Свети Антониј Велики

         Свети Антониј Велики, кој ставил почеток на осаменото подвижништво, со својот живот претставува идеал на таквиот вид богоугодништво, а истовремено и пат по кој и секоја душа, ако посака, треба да оди кон совршенството, кое е можно за нас на земјата.  

Животот на свети Антониј го опишал свети Атанасиј Велики, кој се наоѓа речиси без скратување во Житијата на светите за 17 јануари.

Овде укажуваме само на општите особености.

Божјиот избор на свети Антониј се пројавил уште во неговото детство. Тој бил мирен и срдечен по темперамент. Бил склон кон осамување. Избегнувал да се дружи со своите врсници и да учествува во нивните игри и шеги, а бил постојано со своите родители, кои го пазСеле како зеница на своите очи. Така и пораснал, оддалечен од луѓето, излегувал од дома само кога одел в црква. Наоѓајќи се во вакво расположение и ваков начин на живеење, Божјата благодат што ја добил во светото крштение, дејствувала без никаква пречка во изградувањето на неговиот дух и без особени усилби од негова страна. Сосем е природно што многу рано ја почувствувал сладоста на живеењето според Бога и што во него се разгорела божествената желба. како што вели свети Атанасиј.

Не наоѓајќи никакви пречки за ваквото живеење, зашто и неговите родители го имале истиот дух, и свети Антониј не пројавувал никаква желба да го напушти, сé додека тие биле живи и не му давале да се занимава со неизбежните животни грижи. Но, кога тие се упокоиле во Г оспода, тој, како повозрасен, бил должен да се зафати со раководењето на домашните работи и да се грижи за прехранувањето на својата ceстpa. И веднаш почувствувал голема разлика меѓу живеењето само во Бога и многубројните грижи на земниот живот. Тогаш тврдо одлучил -да напушти сѐ и да живее само за Бога. И токму тогаш, кога бил во таква душевна расположба, ги слушнал во црква Господовите зборови: “Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото,па дојди и врви по Мене!” (Матеј 19, 21). Набргу потоа ги слушнал и следниве зборови: “Немојте да се грижите за утре” (Матеј 6, 34). Овие зборови ја запечатиле оваа негова божествена желба, бидејќи во нив го слушнал Божјиот одговор на прашањата од својата совест, а истовремено: и Божјата заповед и Негов благослов да ја исполни скришната своја желба и стремежот на своето срце. Па така конечно и непоколебливо одлучил да им го раздаде на сиромасите целиот свој имот и почнал да живее само за Бога. Во текот на првите години свети Антониј живеел така, како што живееле и другите подвижници, кои се откажале од светскиот живот. Од нив се учел на сѐ. Познато е дека оние што му се посветиле на подвижништвото- откажување од светот, од сите животни грижи, се грижат само за тоа: како да Му угодат на Бога (1. Кор. 7, 32), дека ваквото подвижништво било установено во Божјата Црква уште Од самото нејзино основање, како суштествена неопходност на нејзиното устројство и од светите апостоли ги добило првите основни закони. Но од почетокот аскетите, така биле нарекувани оние луѓе, кои му се посветувале на ваквиот живот, откажувајќи се од светот и од грижите за животот, ги напуштале своите домови и се осамувале некаде на некое скришно место и таму се предавале на молитви, богомислие, пост, бдеење и на сите други подвизи. Со текот на времето, кога христијанството се раширило, по територија и по бројот на верните, многу подвижници почнале да ги оставаат своите семејства, да се оддалечуваат од градовите и селата, и во тишина и осаменосг да го минуваат својот живот во некоја пештера, во запустен гроб или во некоја особено изградена ќелија. Во времето на свети Антониј најревносните подвижници живееле главно на таков начин. И свети Антониј посакал да се углсда на нив. Почетокот на подвижничкиот живот е послушништвото. Него свети Антониј го минувал, угледајќи се на тие подвижници и им бил во сѐ послушен. Суштината на послушништвото се состои во утврдувањето на срцето во христијанските добродетели и во усвојувањето на редот на подвижничкиот живот под раководство на поискусните. Свети Антониј ги добил христијанските добродетели уште во домашното воспитување, сега му било потребно само да научи кои подвизи се потребни за оние, кои ревнуваат да живеат во Бога и како треба да ги извршуваат. Поради тоа ги посетувал тогашните подвижници и ги распрашувал што треба да прави и како треба да живее, а потоа, откако ќе бил поучен, се враќал духовно збогатен на своето осамено место. На тој начин, тој, како што забележува свети Атанасиј, како мудра пчела, од секаде собирал духовен мед и го сложувал во своето срце како во медоносен кош. Од еден примал строго воздржување во исхраната, спиење на гола земја, и долго бдеење, од друг се учел да биде неуморлив во молитвата, внимателно да ги следи своите помисли и да има постојано богомислие, кај трет се поучувал со неговиот пример на трудољубивост, верност спрема правилата и трпеливоста. Од сите го позајмувал оној дух на тврда вера во Господа Исуса Христа и на братска љубов спрема сите, настојувајќи во себе си да го соедини сето она, со што се одликувал секој од оците, кои имал можност да ги види и да ги слуша.

