Христос по руските робијашници (pdf)

 

Архимандрит Спиридон Киевски

Книгата на записи на отец Спиридон ни ја покажува состојбата која владеела во Русија пред да дојдат на власт Ленин и неговите хорди. Народ поднапиен или пијан, развратен и лишен од силата на целомудрието; свештенство кое само однадвор било побожно; каде-каде немилосрдни управители на затворите кои со работа ги убиваат затворениците... Сето тоа ги правело предусловите за пожарот на револуцијата, кој во овој век однесе оклу сто милиони човечки животи.

Отец Спиридон сето ова го видел; за сето ова пишувал, страсно и беспоштедно како вистински христијански патриот. Но, го видел и она другото – побожни селани-подвижници, светци со букагии на нозете... Не треба да заборавиме: руската империја, на своите затвореници им давала можност да го читаат Евангелието и да слушаат проповеди, да постат, да се исповедаат и да се причестуваат. Само од руска царска робија Достоевски можел да се врати како писател, и да биде прифатен во друштвото и забележан од императорот; само од руска царска робија покајниот разбојник можел да отиде во Валаамскиот манастир. Рускиот народ своите робијаши ги нарекувал „несреќнициˮ, и не ги презирал ниту мразел, ами настојувал да им помогне со милостиња.

А потоа дошло добата на Советите, кога на робија праќале за да ги уништат најдобрите. И тоа веќе не била робија, туку концентрационен логор, чија основна цел е: да се разори последната светиња на човечката душа, да се лиши човекот од можноста за спасение. Логорашот престанувал да биде човек и станувал предмет на најсурово изживување за кое човештвото знае.

Кога отец Спиридон ги кажувал своите сомени, сето тоа било далеку и непоимливо, произлезено од маглата на човечките беззаконија, и останало да ги јаде срцата на русите преку седумдесет години.

Исчезнало милосрдието према робијашите. За да останат во живот, и  најблиските роднини морале да се одрекуваат од „народните непријателиˮ. Животот станал непрестајно лажење и кукавично ќутење. Секоја храброст можела човека да го чини глава.

Сепак, и во такви услови се опстанало; сега Русија полека станува, ја истресува од себе окваноста во движењето и гледа кон Исток, очекувајќи повторно да огрее Сонцето на Правдата.

Архимандрит Спиридон Киевски