Старец Пајсиј Светогорец

Едно попладне отидов да го посетам старецот. Покрај оградата на неговата ќелија стоеше човек стар околу триесет години и чекаше да му ја отвори вратата.

Кога пристигнав, отец Пајсиј отвори прозор и запраша кој е.

Му одговорив:

„Јас сум, отче и еден мнрјанин“ (му го кажав и неговото име).

„Кажи му да си оди“, рече старецот.

Тогаш мирјанинот почна да преколнува:

„Јас навистина сакам да ве видам, отче“.

Старецот прекорувачки рече:

„Оди, ти ме вознемируваш, зашто му веруваш само на сопственото мислење и не слушаш што ти зборувам. Зошто си губел време доаѓајќи ваму?“

Повторно му рече да си оди и дури тогаш излезе и ми ја отвори вратата.

„Тој е вистински товар“, рече отец Пајсиј. „Воопшто не ги слуша моите зборови, ќе дојде, ќе праша нешто и си заминува. По извесно време, повторно ќе дојде и пак ќе праша за истото. Тоа се случува затоа што ги слуша само сопствените помисли и го заборава она што сум му го рекол, или пак, од сето тоа не разбира ниту еден збор“.

Го посетуваше уште едно момче кое целосно се надеваше на сопствените помисли и падна во прелест. Еден ден дојде кај отец Пајсиј, кој му рече:

„Не ги слушај своите помисли, зашто ќе завршиш така што ќе полудиш. Биди внимателен, ти имаш добра машина, но, нејзините тркала се завртенн во погрешна насока. Мораш да ја насочиш во добра насока, таму кај што се наоѓаат добри помисли. Тоа, со Божја помош, можеш да го направиш единствено ти самиот. Никој тоа не може да го направи за тебе, зашто си слободен и независен. Сврти ги тркалата и твојот духовен отец ќе ти го покаже правецот“.

Еден од монасите, кој престојувал во светогорската пустина, си вообразил дека е светител и мислел дека никој на светот не е сличен на него. Некои од монасите, кои добро го познавале, го запрашале отецот Пајсиј, дали да го одведат кај психијатар. Старецот им рекол:

„Лекарите не можат да им помогнат на таквите луѓе. Монах ако отиде кај тие лекари само ќе направи будала од себе. Лекарот ќе му препише некои таблети кои можат да користат во случај на сериозна здравствена состојба, но само за краток период. Би требало некој друг да стави лек во неговата храна, да му покаже духовна љубов и да се обиде да ги исправи неговите помисли. Неговиот проблем е од духовна природа: вкоренет е во неговото его и претераната наклонетост и доверба кон сопственото мислење. Не постои ништо полошо од наклонетоста и довербата кон своите помисли“.

Во тој момент, старецот Пајсиј замолкнал и отишол настрана со еден монах. Му раскажал приказни за тројца луѓе кои, речиси, ги уништиле своите животи, верувајќи му на сопственото мислење:

1) Еднаш дојде едно момче кое мислеше дека има најмала глава на светот. Тоа веруваше дека неговата глава има обем на портокал. Го убедував дека неговата глава е со нормална големина и дека, всушност, е нешто поголема од мојата. Меѓутоа, момчето, не беше уверено.

Тогаш му реков:

„Сакаш ли да донесам жица и да ги иамериме главите, така што, и лично ќе се увериш дека работите стојат онака Како што јас ти велам, а не онака како што ти велат твоите помисли?“

Го прифати мојот предлог и донесов жица. Откако ги Измернв главите, открив дека неговата глава е поголема од мојата, речиси, за три сантиметри. Меѓутоа, тој уште не беше сигурен и јас му ја дадов жицата самиот да ги измери. Иако и самиот откри дека неговата глава е нешто поголема од мојата и понатаму тврдеше дека тоа не е точно. Неговиот ум беше „прилепен“ за помислата која му говореше дека неговата глава е многу мала. Повишувајќи го тонот, го искарав поради неговото неверие и недостиг на доверба кон другите луѓе и му реков да си замине.

2) Еден човек тврдеше дека слуша птица која постојано пее во неговото уво. На сите им зборуваше за ова и обично се жалеше, дека не е во состојба да се смири поради гласното пеење на таа птица. Роднините не му веруваа, зашто во неговото уво не гледале никаква птица. Меѓутоа, тој повеќе пати се обидуваше да ги увери, дека слуша пеење од птица во своето уво. Рoднините тогаш одлучиле да се посоветуваат со лекарот кој, инаку, бил нивен пријател. Тој ги советувал да купат птица во кафез и потоа да го повикаат да ги посети.

