17. Јули (4. Јули)

 

 

СПОМЕН НА НАШИОТ СВЕТ ОТЕЦ АНДРЕЈ, архиепископот Критски

Свети Андреј се роди во градот Дамаск од доблесни христијански родители. Се роди како нем и остана нем седум години. Кога заедно со своите родители се причести во црквата со Божествените Тајни, Телото и Крвта Христови, веднаш му се разврза јазикот и започна да зборува. Така Христос, вистинскиот Син Божји, преку устата на ова немо дете покажа колку голема сила има Светата Причест. Штом проговори, блажениот Андреј беше даден да се учи на божествените книги. Во својата четиринаесетата година беше доведен во светиот град Ерусалим за служење на Бога. Пресветиот патријарх го прими и го вброи во клирот. Потоа, како паметен човек, го зеде кај себе за книговодител. Свети Андреј водеше толку доблесен живот, подвизувајќи се во целомудрие, воздржание и кротост, така што и самиот патријарх му се восхитуваше. Тој му беше угоден на Бога и мил на сите. По многу години, за време на царувањето на Константин Погонат, во Цариград беше свикан Шестиот Вселенски Собор на светите Отци против монотелитската ерес. Тогашниот ерусалимски патријарх Теодор на овој Собор го испрати блажениот Андреј, тогаш архиѓакон, зашто патријархот не можеше да појде бидејќи во тоа време Ерусалим се наоѓаше под власта на муслиманите. На овој Собор блажениот Андреј стана знаменит меѓу светите Отци и кај царот, заради благодатта на Светиот Дух, со која беше исполнет. Тие ја забележаа во него не само книжевната мудрост и длабокото познавање на догматите на Светата Православна Црква, туку и светоста на богоугодниот живот. Против еретиците тој се истакна како добар Христов војник и со своето Јуначко војување за благочестието многу му помагаше на Соборот на светите Отци.

После Соборот свети Андреј се врати во Ерусалим и го минуваше времето во своите вообичаени богоугодни трудови. По налог на патријархот тој водеше грижа за сиромашните, ги згрижуваше патниците и ги негуваше болните. Во сето тоа беше толку внимателен и усрден, како да Му служеше на самиот Христос. Потоа, за време на владењето на царот Јустинијан Втори, блажениот Андреј беше назначен за архиепископ на Крит. Тука тој беше светилник за светот, осветлувајќи ја Црквата Христова со своето боговдахновено учење и живот, полн со најразлични добродетели. За еретиците, пак, беше страшен како непобедлив подвижник, од кого и демоните се плашеа и тој ги истеруваше.

Но, не само невидливите, туку И видливите непријатели се истеруваа со неговите молитви. Така еднаш на островот Крит нападнаа Сарацените со своите кораби. Тие го опседнаа градот Друмеос, во кој се беа затвориле христијаните со својот пастир свети Андреј. Безуспешно жестоко го биеја опседнатиот град, па засрамени побегнаа, гонети од молитвите на светителот, што тој со солзи ги упатуваше кон Бога и со нив како со стрели им нанесуваше рани на непријателите. Неговите молитви имаа огромна сила. За време на суша на Крит, тој со својата молитва испроси обилен дожд, кој ја напои земјата и даде обилен род. Напиша многу боговдахновени книги, песни и канони. Особено е познат Великиот Канон на свети Андреј Критски, кој се пее во четвртокот од петтата недела на Великиот Пост. Тој се чита на делови во првите четири дена на Великиот пост, а цел се чита во среда на петтата великопостна седмица. Во тие богослужбени песни се изразува длабоко покајание и духовна скрушеност за гревовите. Овој Велик канон бил донесен од Свети Андреј во Цариград заедно со повеста за животот на света Марија Египетска, напишана од ерусалимскиот патријарх Софрониј. Тогаш тие две творби биле вклучени во Великопосната служба. Ја украси Црквата со песни, и со многу пофалби ја закити Пречиста Дева Богородица. За некои црковни потреби тој отиде во Цариград, каде на многумина им беше од корист, зашто секој се насладуваше и поправаше, гледајќи го лицето негово и слушајќи ги неговите медоточиви зборови. Поради тоа кај него се собираа сите што бараа спасение за своите души. Пред своето враќање на Крит, светителот ја провиде својата смрт и на своите мили пријатели во Христа им рече дека тој повеќе нема да го види Крит. Се прости со нив, седна во коработ и тргна на пат. Кога допловија до островот Митилена тој се разболе, и на едно место наречено Ерис Ја предаде својата света душа во рацете Божји, во 740-та година.

