Да знаете, браќа, дека во овој ден е претпразненство на Воздвижение на чесниот Крст, на којшто нашиот Господ ја прикова прадедовската клетва, која стана поради нивното паѓање во грев, извршено во рајот по совет на ѓаволот и поради вкусувањето од плодот на забранетото дрво, преку кое ние испаднавме од рајот. Поради тоа нашиот Господ го прикова на крстот Своето тело, умртвувајќи го тоа страсно вкусување. Тој не вкуси од онаа горчлива напивка, за да нѐ доведе при дрвото на животот без наши страдања.

Затоа, браќа, копнеејќи по тоа дрво на животот, да се потрудиме да ги очистиме своите души и тела, и да пристапиме кон животворниот Крст, да се поклониме и да го целиваме со чисти усни, бидејќи тој ги очистува нашите гревови, и преку него се лекувааат нашите болести. Од него бегаат бесовите, преку него беше скршена моќта адова, и се отвори Царството небесно за сите оние што му се поклонуваат со вера.