многумина мислат дека човекот е само тело, кое има само способност да се насладува со сегашниот живот.

132. Господ рекол: „Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда“ (Матеј 6, 33) пред се познавањето на вистината, а потоа постојаното вежбање за придобивање на добро живеење, и со тоа јасно покажал дека оние што веруваат треба да го бараат само божественото знаење и да го украсуваат со дела со добродетелите.

133. Колку многу е она што треба верниците да го прават за да го имаат богопознанието и добродетелите. Потребно е: ослободување од страстите, трпение на искушенијата, разбирање на добродетелите и видовите на соодветните дела, изгонување на пристрастието на душата кон телото, отуѓување на расположението на чувствата кон чувственото, совршено отстранување на умот од се што е материјално, и општо речено - безбројно се многу нештата, коишто се потребни за оддалечување од гревот и незнанието, и запазување во знаењето и добродетелите; па затоа Господ рекол: „Се, што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете“ (Матеј 21, 22), искажувајќи со ова што е тоа што им помага на богопознанието и на добродетелта и дека, притоа, што треба да барат и да просат оние што се побожни, зашто тоа е она што е корисно за нашата душа и Господ им го дава на оние што го бараат од Него.

134. „Животворен здив за животот“ (2. Кор. 2, 16) бил апостолот, со својот личен пример, кој ги орасположувал верниците активно да се стремат кон придобивање на добродетелното благоухание. Тој, како проповедник, оние што му биле послушни на благодатното слово, ги преведувал од телесниот во духовниот живот, а „смртоносен здив за смрт“ (2. Кор. 2, 16) бил тој за оние, кои од смртта на незнаењето пропаднале во смртта на неверувањето, давајќи им да го почувствуваат осудувањето што ги очекува.

135. Има три сили во душата: мисловна, активна и пожелна. Со мисловната сила бараме да знаеме што е добро; со пожелната го посакуваме доброто што сме го познале; а со активната се трудиме да го придобиеме тоа добро. Оние што Го љубат Бога, стремејќи се со овие сили кон божествените добродетели и кон знаењето, барајќи го едното, посакувајќи го второто и подвижувајќи се за третото, ќе добијат добра вечна храна и окрепнување на умот со знаењето на божествените работи.

136. Бог кога ја создал човечката природа, заедно со тоа што, според Својата волја, Му го дал битието, ја соединил со Неговото битие и силата за извршување на она што е добро. Под „сила“ го разбирам оној копнеж кон совршената добродетел, кој се пројавува сознателно на дело кај оној што го има тој копнеж.

137. Човекот, ако се раководи според она што му е својствено на неговото тело и ги разликува сите работи на пријатни и непријатни, тогаш, откако ќе ја погази Божјата заповед, јаде од дрвото на познавањето на доброто и на злото, од телесната неразумност и умее да го разликува она што му служи на телесното целосно запазување и, спрема тоа, пријатното го прима како добро, а непријатното го избегнува како зло. А, ако се држи сецело за ова свое расудување, разликувајќи го привременото од вечното, тогаш откако ќе ја запази Божјата заповед тој вкусува од дрвото на животот, односно од премудроста, која се изградува во умот и заради тоа ги прима вечните блага, како добро, а преодноста на привремените блага ги отфрла како зло.

138. За умот е добра бестрасната расположба спрема она што е духовно, а зло е страсната склоност спрема земното и телесното. За сетивата е добро страсното движење спрема телото, спрема нашепнувањето на сластољубивата похот, а зло е непријатната состојба заради лишеноста од ова.

139. Лозјето ни дава вино, виното причинува пијанство, а пијанството избезумување привремено загубување на разумот. Не се случува ли истото и со умот, којшто може да се спореди со лозје: ако го обработуваме со добродетелите, тој ни раѓа знаење, а знаењето раѓа добро ослободување на умот ослободување од веригите на земното.

140. Заедно со помислите за земните работи лукавиот итро вложува во нас вообразби заедно со нивните вицови и форми, преку кои обично поттикнува страсни желби спрема тие предмети само заради нивната надворешност, а нашата разумна дејност се задржува на духовното преку она што се наоѓа во чувството. Непријателот токму овде успева да ја измами душата, фрлајќи ја во страсно бранување.

141. Словото Божјо е светлина и оган, кое ги осветлува природните помисли, а ги изгорува неприродните. Тоа го разгорува и мракот на животот за оние, кои преку извршувањето на заповедите се стремат кон очекуваниот вечен живот, а оние, кои самоволно од љубов спрема телото се држат за темната ноќ на телесниот живот, ќе бицат казнети со оганот на судот и осудувањето.

142. Силата на нашиот ум по својата природа може да ги распознава телесните и бестелесните суштества; а знаењето за Света Троица го прима само преку благодатта, верувајќи само толку дека постои, но никако не се осудува да се праша што е суштината, како што го прави тоа демонскиот ум.

143. Оној што со своето чисто око на верата ќе ги согледа убавините на идните блага, тој доброволно се покорува на наредбата да излезе од својата земја, да се оддели од својата земја и од домот на својот татко, напуштајќи се што е земно и телесно и, ако му се случи некое искушение од оваа страна, над природата, кој ја претпочита на се, како великиот Авраам што Му го предал на Бога својот син единец Исака (сп. 1. Мој. 22, 1 и понатаму).

144. Оној што не за слава, и не за ненаситност, и не за угодување на луѓето, а не и затоа за да се покаже пред луѓето (сп. 1. Сол. 2. 3-5) се труди да ја извршува добродетелта и го изучува Светото писмо, туку се што прави, што мисли и што говоримисли говори, и прави за Бога, неговиот разум оди по патот на вистината.

145. Ако некој страда и се воздржува од секаква храна што ги распалува страстите и прави други работи, кои можат да и помогнат на душата да се избави од гревовните привлечности, тој го приготвува патот, за кој се говори во Светото евангелие: „Пригответе го патот на Господа“ (Лука 3, 4). А кој од суета или ненаситност, или од лаги, или од чревоугодие или од нешто друго, а не за да Му угоди на Бога презема на себеси да живее таков живот, тој „не ги прави рамни патеките Негови“ (Лука 3, 4). Тој презема труд за приготвување пат на Господа, но нема да се удостои да го има на овој пат Бога за свој сопатник.

