Господи, мој Господи!

Јас сум бездна на гревот; каде и да погледнам во својата душа ништо добро во неа нема да најдам: на што и да се сетам -сè лошо сум постапил, грешно сум кажал, нечисто сум помислил.... И намерата и расположението на мојата душа само те навредуваат Тебе, мојот Создател и Добротвор! Смилувај се на мене, Господи Исусе Христе, Боже наш, и поштеди ме! Ти згрешив Тебе како ништожен и беден човек, но Ти, бидејќи си Сештедар и Многумилостив Бог, помилувај и прости ми ги прегрешенијата мои! Прими го, Господи, моето покајание!

Подари ми уште време, за да принесам плодови достојни за покајание! Не сакам веќе да грешам, не сакам веќе да Те жалостам, Господи! Удостој ме за Причест со Твоите Свети Тајни! Нека се излие преку нив на мене Твојата благодатна сила! Истреби, запали, уништи го гревот кој живее во мене! Живеј во мене, Бесмртен Господи, така што ни животот ни смртта да не ме разделат од Тебе! Ти, Кој праведно им судиш на луѓето, како сакаш и како знаеш, спаси ме мене, кутриот и беден грешник! Ќе го благословувам и прославувам Твоето пречесно Име во сите векови. Амин!