Архимандрит Спиридон Киевски

Големиот руски мисионер и Христов сведок, минувајќи го патот на проповедање на зборовите Божји на незнажбошците и на затворениците, се нашол во виорите на Првата Светска војна како воен свештеник. Неговите проповеди биле толку силни, што војниците влегувале во борба без никаков страв, макар и само еднаш да го слушнале. Тој, отец Спиридон, ја напуштил војната со гнасење кога видел како германските авиони, со крст на крилата, бомбардираат и митралираат. Крстоносна челична птица која сее смрт – тоа го вчудоневидило и го заболело толку што отишол од рововите. Во Киев стигнал во 1917 год. Веднаш почнал со мисионарење по работничките предградија, меѓу војниците разочарани и без надеж, меѓу сиротите и бедните. Никој, па ниту најзакоравените симпатизери на болшевиците не го спречувале да ја проповеда речта Божја. Никој не го исмевал.

Подоцна, кога на власт дошле комунистите, отец Спиридон продолжил со мисионарење, како во градот, така и по селата. Годината 1927, кога митрополитот Сергеј ја потпишал срамната декларација за признавање на советската власт, неуморниот трудбеник на нивата Божја одбил да општи со сергијанците, останувајќи меѓу свештениците верни на заветот на светиот Тихон Исповедникот, патријархот московски. Се упокоил во 1930 година. Погребната поворка која ја сочинувале работниците и сиротите од Киев, била долга неколку километри.

Бог душа да му прости!

                                                                                  Владимир Димитријевиќ