146. Оној што му се посветил на вистинскиот живот, знаејќи дека секоја непријатност или неволја бива како смрт за секоја похот, која раѓа грев (сп. Јак. 1, 15), тој сите тешки и неволни искушенија ги прима со радост и веселба, правејќи ги преку триењето сите свои маки и неволји удобни и рамни патишта, што водат кон „наградата на горното признание од Бога во Исуса Христа“ (Филип. 3, 14). Тој оди со сигурност од заскитување по овие патишта, извршувајќи го со побожност своето патување. Зашто родителка на смрта е похотта, а смрт на похотта е страдањето волно и неволно.

147. Секој што ќе успее да ја победи многусоставната и многусложната похот да ја совлада преку воздржувањето, „да ги израмни нерамните патишта“ (Иса. 4, 5), со трпење да ги уништи жестоките и неподнесливите измачувања, тој успева кривите патишта да ги исправи. Затоа за награда за своите трудови, со кои ги совладал и похотите и тешкотиите, стремејќи се кон придобивање на добродетелите, ги совладал маките со љубовта кон вистината, на храбро и со Божја помош ќе го види како што е на пишано „Божјото спасение“ (Иса. 40, 5).

148. Оној што ќе успее со трпење да ги совлада отпорностите на доброволните страсти и со своето воздржување да ги одбива недоброволните искушенија, исправајќи ги на тој начин кризите и нерамните патишта, тој заслужено ќе го види „Божјото спасение“. Тој успеал да го исчисти своето срце, на заради своите добродетели и побожни созерцанија, на крајот од своите борби и подвизи Го гледа Бога, според зборовите на Господа: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога“ (Матеј 5, 8), примајќи ја за своите трудови и за извршувањето на добродетелите благодатта на бестрастието, без што „никој не може да Го види Бога“.

149. Умот се додека го има во себеси живо сеќавањето на Бога, преку созерцанието Го гледа Господа (сп. Псал. 26, 4 и 8), но тоа станува „во страв пред Господа“ (2. Пет. 26, 5), односно преку извршувањето на заповедите. Зашто оној што Г о бара Господа, ако не го извршува ова, не може да Го најде, затоа што не Го барал во Господовиот страв. Тогаш и Господ му помага, зашто Он му помага на секого којшто должното го прави со знаење, научувајќи го на разни добродетели и откривајќи му го вистинското значење на направените работи.

150. Без верата, надежта и љубовта не може да се направи никакво добро, како што од лошото на крајот на краиштата никакво добро не произлегува. Верата го убедува умот што се бори да прибегнува при Бога и го поттикнува кон увереност во тоа дека има приготвени секакви духовни орудија. Негова надеж е во ветувањето на Божјата помош за сецела победа на непријателските сили, а љубовта го прави непобедлив и наполно неодделив од роднинското соединување со Бога, дури и за време на самата борба, прилепувајќи ја сета негова сила во копнежливата сила кон божественото.

151. Верата го утешува умот што се бори, воодушевувајќи го со несомненоста во Божјата помош; надежта си ја замислува оваа помош и полесно го одбива нападот на противниците; а љубовта го прави мртов и без резултат за богољубивиот ум нападот на непријателите, одземајќи му ги наполно неговите сили со копнежливиот устрем кон Бога.

152. Обраќањето кон Бога само по себе сведочи за тоа дека со целосна срдечност сме ја прифатиле божествената надеж, без која никогаш, никој и во ништо не бива устремен кон Бога, зашто на надежта и е својствено да си ја претставува иднината пред своите очи како да е сегашннна и ги уверува борците во Својата сила, ги уверува дека нема да отстапи од нив Он нивниот Бог и закрилник, заради Кого на светите подвижници им претстои борба. Зашто никој не може лесно да се обрати кон доброто и кон Бога без да има надеж и искушенија.

153. Секој ум, препашан со божествената сила, ја има духовната сила, која му е како некое кнежевско старешинство, и тогаш во него се раѓа разумна вера, која секогаш не учи да Го созерцаваме Бога, Кој е неискажливо присутен и им се насладува со надеж на iдните блага, како да се сегашни, добивајќи силна желба, во која е присутна божествената љубов, која не прилепува со желба кон пречистото божество и не држи цврсто за она што го посакуваме; и раздразнителната сила, во која изобилно се водворува божествениот мир, кој ги устремува сите наши желби кон возљубувањето на Бога. Овие сили ги има секој ум како свои помошници во искоренувањето на злото и за засадувањето и запазувањето на добродетелите.

154. Оној што претходно не се очистил од страстите, не треба да започнува да ги разгледува природните работи, затоа што нивниот изглед може да го влече неговиот ум во страст, ако тој претходно целосно не се ослободил од страстите. Зашто умот, кој , за да и угоди на телесноста, долго се задржува во своите мечтаења во врска со видливите работи, станува произведувач на нечисти страсти и нема сили преку созерцание да премине кон сродни духовни предмети.

155. Оној којшто кога ќе биде нападнат од страстите храбро го заклучува чувството, наполно го изгонува мечтаењето, како и спомнувањето за видливите предмети, па потоа сосема ги задавува природните желби на умот, го истражува сето она што е надвор од него, тој , заедно со помошта на Божјата благодат, победоносно ќе ги посрами злото што го напаѓа, и тиранското насилство на страстите и на ѓаволот.

156. Кога е умот безумен, гневот невоздржан, похотта скотска, па како последица на тоа незнаењето, своеволието и срамните желби овладеат со душата, тогаш гревовната навика настапува силно и се соединува со разни чувствени сласти.

157. Умот кој се научил разумно да ги одбегнува невидливнте борби и судири со невидливите непријатели; тогаш, пак, кога е нападнат не пристапува кон никакви телесни размислувања, ниту се занимава со нешто друго, туку само се моли, со напор го изморува своето тело, со голема одлучност престанува да мудрува за земните работи и ги брани видовите на својот духовен град своите душевни добродетели ги пази добродетелите со воздржливост и трпење, така што непријателот, да не ја измами некако душата и да ја привлече на својата страна, да не ја оддалечи од Бога, напојувајќи ја „со пијалок измешан со злобата своја“ (Авак. 2, 15) и со некое лажно добро да не го привлече нашето срце, кое го бара она што е најдобро, та да не биде прелестено и свртено кон најлошото.

158. Оној што разумно и сеобемно, преку воздржување и трпење, храбро ги заклучил чувствата, а преку душевните сили им ги преградил влезовите кон умот на чувствените ликови, тој лесно ги уништува сите итри демонски стапици, го одбива ѓаволот и тој посрамен се враќа „по истиот пат, по кој дошол“ (4. Цар. 19, 33).