Откако купиле птица, роднините го повикале лекарот.

Кога пристигнал, му ја дале птицата и му кажале на пациентот, дека лекарот дошол за да испита, што го предизвикува тоа пеење во увото.

Додека во раката внимателно ја криел птицата, лекарот го прашал човекот што го мачи. Пациентот му повторил дека слуша птица која пее во неговото уво. Тогаш лекарот го замолил да му го покаже увото.

„Дозволете ми да видам“, му рекол.

Додека го допирал увото, погледнал внатре и рекол:

„Па да, еве ја, тоа е една многу мала птица која прави врева во вашето уво и ви создава неволји. Стрпете се за момент, ќе ја извадам“.

Докторот се преправал како се обидува да ја извлече птицата од увото, а потоа рекол:

„Еве ја! Дали се уште слушате нешто?“

Човекот, сиот среќен, одговорил:

„Не, пеењето сега престана! Ви благодарам што дојдовте докторе, зашто таа птица ме изпудуваше. Сите ме исмеваа, зашто не веруваа на ниту еден збор од она што го зборував!“

3) Следниов настан се случил пред шеесет години, во еден светогорски манастир. Еден од монасите си вообразил дека е светител, поради што обично велел:

„Нема потреба да примам Света Причест, зашто во себе Го имам Самиот Христос“.

Сакаше да биде маченик и еднаш дури се обиде да се самоубие. Монасите одлучија да го заклучат во ќелија и секогаш еден од нив да се грижи за него. Секогаш беа многу претпазливи, со оброкот никогаш да не му даваат лажица или нож, со што би се обидел да „стане маченик“, што, според неговото мислење, би го направил од љубов кон Христа. Се труделе да му донесат храна која може да се јаде без употреба на било каков прибор.

Во еден празничен ден, сите монаси за ручек добиле сардини. Нему, исто така, му донеле затворена конзерва сардини, која некако успеал да ја отвори, а потоа се обидел да го пресече вратот со нејзиниот остар раб. Вриснал од неподнослива болка, така што, монахот кој го чувал, без двоумење, се втрчал во неговата ќелија. Го затекнал како обилно крвари и го запрашал:

„Што cе обидуваше да направиш?“

„Сакам да станам маченик и да бидам овенчан со маченички венец“.

Тогаш монахот му ја зел конзервата и му рекол:

„Не можеш да станеш маченик, зашто не си во состојба да поднесеш болка. Сакаше веднаш да умреш, па затоа ја искористи конзервата за да си го пресечеш вратот. Според Божјата волја, мачеништво ќе биде она што јас ќе ти го сторам“.

Откако му ставил завој околу вратот, за да го запре крварењето, монахот донел кожен ремен и почнал силно да го удира. Монахот од страшните болки почнал да вика за помош и да бара од него да престане.

Меѓутоа, друг монах му рекол:

„Зарем не сакаше да станеш маченик? Сега ќе те тепам до смрт!“

„Не, повеќе не сакам да станам маченик; ме боли!“

Така, постепено станал свесен за својата недостојност и се смирил, па со самото тоа и се исцелил“.

За да покаже колку е погубна довербата кон сопствените помисли, старецот Пајсиј, овие три настани му ги раскажал на монахот кој го донел својот собрат монах, бидејќи овој, исто така, сметал дека е светител. Во продолжение рекол:

„Кога мирјаните ги слушаат своите помисли и имаат доверба во нив, тогаш го губат разумот, додека монахот запаѓа во прелест. Меѓутоа, монахот не би смеел да зема средства за смирување, зашто неговите лекови се смиреноумието и покајанието. Овој монах нема ниту една од тие добродетели. Кога тие ќе се вратат во неговото срце, тогаш и неговиот проблем ќе биде решен“.

„Понекогаш“, продолжил, „се случува децата лошо да постапуваат кон родителите или да ги навредуваат. Тие, во истиот миг стануваат привлечни за демонските дејства и се збунуваат. Кога ги караат или клеветат родителите, му даваат право на ѓаволот да влезе во нивните животи и со нив да управува“.

„Кога некој им верува на своите лоши помисли, се стреми да ги омаловажува советите на другите луѓе. Освен своите помисли, тој може да го послуша само оној, кому безгранично му верува. Кога му е потребна помош, ја прифаќа само од "личност во која има најмногу доверба“.

