Блажениот авва Таласиј

Преподобниот отец наш Таласиј живеел и работел во првата половина на седмиот век. Тој бил свештеник во еден манастир во Либијската Пустина. Со љубовта спрема побожноста авва Таласиј ја соединил и љубовта спрема духовната просвета и многу работел на изучувањето на Светото писмо. Му бил современик на свети Максим Исповедник со кого одржувал духовни врски. Свети Максим му напишал неколку писма, кои се запазени и до денес. На овој либијски духовник тој му посветил една своја книга, која содржи објаснувања на тешки места од Светото писмо. Високо го ценел ова духовно светило, а во едно писмо го нарекува дури и свој духовен учител. Неговото блажено упокојување, веројатно, не било подоцна од 660 година.

Овде се дадени - Четиристотини изреки за љубовта, воздржанието и духовниот живот, кои се преполни со духовни поуки. Тие се главно со морално - аскетска содржина, но има и такви, кои содржат и догматски мисли, со кои се служел свети Јован Дамаскин во своето изложение за православната вера. Ако ги читаме почетните букви на овие изреки во оригиналниот текст, се добива една одредена мисла, која се става во почетокот на секоја од четирите стотици.

Блажениот авва Таласиј