Преподобниот наш отец Јован Карпатски

Многумина молители, поднесувајќи им на земните цареви пролетни цвеќиња, не само што не бивале одбивани, туку понекогаш биле удостојувани и со големи дарови. Така и јас, по ваша желба, насобрав и позајмив стотина поучни кажувања и ви ги принесувам вам коишто го барате животот на небото. Ве молам да ме примите со добра расположба и да ме удостоите со царот на вашите молитви.

1. Бидејќи Царот на се е вечен и Неговото царство нема ни почеток ни крај, на оние што се одлучиле за Него им прилега чест за ревноста и за придобивање на добродетелите, кои Му се угодни на Него. Зашто почестите на овај живот, колку и да се извонредни престануваат заедно со сегашниот живот, а почестите што Бог им ги доделува на достојннте, остануваат вечно затоа што се даваат заедно со бесмртноста.

2. Блажениот Давид, пеејќи Му на Бога песна од името на сите созданија, откако ги спомнал ангелите и сите небесни сили, се спуштил дури и до земјата, а не ги изоставил ни зверовите, ни животните, ни птиците, ни лазачите, сметајќи ја таквата песна од името на се и на сите како поклонение пред Создателот нивни. Тој како да сакал секое создание да може да го принесе својот дар. А како може монахот, кој е споредуван со сапфнрското злато, да си дозволи некогаш да попушти во пеењето на псалмите или да стане мрзлив во него.

3. Како што огнот ја опфаќал капината, но не ја изгорувал, така ни жарот на телото не ги обеспокојува ни телото ни умот на оние, коишто го добиле царот на бестрасноста, макар и да носат тело мошне тешко и горливо, зашто „гласот Господов сече како огнен пламен“(Псал. 28,7) на природата, а волјата Божја и словото Божјо го разделуваат она што е соединето според својата природа.

4. Месечината, којашто ту се зголелемува ту се намалува, ја претставува состојбата на човекот, кој ту прави добро ту греши, и пак, преку покајанието, поаѓа по патот на добродетелта, Умот на грешникот не загинал, како што мислат некои, како што не загинува и телото на месечината, туку само светлината и се намалува. Така и човекот преку покајанието пак си ја враќа светлината што му е својствена, како што и месечината, по смалувањето, пак се облекува со својата обична светлина. Во Светото писмо читаме: „Кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“(Јован 11, 25) и „ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ“(Језек. 37, 14).

5. Кога против тебе ќе се дигне духовен рој на непријателски вообразби, и ти, ако бидеш совладан и победен од нив, знај дека само привремено си се одделил од божествената благодат; според праведниот суд ти си предаден во рацете на своето паѓање. Труди се благодатта да не те напушти ни за миг, да не те остави заради твојата неработливост. Кога ќе станеш од својата падната состојба и ќе можеш да преминеш преку преградата на страсните помисли и преку сите натрупани нечисти искушенија на демонската итрина, не биди неблагодарен, но признавајќи го дарот што ти е даден одозгора, па заедно со апостолот речи: „Не јас, туку благодатта, која е со мене“ (1. Кор. 15, 10), таа ја создаде победата во мене, ме постави над исчистите сили што ме напаѓаа со нечисти помисли, и „ќе ме избави од човек неправеден“, односно од ѓаволот и од древниот човек (Псал. 17, 40). Затоа, кога бев издигнат високо врз крилјата на Духот и, како да се ослободив од своето тело, можев да се издигнам повисоко од мноштвото на демонските сили што ме гонеа, кои обично го уловуваат човечкиот ум со мрежата на сластољубивоста и оној којшто измолил да биде избавен од него - извинува: „Оној Кој ме изведе од земјата египетска, односно од светот што ја погубува душата, Он со раката Своја тајно војува за мене. Он го победи Амалика и ми даде надеж, дека и другите лоши страсти Господ ќе ги победи и сите што ќе излезат пред нас“(сп. 2. Мој. 17, 14 16). Нашиот Бог ќе ни даде и премудрост и сила; зашто некои добиле премудрост, но не добиле и сила не ја добиле силата на Духот за победа на непријателите. Он ќе ја подигне твојата глава над твоите непријатели и ќе ти даде крилја како на гулаб и ќе летнеш и ќе најдеш починка кај Господа (cп. Псал. 54, 7), ќе стави Господ лак од бакар во рацете твои и ќе те покаже цврст, брз и силен за да можеш да му се противставуваш на противникот твој; од нозете твои ќе паѓаат сите што ќе стануваат против тебе (сп. Псал. 17, 35 40), Благодари Му на Г оспода што ја запазил твојата чистота, што не ге оставил во рацете на сладострастијата на твоето тело и на твојата крв и на нечистите и смрдени духови, кои дејствуваат преку нив, туку те оградил како со бедем, те заградил со Својата десница. Затоа изгради Му олтар, како што Му изградил Мојсеј кога го натерал Амалика во бегство (сп. 2. Мој. 17, 15) и прослави Го со песната: „Поради тоа што Те исповедам пред народите, Господи, и ќе Го воспевам името Твое“(Псал. 17, 50), затоа што си го запазил животот мој од распаѓање и што си ме избавил од вешто исплетената мрежа на демонската злоба.

6. Лошите демони распалуваат лоши страсти во нас, ја обновуваат нивната сила, ги издигнуваат и ги размножуваат. Но, размислувањата за божествените зборови, придружени со солзи, ги умртвуваат и ги уништуваат, и колку и да се вкоренети и силни, малку помалку ги отстрануваат гревовните дела душевните и телесните. Ние, пак, сме должни да не бидеме мрзливи во молитвите и во надежта, кои треба да бидат непрестајни. Постојано да бидеме седнати при нозете на Господа.

7. Зошто нашиот Спасител Господ Исус Христос од устата на младенцпте, во кои немало злоба, си создал пофалба за Себе Си? Секако затоа со пеење на псалми да го уништи непријателот и одмаздникот, оној којшто ги тиранизира верните души злобниот одмаздник, ѓаволот. Зашто во Светото писмо се вели: „И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, коишто станаа против Тебе“(2. Мој . 15, 7) и непријателите што војуваат против нас.

8. Секој јаде од плодовите на својот труд едната половина ја јаде сега, а другата ќе ја јаде во идниот век.

9. Монахот секогаш треба да го држи разумниот пост, да се предава на безмолвие и да не се прелестува од страстите.

10. Демоните, мразителите на нашата душа, му дошепнуваат на некој човек да ни упати некаква ништожна пофалба, а потоа и нас не убедуваат да и се радуваме на таа пофалба. Откако доброто мислење за себеси ќе не ослаби, предавајќи и се на суетата и на славољубието, нашите непријатели лесно и целосно ќе не заробат, запленувајќи не.

11. Подобро е да го примаш оној што те навредува, отколку оној што те фали, кој. според зборовите на Светото писмо, не се разликува од оној што те проколнува (сп. Изрек. 27, 14).

12. Кога ревносно го извршуваш подвигот на постот, но од немоќ попуштиш во неговата строгост, тогаш смири го твоето срце И обрати се со молитва кон Промислителот и Судијата на сите. Ако секогаш бидеш така смирен пред Господа, тогаш никогаш, и пред никого, нема да се погордееш.

13. Нашиот непријател, знаејќи оти молитвата е нашето најпобедоносно оружје, а за него уништувачко, понекогаш ни наметнува желба да читаме некакви елински списи, што сме ги напуштиле. Но да не ги слушаме неговите совети, за да не се отклонуваме од законите и од преданијата на нашето духовно призвание и да не собираме трње и боцки, место смокви и грозје. Зашто, како што пишува апостолот: „Мудроста од овој свет е безумство пред Бога“(1. Kop. 3, 19).