„Што се однесува до лековите, како што се средствата за смирување, можат во одредена мера да им помогнат на луѓето со сериозно нарушена здравствена состојба, односно, на оние кои многу фантазираат или се наоѓаат на работ од лудило.

На пример, ако менталната состојба на нашиот ближен сериозно е влошена, би требало да му дадеме извесна количина лекови, за да се стабилизира. Истовремено мораме да му ја покажеме својата љубов и да се обидеме да го поправиме негативниот начин на неговото размислување, убедувајќи го да не ги слуша своите помисли. Доколку неговата состојба се подобри, дозата на неговите лекови, исто така, треба да биде намалена.

Кога умот на нашиот ближен ќе се оддалечи од смирението, ќе стапи во светот на фантазијата. Ако земе лек, тој престанува да замислува или да фантазира и светот на неговата фантазија станува ограничен. Тогаш почнува да се чувствува поспано, уморно и изгладнето и, општо говорејќи, телесно станува сѐ послаб и додека порано мислел дека е бестелесен ангел, сега се чувствува како човечко битие кое го носи товарот на сопственото тело“.

„Не постои магична терапија која автоматски ќе исцели некого, чијшто ум е заблуден од постојаната обземеност од своите лоши помисли. Меѓутоа, постојат извесни чекори кои треба да се преземат за оздравување.

Прво и најважно е, личноста да стане свесна за својата тешка состојба.

Откако ќе го сфати тоа, како втор чекор што треба да следи e покајание и одење на исповед, при што, веќе никогаш нема да го слуша гласот на своите помисли туку, напротив, ќе го послуша советот на својот духовен отец.

Како трето, кога човек ќе стане свесен за својата бедна состојба, треба непрестајно да Го преколнува Бога за милост преку молитвата Исусова и Христос ќе му помогне. Неговата божествена благодат повторно ќе се всели во човекот.

Човекот може да се исцели и спаси само по пат на смиреноумие, единствената чудотворна терапија што ја знам. Нас, само смиреноумието може да нѐ спаси“.

„Човекот е променлив. Од една страна, грчевито се фаќа за своите добри помисли, а од друга, пак, за оние негативните и заблудените. Тој го прави она што сака и кога сака, зашто има слободна и независна волја. Истото може да се примени и на божествената благодат и прелеста. Бидејќи човекот непрестајно се менува, божествената благодат и прелест доаѓаат и заминуваат по одреден редослед.

Ако човек живее во светот на својата гордост, односно во светот на сопствените помисли, се исполнува со прелест и запаѓа во опасност. Тој не смее да ги слуша своите помисли кога се обидуваат да го заведат лево или десно, со цел да го уништат. Тие, од една страна, го убедуваат дека е исполнет со добродетели, добар, вистински подвижник, надарен и речиси светител, а од друга страна, пак, му говорат дека е промашен и дека за него нема надеж за спасение. Во него, неговнте помисли ќе изградат погрешно верување дека е совршен и на тој начин ќе ја побудат неговата гордост или, пак, ќе го убедат дека е безнадежно изгубен и ќе го исполнат со очајание. Тој мора да ги занемари и позитивните и негативните помисли, да ги исповеда кај својот духовен отец и да биде послушен во сѐ што ќе му каже духовникот. Првенствено мора да му верува на духовниот отец, а не на сопствените помисли. Освен тоа, мора да стекне убедување дека не е ништо друго, освен душа која се подвизува и во своите молитви постојано ја повикува Божјата милост за очистување на својот ум.

Во зависност од тоа, колку човекот мисли смирено за себе, во него пребива Божјата благодат која го штити. Кога, пак, ќе се оддалечи од смирените помисли и ќе почне да размислува за она што велат или прават патријархот, епископот, игуменот или други монаси, благодатта Божја почнува да се повлекува.

Значи, најважно за нас е, да го зачуваме чувството за смиренне и на тој начин да ѝ допуштиме на Божјата благодат постојано да пребива во нас“.

