Свети Јован Кронштадски

„Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша “ [1Кор.11,28]

Браќа и сестри, вие кои се подготвувате за Причест, да се уплашиме од скаменетата бесчувствителност кон нашите гревови, да се исплашиме од гордоста на срцето, кое вели: немам потреба од простување на гревовите, не сум виновен, не сум грешен; или пак, моите гревови се мали, човечки (небаре треба да бидат ѓаволски); или пак, не ми е лошо да си живеам и вака, со гревовите. Е, тоа е таа ѓаволска гордост, и самиот сатана во нашето срце ги повторува овие зборови. Ајде, со сето срце да ги почувствуваме безбројните безаконија; да воздивнуваме поради нив од длабочината на душата; да пролееме за нив умилни солзи и да го смириме разгневениот Владика. И ни најмалку да не се оправдуваме себеси како лицемерите и фарисеите, бидејќи кажано е: „пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите“ (Пс. 142, 2). Оти само искреного покајание за гревовите може да го смири Бога. Да ја оставиме рамнодушноста и ладнокрвноста, и да му служиме на Господа со огнен дух. Да не заборавиме дека сме дошле да го смириме Владиката на нашиот живот и праведниот наш Судија, поради нашиот живот исполнет со гревови и безаконија. Зар е сега време за рамнодушност и ладнокрвност, кои и во секојдневниот живот во заедницата и во меѓусебните односи со луѓето се осудуваат? Зар не треба нашата душа да се обрати во духовен оган и да се излее во солзи на чистосрдечно покајание?

О, Боже наш, Боже наш! Нашите безаконија се многу побројни од влакната на главата, помногубројни од морскиот песок, а ние не ги чувствуваме, рамнодушни сме кон нив, дури не сме престанале и да ги сакаме. „Господи, ако гледаш на беззаконијата, тогаш кој ќе се одржи, Господи? “ (По. 129, 3). Господи, дарувај ни на сите нас потиштен дух и смирено, раскајано срце, за да Ти принесеме вистинско покајание. Амин.

Која е твојата должност, учесннку на Божествените Тајни? Ти треба да мислиш „ за небесното, не за земното “ ( Кол. 3, 2) „ каде што Христос седи одесно на Бога " ( Кол. 3, |), бидејќи „ заради тоа Христос влезе на земјата, за да не воведе нас на небесата " (Акатист на Преслакиот Исус). „Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. Одам да ви приготвам место “ (Јн.14,2 ) „А нашето жителство е на небесата“ (Фил. 3, 20) „Блажени се бедните по дух, зашо е нивно царството небесно! " ( Мт. 5, 3) „ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството Небесно “ ( Мт. 5, 20) „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене... зашто на таквите е Царството Божјо! " (Лк. 18, 16). Гледаш ли која е крајната цел, заради која Исус слезе од небото на земјата и заради која Тој ни ги предава Своите Божествени Тајни Телото и Крвта Свои? Целта е да ни биде дадено Небесното Царство.

Затоа стреми се кон него! „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него “ (Јн. 6, 56). Тоа може да се почувствува и искуството го потврдува. Човекот кој се принесува со Светите Тајни со вера и со срце покајано за гревовите, преблажен е и преисполнет со живот. Таа вистина е видлива и јасна. Кога пристапуваш кон Светата Чаша со сомнеж и без искрено покајание за гревовите, во тебе влегува сатаната, ја убива твојата душа, и тоа е сосема очигледно,

Кога ги примате Светите Тајни, бидете уверени дека ги примате Крвта и Телото Хрисови, исто како што ни најмалку не се сомневате во фактот дека секоја минутка вдишувате воздух. И постојано кажувајте си себеси: како што нема сомнеж дека постојано вдишувам воздух, така нема сомневање дека заедно со воздухот го примам во себе мојот Господ Исус Христос мојот здив и живот, мојата радост и спасение! Од пред воздухот Он е присутен во секое време од мојот живот, Он е мојот здив; од пред словото, Он е мое слово; пред да биде мислата, Он е моја мисла; пред секава светлина, Он е мојата светлина; пред секоја храна, Он е мојата храна; пред секое пиење, Он е мојата напивка; пред облеката, Он е мојата облека; пред секое благоухание, Он е мое благоухание; пред татко ми, Он ми е Отец; пред мајка ми, Он ми е мајка; пред земјата, Он е тврдата земја, која низ вековите ме носи, непоколеблива Од ништо!

