Старец Пајсиј Светогорец

„Чесен Крст“ 21.11.1975

„Нека Воведението па Пресветата ни биде на помош!“

„Слава Ти Господи, слава ти Свети, слава ти Цару...“

Повторно Му благодарам на Бога што не ме презрел (Своето недораснато дете), туку, како нежен Отец ме одржува со благослови, а особено во Светлите денови како што е денешниов, Воведение на Пресвета Богородица, кој, со особена побожност го слават оние, кои се посветиле на Бога, подражавајќи ја Пресвета Богородица.

Помислував, денешниот благослов да им го испратам на моите сестри на кои немав што друго да им испратам. Зашто, браќата се должни да им испраќаат благослови на сестрите, а особено кога (браќата) се на патување. Не е важно дали нивниот благослов е голем или мал, зашто сестрите најмногу го ценат братското интересирање и чувство на сигурност кое доаѓа од братската љубов. Оваа мисла ме охрабри и јас да им ги упатам овие скромни духовни „тврди плодови“.

Секако, да бев во добра духовна состојба, благословот ќе беше поизобилен и пообемен и не ќе имаше олку дебела лушпа која, впрочем, ќе ја видите. Нешто од ова што го пишував слично е на нешто друго, но постои и некоја мала разлика како помеѓу оревот и бадемот. Но и тие кои припаѓаат на ист вид, иако се ситни, треба многу да се јаде, но не за наситување, зашто благословот и онака не е за прејадување.

Ќе беше добро да имав многу да ви испратам. За жал, во гоштевањето не сум многу духовно напреднат како другите Отци, кои, усрдно се подвизувале и духовно се збогатиле. Јас сум го достигнал она што го вели поговорката: „Мрзлив во младоста, сиромав во староста“. Сега се вразумив, но, зошто сето ова кога телесно ослабнав и повеќе не сум во можност да се подвизувам. Она што ми преостана е надежта во големата милост Божја и се надевам дека со вашите молитви незаслужено ќе бидам помилуван.

Со сето срце ви посакувам духовен напредок и успешно просветлување, за порано да го научите она што јас, за жал, дури сега го сфатив.

Старец Пајсиј Светогорец