159. Оној што за време на нападот на искушенијата се воздржува да не помислува за видливите работи, туку се моли и го има умот свој собран кон себеси и кон Бога, тој ја убива гревовната желба, и со тоа го одбива ѓаволот посрамен, кој ја разбудил таа желба и со надеж на која и пристапил на душата со смелоста што му е својствена, напаѓајќи ја вистината со горделиви помисли. Тоа го познал големиот Давид кога пострадал од него и од личен опит добро го научил начинот на сите духовни борби со демоните, па затоа вели вака: „Додека е грешникот пред мене, онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто“ (Псал. 38, 1-2), а по него и божествениот пророк Јеремија вака му наредува на народот, велејќи: „Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас од сите страни е“ (Јерем. 6, 25).

160. Природните желби и задоволства не ги изложуваат на прекор оние што ги имаат, зашто тие се неопходни последици од устројството на нашата природа. Зашто природното ни дава задоволство и покрај нашата волја: и храната што ја примаме, која го задоволува гладот, и пиењето што ја гасне нашата жед, и сонот што ги обновува нашите сили, кои биваат истоштувани додека сме во будна состојба, и се друго што бива во нас во врска со нашите природни потреби, што e неопходно за добрата состојба на нашата природа, сето тоа ни е потребно и за придобивањето и одржувањето на нашите добродетели. Сето ова е потребно и за оној што ги одбегнува гревовните препнувања, но тие треба да бидат во разумни граници, кои не му дозволуваат да им робува, зашто тогаш тие создаваат во нас срамни и противприродни страсти, кои настануваат од прекумерното и неразумно задоволување на природните потреби, кои ни се дадени за придобивање и на долговечен живот на земјата и за бесмртен блажен живот во вечноста.

161. Делото на највозвишената Божја добрина е во тоа, што ги создала не само божествените и бестелесни природи на духовните суштества така, за да бидат одраз на Неговата неискажлнва божествена слава способни да ја восприемат за себеси сета прекрасна и недостапна убавина, туку и во видливиот свет, во разумннте суштества, кои се многу понесовршени од бестелесните духовни сили, се гледаат следи на Божјата величина, кои се особено силни на човековиот ум, кој се вдлабочува во нив и се издигнува право кон Него, со Кого се восхитува повеќе отколку со што да е од видливиот свет како да навлегува во областа на врвното блаженство.

162. Дејствителната љубов спрема мудроста го издигнува подвижникот над страстите, а оној што го знае созерцанието го издигнува над се што е видливо, издигнувајќи го сопствениот ум над се што е видливо.

163. Оној што со дејствителноста го соединува знаењето, а со знаењето дејствителноста, е престол Божји и подножје на Неговите нозе: престол според знаењата, а подножје според дејствителноста. Ако таквиот ум, очистен од секаква мечтателност за земното и секогаш зафатен и украсен со божествени помисли, некој би го нарекол небо, тој, чинам, дека не би ги пречекорил границите на вистината.

164. Почетокот на раздвижувањето на некоја страст обично е некој материјален предмет сроден со неа, зашто без таквиот предмет, кој преку некое од чувствата би ги привлекувал силите на душата, никогаш страсната желба не би се појавила; зашто нема страст што не е поврзана со некој предмет. Ако нема жена, нема да има блуд; ако нема јадења, нема да има чревоугодие; ако нема сребро, нема да има среброљубие. Затоа, како почеток на секоја наша страсна желба служи некој материјален предмет или бес, кој преку него ја распалува душата кон грев.

165. Меѓу Бога и човекот стојат материјалните предмети и умственото созерцание. Човечкиот ум, ако сака да дојде до Бога, не треба да биде заробен од материјалните предмети во својот дејствителен живот, ни од мисловните предмети во својот созерцателен живот.

166. Гневот Божји е чувство на болка за оние што биваат подучувани. Ова чувство на болка е последица на несакани непријатности во животот, со кои Бог често го смирува умот кој се гордее со своите добродетели и со своето знаење, давајќи му преку нив, да се познае себеси и својата немоќ, во што му пречи неговото суетно и горделиво срце.

167. Гневот Божји е скратување или престанување на давањето на божествените дарови, што бива за корист на умот, којшто мисли за себеси многу високо и се фали со даровите, кои му се дарувани од Бога, како да се плод на неговите лични добродетели.

168. Навистина, Божјата промисла во текот на нашиот живот не казнува со цел преку несреќи и страдања да ги научи на благодарност оние кои, наоѓајќи се во добра состојба, се покажале неблагодарни, па, чувствувајќи ги последиците на Божјата казна, да ја признаат својата грешка и Божјата сила. И, ако Бог ни дозволил, со Својата промисла, без казна да се гордееме и да мислиме дека ние самите сме заслужни за доброто што е во нас, ова ни помага сосема да не паднеме во уште поголема богопротивна гордост, на да почнеме да мислиме дека добродетелите и знаењето се постигнуваат со наши лични природни сили, а не со Божјата благодат.

169. Оној што мисли дека стигнал до врвот на добродетелите, тој веќе никако нема да ја бара изворната причина на сите добрини, туку само на себеси ќе си ги припишува сите успеси во доброто и самиот себеси, заради тоа, се пишува од тврдината и оградата на спасението од Бога. А оној што чувствува во себеси природна сиромаштија на сили за извршување на добро, тој нема никогаш да престане да брза кон Оној Кој може да му го даде она што му недостасува.

170. Божјиот гнев правично го посетува оној што високо мудрува за себеси: го остава, допушта да биде напаѓан од демоните и да претрпува порази и во својата дејствителност и во созерцанието, така што преку тоа да дојде до сознание на својата сопствена немоќ и дека за сето добро треба да Му благодари на Бога и на Неговата благодатна сила, та да се смири, одгонувајќи ја далеку од себеси својата гордост, за да не наиде на него инаку уште поголем гнев да не му бидат одземени даровите што веќе му биле дарувани.

171. Оној што нема да се смири со првиот вид на гневот со напуштањето, признавајќи дека е добар и дека го учи да биде благодарен, него го чека друг гнев, со кој му биваат одземани даровите што ги имал и бива лишен од силата, која го запазувала до тогаш. Така говори Бог за неблагодарниот Израил, претставувајќи го во вид на лозје: „ќе ја иставам оградата и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги разрушам видиштата и ќе биде газено: ќе го оставам да запусти: нема ни да го режат, ни да го копаат, ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него“ (Иса. 5, 5-6).

