Теолипт, митрополит Филаделфиски

Теолипт бил навистина големо светило на Филаделфија, особено за време на византискиот цар Андроник II  Палеолог, во првата половина на IV век.

Од почетокот се подвизувал на Света Гора, а потоа бил повикан оттаму и бил хиротонисан за епископ на Филаделфија. Таму, ученик му бил Григориј Солунски, кого го поучувал и го раководел во духовниот живот. Нему му давал прекрасни поуки за светата духовна трезвеност. Му ги открил и тајните за умствената молитва. Тоа било тогаш кога тој се занимавал со световни работи, како што е речено во неговото житие, напишано од цариградскиот патријарх Филотеј.

Словото, што го поместуваме во овој Зборник, е точна слика и верно правило за дејствувањето скриено во Христа, како и оние глави што следат по него во кои се прекрасно поврзани божествените мисли со чистотата на изразувањето.

Нив ги објавуваме овде, заедно со списите на другите оци, затоа што се попоучни од многу други поуки за духовниот живот, и што се особено скапоцени за оние, кои сакаат накусо да имаат преглед на целото богомудро учење за духовната филозофија.

Теолипт, митрополит Филаделфиски