Старец Пајсиј Светогорец

Старецот Пајсиј е роден на празникот на света Ана на 25. јули 1924, во Фараса, Кападокија, во Мала Азија. Неговиот татко Продромос, побожен човек, бил градоначалник на Фараса. Се одликувал со силен патриотизам и неговиот живот многупати бил загрозен од страна на дивите турски орди кон претставувале постојана закана за градот Фараса. Продромос чувствувал длабока стравопочит и љубов кон отец Арсениј, духовниот отец на ова семејство; Црквата неодамна го канонизирала (свети Арсениј Кападокиски) поради многуте чуда кои ги извршил, дури и по својата смрт. Поради своите деца, како и поради себеси, Продромос, воодушевен од необичниот живот на свети Арсениј, го чувал бележникот во кој ги запишувал чудата на Светителот, било за нив само да слушнал, или и самиот да бил сведок. Мајката на старецот се викала Евламбија, а имал уште девет браќа и сестри.

На 7. август 1924, една недела пред големата емиграција од Фараса (Турција) во Грција, свети Арсениј решил да ги крсти сите деца, вклучувајќи го и синот на Продромос. Детето требало да го добие името Христос како што се викал и неговиот дедо, според стариот грчки обичај. Mеѓутоа, свети Арсениј предлогот го одбил сакајќи на детето да му го даде своето име. „Јас сфаќам, дека вие би сакале некој да биде наследник на дедото, но, зарем и jac не би можел да посакам монах, кој би бил мој наследним?“ Потоа се свртел кон кумот и рекол: „Ке cе вика Арсениј!“ На тој начин, свети Арсениј го прорекол призивот на старецот и тој, уште од рано детство, бил избран да стане сад на Светиот Дух.

На 14. септември 1924, па празникот Воздвижение на Чесниот Крст, бегалците од Фараса, по многу искушенија, најпосле стигнале во Пирејското пристаниште во Грција. Bo Пиреја останале три недели, а потоа отишле на Крф каде привремено биле населени во местото под име Кастро. Свети Арсениј, како што и самиот прорекол, на островот живеел само четириесет дена. Се упокоил на 10.ноември на осумдесет годишна возраст, оставајки го како достоен наследник на своето духовно богатство младиот Арсениј, односно, како што подоцна ќe биде наречен, старец Пајсиј.

Младиот Арсениј и неговите родители поминале околу година и половина на Крф, а потоа се преселиле во едно село покрај Егумениса (североисточна Грција). Нивна крајна дестинација бил градот Коница во Епир.

Срцето и умот на младиот Арсениј во потполност биле посветени на Христа и Пресвета Богородица и во неговиот живот доминирала неговата голема желба да се замонаши. Сакал да шета низ шумата и да се моли во текот на целиот ден носејки во раката дрвен крст што сам то направил.

По завршувањето на основното училиште, во Коница работел како дрводелец, додека не дошло време за војска. Како човек на молитвата тој, исто така, бил и многу чувствителен и нежен. Кога некој ќe починел, a од него било нарачано да направи ковчег, никогаш не земал пари од роднината на покојниот. Постапувајки на овој начин, тој, на свој начин, го давал својот придонес во олеснувањето на нивната болка и жалост.

1945 година бил избран за војска, каде се истакнувал со својот карактер и решителност. Секогаш сакал да биде на првата борбена линија или да учествува во најопасните операции, та најпрвин неговиот живот да биде доведен во опасност. Посебно се грижел за војниците кои имале жени и деца. Обично би им говорел: „Тебе те чекаат жена и деца, а јас немам никого; јас сум слободен“. Многупати се случувало да биде во смртна опсасност спасувајќи туѓ живот. Во текот на најголемиот дел од својата воена обврска бил во службата за врски, а тогаш, 1949г. е отпуштен од војска.

Првите години од монашкиот живот

По отслужувањсто на војската, без двоумење се упатил на Света Гора, бидејќи веќе одлучил да се замонаши. Меѓутоа, останал само неколку месеци, зашто бил преокупиран со судбината на своите сестри кои сѐ уште биле немажени. Значи, отишол накратко да ѝ се врати на својата фамилија.