172. Има уште еден пат што води кон казна немање чувство за загубените добродетели. Зашто оној што свикнал да не Го почитува Бога со неисполнувањето на Неговите заповеди со тоа што се одрекол од Самиот Бог, кога Бог ќе му се закани да му го одземе животот затоа што не ги извршувал Неговите заповеди, зашто тој Му го претпоставува својот живот на Бога и своите телесни задоволства ги доживува во своето срце за нешто поголемо и од сите Божји повелби.

173. Богољубивиот и добродетелниот човек, слично на Језекиј, препашувајќи се разумно со сила против демоните, ако му се случи некогаш да биде нападнат од нив, кои започнуваат со него-невидлива духовна борба во неговиот ум, и он, заради својата молитва, ќе го прими ангелот што ќе му биде испратен одозгора, т.е. зборовите на поголема премудрост, и, откако ќе се смири, ја посечува сета ѓаволска војска, па ако не Му ја припише на Бога победата и своето спасение, туку на себеси, таквиот не Му благодари достојно на Бога (сп. 2. Цар. 32, 25) не Му принесува мноштво благодарности на Бога, кои би одговарале на неговото спасение и не ја изменил расположбата на својата душа, приближувајќи се кон Бога.

174. Да го просветиме нашиот ум со божествените разбирања, а телото наше да го украсиме соодветно со овие разбирања, правејќи го, преку отфрлање на страстите, разумна работилница на добродетели. Зашто страстите, кои му се природни на телото, немаат во себе ништо прекорно се додека им се дозволи да дејствуваат без ограничување, тогаш тие биваат достојни за прекор. Затоа и се говори дека треба да ги отфрлиме оние страсти, чие дејство е во основата природно, но употребата нивна често не е според природата и не бива управувана од разумот.

175. Оној што ќе се погордее во своето срце заради добиените дарови, па почне високо да мисли за себеси и „како да ништо не примил“ (1. Kop. 4, 7), оправдано го доживува Божјиот гнев, кога Бог му дозволува на ѓаволот да го напаѓа да ги поколеба неговите дејствителни добродетели да ги помрачи неговите умствени јасни разбирања, за да ја почувствува својата немоќ и да разбере која е таа сила, која единствено ги победува страстите во нас. Па откако ќе се покае да се смири, да го отфрли горделивото смирение, да се покае и со тоа да го умилостиви Бога да го одврати од него гневот што им го испраќа на непокајаните, кој ја одзема благодатта, која ја запазува нивната душа и го остава запустен нивниот неблагодарен ум.

176. Никој не може да Го прослави Бога, ако не го освети своето тело преку добродетелите и душата своја не ја просвети со вистините на познанието. Добрата расположба кон добродетелите е лице што со умот гледа кон небото, што издигнува кон височините на вистинското знаење.

177. Блажен е оној што сознал дека е Бог во нас. Оној Кој е во нас, како во органи, извршува секое дело и созерцание, победа и мудрост, добрина и вистина, така што ние не придонесуваме ништо од себеси, освен желбата за доброто и расположбата кон него, што ги имал великиот Зорововел, упатувајќи ги своите зборови кон Бога, велејќи: „Благословен си Ти, Кој ми подари мудрост, и Ти благодарам, Господи, Боже на татковците наши. Од Тебе победа, од Тебе мудрост, и Твоја е славата, јас сум пак Твој слуга“ (2. Ездр. 4, 60, 59). Како вистински благодарен Божји слуга, тој се My препишува на Бога, кој му подарил се, од Кого ја примил и премудроста. Нему му ја припишал сета сила од дарованите добрини, кои се, како што се вели, соединување на победата 11 на мудроста, на добродетелта и знаењето, на делата и созерцанијата, на добротата и на вистината, зашто тие, соединети едни со други, ги испуштаат зраците на единствената Божја слава и светлина.

178. Сите совршенства на светиите биле очигледно Божји дарови, зашто никој од нив немал ништо свое, освен добрините што им биле дарувани, кои се само од Бога. Он како Господар на се и на сите им подарува на сите соодветно со нивната благодарност и добра расположба. Значи, и од нас, и од нашата расположба зависи дали ќе ни бидат дадени Божјите дарови.

179. Секој од нас, според нивото на верата, што ја имаме во себеси, го добиваме дејството на Духот, така што секој самиот за себеси е раздавач на благодатта. Затоа никој од вистински мудрите не му завидува никому, затоа што има изобилна благодат, зашто секој од нас е задолжен да добие соодветна расположба, која е претходниот услов за примање на божествените добрини.

180. Причината за разликата во разделувањето на божествените добрини се наоѓа во мерката на верата на секој (сп. Рим. 12, 6); според тоа, колкава ни е верата толкава е и нашата готовност да дејстуваме во духот на верата. Затоа, според мерката на делата ја пројавуваме и мepкaтa на нашата вера. Благодатта ја примаме според Мерката на нашата вера. И оној што не работи според мерката на своето неработење ја покажува мерката на своето неверување, претрпувајќи и пишување на благодатга во таква мера, во каква е и неговото неверување. Затоа не прави добро оној што му завидува на оној што дејствува добро, бицејќи е јасно дека од него самиот зависи преумножувањето на неговата вера и на неговите дела. Потоа доаѓа и примањето на благодатта, што ја добиваме соодветно со Верата што ја имаме.

181. Светиот пророк Исаија вели: „Дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и благочестивост; ќе се исполни со страв Господов“ (Иса. 11, 2-3). A на овие дарови им се својствени: на стравот воздржувањето од лошите дела; на крепоста извршувањето на добри дела; на советот разликување на она што е спротивно на нашата должност; на побожноста непогрешното согледување на она што треба да го направиме; на знаењето разбирањето на разумноста во добродетелите; на разумот со целата расположба на душата спрема она што го познала и вкусувањето од него; на премудроста таинственото соединување со Бога, кое го прави Бог оној што се соединил со Бога.