„Кога нашата душа живее немарно и не стражари над своите помисли, постепено ќе се исполни со нечисти и лукави помисли. Поради тоа во луѓето почнуваат да се развиваат психолошки проблеми кои постепено се натрупуваат. Наоѓајќи се во ваква ситуација и соочувајќи се со проблемот, некои луѓе тоа не го согледуваат и не се во состојба својот пад смирено да го исповедаат пред духовниот отец. Наместо тоа, бараат „световно“ решение и бараат совет од психијатар, кој, неминовно им препишува лекови. Таблетите нема да го решат проблемот и кога еднаш ќе престанат со земање на лекови, проблемот повторно ќе исплива на површина. Значи, човекот повторно ќе се најде во истата, тешка состојба. Единствено решение е, да стане свесен за проблемот, да му го исповеда на духовниот отец и потоа, смирено да го следи неговиот совет.

Во нашево време, луѓето губат контрола над своите животи и не знаат што прават. Причината е во тоа што не сакаат да бидат раководени и, наместо тоа, сакаат да живеат невознемирено и по сопствената волја, која може да ги доведе до потполна пропаст. Бог на човека му дал слобода и независност да може да постапува како што сака, но, исто така, му дал и знаење и способност да сфати дека не е во состојба да прави добро, потпирајќи се само на себе... Без Мене не можете да направите ништо (Јован 15, 5). И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго? (Лука 12, 26).

Значи, човекот ја користи слободата и независноста не земајќи ја предвид својата човечка слабост и поради тоа станува опрелестен. Наместо Божјата благодат, со неговиот живот управува човечката логика и неговиот ум се помрачува. Тоа е застрашувачко“.

„На луѓето секогаш им го давам овој совет и барам да се придржуваат:

1. Да станат свесни за својот проблем, односно, за својата отуѓеност од Бога,

2. поради тоа да се покајат и

3. смирено да отидат на исповед.

Луѓето денес, повеќе отколку било кога, се подложни за ѓаволско влијание во нивните животи и ќе бидат безбедни само доколку ги следат гореспоменатите совети“.

Еден ден го посетив старецот заедно со уште тројца монаси. Инсистираше дека во умот постојано мораме да имаме добри помисли. Го зеде Стариот завет и почна да ни чита извадок за царот Дариј, кој го фрлил пророкот Даниил во лавовска јама (Дан. 6, 14-18).

Старецот го коментираше фактот, дека утредента и самиот цар слегол во јамата за да види дали лавовите го растргнале Даниила и запрашал: Данииле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му служиш, може ли да те избави од лавовите"? Даниил одговорил: Царе, жив да си довека!... Тогаш царот многу се зарадува за Даниила (Дан. 6, 20, 21 и 23).

Старецот потоа додаде:

„Даниил да размислувал негативно, би му рекол на Дарија: „Срам да ти е! Не само што ме фрли во лавовската јама, туку, уште имаш и смелост да ме прашуваш дали сум добро!“

Меѓутоа, тој секогаш имал добри помисли и поради тоа Бог ги спречил лавовите да го раскинат.

Истото би можело да се примени и на трите момчиња во вжарената печка. Тие не роптале против Бога, ниту се прашувале: „Зошто Бог допушти да бидеме фрлени во вжарената печка, кога секогаш се покорувавме на Неговите закони?“ Напротив, тие се укоруваа себеси и Го прославуваа Бога: Да си благословен, Господе, Боже на татковците наши, нека е фалено и прославувано името Твое во сите векови. Зашто Ти си праведен вo сѐ што направи со нас и сите Твои дела се вистински, патиштата Твои се прави и судовите Твои се вистински. Ти изврши вистински суд вo сѐ што испрати против нас и против Ерусалим, светиот град на татковците наши, бидејќи по вистина и по суд Ти го испрати сево ова против нас заради гревовите наши. Оти ние згрешивме и постапивме против законот кога отстапивме од Тебе, и во сѐ згрешивме. Заповедите Твои не ги слушавме и не ги пазевме и не постапувавме како што ни беше заповедал, за да ни биде добро (Дан. 3, 26-30 - Молитвата на Азариј и Химната на трите момчиња).

„Ја забележувате ли“, нѐ запраша старецот Пајсиј, „позитивната природа на мислата нa трите момчиња, што е во непосредна врска со нивното смиреноумие? Добрите и смирените помисли можат да ги припитомат и лавовите, да ја изладат вжарената печка и да ја преобразат во небесно место. Своите проблеми мораме да ги прифатиме со трпеливост, добри помисли и смиреноумие и на тој начин да ѝ допуштиме на Божјата благодат да ни помогне“.