14. Светиот ангел вели: „Еве, ти соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе““(Лука 2, 10), a не само за некој. И уште: „Целата земја нека Ти се поклони и да ти пее“(Псал. 65, 4), а не само еден нејзин дел. Оној што не се моли со солзи, не може да добие ништо, а оние што го добиваат саканото треба да се радуваат. А, ако е така, тогаш да не очајуваме, туку со радост да го живееме сегашниот живот. Од реченото, да извлечеме поука, така што, да се радуваме и да не очајуваме. Но, сепак, оваа радост треба да ја соединуваме со страв Божји, како што е речено на друго место во Светото писмо: „Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет“(Псал. 2, 11). Така и жените мироносици, кои биле заедно со Марија Магдалина, „со страв и со радост голема отрчаа да им соопштат на учениците Негови“(Матеј 28, 8). Можеби и ние некогаш со страв и со радост ќе избегаме од нашиот душевен гроб. И ќе бице прекрасно, ако нашето бегање се случи без страв, зашто никој не е безгрешен, макар биле тоа Мојсеј или апостол Петар. Но сепак, кај таквите, божествената љубов, откако победила, го изгонува стравот во смртниот час.

15. За тоа како страсниот, откако поверувал, добил дар на бестрасност, имаме сведоштво во Светото писмо. Нашиот Спасител и Господ Исус Христос му рекол на покајаниот и благоразумен разбојник: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лука 23, 43). Он и рекол на крвоточивата жена: „ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја“(Марко 5, 34). Bо Светото писмо има и многу други слични места, како што е и ова: „Нека ти биде според верата твоја“(Матеј 9, 29).

16. Kora строго се однесуваме спрема страстите, тогаш од демоните биваме посилно напаѓани со срамни помисли. Тогаш, особено треба да ја утврдуваме нашата вера во Господа и силно да ја закрепнуваме нашата надеж дека ќе ги добиеме ветените вечни блага, од коишто, од завист, нашите духовни непријатели се трудат да не лишат и да не отуѓат. Зашто, ако овие блага не би биле така големи, демоните не би гореле со таква завист спрема нас и не би не стрелале толку често со нечисти помисли, надевајќи се со тоа да ја задоволат својата злоба и, мислејќи дека со тоа ќе не доведат во очајание со тоа што ќе не напаѓаат многупати со своите силни искушенија.

17. Некои велат дека вистинското знаење е дејствувањето според онаа вистина, што сме ја сознале. Затоа, трудете се со своите дела да ги пројавувате и верата и знаењето, зашто оној што се превознесува со своето знаење ќе ги слушне зборовите: „Тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат“ (Тит 1, 16).

18. Многу често за време на празниците и на светите собранија, особено тогаш, кога имаме намера да се причестиме, демоните се грижат да ги осквернат подвижниците со срамни помисли и со истечување на семето. Но и покрај тоа, нема да успеат да ги обесхрабрат и да ги доведат во очајание оние што свикнале се да поднесуват трпеливо и храбро. Затоа, нека не се фалат на наша сметка оние што се свиткуваат како змии и настојуваат да не измамат.

19. За нашата постојаност и за нашата ревност, нашите духовни непријатели ни се одмаздуваат со различни и неискажливи искушенија. Но, биди храбар! Со тие големи и неискажливи маки се плетат твоите венци. Светиот апостол ги наведува Божјите зборови: „Мојата сила наполно се покажува во слабоста“(2. Kop. 12, 9) и благодатта на Светиот Дух обично цути во најтешките состојби, како што не уверуваат зборовите на пророкот: „На праведните во темнина им изгрева светлина“(Псал. 111, 4).

Ова ни го кажуваат и зборовите на светиот апостол Павле: „Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со коишто се фалиме, ги запазиме до крај““(Евр. 3, 6).

20. Ништо толку многу не ја растројува добрата духовна состојба како смеата, шегите и празните зборови. И ништо толку не ја обновува и не ја подготвува застарената душа за зближување со Бога, како што го прават тоа стравот Божји, доброто внимание, непрестајното поучување во Божјите зборови, вооружувањето со молитвата и барањето на многу плодното бдеење.

21. Лесно е и корисно за душата трпеливо да ги поднесуваме маките, што ни ги причинуваат луѓето или демоните, знаејќи дека заслужено сме подложени на нив и за тоа не треба да прекоруваме никого, освен себеси. Оној што ги прекорува другите за тешкотиите што го постигнуваат се оттргнува од вистинското расудување.

22. Се случува човек, иако се труди, да погреши; под силата на учиножени искушенија да се оддалечи од вистинскиот пат, со што, како што вели Светото писмо: исчезнува сета мудрост и сето негово искуство (Псал. 106, 27). Ова се допушта, „за да не се надеваме на себеси“(2. Кор. 1, 9) и „за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: ,мојата рака ме спаси“ “ (Суд. 7, 2). Ho, надевај се дека ќе ја востановиш претходната твоја духовна состојба, кога, според Божјата заповед, од тебе ќе биде прогонет лукавиот дух, кој страстно гледа и слуша се, поттикнувајќи те кон грев. И на телото твое му дава да чувствува неискажливи тешкотии; а вредната помисла, која сама по себе е едноставна и не е лукава, слична на новородените младенчиња, ја прави разновидна и многу искусна во секој грев, Извртувајќи и свртувајќи ја, ту на едната, ту на другата страна.

23.Човекот, кој расте внатре во себеси и кој бива возвеличуван за своите добродетели е големо нешто. Но сепак, оваа величина се плаши од гревот, како што слонот се плаши од глушец, „да не би случајно проповедајќи им на другите и сам да останам негоден“(1. Kop. 9, 27).

24. Не само пред крајот на светот ѓаволот ќе почне да говори против Севишниот, како што вели светиот пророк Даниил (сп. Дан. 7, 25); тој и сега преку нашите мисли, хули на самото небо и Го понижува Севишниот, Неговите созданија и светите Христови тајни. Ние, пак, треба цврсто да стоиме на каменот на знаењето; не треба да се плашиме и да се вчудоневидуваме Од смелоста на овај измамник, туку должни сме да се вооружуваме со вера и со топла молитва, та да се удостоиме, со помошта од Севишниот, да му се противставуваме без страв.

25. Духовниот непријател безочно ја напаѓа нашата душа која само што излегла од телото и станува страшен изобличител на нејзините гревовни паѓања. Но, тогаш можеме да го видеме и ова: како богољубивата и верна душа, која, иако пред тоа многупати била гревовно ранувана, не се плаши ни од застрашувањата, ниту од нападите. туку се покажува силна со силата Божја, бива окрилувана со радост, се одушевува со храброст, гледајќи ги небесните сили кои ја придружуваат и со светлина на верата ја оградуваат како со вид, и со голема смелост извикуваат против жестокиот ѓавол: „Што имаме заедничко ти и ние; ти си му туѓ на Бога? Што имаме ние заедничко ти си фрлен од небото и му слугуваш на сатаната. Ти немаш никаква власт над нас; Христос Синот Божји владее над нас и над се во светот. Ние сме му згрешиле Нему и пред Него ќе одговараме и имаме надеж дека ќе бидеме помилувани и спасени со Неговиот пречесен Крст. А ти, проколнатиот, бегај од нас! Нема ништо заедничко меѓу тебе и нас слугите на Господа Исуса Христа.“ Од ваквите смели зборови на душата, ѓаволот беснее и крикнува со страшни извици, немоќен да устои против Христовото име. А душата, издигната над ѓаволот, летајќи над него, го напаѓа како што соколот ја напаѓа чавката. Потоа исполнета со радост, таа бива пренесена од Божјите ангели на местото одредено за неа, според нејзината духовна состојба.