Како богомудар водач на своето стадо, блажениот Андреј беше вброен меѓу светите Ерарси, кои стојат пред престолот на Отецот, Синот и Светиот Дух, Едниот во Троица Бога, Кому слава за навек. Амин.

ЖИТИЕТО НА СВЕТАТА И ПРАВЕДНА МАРТА,

мајката на светиот Симеон Дивногорец

Светата и праведна Марта е родена во Антиохија. Нејзините родители беа побожни христијани. Тие ја убедуваа да се омажи, но таа го сакаше девствениот живот. Божествено видение во црквата на светиот Преттеча ја натера да им се покори на родителите и да се омажи. Во бракот како Божји дар го зачна синот, светиот Симеон, за што однапред беше известена од свети Јован Преттеча, кој и се јави. Наскоро остана вдовица и своето дете го воспитуваше многу грижливо. Според наредбата на светиот Преттеча внимаваше на него, зашто требало да биде избран сад на Светиот Дух. Марта постојано Му се молеше на Бога нејзиниот син да го прими кај Себе на служба, како некогаш Самоил од пророчицата Ана.

Еднаш додека Марта размислуваше какво ќе биде нејзиното дете кога ќе порасне, имаше вакво видение: се виде себеси со крилја, како излетува високо, држи во рацете дете и, принесувајќи го како дар на Господа, вели:

- Вака сакам да го видам својот син! Создателот мој нека ме отпушти со мир, зашто најдов милост пред Него, оти се удостоив да Му го посветам плодот на мојата утроба!

Ова видение, како и претходните откровенија што ги имала, блажената Марта ги криеше во своето срце и Му благодареше на Бога. И беше таа постојано во храмот Божји, никогаш не пропуштајќи го црковното правило, поради што и живееше близу црквата. Таа прва доаѓаше на богослужбата а последна го напушташе храмот. Имаше обичај да оди на празничните богослужби во сите храмови и со големо внимание и скрушено срце да стои на сеноќните бденија и божествените служби. Често се причестуваше со Божествените Тајни на Телото и Крвта Христови. А колку достојно се причествуваше, сведочи тоа што по Причеста нејзиното лице блескаше со чудна светлина, како некогаш лицето на Мојсеј.

Секоја ноќ во својот дом Марта стануваше пред полноќ на молитва и ја извршуваше молитвата лиејќи солзи, со сиот свој ум задлабочена во Бога, Кого Го сакаше со сето срце и душа. Спрема ништите беше неискажливо милосрдна, ги хранеше гладните и ги облекуваше голите. Често ги посетуваше болниците и со свои раце им служеше на болните, а за оние што умираа даваше погребна опрема од својот труд. Исто така и на оние што се крштеваа им даваше бели кошули што самата ги изработуваше. Беше толку кротка, смерна и незлобива, што никој никогаш не ја виде да се гневи, да се препира, или да е жалосна. Ја чуваше својата уста од празнословие и го изговараше само најпотребното. Го чуваше молчанието, бидејќи го навикнуваше умот на богоразмислување. Од нејзината уста не излезе празен збор, ниту пак лажен или небогоугоден, туку од добрата ризница на своето срце изнесуваше добра преку устата своја. Света Марта беше и миротворец меѓу разгневените, советодавач за оние што не водат добар живот и образец на целомудрениот богобојазлив и богоугоден живот за сите. Беше преполна со сите доблести, кои што е невозможно подробно да ги раскажеме. Доволен доказ за светоста на нејзиниот живот е големата светост на родениот од неа преподобен Симеон, зашто на таквата жена и доликуваше да биде мајка на таков син.

Кога нејзиниот син Симеон веќе се подвизуваше на дивногорскиот столб, после ноќната молитва Марта во лесен сон имаше вакво видение: и се јави свети Јован Крстител со светиот апостол Тимотеј, кон кои таа после Бога и Пресвета Богородица имаше особено усрдие и секојдневно со вера им се молеше, и рече:

- Јас во секое време молитвено се застапувам за тебе пред Бога, и никогаш нема да те оставам.