182. „Духот на стравот Божји“ е воздржувањето од лошите дела; „духот на кротоста“ е усрдниот стремеж кон сецелото извршување на заповедите; духот на советот е навиката да го разликуваме доброто од злото, според кое разумно ги извршуваме заповедите, одделувајќи го лошото од доброто; духот на побожноста непогрешното знаење за добродетелите, дејствувајќи според него, никогаш не отстапува од она што е разумно; духот на знаењето е точното разбирање на заповедите и на нивните разумни основи, врз кои стојат и самите добродетели; духот на разумот е соединување себеси со самите заповеди преку добродетелниот живот; духот на премудроста е издигнувањето кон самата Причина на оние што ги извршуваат заповедите и соединување со Неа и, како последица на тоа, без да се знае како и на кој начин, станува освестувањето, колку што им е тоа достапно на луѓето, на она што сме го разбрале во Богa - да им го соопштуваме на другите луѓе со зборови, кои излегуваат од нашето срце како некој извор.

183. Сцена вера има оној, кој не ги исполнува Божјите заповеди според својата вера. Зашто, ако Божјите заповеди се светлина (сп. Мудр. Сол. 6, 23), јасно е дека оној што не ги исполнува Божјите заповеди, оти останува без божествената светлина, имајќи само празни зборови наместо вистинско знаење.

184. Никој што греши не треба да го оправдува својот грев со немоќта на своето тело. Зашто соединувањето со Бога Словото, по разрешувањето од клетвата, и ја обновила силата на целата природа, правејќи ја на тој начин неизвинета нашата доброволна склоност кон страстите. Бог Словото, Кое е секогаш присутно во оние што веруваат во Него, го заглушува законот на гревот што е во телото (сп. Рим. 8, 2).

185. Знаењето, ако не е зауздувано со стравот Божји, предизвикува надуеност, сметајќи го она што му е подарено како да е сопствено негово. А дејствителноста, која се умножува со Божјата љубов, не добива повеќе знаење отколку што му е потребно за она што го работи. Ова го прави смирен извршителот на Божјите заповеди.

186. Бестрасната добродетелна навика е небесно живеалиште, а знаењето што нема никаква заблуда, може да ја збркува мислата.

187. Првата бестрасност е воздржувањето од лошите дела. Тоа е присутно кај почетниците. Второто е целосното отфрлање на духовното согласување со злото, што е во оние, кои разумно одат по патот на добродетелите; третото е наполната неподвижност на страсната желба; ова е присутно кај оние, коишто од видливите работи се издигнуваат кон духовните созерцанија; четвртата бестрасност е потполната очистеност, дури и од едноставно и голо мечтаење, кое настанува кај оние, кои преку знаењето со созерцанието го направиле својот ум како чисто и светло Божјо огледало. Затоа, оној што го очистил од страсни дела, кој се ослободил од духовното согласување со нив, кој ја прекинал похотната желба спрема нив и умот свој го очистил и од самите лоши помисли, имајќи ги овие четири главни бестрасности, излегува од областа на материјалните работи, па навлегува во редовите на духовните суштества во божествениот и мирен свет.

188. Првата бестрасност се нарекува непомрднување на телото од местото кон извршување на гревот; побуда постои, но се спречува нејзиното извршување; втората е наполно отфрлување на душевните страсни помисли, со што се оневозможува првото бестрасно движење, немајќи ги во себе страсните помисли кои поттикнуваат на дејствување; третата е наполна неподвижност на похотта кон страстите, поради што бива и втората која се состои во чистотата на помислите; четвртата бестрасност се нарекува наполно отфрлање во мислите на сите земни мечтаења, според што го добива својот почеток и третата, која нема материјални мечтаења, која ги создава сликите на страстите.

189. Премудроста е почетокот и крајот на спасението на сите. Таа најнапред го раѓа стравот, а потоа, кога ќе се усоврши, ја раѓа и љубовта. Или поточно: премудроста само во почетокот се јавува како страв, за да го запази својот љубител од лошо, а потоа, кон крајот, сама од себеси природно се покажува како љубов, исполнувајќи ги со духовна радост оние, коишто благодарение на неа, завладееле со сите видливи блага.

190. Секоја исповед ја смирува душата, зашто ја учи да признае оти е оправдана со благодатта, а ја тера и да признае, дека таа самата е виновна за своите гревови затоа што не сакала да работи.

191. Исповедта е двојна според содржината: му благодари со своите чувства за подарените добрини и, второ, со чувство на самоизобличување се прекорува за злото што го направила. Исповедта е и благодарното спомнување за Божјите дарови, кои добро сме ги почуствувале и јасно сознание за лошите дела, со кои сме виновни пред Бога. И едното и другото стануваат родителки на смирението. Обично се смирува и оној што благодари за примените дарови и оној што се казнува за гревовите што ги направил, сметајќи се недостижен за примените дарови и, потоа молејќи се за простување на гревовите.

192. Страста на гордоста е составена од две незнаења, кои откако се соединат заедно, создаваат едно горделиво мудрување. Зашто горделив е оној, којшто не ја признава ни Божјата помош, ниту човечката немоќ. На овој начин може да се заклучи, дека гордоста е лишеност и од божественото и од човечкото знаење.

193. Суетата е отстапување од целта што ни ја поставил Бог и пристапување кон друга цел, која е спротивна на таа што е од Бога. Зашто суетен e оној што заради својата слава се грижи и за Божјата слава и за добродетелите Тој со сите свои трудови сака да насобере што повеќе непостојани пофалби од луѓето.

194. Човекоугодникот се грижи само за едно, неговото надворешно однесување да биде исправно и да биде видено од луѓето, за да заслужи лажни пофалби од луѓето. Тој се труди да ги поткупи погледот и слухот на луѓето за своја полза, кои биваат привлекувани само од она што го гледаат и што го слушаат и затоа и добродетелта ја оценуваат само на тој начин. Затоа, човекоугодниците се што прават, го прават само затоа да ги чујат и да ги видат луѓето.

195. Лицемерието е прикривање на омразата со покажување божемно пријателство; или е тоа непријателство прикриено со привидни добри желби; или завист која се прикрива зад божемна љубов; или порочен живот прикриен од извесен вид лажни добродетели; неправедност скриена зад лажна праведност; или измама што има изглед на вистина. Сето тоа што го прави лицемерието може да се спореди со дејствувањето на злобната и итра змија.