Бидејќи, ние земните, забораваме дека во секое време преку Него дишеме, живееме, се движиме и постоиме; и „зошто две зла изврши мојот народ: Мене, изворот на жива вода Ме остави и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода“ (Ер. 2, 13); преку Своето Тело и Својата Крв, Он ни го открил изворот на жива вода која тече право во вечниот живот и Самиот Тој Себеси ни се дал за храна и пиење „за да живееме преку него " (1 Јн. 4, 9).

Оние што присуствуваат на Литургијата во Православната црква и учат за Богослужбата, треба да запомнат дека Богослужењето на земјата е всушност подготвување за радосната служба пред Бога на небесата.

Додека Му служиме на Бога со телото, многу повеќе треба да Му служиме со духот и со чисто срце. Треба да учиме да Му служиме на Бога, така како што му служеле светиите, за чиј живот и дела, вера, надеж и љубов учиме додека ја слушаме Литургијата. На Бога треба да му служиме, пред се, со дела и вистина, не само со зборови. Со самото свое битие ние сме веќе повикани за служба пред Него и затоа исправено стоиме: за да гледаме постојано кон Бога, да Му благодариме и да Го славиме; затоа ни е даден разумот, срцето и волјата, и сите сетила.

До кога Светите Тајни, кои ги примаме, залудно ќе не потсетуваат дека „едно тело сме ние многуте“ (1 Кор. 10, 17) залудно, велам, бидејќи ете кај нас и понатаму го нема она срдечно единство меѓу нас, како членови на Телото Христово? До кога ќе извршуваме самоволие во животот и ќе бидеме непријатели едни на други? До кога ќе си завидуваме еден на друг, ќе се „јадеме“ меѓусебно, ќе се огорчуваме, ќе се предизвикуваме, ќе се осудуваме и ќе се клеветиме? До кога во нас ќе нема Дух Христов, дух на кроткост и смирение, дух на нелицемерна љубов и добрина; дух на пожртвуваност и трпение, целомудреност, едноставност и искреност, презир кон земното и стремеж кон небесното? Владико, Господи Исусе Христе, просвети ги очите на нашето срце и „Твојот благ дух нека ме води по прав пат“ (Пс. 142, 10). Дај ни го Твојот Дух, Господи!

Оној кој верува во Спасителот и се храни со Неговото Тело и Неговата Крв, има во себе вечен живот и ете зошто секој грев му причинува силна болка и вознемиреност во срцето ( бидејќи со гревот се пишува од тоа блаженство). А оние што немаат живот вечен во себе. беззаконијата ги пијат како вода и не чувствуваат болка, затоа што во нивните срца ги нема блаженствата на вечниот живот.

Некои сметаат дека за благосостојба и праведност пред Бога им е доволно да ги исчитуваат сите предвидени молитви, без да обрнат внимание на тоа дали нивното срце е подготвено за Бога, т.е. дали внатре во душата ја подобриле состојбата. Многумина така прават: пред Причест само ќе го прочитаат Правилото! А всушност, пред се, треба да внимаваме на своето срце: дали е правилно настроено и подготвено за примање на Светите Тајни. Ако твоето срце, според Божјата милост. е правилно и е подготвено да го пречека Младоженецот, дури и да не си успеал да ги прочиташ сите молитви, по славата Божја нека биде, „зашто царството Божјо не е во зборови т уку во сила" (1 Кор. 4, 20). Послушноста со благоразумност кон мајката Црква е добра работа и ако е возможно „кој може да прифати" долга молитва „нека прифати" (Мт. 19, 12), но „не може секој да го прими кажаново, освен оние на кои им е дадено " (Мт. 19, 11), бидејќи ако долгата молитва не е прочитана со ревност во духот, тогаш подобро е да е кратка, но топла. Потсетете се дека само еден збор на митникот (цариникот), кажан со ревност во срцето, бил доволен за да го оправда. На Бог не му е важен бројот на зборовите, туку Му е важно како е расположено срцето за време на молитва. Најважни се жива вера во срцето и топло покајување за гревовите свои. Оној кој пристапува кон Светата Чаша со било каква страст во срцето е како Јуда, кој лукаво пристапи да го целива Синот Човечки.

За да се причестиш со животворните тајни со непоколеблива вера и за да ги победиш сите лукавства и сите клевети на ѓаволот, претстави си себеси дека она што го примаш од Чашата е Вечниот, Постојаниот.

Ако го имаш тоа расположение во мислите и во срцето, тогаш со примањето на Светите Тајни ќе се смириш, ќе се развеселиш; ќе се исполниш со живот и во срцето ќе почувствуваш дека во тебе навистина живее Господ и ти во Него. Ова од искуство го кажувам.

Свети Јован Кронштадски