1950 година се вратил на Света Гора. Првата ноќ ja помннал во ќелијата на свети Јован Богослов, која ѝ припаѓа на Големата Лавра, а сместена е недалеку од Кареја. Потоа отишол во скитот свети Пантелејмон, во ќелијата Воведение на Пресвета Богородица, каде престојувал отец Кирил, многу духовен и добродетелен подвижник. Отец Кирил подоцна станал игумен на манастирот Кутлумуш.

Совесните подвизи на o. Кирил во поглед на постот и бдението биле од голема корист за младнот Арсениј кој caкал покрај него да го помине остатокот на животот. За жал, околностите не му дозволиле тоа и да го направи. Отец Кирил го упатил во гостољубивиот манастир Есфигмен, кој, сѐ уште не бил вклучен во движењето на старокалендарците. Овде пристапил 1950 г., а за монах е пострижан 1954 г. Сега, неговото ново име било Аверкиј.

Младиот Аверкиј покажал огнена ревност кон послушанието. Кога заедно со останатите монаси ќе бил вклучен во различни заеднички задолженија, се обидувал да остане сам, за да може непречено да се моли. Нa пример, кoгa сите останати работеле во маслинарникот, тој остапувал на оддалеченост од стотина метри, совесно извршувајки го своето задолжение, додека во исто време бил во состојба на духовно соѕерцание.

Темелно ги изучувал житијата на светиите, изреките па пустинските отци и книгата со поуки на свети Исак Сириски; оваа книга секогаш ја држел покрај својот кревет, под перницата. Кога Аверкиј ќe го завршел своето задолжение (кое го определил манастирот), не заминувал во ќелијата да се одмори, туку, наместо тоа, им помагал на останатите монаси и тие побргу да го завршат своето задолжение. Не можел да си допушти привилегија да ужива во мирот и тишината на својата ќелија, додека другите сѐ уште работеле. Најчесто својата помош ja нудел на најслабите, избегнувајки ги оние кои губеле време на бесполезни задолженија. Секого го љубел без разлика и секому му бил покорен, секогаш сметајќи се себеси за најнезначителен.

Аверкиј немал доверба во своето сопствено расудување или волја. По сите прашања, без двоумење, барал совет од својот духовен отец. Го молел Бога секогаш да го просветлува за да може да го води согласно со својата волја.

Неговото срце било исполнето со благодарност, зашто секогаш размислувал за добрата кои Бог ги прави, како нему, така и на остатокот на светот. Неговата љубов кон Бога, која своето потекло го имала во неговата внатрешна благодарност, непрестајно растела паралелно со неуморната, непрекината молитва. Единствена цел на неговото срце била, макар и во најмала мера, со благодарност да одговори на Божјата благонаклоност. Верувал дека благодатта Божја е единствената причина на секое добро; поради своето длабоко смиреноумие, се обвинувал себеси за секое зло кое ќe се случело. Кога ќe видел, дека некој паднал во грев, да одбива да се покае или да нема вера во Бога, ќе помислел: „Моја е вината, што еден од моите браќа се нашол во таква тешка состојба. Да постапев согласно Христовата волја, Он ќe ги чуеше моите молитви и мојот брат не ќe беше во толку непријатна состојба; мојата расипаност ја предизвика несреќата на мојот брат“. Секогаш размислувал на овој начин и се обидувал светскиот проблем да то претвори во свој сопствен. Непрестајно се молел на Бога да помогне на сите луге кои, како што смирено мислел, страдаат поради сопствена немарност и духовна мрзливост. Бог, Кој ги слуша понизните, секогаш одговорал на Аверкиевите молитви, зашто се излевале од неговото распламтено срце, исполнето со благодарност и смиреност.

Аверкиј сакал да ти посетува старците и духовите отци исполнети cо благодатта на Духот Божји; со задоволство го земал нивниот благослов и ги слушал нивните духовни совети. Неговата чиста детска душа веднаш, без какво и да е сомневање или двоумење, прифаќала сѐ што ќe чуе од овие старци, таканаречени „прекрасни цветови“ на Пресвета Богородица. Тој,  со сето срце верувал во нив и никогаш не ги испитувал нивните зборови со својата логика. Наместо тоа, послушно ги следел нивните совети и понизно го отфрлал својот начин на размислување или логично преиспитување. Добро знаел дека човекот не смее да користи само здрав разум за да ги сфати духовните работи; тоа би било исто како и обидот со човечки paцe да се фати ветрот.