***

Еднаш го запрашавме старецот Пајсиј:

- Вие, отче, непрестајно зборувате да мислиме позитивно. Би сакале да нѐ посоветувате како да се соочиме со следниов проблем. Често ни доаѓаат луѓе и велат дека некои свештеници земаат многу пари за вршење на светите Тајни, велат дека пушат и седат во кафеани, па дури го велат и тоа, дека некои свештеници се вплеткани во неморални работи, генерално, жестоко ги обвинуваат и изнесуваат докази за да го оправдаат тоа. Што да им одговориме на луѓето кои го обвинуваат свештенството?

Од искуство знам, дека луѓето се поделени во две категории. Трета категорија не постои; луѓето припаѓаат или на едната или на другата. Првите потсетуваат на мува. Главна особина на мувата e, дека неа ја привлекува нечистотијата. Кога, на пример, мувата ќе се најде во градина полна со цвеќиња кои прекрасно мирисаат, таа нема ни да ги забележи и ќе застане на некоја нечистотија, што ќе ја најде на земјата. Ќе почне да лета наоколу и ќе се чувствува сосема пријатно во смрдеата. Кога би можела мувата да зборува, и вие би побарале од неа да ви покаже трендафил во градината, таа би одговорила: „Јас воопшто не знам како изгледа трендафилот. Само знам каде да најдам ѓубре, тоалети и кал“. Постојат луѓе кои потсетуваат на мува. Луѓето кои ѝ припаѓаат на оваа категорија навикнале да мислат негативно и во животот секогаш ги бараат лошите страни, омаловажувајќи го и одбивајќи го присуството на доброто“.

Втора категорија се оние кои потсетуваат на пчела, чија главна особина е, секогаш да бара нешто слатко и пријатно за да се спушти на него. Кога пчелата би се нашла во соба полна со нечистотија, со едно парче бонбона во аголот, таа би ја занемарила сета онаа нечистотија и би се спуштила на бонбоната. Кога од пчелата би побарале да ви покаже каде се наоѓа ѓубрето во градината, би одговорила: „Не знам. Само можам да ти кажам каде ќе најдеш цвеќиња, сладост, мед и шеќер“. Таа знае само за добри работи во животот, додека оние лошите ѝ се непознати. Тоа е друга категорија на луѓе која има позитивни мисли и ја гледа само добрата страна на работите. Тие секогаш се трудат да го прикријат злото за да ги заштитат ближните; напротив, луѓето од првата категорија се трудат да го изложат злото и да го изнесат на површина.

Кога некој ќе дојде кај мене и ќе почне да обвинува други луѓе, ме доведува во тешка ситуација и јас му го кажувам овој пример. Тогаш му велам да одлучи на која категорија сака да ѝ припаѓа, за да може да најде слични на него луѓе и со нив да се дружи“.

Старецот Пајсиј постојано ја нагласувал важноста на побожните мисли за духовен живот. Обично би говорел дека добрата помисла e еднаква на бдението на Света Гора. Ни го раскажа и следниов настан:

Еден ден, некој дојде да ме посети, но бев зафатен и му реков да ме почека во капелата. Подоцна, ја напуштил капелата и влегол во мојата гостинска соба, а јас воопшто не забележав дека на столот во капелата ги заборавил цигарите. Во меѓувреме пристигна и друг гостин; тој, исто така, влезе во капелата и ме чекаше додека да го примам. Кога го повикав, ме праша:

- Старче, дали пушите?

- Не, му реков. Зошто прашувате?

- Видов кутија цигари во капелата, ете зошто.

- Сигурно ги заборавил човекот кој беше овде пред вас, а јас не ги забележав.

Кога тој замина, за првпат на посета ми дојде едно дете. Затропа на вратата и јас веднаш го прашав што сака.

- Сакам да го видам старецот Пајсиј. Овде ли е?'

- Мислам дека не е, му одговорив. Отиде во Кареја за да купи цигари.

Детето на ова наивно одговори:

Нe е важно, отче. Kе почекам додека да се врати.

Ја гледате ли разликата помеѓу двата начина на размислување. Првата личност, која ги најде цигарите во капелата, имаше негативни и сомничави помисли, додека детето, иако му реков дека старецот Пајсиј отиде да купи цигари, реагираше на сосема спротивен начин. Тоа, едноставно рече дека ќе почека, не прашувајќи дали старецот пуши, или, зошто му се потребни цигари“.