Запрепастена и израдувана од ова видение, Марта со страв Го прослави Бога и му го раскажа тоа на својот син Симеон, кого понекогаш го посетуваше. Кога ќе дојдеше кај столбот на преподобниот и ќе здогледаше мноштво најразлични болни, насобрани тука за исцеление, и многуте чудеса кои се случуваа по молитвите на преподобниот, Марта не се гордееше туку гледаше на тоа со особен страв, за некако врагот да не му подметне замка на нејзиниот син. Затоа таа со солзи се молеше на Бога да и го избави синот од демонските лукавства, а на преподобниот му велеше:

- Чедо мое, за сето тоа треба да се прославува Бог, Кој дејствува преку тебе. А ти, имај ја на ум својата немоќ и со најголемо внимание чувај го своето срце.

Преподобниот со радост ги примаше советите од својата мајка, го веселеше нејзиниот богоугоден живот и Му благодареше на Бога за тоа.

Долги години помина блажената Марта во многуте доблести и најпосле Му угоди на Бога, па на една година пред својата смрт, за време на топлите полноќни молитви кон Бога, се најде во восхитување и виде мноштво небесни чинови со свеќи во рацете, кои ликуваа и и говореа:

- По една година ние ќе те разрешиме од телото и ќе те земеме во местото за покој, што ти е подготвено од Господа.

Истото му беше откриено и на преподобниот Симеон. А еден од браќата имаше вакво видение: ја виде тој Мајката Божја како во слава седи на престол, а блажената Марта стои покрај неа, со раце крстолико испружени кон неа, целата претворена во златен крст, како блеска во светлина налик на сончеви зраци. Таа изгледаше како пресветол крст и само ликот можеше да и се распознае над крстот. Ова видение му беше кажано на преподобниот Симеон и тој го објасни како знак дека се приближил крајот на неговата блажена мајка.

Кога се навршуваше последната година од богоугодниот живот на света Марта, таа дојде да го посети сина си, кој и рече:

- Благослови ме мајко моја, како што Авраам го благослови Исак.

Светата му одговори:

- Јас за тоа и дојдов овде. Да се удостојам на твојот благослов и молитви, зашто ми преостанаа уште три месеци од животот, па ќе отидам кај мојот Господ Бог, Кој те изведе од утробата моја. Тој нека ти даде благослов и благодат да го завршиш отпочнатиот подвиг и нека те удостои на Своето Царство!

Додека го зборуваше тоа, блажената Марта ронеше солзи. Плачеа и насобраните браќа, зашто се нажалија кога слушнаа дека по три месеци повеќе нема да го видат нејзиното лице. Тие велеа:

- Нека е жива душата твоја, мајко, и нека Го фали Господа!

А таа возвраќаше:

- Ќе биде како што ви реков.

На тоа преподобниот Симеон и рече:

- Ние сега молиме за твој благослов а твоите зборови се болка за нашите срце. Светителката рече:

- Благословени сте вие од Господа, и благословени се оние кои вас ве благословуваат.

На овие зборови и се поклонија сите присутни. Им се поклони и таа и се врати во својот дом во Антиохија.

Утредента преподобниот ги повика најопитните меѓу браќата и им рече:

- Навистина се наближува времето на заминувањето на мојата мајка на небото. Минатата ноќ во видение видов престол поставен . пред мене и на него како седи таа. Ние стоиме околу неа, а таа учи. телски ни ги зборува првите зборови од псалмот: „Блажен е оној човек кој не оди по патот безбожнички“ (Псалми 1,1) и останатото од тој псалм. Покрај тоа таа, како мајката на своите деца, ни изговори и многу други поучни зборови. Потоа стана и тргна пред нас во црквата, држејќи во рацете пресветол крст, а ние, пеејќи умилни псалми, одевме по неа.