26. Toa што и некое мало искушение понекогаш му става пречка на ревносниот подвижник во неговото напредување, во оваа вистина нека те увери и случајот со рибичката Ехенис, која само со својот допир до некој брод, натоварен со многу стоки, не му дава да плови понатаму. При ова спомни си и за оној, којшто вели за себеси: „Ние, најмногу јас Павле, и еднаш, и другпат, посакавме да дојдеме при вас; но не попречи сатаната“(1. Сол. 2, 18). Но сепак, не плаши се од ова, туку подвизувај се против ова со трпение и ќе добиеш благодат.

27. Кога богатиот со добродетели ќе стане мрзлив и ќе отстапи од она што е должен да го прави, тогаш против него се креваат лошите потомци на Амолика, а особено на Мадијамците (сп. Суд. гл. 6) силата што го сака блудот, заедно со своите камили, со страсните спомени, коишто се безбројни, И ги уништуваат сите плодови на земјата, односно плодовите на добрите дела и обичаи. Како последица на тоа Израил најпосле осиромашува и тогаш одозгора му бива испраќана добра помисла: да се угледа на Гедеона на неговата голема вера и на неговата смиреност, зашто тој велел: „Господи, како ќе го стасам Израилот: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот татко“(Суд. 6, 45). Toj се крева против таквото мноштво напаѓачи само со триста илјади немоќни луѓе, а со помошта на Божјата благодат, ги победува силните непријатели.

28. Не ќе можеш ти „на отровница и на змија да нагазуваш, лав и змеј да убиваш“(Псал. 90, 13), ако Не My се молиш долго на Бога и ако не ги добиеш ангелите за свои помошници, така што тие, откако ќе те земат на своите раце, ќе те издигнат над секое земно мудрување.

29. Кога ќе падне оној што се подвизувал силно, нека не паѓа духовно и нека не ослабнува, туку нека си спомне за зборовите на Исаија, нека се исправи и нека се охрабри, пеејќи ја песната: „Здружувајте се“, о, лукави бесови, „но ќе бидете уништени...“ „Вооружувајте се, но ќе бидете победени; вооружувајте се, но ќе бидете уништени! Кројте заговори, но тие ќе се срушат, говорете збор, но тој нема да се исполни, зашто со нас е Бог!“ (Иса. 8, 9 10). Бог, Кој ги подигнува паднатите и нашите непријатели ги исполнува со страдања и маки. Он ќе биде со нас откако ќе се покаеме.

30. Не може да се запази од маки оној што бива поучуван преку искушенија, но потоа ќе биде удостоен со голема радост, со слатки солзи и со божествени помисли затоа што страдал и го смирувал своето срце.

31. Ако ни Исак кој сакал, ни Исав кој брзал кон благословот, не го добиле она што го чекале (сп. Рпм. 9, 16); тоа зависи од Бога Кој милува, благословува и со Својот Дух го помазува не оној , кого ние сме го посакале, туку оној кого Он Самиот, уште пред создавањето, го предопределил за Своја служба. Затоа, не треба да се збунуваме и да им завидуваме на нашите бедни и последни браќа, коишто напредуваат во добродетелпте. Секако си ја слушнал евангелската парабола, во која Господ вели: „Отстапи го местото на овој“(Лука 14. 9) за да седне оној што е подостоен од тебе. Затоа, да бидеме восхитени со Судијата, Кој пресудил неискажливо премудро помалиот п последниот да биде прв и да предводи, а ние да бидеме последни, макар што сме пред нив, според подвизи и според години. На кого Господ каква мера му дал, со неа нека се сообразува, како што вели апостолот: „Ако живееме со дух, по духот сме должни и да постапуваме“(Гал. 5, 25).

32. Никако не се согласувај кога твојот послушник ќе ти рече: Дај ми власт извесно време да се обилувам, со цел да добијам некоја добродетел, да испитам повеќе работи и да го направам, најдоброто. Јасно е дека тој ја бара само својата волја, отфрлајќи ги заветите на послушноста.

33. Ke видиш дека телесните страсти со време и со Божјата помош биваат победувани, макар нивниот број и да е голем; милоста Христова никогаш не престанува. Зашто „милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него“(Псал. 102, 17).

34. Царските сокровишта се исполнуваат со злато, а умовите на вистинските монаси се полнат со вистински знаења.

35. Понекогаш учителот се предава на срам, бива предаван на искушенија за придобивање духовна полза. Апостолот вели: „Ние сме безумни поради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме немоќни, а вие сте силни, вие сте славни, а ние бесчесни“(1. Кор. 4, 10).

36. Изворот и поткрепата на распаѓањето преку телото е страсната помисла. Но, оној што ќе отрезни по паѓањето тој, со покајанието, ја изгонува од својата душа. Зашто е речено, дека би било подобро кога би поплакале, за да го исфрлите од вашата средина оној што ве настроил да го направите тоа дело лошата и непотребна мисла (сп. 1. Кор. 5, 2). Затоа, плачот му се противставува на распаѓањето.

37. Кој ќе му јави на измачениот од бесчестие и слабост во добродетелите, дека тој ќе Го види Исуса, не само во идниот свет туку и овде на земјава, дека ќе дојде во него со сила и со голема слава преку бестрасност? Така и тој, слично како Сара, душата негова, остарена во неплодност и најпосле, според ветувањето ќе го роди синот на правдата, па ќе рече: „Смеа ми подари Бог, ми даде голема радост на мене којшто толку години поминав во жалост заради многуте мои страсти. После толку долго време Бог ми подари младост, ,како на орел ќе се обновува твојата младост“ “ (Псал. 102, 5). Зашто остарев во гревовите и во срамните страсти, а сега одново сум млада и нежна; бев огрубена од земното живеење, а сега лесно ги гледам земните работи, одново ја примив својствената ми природна едноставност. Сега, откако по Божјата милост умот мој одново оздраве и телото мое стана како телото на Сириецот Нееман, слично на телото на младенец, преку моето измивање во видението на Јордан. Сега пак имам една природа, зашто, според Божјата благодат, се избавив од мудрувањето на змијата и од мноштвото лоши помисли, многу искусни во злото и проникнати во земната многувидна сетивност.

38. Замисли дека Самиот Господ ти говори вака: „Во минатото ти дадов такви и такви дарови со кои се успокојуваше и се задоволуваше. Потоа, наместо нив, те обдарив со други соодветни на првите. А ти, мислејќи на даровите што ти беа одземени и, необрнувајќи никакво внимание на новите дарови, кои ти беа дадени наместо одземените, офкаш, стенкаш и длабоко жалиш, но Мене Ме орадостуваш со восприемањето на жалоста што ти ја праќам (сп. 2. Кор. 2, 2), зашто Јас ги испраќам маките и страдањата за корист, грижејќи се да не загине оној што го сметам за Мој син“.

39. Наложи си заповед да не јадеш риба, и внимавај што ќе се случи: како духовниот твој непријател ќе почне да те тера да сакаш да јадеш риба, а и ти самиот силно ќе се устремуваш кон тоа, што не треба да јадеш. Тогаш, ќе видиш и самиот што се случило и со Адама, зошто и тој тогаш слушнал: „Ете, од ова дрво да не јадеш плодови!“ И тој тогаш се устремпл со сета своја сила кон она што му било забрането.

40. Бог многумина спасува преку разумност, а други преку простота и незлобивост; треба да знаеш дека Бог нема да го отфрли незлобивиот.