Без проверување на својот живот со животот на другите и без раководење од страна на опитен духовник никој не се издигнал до високи степени во подвижничкиот живот. Со духовните старци што ги среќавал, свети Антониј го проверувал својот живот, а нивното духовно раководење го насочило кон исправниот и непогрешлив пат кон совршенството. Во ова послушничко воспитување изминал петнаесет години, населен во една гробница, која не била многу оддалечена, каде доаѓал еден благороден селанец и му донесувал леб, кој бил неговата единствена храна, а свети Антониј му ги давал своите ракотворби, зашто тој живеел од трудот на своите раце. Сето свое време го делел на рачна работа, молитва и размислување за божествените вистини на Светото писмо. Во сето ова го научил ангел Божји еднаш кога бил измачуван од дух на униние.

Каков бил тогаш неговиот живот, ќе наведеме едно сведоштво од црковниот историчар Созомен (Црк.ист. кн.1. гл.13), кој пишува за свети Антониј: “Откако увидел, дека добриот живот по навика станува пријатен, иако првпат бил тежок, тој почнал да измислува сé построги подвижнички видови. Секој ден станувал сé повоздржлив и тоа го правел така, како да токму тогаш почнува и ѝ придавал нова сила на својата ревност; телесните задоволства ги зауздувал со трудови, а против душевните страсти се вооружувал со богомудра омраза против нив. Јадел само леб и сол, а пиел само вода.. Јадел на зајдисонце, а не ретко останувал без храна и по два-три дена. Може да се каже дека бдеел во текот на цели ноќи и со молитва го среќавал денот, а ако и заспивал, тоа бивало само за миг, најчесто лежел на гола земја; само голата земја ја имал за постела. Никогаш не се мачкал со елеј, не се миел и не си дозволувал други удобности, бидејќи од нив телото се изнежнува. Мрзливоста не можел да ја поднесува, а рачната работа не ја испуштал од своите раце во текот на целиот ден”.

По таков тежок пат одел свети Антониј. Но, како што е познато, таквиот живот не е без борба, како што нема ни светлина без темнина. Ако во нас нема грев и ако немаме непријател, тегаш само доброто би се развивало во нас и би растело без никакви пречки. Но бидејќи имаме и грев и непријатели, и тие пројавуваат свое право на нас, затоа никој не е поштеден од борби. Потребно е да ги обессилиме и да ги победиме, за да можеме слободно да одиме понатаму. Без тоа, тие ќе им пречат и на рацете и на нозете на оние што сакаат да одат, без оглед на тоа кои се и какви се. Еве зошто Божјата благодат, која го изградувала духот на свети Антониј, го воведувала во борби, за да го провери, како што се проверува златото во печката, да ги зајакнува неговите морални сили и да им даде можност за дејствување. На непријателот му бил дозволен пристап, а подвижникот го поткрепувала таинствената благодатна помош.

Свети Антониј опширно ја опишува оваа борба. Тој вели: “Непријателските стрели беа многу силни, но храбриот борец ги одбиваше, не колебајќи се ни најмалку”.

Најнапред непријателот се обидел да го поколеба со сожалување: затоа што го оставил светот, наведувајќи го, од една страна, на помисла, за значењето на семејството, кое го презрел без причина, за големото богатство, кое попусто го упропастил, за сите животни удобности, од кои како да се откажал без корист. Особено го измачувала мислата за неговата сестра, која ја оставил на туѓи раце, без своја сопствена поткрепа, грижа и нежност. А од друга страна, го измачувала мислата за тешкотиите и жестокостите на безрадосниот живот што го започнал, на кои не свикнало неговото изнежнето тело, кое не ќе може да поднесе такви големи лишувања. Помислувал и за должината на овој живот, чиј крај како да не може да се здогледа- далеку од луѓето, без никаква утеха и во постојано самоизмачување. Со овие и вакви помисли духовниот непријател предизвикувал во него силна бура од помисли. Но свети Антониј не само што го одбил непријателот, стоејќи непоколебливо во својата одлучност да ја продолжи својата намера, туку и потполно го победил со својата голема вера, дека сето она што го напуштил и се што прстрпува е ништо во споредба со огромните богатства и убавини, кои им ги подготвил Бог на оние трудбеници, кои се откажале од светот, зашто на Бога може да Му се угоди само ако сме слободни од сите животни и земни вериги. На тој начин, свети Антониј со своите непрестајни молитви го фрлил својот непријател во прав и пепел, а неговото срце се исполниле со преслатка духовна утеха.