Еден ден ме посети едно момче, полно со лоши помисли и изрази желба да биде мој ученик. Му објаснив:

„Не сакам да имам ученици. Секогаш имам многу посетители и тоа би можело да се заврши така, што тие ќе ги запостават своите духовни обврски поради грижите околу моите гости. Освен тоа, јас веќе со години сум монах и паралелно со добродетелите кои ги достигнав, имам и некои слабости од кои не успеав да се ослободам. Според тоа, доколку дојдеш да живееш овде, моите добродетели (пост, молитва, бдение) би можеле да ти наштетат, зашто не би бил во состој ба да го следиш моето строго правило; моите слабости, исто така, би можеле да ти наштетат, зашто не би бил во состојба да ги поднесеш. Поради тоа не можам да те прифатам како свој ученик.

Момчето, најпосле, отиде да посети други манастири.

По неколку часа, седев во градината и јадев два патлиџани без масло и парче леб, размислувајќи за сите добри нешта што ми ги дал Бог. Ми дал убава куќа со прекрасна околина на што и богаташите би ми позавиделе; за разлика од многу луѓе кои се борат за живот, не морам да плаќам никаква кирија; секојдневно добивам храна, а не морам напорно да работам во некоја фабрика; монасите кои живеат во мојата околина се прекрасни. Додека ме исполнуваа такви мисли, во себе почувствував слатка болка поради неблагодарноста кон Бога и почнав да плачам, така што, повеќе не можев да јадам. Наоѓајќи се уште во таква расположба, ненадејно го здогледав она момче, кое претходно ме посети и бараше да биде мој ученик, како стои покрај оградата. Не сакав да ме види како плачам, па влегов во куќата да се измијам, а потоа ја отворив капијата за да го пуштам внатре. Изгледаше вознемирено и ми рече:

Не се преправај дека си подвижник! Видов дека јадеш месо, а кога ме здогледа, влезе внатре за да се скриеш! Сега знам кој cи ти навистина!

Почнав да се смеам, но не се правдав. Бев вчудовиден од неговото размислување и начин на кој во себе ”одгледал“ лоши помисли“.

Старецот Пајсиј поседувал позитивен начин на размислување. Тој позитивно размислувал дури и во најлоши околности; успевал да издвои добро и од најнепосакуваните нешта, користејќи ги на посебен начин.

Еднаш некој од посетителите, кому старецот Пајсиј многу му помогнал, заминувајќи запрашал, дали постои нешто што би можел да му испрати. Старецот му објаснил дека ништо не сака, но, бидејќи посетителот инсистирал, шеговито рекол:

- Добро, испрати ми цигари!

Посетителот отишол и по извесно време старецот по пошта добил еден пакет. Кога го видел бил вчудовиден. Што да прави со сите тие цигари? Од една страна, би можел да ги фрли, но, тогаш залудно би биле потрошени сите пари дадени за нивната набавка. Од друга страна, пак, не сакал никому да ги поклони, за да не му наштети на здравјето на други луѓе.

Следните денови, старецот Пајсиј прашал еден од своите посетители дали пуши. Тој потврдно кимнал со главата.

- Колку кутии дневно?

- Три, му одговорил.

Види, рекол старецот, тоа е многу штетно за твоето здравје, а покрај тоа и многу скапо. Ајде да се договориме. Во текот на следните неколку месеци, јас бесплатно ќе ти давам цигари, но под услов да пушиш една кутија дневно.

Тој се согласил и старецот Пајсиј му ги дал цигарите, задоволен, зашто не морал да ги фрли, но и затоа што некому му помогнал да ја ограничи својата страст.

***

„Духовноста на еден човек се определува со квалитетот на неговите мисли. Еден ден, тројца луѓе седеле во паркот и разговарале. Покрај нив одеднаш брзо претрчало едно момче. Кога го виделе, кај сите тројца се појавила одредена помисла.

Првиот си помисил: „Сигурно украл нешто и сега се обидува да побегне“. Вториот заклучил: „Сигурно доцни на состанок со девојката, па, затоа трча“. Во третиот човек се појавила сосема поинаква помисла: „Веројатно е псалт во црква и трча за да стигне навреме на служба“.

Тројца луѓе за исто момче размислувале на три начини. Меѓутоа, само на третиот човек, кој имал добра мисла, таа му била од полза, додека на преостанатите двајца нивните помисли духовно им наштетиле“.