На неколку дена пред својот блажен крај, Марта повторно дојде кај преподобниот Симеон, за последно простување. Во таа прилика му ги раскажа сите божествени откровенија што ги имала во текот на својот живот. Освен тоа го извести и за своите подвизи и трудови, кои тајно ги извршувала за слава на името Божјо. Таа ноќ преноќеваце таму. Во видение на сон се виде себеси вознесена во Небесните висини, и виде чудесна и пресветла палата, чија убавина не може да е изрази со никакви зборови. И додека одеше низ таа палата и се осхитуваше на неракотворната градба, ја здогледа Пресвета Дева огородица со два пресветли ангела, Која ја праша:

- Што се восхитуваш? А таа со страв и радост богобојазливо И се поклони на Божјата Мајка и и одговори:

- Се восхитувам, Владичице, зашто таква чудесна палата јас никогаш не видов на земјата. Пресветата ја праша:

- Што мислиш, за кого е подготвена оваа палата? - Не знам, Госпоѓо! - одговори Марта. Тогаш Мајката Божја и рече;

- Зарем ти не знаеш дека ова место за покој е местото што го изгради твојот син? Тоа е подготвено за тебе и ти отсега ќе живееш во него засекогаш.

Откако го рече тоа, Пречистата им нареди на ангелите ѝ тие среде палатата поставија прекрасен престол.

Тогаш и рече на света Марта:

- Оваа слава ти се дарува тебе, бидејќи богоугодно си поживеала во стравот Господов.

Потоа Богомајката ја праша:

- Сакаш ли да видиш нешто уште пославно?

И ѝ рече да оди по Неа. Се искачија на највисоките небесни места и Богомајката И покажа палата, неспоредливо почудесна и поблескава од онаа првата, чија убавина не може да ја достигне умот човечки, ниту пак јазикот да ја искаже. Пречистата рече:

- И оваа палата ја подигнал твојот син, а ги започнал темелите и на третата палата.

Пречистата ја поведе кон сончевиот исток и од висините и ги покажа рајските населби и во нив многу машки и женски хорови на Светии, кои се веселеа. Владичицата рече:

- Ова место им го даруваше Мојот Син на оние што го поминаа животот целомудрено и праведно во исполнување на заповедите Господови, и усрдно вршеа многу милостиња, поради што и самите се удостоија од Господа, зашто: „Богатство на милостивите е тоа што ќе бидат помилувани“ (Матеј 5, 7).

Тој ден беше недела, и света Марта се причести со Божествените Тајни, а лицето и блескаше од благодатта Божја и од неискажливата духовна радост, со која се исполни кога беше известена за својот крај и спасение. Тој ден и наредната ноќ блажената Марта ги помина во многу пријатни боговдахновени разговори со својот син и со топли солзни молитви кон Бога. Во понеделник, давајќи им мир, благослов и последен целив на својот син и сите негови ученици, таа се раздели со нив. И додека сите плачеа, таа отиде во населбата наречена Тивиринт, во близина на Дивна Гора, во кое беше црквата на свети Јован Крстител. Тука таа изли многу молитви и започна да изнемоштува со телото. Во вторник на кола беше одвезена во својот дом во Антиохија, во предградието наречено Дафна. А во среда со топли солзни молитви кон Бога и несомнежна надеж за своето спасение, таа ја предаде во рацете Божји својата света душа, во петтиот ден на месец Јули. На умирање остави завет телото да ѝ биде погребано на местото каде се погребуваат странците и ништите. Но нејзиниот преподобен син, известен со откровение Божјо за преставувањето на својата мајка, испрати свои ученици да го пренесат нејзиното тело кај него на Дивна Гора, за да го погребе покрај својот столб.

За света Марта го пишува и следново:

Кога нејзината света душа отиде кај Господа, некои, кои се наоѓале покрај нејзиното чесно тело, виделе како лицето радосно и се насмевнува и од нејзината уста ги слушнале зборовите:

„Голема благодат примив од Бога и се наоѓам во неискажлива светлина и радост“.

Присутните се запрепастиле и мислеле дека поради својот син добила милост од Господа, но на таквите помисли таа рекла дека се прославила поради својот доблесен живот, зашто ради Господа покажа големо трпение во воздржанието и постничките подвизи, ревносно одеше по патот на заповедите Негови и од срце ја засака Богомајката, Која Го роди Господа.

Чесното тело на света Марта со голема чест беше пренесено од Антиохиското преградие Дафна на Дивна Гора во петок, зашто многу народ и свештеници со кадилници, свеќи и псалми, го спроведуваа нејзиното тело. Оние што го носеа ковчегот тврдеа дека не чувствувале никаква тежина за време на носењето. Додека телото на останатите мртовци има природна тежина, нејзиното свето тело беше некако натприродно лесно и како самото да одете но воздухот. А еден млад човек од толпата, на име Сертиј, син на угледниот граѓанич Антониј, кога ја виде величесттената попорка и народот кој ев туркаше околу ковчегот за да се допре до чесното тело, со потемев си рече во себе:

„Каква корист од допирот до мртво тело?“ - и се враги назад. И веднаш толку тешко се разболе, што очеме од болеста која траеше триесет дена, и доби исцеление на гробот на светителката, за што ќе стане збор подоцна.