Откако бил победен од таа страна, непријателот почнал да го напаѓа младиот борец од друга страна, од каде свикнал да ги напаѓа и да ги победува младите, па почнал да го напаѓа со телесни желби, не давајќи му мир ни дење ни ноќе. Оваа борба била толку жестока и продолжителна, така што не останала незабележана и од другите. Непријателот го напаѓал со лоши помисли, а свети Антониј ги одбивал со својата молитва; тој ги распалувал членовите на неговото тело, а светиот подвижник ги оладувал со пост, бдеење и со постојанен усилен труд. Духовниот непријател ноќе му се покажувал како прекрасна жена, трудејќи се да возбуди во него грешни жедби, а свети Антониј се издигнувал духовно и ги созерцавал горните духовни убавини, исполнет со живо сознание за благородството, со кое се удостојува нашата човечка природа во Господа Исуса Христа, одгонувајќи ја на тој начин измамливата прелест. Ѓаволот се трудел да предизвика кај него чувство на сласт од задоволство, а блажениот подвижник предизвикувал во себе си спротивно чувство на страшните огнени маки во вечниот оган и црвецот кој постојано гризе. На тој начин останувал неповреден. Најпосле, здодевноста и одвратноста на овие напади предизвикале кај овој духовен борец одвратност кон сите нечисти желби и силен гнев против нив. Ова го лишило духовниот непријател и од самата можност да му се приближува. Не можел дури и од подалеку да го искушува и да го вознемирува. Зашто чувството на омраза спрема страстните желби се како огнени стрели, кои го палат духовниот непријател. И на тој начин прелукавиот демон бил победен од младиот нодвижник, кој бил во страстно тело, па, посрамен, отстапил, зашто на Божјиот слуга му помагал Самиот Бог, Самиот Господ Исус Христос, Кој поради нас луѓето примил тело и во него ја победил сета сила на духовниот непријател, како што говори за ова секој вистински подвижник, велејќи заедно со апостолот: “Не јас, туку Бојата благодат, која е со мене” (1. Kop. 15,1О).

Ho, човечкиот непријател уште не ги употребил сите свои стрели. Гледајќи ја Божјата закрила над младиот борец, а знаејќи дека Бог им помага само на смирените, се замислува како да го лиши од таа закрила, се обидува да предизвика кај него гордост и високо мислење за себе си. Па, за да ја постигне својата цел, му се јавува како црно момченце и со измамлива понизност му вели на свети Антониј: ”Ти ме победи“. Претпоставувал дека тој својата победа ќе си ја припише на себе си, ќе почне да мисли високо за себе си и да се преценува, па на тој начин да Го прогневи Бога, Кој му помага. Тогаш свети Антониј го прашал: ”А кој си ти?“ ѓаволот му одговорил: ”Јас сум духот на блудот, јас сум задолжен да ја разгорувам блудната желба и да ги терам луѓето да прават телесен грев. Јас сум измамил многумина што се ветиле дека ќе живеат целомудрено, јас сум измамил и многумина, кои подолго време го измачувале своето тело и сум ги довел до паѓање во овој грев, но ти ги испокина сите мои мрежи и ми ги искрши сите стрели. Ти ме победи.“ Тогаш свети Антониј Му заблагодарил на Бога, својот Спасител, и извикал: “Господ ми е помошник: и јас слободно ќе гледам на непријателите мои” (Псал. 117, 7). А потоа смело го погледнал непријателот и му рекол: ”Мојот Бог ти дозволил да ми се јавиш црн, за да ми ја покаже црнината на твоите лоши мисли и да ми се јавиш како дете за да ми покаже колку си немоќен. Затоа си и достоен за секаков презир“. Лошиот дух, обгорен од овие зборови како со оган, избегал од свети Антониј и веќе не се приближил кон овој Божји угодник. Победата над страстите приближува кон бестрасност. Со зајакнувањето на бестрасноста, таа носи со себе си и душевен мир со сите сладосни чувства, кои се даваат заради молитвата и богомислието, предизвикува во срцето духовна топлина, која ги собира во себе си сите сили на духот, душата и телото и влегува внатре во човекот, каде, откако се насели, човекот чувствува ненаситна потреба да биде сам со единиот Бог. Ова силно тежнеење кон Бога е вториот степен на духовното издигнување. И свети Антониј сега се искачил на тој степен.           И дотогаш свети Антониј живеел сам, но понекогаш го посетувал неговиот пријател од селото, а и тој самиот одвреме-навреме ги посетувал духовните старци, одел и на богослужење во селската црква, особено на света Литургија. Но, сето тоа било поврзано со извесен вид разонода, колку и да настојувал да се ослободува од неа. Засилениот дух на свети Антониј почнал сега да бара се повеќе осамување, така што ништо да не гледа и да не слуша.