Старецот Пајсиј упорно го кажувал следново:

„Кога некој од браќата има негативни помисли, мораме внимателно, со љубов и смирение да се обидеме да го поправиме. Должни сме да го поправиме. Наместо да се обидат да ги исправат погрешните помисли, денес многу луѓе, вклучувајќи, за жал и некои од нашите духовни отци, се согласуваат со нив, па дури и ги уништуваат добрите помисли. Ќе ви посочам еден пример за да сфатите како постапуваат:

Едно момче му вели на својот духовен отец:

„Мојот пријател го направи тоа и тоа“. И тогаш, полно со лоши помисли ќе почне да му раскажува за тој пријател.

Наместо да се обиде да го поправи негового мислење и да го убеди повторно да го засака пријателот, духовниот отец го разгледува проблемот од световен аспект и, сакајќи да биде фин му вели:

„Бидејќи сега знаеш каков човек е твојот пријател, не обрнувај повеќе внимание на него. Игнорирај го“.

Момчето ќе се чувствува подобро откако ќе слушне такви зборови од својот духовник, но, во него и понатаму ќе биде присутно негативно расположение кон пријателот.

Кога, пак, тој пријател ќе отиде кај истиот духовник за да му го раскаже истиот проблем, духовннкот на истиот начин ќе се справи со проблемот. Тој, повторно ќе го разгледува од световен аспект и ќе го смири момчето. Меѓутоа, и ќе му допушти и понатаму да ги задржи во себе негативните помисли во однос на пријателот.

,,На тој начин“, рекол старецот, „јас можам да го утешам и ѓаволот, ако сакам. Ќе видите што понатаму ќе се случува, бидејќи во нашите животи дејствува божествената правда“.

Во еден момент, двајцата пријатели, полни со лоши помисли еден против друг, се сретнуваат и почнуваат да се обвинуваат еден со друг: „Ти си таков и таков... Разговарав со својот духовник и тој го мисли за тебе истото“. Најверојатно и двајцата ќе откријат дека нивниот духовник единствено се обидувал да се покаже добар пред двајцата. Од тоа ќе произлезе губење на довербата и почитта кон свештеникот. Правилно би било, во слични ситуации да се постапи на следниов начин:

Еден оженет човек дојде кај мене за да поразговараме. Се појавил проблем со неговата сопруга, чиешто однесување го повредувало. Меѓутоа, јас во истиот миг почнав да барам оправдување за неа. На крајот му реков, дека треба да Го прославува Бога поради жената каква што му ја дал, и дека единствено тој самиот е одговорен за исчезнувањето на нивната љубов. Го натерав да го преиспита своето однесување и повторно да ја засака својата жена, откако го убедив дека не е во право и дека мора да се ослободи од своите лоши помисли. Така постапив и со неговата жена кога дојде кај мене. И неа ја укорив, така што, и обајцата се ослободија од негативните помисли и повторно се засакаа еден со друг. Освен тоа, сфатија зошто ги искарав, и дека мојата единствена цел е повторно да бидат заедно“.

***

„Помислите се како авиони кои летаат во воздухот. Ако ги занемарите, тогаш нема проблеми; но, ако им обрнете внимание, тогаш во себе ќе направите аеродром и ќе им допуштите да слетаат“.

Еднаш кај старецот дошло некое момче да побара совет. Иако простодушно, не можело да се одбрани од лошите помисли. Таквите мисли дејствувале како пречка за секое добро дело кое сакало да го направи. Отец Пајсиј сфатил дека лошите помисли се причина за неговите проблеми и му го раскажал следново:

- Еден човек обично велел: „Ако се оженам и имам деца, ако моите деца бидат момчиња и ако има војна, ќе мораат да одат во војска и тогаш ќе ги убијат. Значи, нема причина да се женам.

Старецот тогаш се свртел кон него и рекол:

- Зарем тоа не е смешно размислување?

- Смешно е, одговорило момчето.

Потоа, Старецот продолжил:

- Биди претпазлив, зашто и ти го правиш истото. Имај на ум, дека никогаш нема да постигнеш нешто добро, доколку размислуваш и постапуваш на овој начин.

***

Отсекогаш се восхитував, како нашите светители со радост го поднесувале своето мачеништво, а ние и од најмала главоболка се чувствуваме сосема беспомошно.