41. Оние што повеќе и обрнуваат внимание на молитвата, тие биваат изложувани на пострашни и пожестоки искушенија.

42. Ако си предизбран за бестрасност, не предавај се на безгрижност, туку, труди се со сите свои сили да ја придобиеш. Зашто, како што вели апостолот: „Затоа и воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште... та животот да го проголта смртното“(2. Кор. 5, 2, 4), не само телесно, заедно со свршувањето на светот, туку уште овде како залог. Апостолот пак вели: „Победата ја проголта смртта“(1. Кор. 15, 54). И ќе бидат проголтани од брановите, кои ќе бидат испратени од небото сите египетски сили, кои не прогонуваат и измачуваат.

43. Ако си го заборавил реченото „го изнурувам и го поробувам телото, да не би случајно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден “(1. Кор. 9, 27), како и: „Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне“(1. Кор. 10, 12), а овие зборови апостолот им ги упатува на духовните: „Браќа, и да падне човек во грев, вие духовните поправајте го таквиот со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушени“(Гал. 6, 1). Ако си го заборавил отклонувањето на Соломона од правиот пат и неговите беззаконија, по толку многу благодат; ако си го заборавил ненадејното одречување на великиот Петар, тогаш осмели се да се надеваш на својот разум, гордеј се со начинот на твоето живеење, пофали се со должината на твоето големо подвижништво и дај и место да се појави твојата гордост. Но, о, брате мој, никако не предавај им се на мрзливоста и на безгрижноста, туку плаши се. Плаши се, се додека има здив во твоите ноздри, па макар да ги имаш и годините на Мојсеја и моли се, велејќи: „Господи, не отфрлај ме на старост. кога ќе почне силата моја да исчезнува, на напуштај ме. За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба; за Тебе вечно ќе пеам. За многумина бев како чудо, но Ти си мојот силен помошник“(Псал. 70, 9, 6-7).

44. Господ ти говори како и на Матеја: „Врви по Мене“(Матеј . 9, 9). Доколку сега. брзајќи усрдно по својот сакан Господ низ патот на животот се сопнеш на камен од страста со ногата твоја и ненадејно паднеш во грев или, одејќи по мочурливи места, често, и без да сакаш се препнуваш и паѓаш, тогаш, колкупати и да паднеш и да му нанесеш болка на твоето тело, станувај веднаш и со твојата претходна ревност брзај по својот Господ, се додека не Го стигнеш. „И така, се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот. Устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ќе Те фали устата моја“, пеејќи Ти песна на Тебе (сп. Псал. 62, 2-5). За мене е големо достоинство тоа, што сум го добил името христијанин, како што ми вели Господ преку устата на својот пророк Исаија: „Малку е тоа што Ти ќе ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се врати остатокот Израилов, туку Јас ќе те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата“(Иса. 49, 6).

45. Таму каде што се вели дека Господ ќе им ги даде Своите блага на оние што ги бараат од Него (сп.Матеј. 7, 9) и: „небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат“(Лука. 11, 13), Со овие зборови ни се кажува, дека не само што ќе ни бидат Простени гревовите, туку дека оние што Му се молат ќе бидат удостоени да им бидат дарувани и небесните дарови, бидејќи се укрепувани во своите молитвени дарови со мислата за тоа дека Господ им ги ветил Своите блага не на праведниците, туку на грешниците. Затоа, моли се и барај неотстапно и со бесомнежно расположение, иако не си совршен во твојот добродетелен живот, иако си немоќен и недостоен, - и ќе ги добиеш овие големи дарови.

46. Неверниот или маловернпот да размислува за тоа како мравката добива крилја, како некои црви и лазачи добиваат перки и за многу други прекрасни работи што се случуваат во природата, па на тој начин, совладувајќи ја слабоста на неверувањето и очајувањето, да може, најпосле. како дрво, да го оплоди своето преславно знаење, како што вели Господ преку Својот пророк Језекиил: „И ќе разберат сите полски дрвја, дека Јас, Господ, високото дрво го снизувам, ниското го издигам, зеленото го исушувам, а сувото дрво го раззеленувам Јас Господ„ го реков тоа и ќе го направам. Коски суви, чујте го словото Господово! Така им вели Господ Бог на овие коски еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете“(Језек. 17, 24; 37,4-5,9).

47. Никогаш да не се трудиш заради телесните потреби, да не претеруваш во својот напор и да не се истоштуваш во своите грижи, туку со сета своја душа имај доверба во Бога, како што некогаш говорел некој мудар отец: .„Предајте Му се на Господа и Он ќе ви се предаде на вас“ или како што пишува блажениот апостол Петар: „Бидете мудри и бодри во молитвите“(1. Петр. 4, 7). Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас“(1. Петр. 5, 7). Ако се уште се сомневаш и не веруваш дека Он се грижи за тебе за да те исхрани, погледни го пајакот и размисли, колку тој се разликува од човекот; од него нема ништо послабо и поништожно во светов. Тој не поседува имот, не оди никаде, не оди по судови и не се гневи; нема житници ни магацини; тој живее во совршена кротост и целомудреност. Животот свој го поминува во молчење за она што се однесува на другите; не е љубопитен: зафатен е само со својот труд и работи нерасеано и предано, а со тоа, и без да им говори, ги подучува оние што не сакаат да работат: им сведочи дека оној што не сака да работи не треба ни да јаде. Толку е молчалив, така што го надминал и самиот филозов Питагора, на кого Елините му се восхитуваат повеќе отколку на кој и да е друг филозоф затоа што бил толку воздржлив во говорењето. Питагора не разговарал со сите; говорел само од време на време тајно, само со своите пријатели. Понекогаш им се обраќал со зборови и на биковите и на орлите, нешто што е неразумно и смешно. Тој воопшто не пиел вино, туку само вода. Но воздржувањето на Питагора од говорење, пајакот го надминал со својата совршена безгласност, а неговото воздржување од вино го надминал со тоа што тој се воздржува и од пиењето вода. Ете. во ваква молчалива состојба живее слабиот и смирен пајак; не сака да се покажува и да оди таму ваму, а и не работи прекумерно и не се заморува. Оној Кој живее во висините и ги надгледува смиренпте (а никој не е посмирен од пајакот) и на него ја покажува својата промисла, секој ден му ја испраќа неговата храна, ситните мушички и инсекти во неговата мрежа. за да ги задоволи неговите потреби.

48. Можеби некој од оние што јадат многу ќе рече: „Јас јадам многу и затоа трошам многу пари, па како тогаш можам да не се зафаќам за многу работи?“ Тој треба да ги набљудува големите китови, што се хранат во Атланскиот Океан, да види како Бог ги храни изобилно и како никогаш не трпат глад, иако секој од овие големи чудовишта јаде толку многу риби, колку што не може да изеде за еден ден ни најголемиот град во светот. Светиот пророк пее: „Сите тие од тебе чекаат да им дадеш храна навреме“(Псал. 103, 27). Затоа, без оглед на тоа кој колку јаде, многу или малку, него Бог го храни. И ти, што имаш широк и ненаситен стомак, кога ќе го дознаеш ова, довери Му се целосно на Бога, верувај во Него, отфрли ја секоја грижа на овај свет, не грижи се прекумерно со умот свој, и не биди неверен, туку верен и доверлив.

49. Ако сакаме вистински да Му угодиме на Бога и да бидеме возљубени со Неговата себлажена љубов, да Му го предадеме нашиот ум сосема гол, да не влечеме со себеси и во себеси ништо од овој век, ни опитност, ни знаење, ни софистичко мудрување, Макар и да сме ја изучиле сета мудрост на овој свет. Зашто Бог се одвраќа од оној кој му пристапува со високо мислење за себеси, кој е суетен и горделив. Добро некои од толкувачите ја нарекле оваа суетна вљубеност во себеси хранење со себеси и надуеност.