Кон ваква желба душата доаѓа сама од себе, одејќи по патот на подвижништвото. Таа бива следена од одлучна решеност да го направи тоа водена од силни пориви за самооткажување. Овој порив бил особено засилен откако јавно го нападнале бесовите. Тие, откако се лишени од можноста да дејствуваат на очистената душа, почнуваат да дејствуваат однадвор, се јавуваат јавно и видливо и прават сé да го повредат подвижникот и да го поколебаат во неговите добри намери - Божјата благодат го допушта ова за уште повисоко издигнување на подвижникот, давајќи му можност да се искачи на повисок стапалник и му овозможува да прими потоа власт над самите духови-искушувачи. Ова станало и со свети Антониј.

Најважното во сето ова е следново. Кога ги отворил очите и дошол на себе си во притворот на селската црква, едвај дишејќи, му рекол на својот пријател од селото: “Однеси ме пак во моето место на осамено живеење. На тој начин ја изразил својата готовност да умре заради животот, за кој сметал дека му е единствено угоден на Бога. Тоа значело дека навистина сака да умре за Господа, зашто неговата готовност за тоа била потполна.

Готовноста на смрт за Господа и за да Му се угоди на Него е сепобедно оружје, зашто со што друго може да биде искушен и исплашен оној што го има ова оружје? Ова се смета вистински почеток на подвижништвото и негова тврдина во неговото траење. Нашиот Господ и Спасител - Основачот на нашите подвизи, во текот на сите денови од Својот живот ја гледал Својата смрт пред Себе Си. Но, во Гетсиманската градина, за време на молитвената борба, конечно ја победил со Своето човештво, а страдањата и крсната смрт го направиле она што било изречено таму. Потоа следело тридневното саботствување, пред славното воскресение. По овој пат минуваат сите души, кои тргнале по Господа. Прв чекор по овој пат е самооткажувањето, но и во колку мали почетоци тоа да се пројавува, сепак тоа е во нас секогаш изразено како подготвеност за смрт. Потоа, ова самооткажување расте-расте и оваа подготвеност, која е всушност душата, која се откажала од себе си. Кој дојде до таков степен на подготвеност, каква што била подготвеноста на Спасителот во Гетсиманската градина, нему веднаш му претстои да се издигне со својот дух на крст, а потоа настанува духовното саботствување, по кое следи и духовното воскресение во славата на Господа Исуса Христа. - Ете, токму тоа настанало сега во духот на свети Антониј. Со своите зборови упатени кон неговиот пријател да го однесе пак таму, каде сатаната толку многу го измачил, тој покажал, дека и во неговиот дух било она истото што било и кај Спасителот, кога, по молитвата во градината, им рекол на своите ученици: “Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава” (Марко 14, 42). - Веднаш потоа следело неговото оддалечување во најоддалечената пустина, каде преживеал дваесет години во безмолвие. Тоа било неговото распнување и саботствување -  во духот.

Штом закрепнал од страдањата што му ги причиниле бесовите, веднаш тргнал кон пустината, оддалечена два и три дена патување од населените места. Таму се затворил во едно старо и напуштено капалиште, во кое имало воден извор, а леб му донесувал неговиот пријател само двапати годишно. Какви маки и какви страдања поднесувал овде и што станувало со него, никој никогаш ништо не видел. Но, судејќи според тоа каков излегол од овој доброволен затвор, треба да заклучиме дека тоа било време кога Светиот Дух го изградувал неговиот дух. Овде станувало со него она што станува со гасеницата кога се затвора во сопствена обвивка во кожурецот. Никој не може да види што станува со неа во текот на тоа време. Таа е тогаш мртва. Но, сеоживувачката сила на природата дејствува во неа и во свое време од кожурецот излегува прекрасна и разнобојна пеперутка. Тоа станало и во свети Антониј. Никој не видел што станува со него, невидливо и несвесно дури и за него самиот, светиот Дух Божји изградил во него нов човек, според ликот на неговиот Создател. Кога се завршило времето на оваа духовна градба му било заповедано да излезе и да им служи на верниците. И тој излегол, исполнет со разновидни благодатни дарови на Светиот Дух. Како што Господ Исус Христос воскресна од мртвите во славата на Отецот, така излегол сега и свети Антониј во обновен духовен живот.