Кога го донесоа чесното тело, кај столбот на свети Симеон започнаа да вршат сенокна богослужба. Таа ноќ на двајца од Симеоновите брака им се јави блажената Марта во светла облека и пресветло лице. Тие се преплашија бидејќи знаеја дека е мртва, но таа им рече;

„Не плашете се, зашто Господ не ме вброи меѓу мртвите, туку мегу живите. и Јас дојдов да ве помазам против ѓаволот, за откако ќе го победите да добиете живот вечен“.

Им го рече тоа и стана невидлива.

Во сабота многу народ со свештеници и клирици се собраа од околните гралови и села за погребот на светителката. Сите забележаа дека нејзиното свето лице во гробот не беше променето, туку изглехаше млало, цветајќи со убавина и блескајќи со благодат. Од него не излегуваше мирис својствен за мртовците, иако беше веќе четврти ден ол нејзиното преставување. Со пеење на пропишаните песни чесно ја погребаа пред столбот на свети Симеон, по негова наредба, за тој да може постојано да го гледа гробот на својата мајка.

На неделната богослужба еден човек од народот, на име Јован, црковен чтец, задрема и ја виде света Марта како сета блескава се искачува по лествица на столбот кај преподобниот Симеон. А над нејзиниот гроб виде херувимска кочија, влечена од шестокрили животни. Ова видение тој потоа со заклетва му го раскажа на преподобниот Симеон, а тој му рече:

- Чедо, слави Го Бога што те удостои да видиш херувимска кочија. Јас и мојата мајка сме зачнати и родени во гревови, и нам ни е потребна милоста Божја,

Потоа кај преподобниот Симеон дојдоа родителите на гореспоменатиот Сергиј, кој што се потемеваше на поворката на света Марта па се разболе, и со солзи го молеа, со своите молитви да го исцели нивниот син, како што исцелува многу други болни. Светителот им рече:

- Појдете и прашајте го сина си, самиот нека ви ја каже причината за својата болест. Сега може да зборува бидејќи му е полесно.

Родителите веднаш се вратија и го распрашуваа за болеста, а тој им рече:

- Оваа тешка болест ме снајде затоа што се потсмевав на поворката на света Марта, го свртев своето лице од неа и не сакав да го носам нејзиниот ковчег.

Тогаш родителите го ставија во својата кола и го однесоа кај преподобниот на Дивна Гора. Тој им наложи да бараат исцеление од гробот на неговата мајка. И кога со солзи се помолија на нејзиниот чесен гроб, болниот веднаш оздраве, како никогаш да не боледувал.

По погребот на преподобната Марта браќата поставија кандило на нејзиниот гроб и решија тоа постојано да гори во нејзина чест. Но, по извесно време престанаа да го палат кандилото. Иако забележа, преподобниот Симеон молчеше, за учениците да не помислат дека тој безмерно ја почитува својата мајка по нејзината смрт. Во тие дни тешко се разболе манастирскиот економ, што дури беше на умирање. На полноќ му се јави света Марта, говорејќи:

- Зошто не палите кандило на мојот гроб? Мене не ми е потребна светлината од вашите свеќи, бидејќи се удостоив од Господа на вечната небесна светлина. Тоа е потребно за вас. Со светлината на мојот гроб вие ме поттикнувате да се молам за вас на Господа за ваше спасение.

Додека го зборуваше тоа светителката држеше во рацете пресветол бисер - честици од Животворното Тело Христово. Го допре со него болниот и му рече:

- Биди жив и здрав од ова!

Го рече тоа и стана невидлива. Болниот веднаш оздраве и поита на гробот на светителката, падна крај него и со солзи ја залеваше земјата, молејќи за прошка и благодарејќи за исцелението. Потоа тој се потруди кандилото незгасливо да гори на гробот на светителката.