Уште додека бил млад, посетил многу монаси, собирајки го како пчела нивниот „духовен полен“, за подоцна да биде во состојба да создаде сопствен „духовен мед“, кој потоа, го вкусиле многу натажени луге.

1954 година, околностите (како и советот на неговиот духовен отец) го навеле да го напушти Есфигмен и да премине во манастирот Филотеј, каде што неговиот чичко, исто така, бил монах. Манастирот тогаш бил идиоритмички . Аверкиј станал, ученик на отец Симеон, исклучително добродетелен човек. Во 1956 година отец Симеон на Аверкиј му дал мала схима и тогаш добил ново име, Пајсиј, во чест на архиепископот Пајсиј Втори Кесариски, кој, исто така, дошол од Фараса во Кападокија.

Во Филотеј се зближил со старецот Августин, подвижник, кој престојувал во ќелијата „Воведение на Пресвета Богородица“ на манастирот Филотеј. Неговата простодушност и смиреноумие биле од голема полза за старецот.

Старецот Пајсиј ја продолжил својата ревносна подвижничка борба, помагајќи им на сите можни начини на монасите во манастирот. Следува опис на настани кои ја покажуваат неговата постојана желба секогаш да им биде од помош на другите. Еден од монасите направил грев, но немал храброст да го исповеда. Како резултат на ова, се повлекол во себе и, бидејќи очаен, почнал да размислува за самоубиство. Старецот тоа го насетил и се обидел да му помогне. Еден ден го затекнал сам и почнал да зборува за своите сопствени гревови, намерно спомнувајќи го оној ист грев кој го направил и овој монах. За жал, монахот негативно реагирал на напорот на старецот да го наведе на исповед. Наместо тоа, почнал да оди по манастирот и на сите да им раскажува како Пајсиј, кого го сакаат и фалат, попрво е многу грешна личност, повторувајки збор по збор, сѐ што му рекол старецот. Секако, отец Пајсиј не се обидувал да се оправдува и монасите, сфаќајки ги неговите благонаклони и грижливи намери, ја оправдале неговата постапка и го пофалиле за ова.

Секој ден се стремел кон очистување на душата. Од Бога не барал ништо, зашто многу добро знаел дека Бог, преку Светото Крштение му го подарил најскапоценото нешто на светот, благодатта на Светиот Дух. Не завидувал на „талантите“ и даровите на другите, бидејќи знаел, дека и самиот тој, преку Светото Крштение го добил истото. Тој не бил ниту горд поради нив, зашто и покрај тоа што знаел, дека ги поседува тие дарови, бил свесен дека тоа се дарови на Божјата благодат. Негова најголема грижа била како, со помош на ревноста и смиреноумието, да ја поттикне Божјата благодат да дејствува во него што е можно порано. Од таа причина непрестајно се трудел за очистување на душата.

Од душата ја отстранувал секоја трага на нечистите помисли и на негативно расположение, така што, наместо нив го всадувал она што е добро и позитивно.

Било восхитувачки да се гледа како тој, без било каков напор, во секоја ситуација ги поттикнувал добрите и позитивни мисли, без оглед, колку таа ситуација била сложена и тешка, зашто на Божјата благодат, која е долготрпелива и полна со добрина (1. Kop. 13, 4) допуштал да дејствува во негова полза. Поради тоа, бил во состојба вешто да ги прикрие грешките и пропустите на другите луге, како што се гледа од следниов настан: Во еден од манастирите престојувал монах кој кажувал збунувачки приказни. Посетителите, кога ги чуле тие приказни, се соблазниле и то запрашале старецот: „Отче Пајсиј, еден од монасите во овој манастир раскажува необични приказни. Што се случува со него?“

Старецот веднаш одговорил: „Бидете претпазливи да не судите на другите, зашто тој наш брат е многу побожен; кога во манастирот се појават посетители, се преправа дека заради Христа е јуродив, за Бог да го награди“. Одговорот на старецот ги смирил посетителите.

Неговото љубезно срце постепено ги опфаќало и заштитувало сите на ист начин, како што и Бог премудро ги сокрива сите наши гревови, така што, тие не се предочени пред целиот свет.