Еден ден додека одев кон ќелијата на старецот Пајсиј, го сретнав покрај потокот оддалечен околу 500 м. од неговата ќелија. Тој, овој поток го беше нарекол „Нил“. Сечеше костенови дрвја, зашто сакаше да направи мост преку кого луѓето би можеле да го преминат потокот и притоа да не се натопат. Тукушто ја завршуваше работата и се подготвуваше да се врати назад во ќелијата, зашто со остриот крај од дрво ја беше пресекол левата рака. Од раната му течеше крв, но забележав, дека се радува секогаш кога ќе ја погледне раката. Одеднаш се сврте кон мене покажувај ќи ми ја крвавата дланка и рече:

- Види, личи како дланката на распнатиот Христос!

Кога стигнавме во ќелијата, седнавме во гостинската соба и тогаш го запрашав: 

- Отче, како успевале нашите светители не само да го поднесуваат своето мачеништво, туку, и постојано да се радуваат? Ние, пак, ни каснувањето од комарец не можеме да го поднесеме.

- Сѐ мора да се прави со добри помисли. Доколку нашите мисли цврсто се втемелени во нашата вера, никој оттаму не ќе може да ги отстрани.

Тогаш го донесе Стариот завет и рече дека четвртата глава од книгата Макавејска многу јасно објаснува на кој начин добрите помисли можат да помогнат за да ги надминеме болката и страдањето. Започна со читање на текстот, потоа го протолкува и на крајот рече:

- Овој старозавстен текст јасно укажува дека човекот е слободен и дека со помош на добрите помисли може да ги совлада своите страсти и желби, но и сето она што произлегува од нив.

Старецот Пајсиј истакна дека зборовите како што cе „не можам“ немаат никаква вредност во човековиот живот. Зборовите, како што се „не посакувам“ или „не сакам“ го наведуваат човекот да каже „не можам“.

Кога луѓето ги мачи некоја посебна страст, велат дека, како некоја сила да ги спречува да се избават и да бидат добри. Би требало да знаат дека таа сила која служи како пречка вкоренета е во нив самите; таа може да направи нешто да сакаат, но е насочена во погрешен правец. Бидејќи луѓето ја сакаат таа страст, нормално дека не можат од неа да се ослободат. Кога нешто сакате, тоа и го посакувате, и не го оставате, зашто не сакате да го изгубите.

Најпрво, луѓето мораат да ја замразат својата страст и да пронајдат нешто подобро, кон што ќе ја пренасочат својата љубов. Ако не успеат да ја пренесат својата љубов, ќе продолжат да страдаат.

***

Луѓето честопати му велеле на отец Пајсиј:

- Отче, јас пушам и не можам да престанам. Што да правам?

- Сакаш ли да се откажеш од пушењето, ќе прашаше старецот.

- Да, се обидував многупати да престанам, но не успеав.

- Добро. Отсега па натаму нема да пушиш и Бог ќе ти помага.

Тогаш човекот, кој страдаше од оваа страст, рече:

- Можеби, отче...

Старецот Пајсиј го прекина и со остар, но истовремено и со доверлив тон му рече: „Нема ,можеби“, готово! Немој повеќе да се согласуваш со помислите кои ти велат дека можеби нема да успееш!“ Старецот Пајсиј сакаше да истакне дека сме слободни и независни. Доколку со нашиот живот управува некоја страст, тоа е така, зашто самите ние се согласуваме со тоа. Кога дозволуваме да останеме робови на некоја страст, тоа ce случува затоа што ја сакаме и посакуваме да бидеме нејзини робови.

Во истиот миг кога ќе почнеме да копнееме за својата духовна слобода и ќе посакаме да Го следиме Христа, ќе се ослободиме од своите страсти и ќе станеме слуги Божји. Тоа значи дека имаме власт над себе. Христос сите заповеди им ги дал на оние кои се робови на гревот, велејќи им да го остават гревот и да тргнат по Него. Па така Бог му вели на крадецот: „Не кради!“, на измамникот „не лажи!“, на развратниот „не прељубодејствувај!“.

Доколку не доброволно, туку насила сме поробени од гревот, тогаш зошто Бог бара од нас да го оставиме гревот и да се приближиме кон Него? Бидејќи Он ни кажува да го сториме тоа по сопствена волја, тоа покажува дека ние сме биле поробени од нашите страсти, зашто ги сакаме и ги посакуваме во нашиот живот. Од моментот, во кој решително ќе ги замразиме и ќе ја насочиме својата љубов кон Бога, ние веднаш ќе се избавиме од нив. Ете зошто е најважно да ја осознаеме својата „болест“ а тоа е нашето доброволно пребивање во злото и да ја замразиме, да го засакаме доброто тогаш тоа ќе стане наше.

Старец Пајсиј Светогорец