50. Како можеме да го победиме вкоренетиот грев во нас? За ова е потребно самопринудување и своеволно насилство врз себеси. Затоа и е речено: „Кој се труди, се труди за себеси“(Изрек. 16, 26). Трудејќи се, да ги издигнуваме нашите мисли горе, кон она што е свето. Со законите не е забрането со насилство да се урива насилството: да го победуваме насилството на гревот со насилството на добрите стремежи. Кога се самопринудуваме себеси, со цел да постигнеме некое добро, да оствариме некој добар стремеж, тогаш очекуваме да бидеме поткрепени со сила одозгора и затоа треба да останеме во Ерусалим и да чекаме дури не се облечеме во сила одозгора (сп. Лука 24, 49) да живееме во непрестајна молитва и во извршување на другите добродетели, додека не дојде оваа моќна сила. Зашто таа не дејствува како што дејствуваат нашите немоќни усилби, туку така, како што не може да се искаже со нашата телесна уста; таа сила е во состојба да им се противставува и да ги победува и природата на гревот и злобата на демоните; таа ја победува и склоноста на нашите души кон лошото и грешното, и сите непотребни движења на телото. Во книгата „Дела на светите апостоли“ читаме: „И ненадејно се чу шум од небесата како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа“(Дела 2, 2), за принудно да го изгони од нас злото, кое принудно и насилно не влече кон лошото.

51. „Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го сплетува во својата мрежа“(Псал. 9, 29), скривајќи ги од нас станиците и мрежите на нашитите нечисти срамни помисли. Hо и ние, ако не спиеме, можеме да му поставиме уште поголеми и поопасни станици и заседи. Зашто молитвата и псалмите, бдението и смирението, служењето на нашите ближни и милоста спрема нив, благодарноста и слушањето на божествени зборови, сето ова се засеци, мрежи, стапици, камшици и задавување за нашите духовни непријатели.

52. Натоварен со многу години, божествениот Давид, благодарејќи Му на Бога што го избрал, кон крајот на своите прославувања кон Бога, вели: „Сега слугата Твој го најде срцето свое, за да Ти се помоли со ова молитва.“ Ова е речено вака, за да можеме да сфатиме, дека е потребен голем подвиг и многу време што треба да се употреби на молитва, за да се добие можност за спокојство на нашето срце ова своеобразно небо во нашето срце каде што живее Христос, како што вели апостолот: Не може човек да прими ништо, ако не му биде дадено од небото „Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас?“ (2. Кор. 13, 5).

53. Ако Христотс за нас стана премудрост од Бога, и правда и осветување, и откуп (1. Kop. 1, 30); тогаш е јасно дека Он е и наше упокоение, како што вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“(Матеј 11, 28). Затоа се вели дека Он за луѓето станал сабота, т.е. успокоение. А човечкиот род единствено само во Христа може да го најде својот спокој.

54. Чашите на паѓањето, на гневот и на немоќта, што ги примил од нас Господ, во соодветно време ќе им ги подаде во рацете на нашите непријатели, на повеќе не ние, туку бесовите да паѓаат и да бидат немоќни.

55. Како што во видливите дела има ткајачи, менувачи, ловци на птици, војници и градители; така да знаеш и во внатрешните дела и во помислите има играчи, грабители, морски разбојници, ловци на зверови, блудници, убијци и слично. Ти си должен, со благочестивата противречност и со молитвата, нив да ги нзгониш надвор, особено блудните осквернители, за да не го осквернуваат светото место и да не го прават гнасен човекот Божји.

56. Господ не само што за збор дарува спасение, како што се случило со разбојникот кој од крстот Му се помолил, туку дури и за помисла. Така, крвоточивата жена само помислила во себеси (со вера): „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам“(Матеј 9,21); и слугата Авраамов, во својот ум Му зборува на Бога за Ревека (сп. 1. Мој. 24,15).

57. Извршеннот грев сам го гони кај Бога оној што се кае, ако тој го прими чувството на злото, тежината н неприродноста од гревот. Оној, пак, што не сака де се приклони кон покајание, него гревот не го тера кај Бога, туку го задржува кај себе, го врзува со неразумливи стеги, правејќи посилни и полоши погубни желби.

58. Пази се од магиите на Језавела (4. Цар. 9, 22) од кои најопасни се помислите и суетната слава. Од нив можеш да се избавнш со помош на Божјата благодат, ако ја понизуваш својата душа и ако се приклонуваш пред Господа, повикувајќи Го да ти помогне и, исповедајќи дека избавувањето што го бараш е небесен дар. Затоа и се вели „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото (Јован 3,27).

59. Се случува кога браќата се насобрани, да ти дојде некоја славољубива помисла, да кажеш нешто неумесно. Ангелските помисли ти советуваат да ја отфрлнш таа ненавремена мисла и да не ја изречеш па така, ако не ја отфрлиш таа помисла со разумно премолчување, туку и позволиш да се покаже, ќе бидеш нахранет co надуеност, но ќе бидеш приморан да ги понесеш лошите последици од стореното: заслужено ќе му бидеш предаден на уште поголем грев или со надворешно ожалостување, или ќе доживееш тешки непријатности од страна на браќата или ќе бидеш измачуван во идниот живот. Зашто и за секој празен и суетен збор, изговорен заради невоздржливост на нашиот јазик ќе дадеме одговор. Затоа, со најголемо внимание треба да го пазиме својот јазик.

60. Оние што биваат искушувани од телесни наслади, од гнев, од славољубие и од други страсти, за нив се вели, дека дење го пече сонцето, а ноќе месечината (сп.Псал. 120, 6). Затоа, моли Му се на Бога да те засени облак, од кој паѓа божествена роса, за да избегаш од демонскиот пек.

61. Никако не си дозволувај пристап кон оние што го сакаат пијанството и што се робови на срамните трпези, ниту кон оние коишто ги сакаат бесрамните зборови, па макар и да се старци белокоси и макар долго време да воделе монашки живот, за да не те обземе и тебе нивната расипаност, па да не бидеш прибран кон оние, чии што срца се нечисти и необрезани.

62. На Петар прво му биле предадени клучевите, а потоа му било допуштено да падне во одречување од Христа Господа, за со паѓањето да почне внимателно и мудро да размислува за своето однесување. Така и ти, откако ќе го добиеш клучот на разбирањето, ако паѓаш под влијание на разни искушенија, не вчудоневидувај се, туку прославувај Го единиот премудар Бог, Кој преку паѓањата ги вразумува оние што се сомневаат, зашто сомневањето доаѓа по царувањето на божественото знаење. Искушенијата се узда, која, според Божјата промисла, може да ја заузди чоечката горделивост.

63. Ако Господ често ни го одзема богатството, како, на пример, што му го одзел на многустрадалниот Jов, знај дека сите богатства Господ ги дава и ги одзема (сп. Jов 1, 21), зашто преку тоа од нашите раце ќе биде земено и злото, кое го навел на нас, како што вели премудриот Исус син Сирахов: „Доброто и лошото, животот и смртта, сиромаштијата и богатството се доаѓа од Господа“(Мудр. Сирах. 11, 14). И Он Кој допушта зло на нас, Он ни ја дарува и вечната радост со вечната слава. Господ вели: „Како што гледав да ве уништам и да ви направам зло, така и ќе ве пресоздадам и веќе нема да ве разорувам, ќе ве насадам и веќе нема да ве искорнувам.“ Затоа нека замолчат оние што говорат: „Додека не дојде злото, нема да дојде ни доброто.“ Зашто Оној Кој ги изменува нашите добри дела во лоши, Он може, се разбира, ненадејно да ги претвори во уште посветла и посовршена состојба.