Додека престојувал во манастирот Филотеј, го посетувал отец Кирил во неговиот скит и го барал неговиот совет за различни прашања. Отец Кирил, со помош на Божјата благодат, во голема мерка му помагал на старецот. Тој, многу често му давал решение за неговите проблеми, и понекогаш и пред можноста што ја имал старецот да расправа за нив. Бог, речиси, секогаш го „известувал“ за неговото доаѓање, така што, секогаш имал подготвени одговори. Понекогаш дури ќe нашол одговори во некоја од своите книги, а потоа ги подвлекувал за да му ги покаже на отец Пајсиј кога ќе пристигне. Старецот го изразувал својот восхит и, откако ќе побарал негов благослов, заминувал исполнет со радост и духовна полза.

Во 1950 година, старецот бил замолен да ja напушти Света Гора и да отиде во Стомио, во Коница, за да помогне во заштитата на таа област од протестанскиот прозелитизам. Како што чувствувал дека тоа е, навистина, Божја волја, отишол во Стомио, каде престојувал во манастирот Рождество на Пресвета Богородица. Со помош на Божјата благодат, ја понудил својата соработка на многу луѓе. Во 1962 година, од духовни причини cе упатил на Синај, каде што престојувал во Келијата на свети Галактион и духовно обогатил многу луѓе во таа област. Бедуините исклучително го сакале. Обично по неколку часови дневно изработувал предмети од дрво, а кога ќe ги продадел, купувал храна и им ја давал.

Bo 1964 година, го напуштил Синај и се вратил на Света Гора, каде се населил во ивиронскиот скит, во ќелијата свети Архангел. Во текот на 1966 година сериозно се разболел и неколку месеци бил лекуван во болницата Папаниколау во Солун. Бил опериран и му бил отстранет голем дел од белите дробови.

Зближување со манастирот свети Јован Богослов

На ова место би сакал да опишам како благодатта Божја го водела отец Пајсиј кон зближување со монахињите од манастирот на свети Јован Богослов.

На старецот поради операцијата му била потребна крв. Неговнте роднини не биле покрај него (како што самиот сакал) и една група искушенички дала онолку крв колку што било потребно. Им бил многу благодарен за ова помош. Сакајќи да ја изрази својата длабока благодарност, обично велел дека нивната љубезна помош личи на волнен џемпер, кој го обвива само неговото тело; сакал да го соблече и да им го врати како израз на својата искрена благодарност.

Сочувствувал со монахињите кои наидувале на непремостливи проблеми во напорот да подигнат свој манастир. Така, тој лично преземал иницијатива за пронаогање соодветна област за неговата изградба. Ја понудил својата соработка на секој можен начин: паралелно со манастирските темели, тој положил и духовни темели, давал упатства за примерно функционирање на манастирот. Значи, старецот воспоставил цврсти врски со манастирот на свети Јован Богослов и останал со него сѐ до својата смрт.

На крајот од 1967 год., отишол во Катунаќија на Света Гора, каде се населил во Ипатиевата ќелија, која ѝ припаѓа на Големата Лавра. Живеејќи осамено во оваа напуштена област, многупати го доживеал Божјото присуство и утеха, што придонело за неговото духовно растење и овозможило да утеши илјадници несреќни луѓe.

Bo манастирот Ставроникита

Во 1968 година, старецот Пајсиј оди во манастирот Ставроникита каде помагал во неговото обновување, како со учество во работите, така и со духовни совети.

Во Келијата на Светиот Крст при манастирот Ставроникита, сместена недалеку оттаму, живеел отец Тихон, подвижник, кој бил и духовен отец (отец Тихон е роден во 1884 год. во Русија. Бил многу надарен човек и водел строг испоснички живот). Старецот Пајсиј често го посетувал за духовни совети и за да му помага во служењето на Божествена Литургија, сослужувајќи како псалт. Службата често се прекинувала, зашто отец Тихон ќе се нашол во духовно соѕерцание, кое понекогаш траело и по половина час. Гледал, како што самиот раскажувал, ангелски чинови, херувими и серафими, кои Го прославуваат Бога. Отец Тихон го пострижал старецот Пајсиј и му дал голема монашка схима.

