Преподобниот Филотеј Синајски (pdf)
Преподобниот Филотеј Синајски
Преподбниот отец наш Филотеј бил игумен на духовното монашко стадо на Синај, поради што бил наречен Синајски. Непознато e кога живеел и кога го завршил својот земен живот. Неговото Слово за трезвението, кое го поместуваме во овој зборник е разделено на 40 глави. Тоа e составено прекрасно и исполнето е со неискажлива мудрост и голема полза за нашата душа. Затоа се смета за несправедливо да биде одвоено од списите на другите свети оци за трезвеноста. Овој негов спис бара големо внимание. Зашто, ако би го нарекле „точно објаснување и вистинско правило на трезвението, на запазувањето на умот и чистотата на срцето“, не би погрешиле против вистината.
Преподобниот Филотеј Синајски