196. Причина на сите суштества и на секое добро ште е во нив е Бог. Затоа оној што се гордее или со своите добродетели или со своето знаење, со успехот во добродетелите со помошта на Божјата благодат, кој нема сознание за својата немоќ, очигледно е дека не избегал од лошиот дух на гордоста. Оној што прави добро заради својата сопствена слава, тој се претпочита себеси пред Бога, билејќи е прободен со бодилото на суетата. Оној што прави добродетел или што говори за неа само затоа за да биде виден од луѓето (сп. Матеј 23, 5), тој го поставил човечкото одобрување над Божјото и боледува од страста на човекоугодувањето. И оној што го покажува своето однесување подобро отколку што е, за да ги измами луѓето и да им се покаже подобар отколку што е, со наместеноста надворешна ја прикрива вистинската лоша состојба на своето срце, тој подучуван од лукавството на своето лицемерие прави со добродетелта трговија. Не е ли очигледно дека ваквиот погрешно ја поставил целта на своето живеење.

197. Демоните не го мразат целомудрието, ниту се гнасат од постот, ниту се против раздавањето на нашиот имот, ни против гостопримството, ни против пеење на псалмите, ни против редовното читање, ни против осамувањето, ни против високите размислувања, ни против спиењето на гола земја, ни против бдеењето, ниту против што и да е, со што се карактеризира богоугодниот живот, се додека како цел на таквите работи се поставува нешто што им е угодно на тие што го прават.

198. Демоните што напаѓаат тогаш кога има недостиг од добродетели се тие што подучуваат на блуд и пијанство, на среброљубие и завист; а оние демони што ги напаѓаат добродетелните се оние, кои подучуваат на високо мислење за себеси, на суета и гордост; тие на тој начин преку десната страна го сеат во нас она што e лево.

199. 0, кога и ние би им говореле на овие злобни духови, кои невидливо ни пристапуваат со неискреност за дружба, а со намера преку добро да ни причинат смрт (сп. Рим. 7, 13), кога ќе почнат да ни говорат: „ќе градиме и ние со вас“ (2. Ездр. 5, 65) та и ние да им одговориме со зборовите: „Со вас нема да го градиме домот на Господа, нашиот Бог; ние сами ќе Му го градиме на Господа, Бога Израилев“ (2. Ездр. 5, 68). „Сами“ затоа што, откако сме се ослободиле од духовите на злобата, кои напаѓаат заради недостш на добродетели, од кои сме избавени, не сакаме пак да бидеме искушувани и од вас, ние кои се погордеавме од нивното изобилие, и да паднеме со паѓање толку пострашно од првото. Тогаш ни се чинела лесна надежта на издигнувањето, затоа што тогаш бевме во бројот на оние на кои им се простуваше со снисходливост заради немоќта, а во ова или сосема нема да ја има или ќе биде многу тешка, зашто во овај случај би биле во состојба на намразени заради нашата гордост. Но ние не сме „сами“, ги имаме светите ангели за наши помошници во доброто, особено, пак, Го имаме и Самиот Бог, Кој ни се јавувал преку делата на правдата и нас не изградува за Свој храм, ослободен од секоја страст.

200. Светиот апостол Јаков пишува: „Голема сила има усрдната молитва на праведникот“ (Јак. 5, 16). Таа молитва бива засилувана на два начина. Прво, кога оној што се моли самиот е праведен. Тој се моли и неговата молитва не е само со зборови, кои се изразени само со гласови, кои немаат никаква тврда потпора под себеси, туку ги имаат за подлога извршените дела според Божјите заповеди. И затоа е таа дејствена и жива, силна и одушевена. Зашто силата и дејствувањето на молитвата зависат од извршувањето на заповедите преку добродетелите. Затоа праведниот има силна и дејствена молитва. Таа бива засилувана од заповедите што ги извршува. Второ, кога оној што ги бара молитвите на праведниот, и самиот се моли и ветува дека ќе го поправи својот дотогашен начин на живеење и навистина го прави тоа. Со ова тој ја прави молитвата на праведниот уште посилна и порезултатна.

201. Никаква корист не може да има од молитвата на праведникот, ако тој и понатаму повеќе се насладува со своите грешни дела, отколку се своите добродетели. Така некогаш и великиот Самуил го оплакувал Саула што грешел, но не бил во состојба да Го измоли Бога да биде милостив спрема него, зашто Саул не и помагал на неговата молитва со плач и со ветување дека ќе го поправи својот живот. Затоа Бог му велел на својот верен слуга да престане со некорисното плачење, говорејќи: „До кога ќе тагуваш по Саула. кого Јас го отфрлив, да не биде цар на Израилот“ (1. Цар 16, 1).

202. И за светиот пророк Јеремија е речено дека со сочувство се молел за народот, кој до безумство се прилепил кон демонските прелести. И Бог не ја услишал неговата молитва затоа што таа не била поткрепена со обраќањето на безбожните Јудејци од својата демонска прелест. Па затоа Бог му вели да престане да се моли за нив и дека нема никаква полза за нив од неговата непрестајна молитва, велејќи: „Не моли се за овој народ и не вознесувај заради него молитви и молби, и не посредувај пред Мене, зашто нема да те чујам“ (Јерем. 7, 16).

203. Знак на големо незнаење е, да не речам и безумие, да бараме спасение од молитвите на светите за оние, кои во своите срца се насладуваат со богопротивни дела, на да се молат праведниците да им бидат простени оние гревови, кои тие се уште продолжуваат да ги прават, не само со своите чувства и мисли, но и на дело. Оној што му се моли на праведникот да се моли за него, треба да настојува од своја страна да не ја прави неговата молитва немоќна и бесплодна. Тој треба тогаш да ги намрази своите гревови и да вети покајно дека нема веќе да ги прави. Треба да го намрази злото што го правил дотогаш. Со своите добродетели тој треба да ја окрилува неговата молитва; со своите добродетели да ја прави силна и во состојба да силне Силниот, Кој дава простување на нашите гревови.

204. „Голема сила има усрдната молитва на праведникот“ (Јак. 5, 16). Таа бива потпомагана или од самиот праведник што се моли или од онај што ја бара неговата молитва. Од страна на праведникот што се моли молитвата негова бива смело упатувана кон Оној, Кој е во состојба да ги услиша молитвите на праведните. А од страна на онај што бара од праведникот да се моли за него, помошта од него се состои во следново: да го намрази и остави својот грешен и небогоугоден живот и со сето свое срце да се сврти кон христијанските добродетели.

205. Зборовите на вистината знаат за двојна жалост; првата станува невидливо во душата, а втората видливо се покажува во животот. Првата ја опфаќа сета длабочина на душата; таа бива причинувана од камшиците на совеста, а втората го накажува телото, запазувајќи го од грешна природни отпаѓања од Бога.