Кога животот на отец Тихон cе приближил до крајот (десет дена пред да се упокои) го замолил старецот Пајсиј да остане покрај него и да ја преземе грижата за него. Старецот Пајсиј му служел на отец Тихон со голема самопожртвуваност, нудејќи му сѐ што можел за да го утеши. Отец Тихон обично му велел: „Пајсиј, нашата љубов е скапоцена. Мил мој Пајсиј, чедо мое, нашата љубов ќе трае во вечни векови“. Го замолил по неговата смрт да остане во неговата ќелија и му ветил дека секоја година ќе го посетува. Отец Тихон се упокоил на 10. септември 1968 год., два дена по празникот Рождество на Пресвета Богородица, како што и самиот предвидел, бидејќи бил добро подготвен за своето патување кон вечноста.

Отец Пајсиј по желба на отец Тихон, се населил во ќелијата на Светиот Крст, каде што останал до 1979 година.

Во ќелијата Панагуда

На 13. мај 1979 год., отец Пајсиј се вратил во манастирот Кутлумуш, во кој и бил регистриран како монах. Се населил во неговата испосница, Панагуда (Рождество на Пресвета Богородица), откако била претворена во ќелија.

Додека живеел во Панагуда, старецот им помогнал на многу вознемирени души. По цел ден, од утро до мрак, на луѓето им давал совети, утеха и решенија за нивните проблеми, jа отстранувал нивната тага и ги исполнувал нивните души со вера, надеж и љубов кон Бога. Денот го посветувал на луѓето, а ноќта на Бога. Успевал да се одмори во раните утрински часови, 2 до 3 часа, за да може да го преживее секојдневниот замор. Во текот на ноќта читал писма кои секојдневно пристигнувале во голем број.

Старецот бил многу натажен од содржината на писмата, а и поради она што луѓето во текот на денот му го раскажувале. Луѓето, речиси секогаш, му зборувале за раскинати бракови, душевни болести и смрт предизвикана од карцином. Старецот Пајсиј се преобразил во духовен магнет кој ja привлекувал тагата на ожалостените луѓе.

Менталниот замор и болка на неговите посетители, неговата крајно чувствителна душа и физичката исцрпеност до која доаѓал по многуте дневни посети, како и непрекинатата молитва, постепено придонеле зa неговата физичка слабост и склоност кон разни болести.

Болеста на старецот

Сериозните здравствени проблеми на старецот започнале во 1966 година. Како што кажавме претходно, старецот имаше проблеми со респираторниот систем, што го направи многу слаб. Постојаните посети на луѓето, тешкиот товар на нивните проблеми и грижи, кои секогаш ги носел со себе како да се негови, но исто  така и физичкиот замор поради; гостољубивоста, резултирале со негова истоштеност. Му преостанувале само неколку часови за одмор во текот на денот, бидејќи ноќта ја посветувал на молитвата.

Старецот правел икони со помош на метален калап кој самиот го изрезбал. Тие икони им ги поклонувал на посетителите како благослов (Распетие, Пресвета Богородица, свети Арсениј Кападокиски). Таа задача била дополнително бреме на неговите веќе премногу бројни обврски, особено кога почнал да користи преса, што барало многу физички напор; како последица од ова, добил хернија. Редовно одбивал да биде опериран и се обидувал да најде свои начини за да ја ублажи болката, но тие не биле многу успешни. Страдал додека седел, но уште повеќе кога стоел. Се сеќавам дека, кога престојував во манастирот свети Јован Богослов во Суроти, еднаш со часови стоеше за сите да можат да пристапат и го добијат неговиот благослов. Не седна дури ни кога пребледе и почна да се препотува од неподносливата болка. Во текот на пет години поднесувал, со исклушителна издржливост, страшни болки какви што предизвикува хернијата, покажувајќи им така на дело и на мирјаните и на свештенството, голема особина на трпеливост.

Кога група пријатели, кои биле лекари, го посетиле во Суроти, буквално го киднапирале и го одвеле во болница за да го оперираат.

Последната болест на старецот

Од 1988 година, старецот Пајсиј се соочувал со заболување на ректумот. Во текот на 1993 год., за време на Великиот пост, бил многу слаб, поради тоа што строго постел. Поради неподносливите болки и постојаното крварење, во текот на ноќта не можел ни најмалку да се одмори. Иако на посетителите им рекол дека е многу болен, многумина барале да го видат. Бил толку изнемоштен што одвреме навреме се онесвестувал. Запоставувајќи ja лошата состојба на своето здравје, прифатил да прима посетители и да ги утеши во нивните болки.

