Преподобниот отец Теогност

Не можеме со сигурност да кажеме дали овој преподобен отецТеогност, авторот на следните текстови, бил оној Александриец - толкувачот, за кого зборува Фотиј во своето 106-то четиво, или е некој друг, а не можеме да кажеме точно ни кога живеел. Но, како што дрвото се познава по плодовите што ги раѓа, така и за него можеме да кажеме дека бил од бројот на оние, кои имале добар живот - и со начинот на живеење и со својот разум, и дека заради чистотата на својот живот се удостоил да Го има во себе си Светиот Дух, со Чие озарување бил просветуван неговиот ум, вдахнуван со оживотворувано вдахновување, како да испеал некоја свештена песна, испишувајќи ги овие глави. Тие, заради благодатта што е скриена во нив и заради духовните соѕерцанија, - им го насладуваат и умот и срцето на оние што ги читаат и поттикнуваат во нив ревност за животот - опишан и објаснет во нив, зашто во нив е изложен точно дејствителниот живот, а се дава и непогрешно укажување за издигнувањето во соѕерцателниот живот. Освен тоа, во неговите списи, оној што сака, може да се поучи и за тоа: каков треба да биде свештеникот и како треба да дејствува оној што е удостоен со свештеничкиот чин. На сите оние, кои ќе ги читаат овие глави трудољубиво и со внимание - ќе им пружат богата морална поука и сигурно раководство во спасоносната трезвеност.

Преподобниот отец Теогност