206. Како што има две жалости од зборовите на вистината, така има и два вида на искушенија, од кои едните се внатре во областа на слободната волја, како лоши желби, а другите доаѓаат однадвор, во вид на неволни непријатности, страдања и неволи. Првите искушенија се причина за душевна жалост, а вторите за жалост сетилна и телесна.

207. Искушението внатрешно, во областа на нашата слободна волја, и причинува жалост на душата, а на чувственоста и прави задоволство; спротивно на тоа, искушението со кое разумно се сретнуваме, телото го измачува со разни непријатности, а на душата и дава утеха.

208. Мислам, дека кога Гослод и Бог наш ги научил Своите ученици како треба да се молат, тогаш со зборовите: „Не не воведи во искушение“ (Матеј 6, 13), не учел да се лазиме од искушенијата, кои се во областа на нашата слободна волја; и од возбудувањата на телото, со кои се расколебуваат добрите расположби и намери. А големиот апостол Јаков, братот на Господа, учејќи ги оние што се подвизуваат за вистината, вели: „Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија“ (Јак. 1, 2), односно оние што не се од нашата слободна волја, а кои ни причинуваат страдања и тешкотии. Ова јасно се покажува и во понатамошните молитви од Господовата молитва: „Но избави не од лукавиот“ (Матеј 6, 13), а апостолот овде вели: „Знаејќи дека испитувањето на нашата вера создава трпеливост: трпеливоста пак нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток“ (Јак. 1, 3-4).

209. Совршен е оној , којшто со доброволните искушенија се бори со воздржување, а недоброволните ги поднесува со трпеливост; а целосно совршен е оној што делата свои ги извршува со знаење и мислата своја не ја остава без дејство.

210. Умот и чувството имаат спротивно природно дејство едно со друго. Умот со своите предмети има духовни и бестелесни суштини, кои ги прима бестелесно, а чувството има чувствени и телесни природи, кои ги приема чувствено.

211. Умот, само што ќе почне да го смета чувството за своја природна сила, тогаш, откако ќе се заплетка со видливоста на материјалните работи, станува изнаоѓач на телесните задоволства, затоа што нема сили да се издигне над природата на видливите работи заради својата пристрасна расположба спрема чувството.

212. Спасително задоволство се нарекува радоста на душата заради добродетелта, а незадоволство корисно за душата е жалоста на телото заради добродетелта. Затоа, оној што страсно им се предава на чувствените блага не го свртува својот стремеж кон она што е добро. И оној што се одвратува од случајностите, кои го причинуваат ова лишување, бега од она од што не треба да бега.

213. Како што без сончевата светлина очите не можат да го видат видливиот свет, така и без духовната светлина човечкиот ум никогаш не може да ги прими духовните созерцанија. Зашто видливата светлина природно го осветлува сетивото на видот и му помага да ги види видливите предмети, а духовната светлина го осветлува умот за да може да го забележува надприродното.

214. Замислените доброволни тешкотии и наведување на недоброволни, иако ја заморуваат желбата, пресекувајќи го дејството на нејзиното движење, сепак не ја уништуваат силата и способностите за раѓање, кои се наоѓаат како закон во нашата природа. Зашто добродетелната љубов спрема мудроста обично ја раѓа бестрасноста на нашата волја, а не на природата. Поради таквата бестрасност на волјата умот го посетува благодатта на божествената наслада.

215. Неможно е Господ, Кој е по природа мудар, праведен и сесилен, како мудар да не знае како да ја излекува нашата природа, која боледува од гревот; како праведен, да не сака некако да не ни помогне силно за да го спаси човекот, кој доброволно се подложни под јаремот на гревот; а како сесилен да нема сили да го направи она што е потребно за нашето излекување.

216. Божјата премудрост се разоткрива во тоа, што Бог навистина суштествено станал човек; неговата вистина е во тоа, што Он преку Своето раѓање ја примил нашата природа, која била подложна на страдање; Неговата семожност е во тоа што преку Своето страдање и Својата смрт устроил за нашата природа непрестаен живот и неизменлива бестрасност.

217. Завидувајќи Му на Бога и на нас, ѓаволот итро My внушил на човекот дека Бог му завидува и со тоа го склонил да ја престапи заповедта. Тој Му завидува на Бога и настојува да не биде очигледна Неговата преславна сила, која го обожува човекот, така што тој со својата добродетел да не стане видливо учесник на Божјата слава. И така, тој најзлобниот ни завидува не само на нас луѓето, поради нашата слава кај Бога заради добродетелта, туку му завидува и на Бога заради тоа што ја пројавил Својата љубов во делото на нашето спасение.

218. Бог, според силата на безграничната сила на Својата добрина, ги опфаќа и ги држи сите, и ангелите и луѓето, добрите И лошите. Но сите тие не се еднакво соединети со Бога, Кој незадржливо минува низ сите; тоа бива сообразно со нивната расположба.

219. Ние не признаваме во Христа различност на лицата, затоа што Света Троица останала Троица и откако Словото се воплотило; преку ова воплотување не било додадено Ново лице кон Света Троица. Ho, во Него признаваме различни природи, за да не исповедаме тело кое е по природа единосушно на Словото.

220. Клетвопрестапник е оној којшто лажно се колне, а тоа е оној којшто Му ветува на Бога дека ќе живее добродетелно, а потоа сета своја грижа ја свртува кон нешто друго што му е сосема туѓо на ветувањето што го изрекол со својата уста и, преку неизвршувањето на заповедите, го погазува заветот дека ќе живее богоугоден живот. Накусо речено, откако претходно го избрал живеењето по Бога и откако ветил дека ќе биде потполно мртов за сегашниот живот, тој станал лажливец и клетвопрестапник, зашто, откако Му ветил на Бога дека ќе оди по патот на богоугодните подвизи, не само што не го извршил она што го ветил, туку тргнал по сосема спротивни патишта

221. Оној што нападите на неволните искушенија, слично на многустрадалниот Јов, ги претрпува со непоколеблива мудрост, тоа е силен светилник, кој ја запазува неизгаслива светлината на спасението, која ја примил од Божјата сила. Но и оној што ги знае и трите стапици на лукавиот, што ги знае борбите со невидливите сили, и тој, осветлуван со светлината на знаењето, станува за другите светилник, кој може, слично на великиот апостол, да вели: „Да не земе сатаната предимство над нас, бидејќи неговите замисли не ни се извесни“ (2.Кор.2,11).