64. Оној што ги напаѓа демоните силно и победоносно со воздржување или со својата молитва или со некој а друга добродетел, или, пак, и тој самиот добива од нив најдлабоки рани, така што и самиот доаѓа до безнадежност, сомневајќи се дека неговата душа се наоѓа под осуда на духовната смрт, така што е принуден да извикува: „Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт“?(Рим. 7, 28); зошто непријателот мој ме принудува и против мојата волја, да им се потчинувам на неговите закони.

65. Не попусто е напишано дека некои луѓе си говореле едни на други: „Станете да одиме против нив...“ (Суд. 18, 9-10). И уште велеле: „ ,Да одиме против Јудеја и да ја исплашиме, да ја завладееме и да го поставиме за цар Тавемловиот син“. Но Господ Бог вака вели: ,Тоа нема да стане и нема да се изврши“ “(Иса. 7, 6-7). Обично така се однесуваат и лошите духови против оние, коишто избрале да живеаат во молчание, така што целиот нивни живот ги напаѓаат искушенија. Биваат напаѓани и оние што живееат побожно и со страв Божји; тие биваат напаѓани со огромна жестокост и биваат наведувани во гревови и тогаш кога сакаат да направат угодни дела пред Господа; ги напаѓаат страшно и неискажливо, надевајќи се дека на тој начин ќе ги оддалечат од верата во Христа, од молитвата и од богоугодниот живот и дека ќе ги победат. Затоа и ти говори заедно со Давида: „Господи, нема да отстапиме од Тебе, се додека не се  смилуваш на нас и не се оддалечи од нас се што сака да не проголта; нема да отстапиме од Тебе, се додека не им заповедаш да отстапат од нас оние што не искушуваат и не бидеме оживотворени преку трпението и бестрастието.“ Зашто искушенијата се дел од човечкиот живот и често, во определено време, Самиот Подвигоположник допушта да паѓаме под нозете на противникот, но на големата и храбра душа и е својствено да не очајува од случајните порази.

66. Ако е демонот толку силен, та може и кога човекот не сака, да го присилува да ја извршува неговата волја, затоа што се оддалечил од својата вистинска природа; тогаш колку е посилен ангелот, во определено време, откако прими заповед од Бога, сета човекова расположба да ја сврти кон она што е подобро? Ако е престудениот северен ветар толку силен, да може и водата-најмекиот природен елемент да го претвора и да биде тврда како камен, тогаш, што ли се не може да направи претоплиот југ. Ако крајно студениот воздух потчинува се на себеси и го исполнува со студ, зашто „пред Неговиот мраз кој може да устои“(Псал. 147, 6); тогаш, како не ќе може жештината да претвори се според својата топлотна сила? Зашто, исто така, кој може да и се противстави и на жештината? Да веруваме дека и студениот и црн јаглен на нашиот ум, некогаш, порано или подоцна, ќе се разгори и ќе блесне од допирот на секогаш блескавиот божествен оган.

67. И во нашиот сегашен живот, посведочено со сигурни сведоштва и белези, што се пројавуваат во нашиот скриен Јосиф постои состојба на бестрасност, во која нашиот ум, откако излегол од Египет, ги остава страсните побуди и скриеното срамно робување и слуша јазик, што пред тоа не го знаел; не јазикот на демоните, нечистиот, кој го повредил здравото разбирање, туку јазикот на светите ангели, коишто го преобразуваат умот од телесен во бестелесен. јазикот што ја просветува душата, којашто го восприема.

68. Познавам браќа, кои тешко боледуваа од некои телесни болести и кои не можеа да издржат да постат. Тие се обраќаа кон мене и ме прашуваа: „Како можеме ние што не постиме да се избавиме од ѓаволот и од страстите?“ Ним треба да им се каже дека не само со воздржување од јадење, туку и со своето молитвено обраќање кон Бога со сето свое срце, можат да ги уништат лошите движења во својата душа, што ги возбудуваат, терајќи ги кон зло. Зашто е речено: „Во жалоста своја Го повикаа Господа, и Он ги избави од нивните неволји“(Псал. 106, 6). А напишано е и ова: „Кон Господа повикав во мојата неволја и Он ме чу; извикав од утробата на пеколот и Ти го чу гласот мој. Ти, Господи, Боже мој, ќе ја наведеш душата моја од пеколот“(Јана 2, 3 и 7). Затоа се вели: „Ке повикам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. Он ќе прати од небото и ќе ме спаси“(Псал. 56, 2-3), да ме поткрепи и Он Самиот со Својата сила да ги уништи идолите на нашиот острастен ум и да ни ги покаже нашите идолски немоќи без идоли. И затоа, ако не си го добил царот на воздржувањето, тогаш знај, дека Господ ќе те услиши заради твојата молитва кога ќе повикаш со искрена молитва кон Него. Сега, кога знаеш каква е Божјата волја за тебе, не тажи затоа што поради твојата телесна немоќ не можеш да го издржуваш подвигот на постот, туку труди се повеќе да се избавиш од твојот духовен непријател со помош на молитвата и на добро, душното трпение. Ако помислите на немоќта и страдањето те гонат од градот на постењето, бегај во друг (Матеј 10, 23), односно во градот на молитвата и на благодарењето.

69. Фараонот Му се молел на Бога да го избави Бог од таа смрт, и Бог го послушал; и демоните Му се молеле на Бога да не им нареди да се вратат во пеколната бездна, и тие го добиле она што го барале. Зар Бог нема многу повеќе да го услиши христијанинот, кога Му се моли да го избави од духовната смрт?

70. Оној којшто извесно време бива просветуван и успокојуван со божествената благодат, кога благодатта ќе му биде намалена паѓа во ослабеност на умот, негодувајќи поради оддавањето на некорисно униние, и не се труди ревносно со молитва пак да ја востанови во себеси спасоносната расположба, тој наликува на сиромав, кој добива милостиња од царскиот дворец, но се лути што не го пуштаат во дворецот, за да седне на царската трпеза.

71. „Блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“(Јован 20, 29), како што се блажени и оние, коишто по намалувањето на дејството на благодатта, не наоѓаат никаква утеха во себеси, туку, напротив, се среќаваат наизменично со жалостп и со длабока темнина. Но, не очајуваат, туку, окрепувајќи се со вера, храбро трпат, уверени дека ќе го видат невидливото.

72. Смирението, со Божјата благодат, своевремено, по многу подвизи, борби и солзи, што им се дава одозгора на оние што го бараат, е неспоредливо посилно и повозвишено од она смирение, кое се наоѓа кај оние што отпаѓаат од добродетелите. Оние што се удостоиле со него, навистина се совршени.

73. Кога ѓаволот Го остави Господа, „дојдоа ангели и Му служеа“(Матеј 4, 11). Па така, бидејќи не е напишано, дека и за време на Господовите искушенија и ангелите биле присутни, треба да знаеме, дека и ние кога биваме искушувани ангелите отстапуваат далеку од нас. Потоа, по оддалечувањето на искушувачите, ни се враќаат, ни се придружуваат и ни служат, давајќи ни божествени помисли, утврдување, скрушеност, утеха, трпение, наслада и се што ја спасува, укрепува и изградува душата, којашто се потрудила во борбата. На Натанаил му било речено: „Отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегнуваат над Синот Човечки“(Јован 1, 51), односно отсега натаму врз човечкиот род, богато ќе се излијат служењето и помошта на ангелите.

