Свети Јован Кроштадски (pdf)

 

Свети Јован Кронштадски

„ Ке брзам по патот на Твоите заповеди, кога ќе го прошириш моето разбирање “ [По. 118, 2]

Колку ти е убаво, колку многу се веселиш кога ќе го пронајдеш предметот што си го загубил, а ти бил особено важен и скапоцен? Спремен си да скокаш од радост! Замисли си, колку му е пријатно на Небесниот Отец кога го гледа Своето изгубено чедо грешникот, кој се нашол себеси; кога ја гледа загинатата овца оживеана; кога ја гледа Својата изгубена и сега пронајдена паричка, т.е. кога го гледа живиот Божји образ човекот? Невозможно е да се опише таа радост. Радоста на Небесниот Отец поради наоѓањето на Својот изгубен, блуден син, е толку голема што поттикнува радост кај целото добронамерно и полно со љубов Небо: „Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од покајание“ (Лк. 15, 7). Изгубени браќа и сестри! Вратете се од патиштата на погибелта кон својот Небесен Отец! „Покајте се, зашто се приближи царството небесно! “ (Мт. 3, 2).

Колку е убаво да се победуваат страстите! По победата, во срцето чувствуваш леснина, мир и возвишеност на духот!

Ние, луѓето од овој век, сме толку многу самољубиви и вообразени, што постојано грешиме и не сакаме да прифатиме никаков укор, особено не пред другите. Но, во идниот век нашите прегрешенија ќе бидат откриени пред целиот свет. Како што не треба да го забораваме Страшниот суд, така треба со смирение и без злоба да ги поднесеме овдешните укори; да ги поправиме сите недостатоци и гревови; да ги трпиме укорите од страна на надредените, кои Господ ги вразумува да не постапуваат со злоба, туку со љубов и со кроток дух.

Внимавај, за очистеното срце од гревови, ќе добиеш бесценета награда ќе го видиш Бога, Себлагиот Создател и свој Промислител. Тежок е подвигот за очистување на срцето, бидеј ќи е соочен со големи лишувања и тага, но затоа пак, наградата е голема. „ Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога! “ (Мт. 5, 8)

Колку сме бавни кога треба да направиме добро, а колку сме брзи кога е во прашање злото! Ете, јас сакам да бидам добар кон непријателот и на дело да ја покажам мојата добрина, но пред да успеам да станам во срцето добар, веќе сум - злобен, огнената стрела на злобата ја опожарила мојата внатрешност. Сакам да бидам трпелив, но пред да успеам да ја утврдам трпеливоста во моето срце, јас веќе сум станал нетрпелив и агресивен! Сакам да бидам смирен, но гордоста веќе си зазела место во моето срце! Сакам да бидам љубезен и слаткоречив, но токму тогаш кога треба да се однесувам добро, напротив, себеси се претставувам како груб! Сакам да не бидам алчен, туку дарежлив, но алчноста и расипништвото, и при најмал повод, рикаат како гладни лавови, кои си ја бараат храната. Сакам да бидам добродушен и доверлив, но лукавството и сомнежот веќе го нагризуваат моето срце! Сакам да бидам прибран, сосредоточен и сконцентриран на службата на Седржителот, но лекомисленоста и невниманнето ме превтасале! Сакам да бидам непристрастен, да бидам воздржан во храната и пиењето, но кога ќе видам вкусна храна и пиење на масата, мојот стомак се радува како затвореник на вкусен оброк и повторно се предавам на искушението, па јадам и пијам повеќе отколку што ми е потребно за да се наситам: ненаситноста и невоздржливоста повторно ме превтасаа и пак ја победија мојата желба да бидам рамнодушен кон храната и пиењето.

Јас сум ист како оној кој боледувал 38 години и лежел на својот одар: секогаш кога ќе се приближам до бањата откако Ангелот ќе ја замати водата (во која се исцелува секој кој прв ќе влезе во неа), ., друг слегува пред мене “ (Јн. 5, 8).

И кога јас, ослабнат поради моите гревови, собирам сили да си дојдам при себе, со намера да потонам во Бога и да се променам на подобро друг слегува во моето срце. Гревот и ѓаволот пред мене стигнуваат во мојот дом, во мојот сопствен купел и не ми дозволуваат да стигнам до Изворот на жива вода Господа; не ми дозволуваат да потонам во купелот на верата кој очистува, да потонам во смирение и во солзи и потиштеност на срцето. А кој може да ме исцели? Само Исус Христос! Кога Он ќе ја вили мојата искрена и силна желба за исцелување на душевните слабости и мојата топла молитва, ќе ми рече: „ Стани, земи ја постапката своја и оди си! “ И, јас ќе станам од одарот на малодушноста и ќе проодам, т.е. преку Неговата благодат лесно ќе ги победам сите страсти и ќе извршам многу добри дела.

Браќа и сестри, ревнители за благочестието! Ќе се случи и тоа, да слушнеш (најмногу од своите домашни) дека си тежок и неподнослив човек. Ќе забележиш големо нерасположение кон себеси, но и непријателство поради своето благочестие, иако непријателите нема да покажат дека поради него зборуваат лошо за тебе.

Не разочарувај се поради тоа и не очајувај, бидејќи ѓаволот навистина може да ги преувеличи твоите слабости од кои не си ослободен, бидејќи сепак си човек. Потсети се на зборовите на Спасителот: „ И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни “ (Мт. 10, 36). Труди се да ги поправиш недостатоците и држи се цврсто за благочестието. Совеста, животот и делата свои довери му ги на Бога, бидејќи Он ги познава нашите срца. Непристрасно погледни се себеси: да не си навистина човек со тежок карактер, особено кон твоите домашни; да не си мрачен, груб, молчалив и затворен во себе? Разотвори го срцето за разговор и за љубезно однесување, но не за да трпиш неправилности. На забелешките од другите реагирај кротко, а не агресивно, жолчно, зајадливо: „ Секое ваше дело нека биде во љубов “ (1 Кор. 16, 14), вели апостолот. Биди трпелив, не давај коментари за се и сешто; некои работи истрпи ги, премолчи ги и прогледувај низ прсти. Љубовта „се покрива, во од верува, на се се надева, се поднесува“ (1 Кор. 13, 7). Понекогаш поради непромисленост и избрзаност настанува кавга, бидејќи забелешката не била кажана со кроткост и љубов, туку цинично и со намера да биде понижен другиот.

Утврди ја во душата намерата да го мразиш секој грев и кога ќе те искушува некој таков, ти машки, со чувство на омраза, спротивстави му се! Само внимавај, омразата да не се обрне кон братот, кој ти дава повод за грев. Гревот мрази го од се срце, а над својот брат сожали се: пробај да го вразумиш и моли се за него на Севишниот, Кој се гледа и знае што имаме во срцата и во утробата наша. „Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв “ (Евр. 12, 4). Без да го замразиш гревот не можеш, а да не паѓаш во него. Самољубието треба да се искорени, бидејќи тоа е причината за секој грев. Гревот секогаш се преправа, се прави наш добродетел, ни ветува задоволство и мир. „Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше” (1 Мојс. 3, 6). Ете, гревот секогаш изгледа вака!

Свети Јован Кронштадски