Старец Пајсиј Светогорец

Еден ден, непосредно пред почетокот на Великиот пост во 1987 г., отидов до ќелијата на старецот Пајсиј. Во тоа време многу се расправаше за личните карти кои го содржеа кодот 666. Го запрашав старецот Пајсиј дали тие карти навистина го содржат бројот од Откровението Јованово. Тој ми одговори:

„Тоа е многу лукав начин на кој се обидуваат да воспостават нов финансиски систем и да им постават замка на христијаните. Овде, во Грција, спречена е примената на тој систем. Во Америка, со ласерски зраци веќе се втиснува името на „зверот“ на челото и десната рака. Во текот на 1982 година во Америка на овој начин биле обележани 3.000 луѓе. Најпрво, овој знак го добиле најистакнатите личности како израз на особена почест која им била укажана“.

Тогаш отец Пajсиј донесе два листа хартија, од кои, едниот беше од Кина, а другиот од Европа и на нивната бројчана ознака Можеше јасно да се забележи бројот 666. Ми покажа и неколку брошури од австралиската банка во кои е промовиран новиот финансиски систем и потврдува дека тој ветува сигурност секому кој го има знакот на челото и десната рака. Освен тоа, ми ја покажа книгата „Новиот монетарен систем 666“, чиј автор е американката М. С. Релф и додаде:

„Многу сум тажен, зашто тајните кои му беа откриени на свети Јован Богослов сега стануваат очигледни. Многу луѓе, дури и епископи и свештеници, го набљудуваат овој проблем од световен аспект, наместо да го испитуваат духовно. Им велат на луѓето дека ништо не се случува, дека нема ништо лошо во тоа што ќе ги земат тиe лични карти и, општо говорејќи, наоѓаат оправдување за она што не може да се оправда. Тоа не е исправно, зашто ги утешуваат луѓето и им допуштаат да западнат во ситуација од која можеби повеќе не ќе можат да се извлечат. Се разбира дека единствено само тие ќе бидат одговорни за ова.

Многу луѓе, кои се запознаени со моето несогласување по прашањето за воведување на новите лични карти, велат: „Па што ако така вели Пајеиј? Тоа е лично мислење на еден монах, а не мислење на Црквата“. Меѓутоа, ова не e вистина, зашто јас не го изразувам своето мислење. Јac едноставно им зборувам на оние кои ме прашуваат за мислењето на Црквата, за зборовите Христови и за самото Евангелие.

Согласен сум со тоа дека никој, без разлика дали тој е духовник, патријарх или Пајсиј, не би требало да формулира свое мислење и да го изнесува пред народот Божји. Напротив, сите ние мораме да го потчиннме своето мислење на мислењето и волјата Божја која ни е објавена преку Евангелието.

Еден ден ме посети свештеник кој чул како постојано зборувам на луѓето да бидат внимателни со тие лични карти и со сѐ што има врска со антихристот, чиј метод систематски се промовира.

„Отче, зарем не би било подобро да зборуваме за Христа, наместо сето време да расправаме за антихристот?“

Кога на старица од деведесет години зборувате за венчавки, крштевки и слави, таа почнува да се потсетува на старите добри времиња и се чувствува среќна. Меѓутоа, таа ненадејно би можела да умре во моментот кога не е подготвена за смрт, зашто размислувала за венчавка, задоволства и привидна среќа. Напротив, ако ѝ кажувате за смртта на други старци, за парастоси и луѓе на умирање, тогаш таа ќе почне да размислува за потребата духовно да се подготви за својата смрт, односно за исповед, причест и сл. Истото важи и за свештениците и духовните отци во врска со прашањето за антихристот. Верните мораат да бидат во тек и мораат да бидат внимателни, за да можат на вистински начин да се соочат со сите тешкотии кои доаѓаат. Меѓутоа, не смееме да предизвикуваме паника, зашто тие нема да бидат во тешка ситуација. Напротив, тоа ќе се случи со луѓето кои ќе бидат на страната на демонот. Во Откровението, исто така, е запишано дека и ние ќе се соочиме со тешкотии, но, дека тие ќе остават белег само на оние кои ќе се најдат од страната на демонот. Нештата за нив ќе бидат многу потешки, зашто ќе мораат да се соочат со Самиот Бог“.

„Многу нешта се кажани за новите лични карти. Вие морате да чекате да видите што ќе рече Црквата. Таа мора да излезе со јасен став по тоа прашање, така што верните да знаат што да направат. Освен тоа, Црквата мора да се изјасни и за оние кои ќе мораат да ги прифатат тие карти, зашто тие мораат да бидат свесни дека тоа е грев. Носењето на личните карти значи, како што кажува и самото нејзино име (идентификација, поистоветување), дека во потполност сте се идентификувале со неа.

Денес, на луѓето големо влијание врши мислењето на оние кои ги сметаат за „учени“. Луѓето сакаат удобност и материјални добра, поради што, стануваат нивни робови. Иако знаат дека трите шестки на универзалниот код за производ, се демонски знак, сепак тие го прифаќаат. Тие се одговорни зa таквата постапка, зашто добро знаат што значи ова. Кога не би знаеле, би биле оправдани“.

Државнте - членки на Европската заедница нема да постигнат спогодба, зашто секоја од нив има различна културна Позадина " традиција“.

„Отче, чув дека еден човек во Ерусалим за себе тврди дека е пророкот Илија. Можете ли да ми кажете нешто за ова?“

„Немој пребрзано да изведуваш заклучоци. Ако сега велиш дека тоа е пророк Илија, а се покаже дека не е, тогаш луѓето ќе те обвинат за лага. Ќе ти наведам еден пример. Кога ќе видиш растение во саксија како се зазеленило, немој да брзаш да кажеш од кој вид е тоа. Биди трпелив и лесно ќе утврдиш кога уште малку ќе порасне“.

***

Во текот на Великиот пост во 1987 год., го посетив старецот од лични причини. За време на мојот престој ми го рече следново:

„Напишав еден текст на тема за новите идентификациски картички (лични карти). Имаш ли време да го погледнеш?“

Му одговорив дека имам сосема доволно време и откако го прочитав текстот, долго расправавме за него. Би сакал во целост да го пренесам старчевиот текст за идентификациските картички, за да може секој христијанин да го прочита и задржи како духовно сведоштво за оваа тема.

Старец Пајсиј Светогорец