Никифор Отшелник

Преподобниот наш отец Никифор своите аскетски подвизи ги извршувал на Света Гора Атонска, а земниот свој живот го завршил некаде пред 1340 година. Тој му бил духовен учител и раководител на Григориј Солунски Палама, во изучувањето на возвишената светска премудрост, како што и самиот сведочи за тоа во своите списи. Внимавајќи самиот на себеси, за време на своето безмолствување, без да има било какви грижи, откако се соединил со Бог на мирот, тој го примил во своето блажено срце просветувањето на благодатта. Тој самиот богато вкусил од овој божествен дар, а сега и нас нѐ раководи кон него, со овој свој опис, во кој собрал извесни текстови од делата на светите отци и од житијата на светиите, за трезвението, за вниманието и молитвата, а кон крајот дава и совет, врз основа на својот личен опит и ни ги дава своите духовни совети и сите нѐ повикува: по патот на умствената и срдечната молитва да се издигнуваме кон најблиското општење со Господа.

Никифор Отшелник