Кога бев во манастирот, презедов извесни должности на болничар. Еден ден отидов кај старецот и му реков: ви донесов витамини и таблети за железо. Верувам дека ќе ви помогнат за да ги засилите своите крвни зрнца.

Ми одговори: „Отче, витамините ни најмалку нема да ми користат, зашто мојата крв е во многу лоша состојба“. А тогаш во шега додаде: „Освен тоа, на отец Теоклит му се потребни големи количини железо, зашто тој изведува некои градежни работи на манастирот. Не сакам да го донесам во тешка состојба земајќи му го железото. Колку што сфатив, мене железото сега ми е бескорисно; она што ми е потребно е челик“.

Стоеше смеејќи се, зеде чаша вода, стави во неа една шумпива таблета и рече: „Моето искуство со медицината е многу негативно, така што, не сакам повторно да почнам да земам апчиња. Меѓутоа, би сакал да прифатам нечиј совет за тоа како да се заштитам себеси и навистина би му бил многу благодарен“.

Кога онаа шумлива таблета cе растопи, повторно ја зеде чашата и додаде: „Сѐ ќе биде средено, кога еднаш ќе бидам закопан во земја“. Ја протресе чашата како да сака да каже: „На здравје“, но наместо ова ја изрече следната желба: „Да почиваме сите во мир, отче!“

Додека ги слушав зборовите на старецот, клекнав покрај него преколнувајќи го да отиде во Солун и да направи медицински тестови за да се постави дијагноза на неговата болест. Ме замоли да станам и рече: „Слушајте отче, состојбата на моето здравје е од голема полза за мојот духовен живот и јас навистина не сакам да го изменам. Овие се причините поради кои не сакам да одам во Солун за да правам тестови:

1) Христос ја познава здравствената состојба на секого од нас. Бидејќи Он е најдобар лекар, треба да имаме доверба во Него; Ако тоа е за наша корист, Он ќе постапи во согласност со ова и ќе ја излекува нашата болест.

2) Бидејќи верувам дека сум развил тумор во утробата, најдобро е да се остави онака како е; ако си „поигруваме“ со ова, ќе биде уште полошо.

3) Во нашево време секој страда поради една од овие три работи: канцер, душевни болести и развод на бракот. Многу писма кои ги примам секоја седмица говорат за овие проблеми. „Не страдам од никаква сериозна душевна болест“, обично говорел смеејќи се; „немам ништо со бракот и разводот и затоа дозволете ми да страдам поради канцерот, за утеха на несреќните луѓе. Работите не стојат добро кога сите во светот чувствуваат болка и тага, а некој од нас нема за што да се грижи. Фала Му на Бога, сега сѐ е добро!“

4) Бог е длабоко трогнат ако некој, кој има канцер или некој друг сериозен проблем, не жали за тоа, туку, наместо ова, се моли за ближните. Тогаш човек може да се осмели да Му каже на Христа: „Гледаш, јас не барам помош за себе, но Те молам, помогни им на другите“. И Бог помага. Според тоа, отче, не грижете се многу за мене!“

Во текот на Великиот пост во 1993 год., старецот Пајсиј често се онесвестувал поради слабокрвноста. Често додека стоел ќе паднел, губејќи ја свеста. Меѓутоа, не очајувал и се соочувал со својата болест со голема трпеливост, истрајност и храброст.

Една недела, замолил свештеник и други двајца монаси да дојдат и да отслужат Божествена Литургија на свети Василиј Велики. Иако бил многу слаб, му прислужувал на свештеникот во олтарот. Додека стоел кај својот стасидион (седиште) и се молел, одеднаш почувствувал тешкотии во дишењето и почнал да трепери. Потоа изгубил рамнотежа и речиси паднал онесвестен, но, двајцата монаси, за среќа, успеале навреме да го прифатат. Го положиле на подот, каде неколку минути лежел во несвест. По извесно време закрепнал и му помогнале да се врати на седиштето. Кога се обиделе да го спуштат стасидионот за да може да седне, одбил тоа да го стори. Стоел за време на целата служба, иако лицето му било бледо како восок. Бил несреќен, зашто здравствената состојба не му дозволувала да прими света Причест. По ова, повторно се онесвестил. Кога дошол на себе, го наговарале да отиде и легне, но и тоа го одбил. Не само што не легнал, туку одбил и да застане крај стасидионот, така што, продолжил да стои. Набргу потоа, отишол да подготви сад за греење вода и по третпат се онесвестил. Кога се подобрил, запрашал: „подготвен ли е садот“, потполно занемарувајќи го 'инцидентот'. Решил да не се причести, плашејќи се дека би можел да поврати.