Со тоа се завршило духовното оформување на свети Антониј. Целиот негов натамошен живот бил само приод на богати плодови од она што било посеано во првите два периода од неговиот живот. Овој - третиот период од неговиот живот бил период кога тој служел за доброто на Црквата, тоа било неговото апосголство. Колку било плодно и многустрано ова негово служење, може да се види од неговото житие, кое го напишал свети Атанасиј Велики. Тој им служел на луѓето со сите свои благодатни дарови. А какви ли дарови немало во него? - Имал дар на чудотворство, дар на власт над бесовите, над природните сили и над животните, дар на прозрение на мислите, дар на гледање на она што се случува на оддалеченост, како и дар на откровенија и виденија. Но од сите негови дарови што ги имал дарот на живиот збор бил најмногуплодниот и најчесто употребуваниот. Токму со овој дар им послужил на своите помали браќа отколку со сите други дарови што ги имал.

Свети Атанасиј пишува дека Бог му подарил на свети Антониј силни зборови, кои стигнувале до длабините на срцето. Тој умеел да говори со таква сила за корист на секого, така што многу познати личности војни и цивилни, луѓето кои располагале со големи богатства, се ослободувале од грижите на животот и станувале монаси. И сите што доаѓале кај него жалосни и несреќни се враќале утешени и весели. Оние што доаѓале кај него со солзи по своите покојници, веднаш престанувале да плачат. Сите што доаѓале разгневени се враќале смирени и кротки. И секој монах, кој бил нападнат од духот на очајанието, одново станувал ревносен и скокал во духовните подвизи. И немало млад човек, кој го видел и слушал свети Антониј, да не се откаже од грешни уживања и да не ја засака телесната и душевната чистота. А колку девојки, кои имале свои свршеници, само што го виделе оддалеку свети Антониј, веднаш станувале Христови невести!

Од сето ова станува јасно, дека свети Антониј не го затворал изворот на знаењето, кое му било дарувано од Бога. Луѓето оделе кај него главно да го чујат, да ги прифатат зборовите на вистината и да најдат во него духовен раководител. А тој, според зборовите на апостолот, сите ги подучувал, изобличувал и молел. Понекогаш неговите зборови течеле како надојден поток, какви се запишани во неговото житие од свети Атанасиј Велики. Понекогаш говорел не така опширно. Такви се неговите дваесет кратки слова. Најмногу се искажувал со кратки реченици, преполни со длабока смисла и сила. Тие негови многубројни кратки реченици потоа се пренесувале од уста на уста и претставувале еден вид подвижнички правилник во движење и најпосле го нашле своето место во познатите зборници на светите оци. Понекогаш свети Антониј пишувал и посланија до своите духовни чеда, до монаси и до разни семејства, во кои во општи црти го изложувал животот во Исуса Христа и ги лекувал духовните немоќи на некои од своите духовни браќа.

Сé што излегло од устата на свети Антониј и што ни го оставил напишано ѝ дава богата храна на секоја душа, која бара поука. До нас се дојдени, освен неговото опширно слово, кое се наоѓа во неговото житие, дваесет посланија упатени до монаси, дваесет кратки слова за добродетелите и пороците, сто и седумдесет глави за добриот морален живот, неговото правило за монаси со два додатка кон него и многу негови мисли и раскази за него, кои се секогаш многу корисни и поучни, а се наоѓаат во разни отечници.

Неговите посланија и слова се печатени во првите години на списанието “Христијанско Чтение”. Во Добротољубието се наоѓаат и им стојат на располагање на љубителите на вакви четива:

1.       Делови од посланијата и од словата;

2.       170 глави за добриот морален живот;

3.       Устав (правилник) за отшелнички живот;

4.       Изреки на свети Антониј и искажувања за него и

5.       Прашања на неговите ученици и одговори на духовниот старец за некои негови изреки.

Свети Антониј Велики