74. Спомнувај си за оној архиереј, од чијашто десна страна застанал ѓавол, за да му се противстави (сп. Зах. 3, 11), па да не се вчудоневидуваш ако на секоја добра мисла, на секој божествен збор и на секое богоугодно дело, се случи нешто слично.

75. Монахот треба да знае, дека има таква немоќ, за каква се говори во зборовите: „Смилуј се на мене, Господи. оти сум немоќен“ (Псал. 6. 2). И треба да знае дека има отстапување од Бога и дека тоа е болест и на ѓаволот и на Неговите ангели.

76. Како што железото станува недостапно кога оганот проникнува во него, така и нашите одделни молитви нашиот ум го прават најсилен во борбите со нашиот духовен непријател. Затоа демоните се трудат со сите свои сили, со мрзливост да ги ослабат нашите духовни сили и да ни попречат трпеливо да продолжуваме да се молиме, знаејќи дека молитвата е нивниот најголем непријател и дека му помага на човечкиот ум за време на духовните борби со него.

77. Цар Давид ја примил усрдноста на оние што излегле заедно со него против другородците, ако тие, откако изнемоштиле, останале кај потокот Восоров. Затоа, кога се вратиле по победата над варварите и кога чул како велат дека на тие што не учествувале во бојот не им следи дел од пленот, затоа што како истоштени и измерени останале покрај потокот, гледајќи дека тие се засрамиле и немале што да кажат благородниот Давид ги заштитил, велејќи: „Тие беа одредени да останат и да ги пазат работите на сите;“ па им дал и на нив еднаков дел од пленот како и на оние што се бореле храбро (сп.1.Цар. 30, 1). А сега размисли, ако некој твој брат, кој во почетокот покажувал голема ревност во подвизите на постот, во бдеењето и во сите дејанија што Му се на Бога угодни, а потоа кога му заслабнал духот, останал со она што се запазило во него, со добрите внатрешни расположенија: верата, покајанието, смиреноста, плачот, трпеливоста, надежта, великодушноста и други добродетели. Потоа, продолжил да живее со нив во очекување на Господа Исуса Христа, иако слаб во видливите подвизи, за да добие, како што треба, некој од вечните дарови.

78. Левити и свештеници се оние, кои што наполно Му се посветиле на Бога, и со своите дела и со своите созерцанија; а левитски животни (сп. 4. Мој. гл. 3) се нарекуваат оние што, иако се немоќни сами да врват по патот на добродетелите, сепак им служат на добродетелите, ги сакаат и покажуваат ревност спрема нив, според своите сили, иако секогаш не успеваат во своите намери. Најнапред, поради лошото што е во нив, коешто им ги одзема силите. Но, во последно време, можна е надежта, да го добијат царот на бестрасноста, само поради Божјото човекољубие. Зашто е речено: „Господи, ти ги слушаш желбите на бедните“(Псал. 9, 37).

79. Многу удари, што ни ги нанесува нашиот духовен непријател, често и не ги забележуваме, не ги гледаме, но и маките и незгодите, што тој ги претрпува од нас, кога покажуваме успех во добродетелите, или кога се каеме за нашите гревови, или кога трпеливо ги поднесуваме навредите, кога сме спокојни во несреќите, кога сме редовни во молитвите и во извршувањето на добрите дела, од сето тоа тој се измачува, плаче и жали. Но, по Божја промисла, ова не го гледаме, за да не се погордееме. Зашто, како што вели апостолот: „Справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние, што не мачеа“(2. Сол. 1, 6).

80. Ако старото стебло, што се наоѓа на камен, под дејство на влагата раѓа млади фиданки, раззеленувајќи се како да е одново засадено, тогаш можно е и ние, кога сме оживувани од силата на Светиот Дух, да почнеме да пројавуваме бесмртност, која сме ја примиле со нашата природа, и да почнеме да раѓаме плод како што се плодоносни младите садници, иако се наоѓаме во зрела возраст.

81. На душата, којашто се очајала заради мноштвото искушенија и гревови и која си вели: „За мене нема веќе никаква надеж; јас сум загубена“, Бог, Кој не учи никогаш да не очајуваме, и зборува преку Својот пророк Језекиил, велејќи: „ќе оживеете и ќе дознаете, дека Јас сум Господ“(Језек. 37, 6). А на онаа душа, којашто се прашува како и со силата на кои добродетели ќе може одново да се роди во Христа, и е речено: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени“(Лука 1, 35). А таму каде што е присутен Светиот Дух, таму не барај го законот на природата и обичната целисходност на причините и последиците. Зашто Светиот Дух е сесилен и она што е неможно по природа Светиот Дух го прави со Својата сила, така што ќе се чудиш и не ќе можеш да се начудиш. Освен тоа, умот твој, кој бил секогаш победуван, Он ќе го покаже како победник. Зашто Светиот Дух Кој слегува одозгора врз нас е над се; и тебе ќе те постави над сите природни движења и над сите демонски страсти.

82. Господ ја запазува светозарната светлина над твојот ум. Ако почнеш острастено да гледаш на се, тоа значи дека Господ те помрачил и ти ставил покривало на твоето лице, како што е речено во Светото писмо: „И светлината на очите мои, и неа ја нема во мене““(Псал. 37, 10). Но, дури и да е така со тебе, не знај за умор и не очајувај, молејќи се заедно со светиот цар Давид: „Ти си крепост моја, Боже, зошто си ме отфрлил?... Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште. Зошто тагуваш душо моја, и зошто ме вознемируваш! Надевај се на Бога, бидејќи пак ќе Го исповедам Него, Спасителот и мојот Бог“(Псал. 42, 2-5); „Го праќаш ли Духот Свој се создаваат; Ти го обновуваш лицето на 3емјата“(Псал. 103, 30).

83. Блажен е оној што овде ненаситно јаде и пие молитви и псалми дење и ноќе, укрепувајќи се со читањето на Светото писмо, бидејќи оваа храна ќе и даде на душата непреодна радост во идниот живот.

84. Крепи се со сите свои сили за да не паднеш, зашто силниот борец не треба да паѓа. Ако, пак, ти се случи да паднеш, бргу станувај и пак продолжувај го твојот подвиг. Макар и илјадапати да паднеш, ако си се оддалечил од благодатта, секогаш, по секое паѓање, веднаш станувај. И така прави се до крајот на твојот живот, зашто е речено: „Седумпати ќе падне праведник и пак ќе стане“(Изрек. 24, 16). се додека го држиш оружјето на светата схима, се додека ја имаш решеноста да Му служиш на Бога, се додека Му се молиш на Бога со солзи, се дотогаш биваш сметан во редовите на оние што стојат, па макар и често да паѓаш. Се додека си со монасите, како храбар војник, ти ќе добиваш рани од твојата предна страна, за кои и пофален ќе бидеш. ако и кога си ранет, не отстапуваш и не се предаваш. А, ако се одделиш од монасите, тогаш ќе добиеш рани на задниот дел од твоето тело, како бегалец и плашливец, кој ги напуштил редовите на Божјата војска.

85. Очајанието е пострашно и од самото грешење. Предавникот Јуда бил малодушен и неискусен во духовната борба; затоа паднал во очајание, а непријателот притрчал и му ја ставил јамката. И Петар, тој тврд камен, откако се подложил на страшно паѓање, како искусен борец, не паднал со духот и не се очајал, туку веднаш станал, пролеал солзи горчливи од своето смирено и покајно срце. А противникот наш, гледајќи го тоа обгорен во лицето како со силен пламен, веднаш истрчал и избегал далеку, испуштајќи страшни офкања.