Кога завршила службата, монасите седнале во малата гостинска соба да се послужат со слатки, а отец Пајсиј отишол во својата ќелија да го запали кандилото. Стоел на столот зашто кандилото било поставено прилично високо и следно што го чуле било „Пресвета Богородице“, а потоа се чула врева, се уплашиле и дотрчале внатре да видат што се случува. Го нашле како лежи на подот во бесознание. Кога се повратил, им рекол да си отидат. Го запрашале: „Отче Пајсиј, како ќе останете сами по толку пати што се онесвестивте?“ Им одговорил: „Нема зошто да се грижите! Одете сега, се чувствувам подобро“.

Монасите послушале и отишле, многу загрижени за неговото здравје.

Така продолжило се до октомври 1993 год. Непрестајно крварел, паѓал во несвест и често повраќал; покрај сето ова, болката во утробата му го отежнувала седењето.

Неговиот последен ден на Света Гора бил 22. октомври по стар стил (5. ноември по новиот стил); отишол и се упатил во манастирот свети Јован Богослов во Суроти за да присуствува на бдението во чест на свети Арсениј Кападокиски на 10. ноември, Во манастирот се задржал неколку дена, како што обично правел. Кога бил подготвен да отпатува на Света Гора, лекарот востановил присуство на тумор, со големина на помал портокал во последниот дел на ректумот. Било решено да се спроведе терапија со зрачење за да се намали неговата големина, а потоа да се оперира. Снимките покажале дека канцерот метастазирал на црниот дроб и на белите дробови. Наспроти ова откритие, била неопходна операција за да се спречи целосна опструкција на цревата поради постојниот тумор.

Околу 1:30 попладне, кога операцијата била извршена, старецот бил префрлен на одделението за интензивна нега. Само на неколкумина ни беше дозволено да го посетиме. Останавме покрај него додека не се освести. На кратко ги отвори очите, а потоа повторно заспа. Кога најпосле се разбуди, го запрашав: „Како се чувствувате?“

Одговорајќи ми, се обидуваше да се насмее: „Зарем не гледаш. како космонаут!“ (На лицето имаше маска за кислород, интравенозен серум во обете раце, жици од електрокардиографот нa градите, катетер и посебен апарат зa мерење притисок нa кислородот).

Продолжи, со голем напор: „Добив и медал“, рече и покажа на градите каде што беа приклучени жиците од електрокардиографот, „но не гледам кој чин ми го дале. Дали сум полковник или генерал?“

Тогаш се сврте кон стариот пријател, лекарот, кому што старецот многу му помогнал и го запраша: „Коста, најпосле, што пронајдоа во мене? Постојат ли метастази кои ги покажале снимките?“

„Да, отче“, му одговори лекарот. „Зафатени се и црниот дроб и белите дробови“.

„Не се грижам за метастазите cé додека ова е чисто“, рече и покажа кон главата.

Водеше краток разговор со лекарот, а кога овој замина, останав насамо со него. „Искрено, отче, ако крварењето би запрено само на неколку часа, за да можам да присуствувам на Литургија, ни најмалку не би се грижел. Патем, се сетив дека Го молев Бога да заболам од канцер“.

Имав неколку лични проблеми со кои старецот Пајсиј беше запознаен. Бев длабоко трогнат од фактот дека и покрај својата пост-оперативна состојба и неподносливата болка, се обидуваше да пронајде некое решение за моите проблеми. Истото го правеше за секого, занемарувајќи ја својата многу лоша здравствена состојба. Секој би можел да ја забележи  искрената љубов што тој ја чувствуваше кон сите.

Многу луѓе биле несреќни, зашто не можеле да го посетат во болницата. Не затоа што старецот сакал мир и тишина и што не сакал да види посетители, па затоа не ги примал, туку бидејќи тој бил монах со многу чувствителна и воздржана душа, па не сакал да прифати човечка утеха, гледајќи ги пациентите покрај него кои немале никого покрај себе. Освен тоа, не сакал да го нарушува вообичаениот дневен поредок во болницата, бидејќи некои лекари не одобрувале доаѓање на бројни посетители.