222. Како што без масло е неможно да се запази светилникот неизгаснат, така и без придобиената навика на добра расположба, која ја храни внатрешната добрина со соодветни зборови, дела и состојби, како и со чувства и помисли собразни со нив, не може да се запази светлината на духовните дарови. Зашто, секој духовен дар бара од тебе соодветна навика или расположба од непрестајно доливање како доливањето масло, така што она што е примено со нови засилувања да биде одржувано во целина.

223. Бог се нарекува и им бива Отец според благодатта само на овие, кои за своето од Бога во духот раѓање сведочат со своите вистински добродетели. Во нив како да се гледа и самото лице на душата, која преку добродетелите ги објавува својствата на Бога Кој ги родил, а оние што ги имаат им даваат расположба на оние што ги гледаат да Го прославуваат Бога и да го нудат својот живот, да бидат и тие подражатели на нивниот примерен добродетелен живот. Зашто Бог обично не бива прославуван со голи зборови, туку со вистински дела, кои многу посилно од зборовите говорат за божествената сила и убавина.

224. Оној што покажува во себеси знаење остварено во богоугодни дела и дела продуховени со знаење, тој го нашол вистинскиот начин за тоа како Бог дејствува во нас. А оној што има некоја несогласност и разделување на овие особености една со друга, тој или знаењето го направил празно фантазирање или дејноста своја ја претоворил во бездушен идол. Зашто, беживотното знаење, знаењето без дела, по ништо не се разликува од мечтаењето на фантазијата, ако ги нема за потврда своите дела, а и самите дела, ако не се осмислени со вистинското божествено знаење се вистински идол, кој го нема во себеси знаењето што оживува.

225. Надуеноста е навистина проколната страст, која е составена од две зла од гордоста и од суетата. Гордоста се одрекува од Творецот на добродетелта и на природата, а суетата ги приспособува и добродетелта и природата; зашто во горделивиот ништо не бива според Божјата волја, а кај суетниот ништо не станува според природата.

226. Напишаниот закон со застрашување не задржува од неправдата и не приучува на правда, а сегашната навика раѓа во се правдољубива расположба, од која настанува тврдата одлучност за следење на доброто, што доведува до заборавањето на претходната порочност.

227. Обрезанието во духовна смисла и мисла значи целосно отсекување на склоноста кон телесните похоти.

228. Саботата е успокојување на страсните движења и нивно наполно недејствување.

229. Бог го заповедал почитувањето на саботата, новомесечијата и празниците, не затоа што сакал тие да бидат почитувани од луѓето како денови, зашто тоа би значело озаконување на служењето на тварите повеќе, отколку на Творецот (сп. Рим. 1, 25), со мисла дека се тие доволни сами по себеси и затоа достојни за поклонување. Но Бог преку востановувањето на денови за почитување востановнл да биде симболички почитуван Он Самиот, зашто Он Самиот е Сабота. како одмор од животните грижи и од трудовите на делата на правдата. Он е и Пасха како Ослободител на оние што биле заробени од тешките работи на гревот. Он е и нашата Педесетница како почеток и крај на се.

230. Како духовни жртви ги признаваме не само усмртувањето на страстите, кои биваат закопувани „со духовниот меч, кој е словото Божјо“ (Ефес. 6, 17), туку е и посветување на сите природни сили на Бога и принесени со божествениот оган на благодатта на Светиот Дух.

231. Власта на гревот или телесното мудрување се пресекува со благодатта на светото крштевање, а дејствителната послушност на божествените заповеди сосема се пресекува со мечот на Духот.

232. Страста на чревоугодието, со сластољубивите помисли, како со меч, лишила од чеда многу добродетели. Таа ги убива и семињата на целомудрието преку невоздржливоста; еднаквоста на правдата ја нарекува лакомство; природните сојузи на човекољубието ги разорува со самољубието. Накусо речено, страста на чревоугодието станува уништителка на сите породи на добродетелта.

233. Секој ревнител на своето спасение се грижи и за добродетелните дела и за светите помисли, зашто без добродетели и знаење уште никој не успеал да добие спасение. Дело на добродетелта е да ги доведува во уредност телесните движења преку здраво расудување, задржувајќи ги вешто како со узда од неуредности и препнувања, а дело на знаењето е добро да размислува и разумно да расудува како треба да се дејствува, а потоа да планира како тоа треба да биде приведувано во дело.

234. Секој кој ги умртвил своите земни членови (сп. Кол. 3,5), го изгасил сето свое телесно мудрување и го отсекол секое сочувство спрема него, тој би можел да рече заедно со блажениот апостол Павле: „Кој ќе не одвои од љубовта Божја: тага ли, невола ли или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч“ (Рим. 8, 35)? Секој од ваквите останал и без татко и без мајка, и без блиски роднини, слично на великиот Мелхиседек (сп. Евр. 7, 3), немајќи со што да го додржуваат своето тело и својата природа заради наполно соединување со духот, што станало во него.

235. Сметам дека не е справедливо крајот на животот да го нарекуваме смрт. Поправилно е да го нарекуваме избавување од смртта, оддалечување од царството на гниењето, ослободување од ропството „прекратување на грижите, завршување на борбите, излегување од темнината, одмор од напорите, престанување на вриењето, скривање од срамот, засолниште од страстите и, општо речено, крајот на сите зла, во кои светите, кои се исиравиле преку слободното самоумртвување, се направиле туѓинци и придојдени на оваа земја и во овој живот. Зашто, борејќи се храбро со светот и со своето тело, и со бунтувањата што настапувале во самите нив, откако ги задавиле и едните и другите, совладувајќи го и сочувството кои се што е земно и телесно, ги победиле и прелестите, кои се раѓаат од нив, тие го запазиле во себеси непоробено достоинството на својата душа.

236. Светиите биле благи и човекољубиви, добри и милосрдни. Тие се покажале дека имаат подеднаква љубов спрема целиот човечки род, а со силата на тоа во целиот свој живот го запазипе она што е најдобро од се смирението,„кое е пазител на сите добрини и разурнувач на се што е нивни противник. Тие биле неуловливи за искушенија, кои и нас не прогонуваат, како оние доброволните, кои се од нас, така и оние недоброволните, кои не се од нас. Нападите на доброволните искушенија ги задушувале со воздржување, а недоброволните - ги одбегнале со трпеливост.

Свети Максим Исповедник