86. Монахот треба да води непомирлива борба против следниве три страсти: против угодувањето на стомакот, против славољубието и против љубовта спрема парите, што е еднакво со идолопоклонството.

87. Некој израилски цар победил многу варварски народи со пеење на псалми и духовни песни со придружба на Давидовите харфи и со зборовите негови (сп. 2. Лет. 12, 3; 20, 22). И ти ги имаш овие варвари, демоните, против себеси, што ги обземаат твоите чувства и членовите на твоето тело, мачејќи го телото твое со распалување, тие те тераат да чувствуваш страст, да слушаш и да изговараш срамни зборови, очите твои да бидат полни со блуд, да бидеш возмутен и одвнатре и однадвор онака како што им биле измешани јазиците на Вавилонците. Погрижи се, навреме да ги победиш своите непријатели. Извојувај ја победата со голема вера, со псалми и со духовни песни.

88. Како што Господ сака еден човек да биде спасен преку друг човек, така и ѓаволот се труди луѓето да ги погубува, дејствувајќи преку луѓе. Затоа, не треба да се дружиме со лоши, безумни и брборливи луѓе, за да не стигнеме заедно со нив во пеколот. Зашто, ако и со праведник се зближиме, и тогаш одвај се спасуваме. Ако некој почне невнимателно да се дружи со лукав човек и самиот духовно ќе се зарази од него, загубувајќи ја својата душа. Кој сака со веселост и со насмевка кон аждаја да се приближи!? Бегај од оние што не научиле да го зауздуваат својот јазик. Бегај и од сејачите на раздори и од оние, коишто немаат мир ни во себеси, ни околу себе.

89. Оној што сака да го наречат мудар, разумен и пријател Божји, нека се труди душата своја да ја претстави пред Бога таква, каква што ја примил од Него - чиста, без рани и непорочна. За тоа ќе биде овенчан на небото и ќе биде наречен блажен од ангелите.

90. Паднатиот разбојник само еден единствен збор го направил да биде чист и свет, па дури и во рајот го вселил. И само еден единствен збор на Мојсеја му го затворил влезот во ветената земја. Болеста на јазикот да не ја сметаме за мала болест, зашто оние што говорат лоши и празни зборови го заклучуваат за себе царството небесно. Човекот што има поган јазик, иако може во светот и да постигне некаков успех, таму, во задгробниот живот, не може да го има, зашто „Злото ќе го одвлече неправедниот човек во погибел“ (Псал. 139, 11). Некој мудар човек добро рекол: „Подобро е да паднеме од голема височина на земја, отколку да паднеме од нашиот јазик“. Затоа треба да ја чуеме и да ја послушаме поуката од светиот апостол Јован: „Секој човек нека биде брз во слушањето, спор во зборувањето, бавен на гнев“(Јак. 1 19).

91. За да не му позволуваме на нашиот ум да лета и да се расејува, мамејќи се со суетата на овој свет, треба добро да внимаваме според зборовите на пророкот: „Ајде народе мој , влези во покоите свои“, во живеалиштето на вашето срце, кое е скриено од секаков сетивен впечаток, во живеалиштето што е без видливи образи, Каде што сјаат бестрастието и светлината на Божјата благодат, и затворете ги зад себе вратите свои “ од се што е вицливо, „скриј се за миг“, зашто е мал и целиот човечки живот, и дополнува: „додека да мине гневот“ Господен (Иса. 26, 20), како и некој друг што рекол: „додека не минат беззаконијата“(Псал. 56,1). Зашто и беззаконието, па, според тоа, и демоните, и страстите, и гревовите се гнев Божји, како што му говори Исаија на Бога: „Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме“(Иса. 64, 5). Човекот може да избега и од овој гнев. ако е непрестајно внимателен спрема своето срце, ако се моли и ако усрдно се бори да биде внатре во своето внатрешно и надворешно живеалиште. Зашто е речено: „Привлечи ја мудроста во својата внатрешност“; а слично се говори и во Светото писмо на Стариот завет (сп. Изрек. 8, 12; Мудр. Сирах. 45, 31; 51, 18), зашто како што вели боговдахновениот пророк: „Сета слава на царската ќерка е внатре“ (Псал.44,13),додавајќи: „И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене, се додека не влезам во Божјото светилиште“(Псал. 72, 16-17), и „во гората Божја“(Псал. 67,15-17) и „од небесата погледа Господ, ги виде сите синови човечки; од престолот на кој седи, погледа на сите, кои живеат по земјата“(Псал. 32,13-14), кои си ги создал Ти, Господи, „и ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Твоја беше ја придобила“(Псал. 77, 54).

92. Оној што вистински сака да се откаже од светот, треба да се угледа на блажениот пророк Елисеј, кој не зел со себе ни едно нешто од својот имот, туку се распалил спрема Бога со љубов голема како пламен, се што има треба да им го раздели на сиромасите и да го земе врз себе Крстот Господов, доброволно да побрза во свесна смрт, која не воведува во вечното царство.

93. Кога ќе почувствуваш дека Амореј јакнее во тебе како даб, помоли Му се искрено на Господа да го исуши неговит плод што е на врвот, односно гревот направен со дело, како и корените негови нечистите помисли. И да го отфрли Господ Амореја од твоето лице!

94. Не треба да се чудите оти се подбиваат со вашето безмолвие, затоа што тие самите не можат да безмолствуваат; подобро е со пеење да го отфрлите нивното безумно однесување. И тоа правете го без злоба, покорувајќи Му се на Бога и пеејќи: „Душо моја, само по Бога оди, зашто на Него трпеливо се надевам. Он е Бог мој и Спасител мој“(Псал. 61, 5-6), зашто „наместо да ме сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев“(Псал. 108, 4), за мое и за нивно исцеление.

95. Ако на морето не подувне силен ветер, бранови не се подигнуваат. Ако демонот не нè нападне, и страстите на душата и на телото нема да се возбрануваат.

96. Ако секогаш се загреваш со молитвата и со Божјата благодат, тогаш, како што се вели во Светото писмо, ќе се облечеш во оружјето на светлината. Облеката твоја ќе биде топла; непријателите твои ќе бидат облечени во двојна облека, но и покрај тоа ќе треперат од срам и од студ.

97. Спомнувајќи си за твоите гревови, не биди мрзлив често да се удираш в гради, така што со нив да го разбиеш и омекнеш твоето срце, како што каменоломцнте ги кршат металните наслаги. Таму ќе ја најдеш златната жила и ќе им се зарадуваш на златните резерви.

98. Врз жртвеникот на твојата душа, непрестајно нека горат огнот на саканите духовни блага и светото богомислие за зборовите на Светиот Дух.

99. Ако секогаш се трудиш и нозете да ти бидат обуени во приправност за да благовестиш мир (Ефес. 6, 15), тогаш секако ќе го доизградиш и својот дом и домот на твојот ближен. Но, ако бидеш малодушен кога ќе ги сретнеш непријатностите, тогаш невидливо ќе бидеш исплукан и според Законот ќе ти „извадат име во Израилот: ,дом на собуениот“(5. Мој. 25, 9-10).

100. Ако, според зборовите на светиот апостол и евангелист Јован, Бог e љубов, тогаш оној што љуби и живее во Бога и Бог живее во него. А оној што ќе го разори сојузот на љубовта и ќе го намрази својот ближен, јасно е дека тој ја прифатил омразата наместо љубовта. Далеку се наоѓа оној што го мрази својот ближен, зашто „Бог е љубов, и оној кој пробива во љубовта, пребива и во Бога, и Бог во него“(1. Јов. 4, 16). Нему нека Му е слава и сила во векови. Амин.

Преподобниот наш отец Јован Карпатски