Обично ќе им речел на оние, што го известувале дека некој чека пред вратата да го посети: „Посетите не му користат на пациентот, ама му користат мирот и тишината“.

Во болницата бил задржан десет дена, а потоа бил упатен на закрепнување во манастирот свети Јован Богослов.

Во меѓувреме лекарите го известиле дека прогнозите не се охрабрувачки и дека не му преостануваат повеќе од четири месеци живот. Кога старецот го чул ова, смеејќи се рекол: „Морам ли да чекам толку долго? Зарем тоа не може порано?“

Страдал од остра болка која повремено станувала неподнослива. Со особено трпение ја поднесувал страшната болка и ѝ ce радувал, мислејќи, како што самиот велел, нa мачењата на светите маченици, кои претрпеле сѐ заради љубовта Христова, а тој трпел само за да оздрави!

Отец Пајсиј донел неотповиклива одлука да се врати на Света Гора. Се подготвувал да тргне во понеделник, на 13. јуни. Во меѓувреме добил силна треска со отежнато дишење и бил принуден да го одложи патувањето. Неговата здравствена состојба постепено се влошувала. Според снимките, метастазата сега опфатила поголем дел од црниот дроб кој бил значајно зафатен. Постојано морал да користи маска за кислород за да си го олесни дишењето.

Како што минувало времето, cе зголемувала анорексијата и тешкотиите во дишењето, исто како и болките во абдоменот, кои сега станале позачестени и поостри. Покрај сето ова, повремено добивал висока температура и сериозна тахикардија; неговиот абдоминален метеоризам создавал големи тешкотии, зашто не можел удобно да лежи во креветот. Во текот на сите фази од својата болест, не престанал да повторува дека мораме да бидеме трпеливи, додека неговото лично трпение претставувало извонреден пример за секого.

Пред крајот на јуни, лекарите го известиле дека му остануваат само уште 2-3 седмици. Во недела, на 11. јули, отец Пајсиј, клечејќи пред постелата, за последен пат примил света Причест. Во текот на последните 24 часа, бил многу спокоен, па, иако страдал, никому не се жалел. Не сакал повеќе да зема лекови. Единствен лек што го прифаќал бил кортизон, зашто, според мислењето на лекарите, не го продолжувал животот, туку му давал малку сила. Ноќта помеѓу неделата и понеделникот претставувала вистински кошмар за старецот. Иако страдал, бил многу мирен и единствени зборови кои ги изговарале неговите усни биле: „Мила моја Пресвета Богородице!“

Во вторник, на 12. јули, старецот Пајсиј скрушено и смирено ја предал душата на Бога, кого длабоко Го љубел и Кому Му служел од најрано детство. Погребен е во манастирот свети Јован Богослов во Суроти, Солун.

Кога монасите, кои искрено го сакале и почитувале, ја слушнале веста дека му останало само уште малку време, ја изразиле својата желба да се врати во манастирот и тука да биде погребен. Монасите од манастирот Кутлумуш за таа цел, почнале да го подготвуваат гробот на патријархот Матеј, каде што според желбата на патријархот бил погребен свети Фотиј, јуродивиот заради Христа. A зa ова прашање, самиот старец ми го рече следното; „Отче, простете ми за она што ќе го кажам, но јас, навистина, така чувствувам. За мојата душа најдобро би било ако моето тело биде погребано на некое скромно место, а уште подобро би било, ако луѓето врз него нафрлаат земја, така што, некои мои гревови бидат простени.

Одлуката на старецот да остане во манастирот свети Јован Богослов била резултат на многу различни фактори: неговата желба да биде погребен на скромно и мирно место, без народ и посебни почести; неговата сериозна здравствена состојба, проследена со често крварење; неговите тешкотии со дишењето што исклучително го отежнувало неговиот превоз до Света Гора; неговото посебно барање да не користи воздушен превоз и најпосле, и од најголемо значење е неговата духовна причина, којашто за нас cé уште е непозната. Својата одлука ја запишал во малиот бележник, во форма на стихови. Замолил поемата да биде напишана на плоча и да биде поставена покрај неговиот гроб, та секој да знае, дека тоа била негова волја, да умре и да биде погребен во овој манастир. Исто така, изразил желба, неговото тело да не биде ексхумирано пред Второто доаѓање.

Старец Пајсиј Светогорец