Се случуваа и многу други чудеса на нејзиниот гроб. Слепи прогледуваа, ѓаволи се истеруваа, и најразлични болести брзо се исцелуваа, по молитвите на светата праведна Марта а со благодатта на нашиот Господ Исус Христос, Кому слава со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш и низ сите векови. Амин.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ НАШ ОТЕЦ ДОНАТ,

епископот на Либија

Како епископ на Либија извршил многу големи и богоугодни дела.

СТРАДАЊЕТО НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ТЕОДОР,

епископот Киринејски

Светиот свештеномаченик Теодор живееше во времето на царот Диоклецијан во градот Киринеја во Либија, од каде што бил и Симеон Киринеецот. Тој имаше прекрасен ракопис и беше толку совршен краснописец, што на црквите Божји им остави многу своерачно напишани книги. Поради тоа неговиот роден син Лав го обвини кај игемонот Дигниан, дека има некои книги со кои многу елини одвраќа од служењето на боговите и ги обраќа во Христовата вера. Од таа причина свети Теодор беше поведен кај игемонот, а по него одеа многу христијани, меѓу кои беа светите Лукија, Ароа и Киприла. Игемонот побара од него да му ги предаде книгите и да се одрече од Господ Христос, но тој ниту книгите ги предаде, ниту од Христа се одрече. Затоа многу го тепаа со мотки и оловни стапови. Потоа маченикот го сруши незнабожечкиот жртвеник, поради што го обесија на дрво и му го стругаа целото тело. Притоа раните му ги поливаа со оцет и сол, и ги стругаа со остри крпи. Потоа со брич му го отсекоа јазикот, кој го зедоа гореспоменатите свети жени. Најпосле го одведоа во темница. Одејќи кон темницата светителот го зеде од светите жени својот Јазик и го стави во своите пазуви. Тогаш се појави гулаб кој леташе околу светителот. Кога го забележа тоа незнабожецот Лукиј поверува во Господ Христос. Светиот маченик оздраве со благодатта Божја и потоа поживеа кратко. Ја предаде својата душа во рацете Божји, во 310-та година. Тогаш и гулабот излета од темницата. Кога игемонот дозна дека Лукиј поверувал во Господ Христос, нареди да се осудат на смрт гореспоменатите жени Лукија, Ароа и Киприла, и со нив сите елини, кои поверувале и биле крстени од свети Теодор. Откако Лукиј се крсти, го убеди и самиот игемон Дигниан, та и тој поверува во Христос. Тогаш сите заедно го напуштија Крит и отпловија на островот Кипар. Таму имаше друг игемон, кој ги измачуваше сите кои го призиваа името Христово. Кришум од Дигниан, Лукиј им се предаде на мачителите и откако го сруши идолопоклоничкиот жртвеник, му Ја отсекоа главата. Така го прими венецот на мачеништвото. Дигниан го зеде неговото свето тело и го погреба. Светата маченица Киприла беше од истиот град Киринеја, градот на светиот маченик Теодор. Таа беше во брак две години и по смртта на својот сопруг живееше како вдовица дваесет и осум години. Бидејќи страдаше од силна главоболка, таа измоли од своите родители да појде кај светиот епископ Теодор, кој тогаш беше во темницата. Откако се исцели од светителот, таа заедно со Лукија и Ароа му служеше до смртта. А кога свети Теодор се упокои, света Киприла беше обвинета кај игемонот, пред кого ја исповедаше верата во Господ Христос и одби да им принесе жртва на идолите. Тогаш и ставија жар во едната рака и цврсто ја стегаа. Потоа врз жарта ставија темјан и така ја присилуваа да им принесе жртва на идолите. На тоа светителката им рече:

- Оваа не е моја доброволна жртва, туку сатанска и насилна. Поради тоа злосторниците цврсто и ја стегаа раката додека не изгоре. После тоа светата маченица ја обесија на дрво за мачење и започнаа да и го стругаат телото. Од раните ѝ течеше крв а од дојките млеко. Во такви маки блажената маченица ја предаде својата душа на Господ Христос, и од Него доби негнилежен венец. По наредба на игемонот споменатите Лукија и Ароа га зедоа телото на снета Киприпа и го погребаа со најслатки потребни песни. Штом чесното тело беше погребано од гробот изби роса, која ги исцелуваше сите болести и сите страсти. Потоа игсемонот ги предаде на смрт и свети Лукији и света Ароа, и тие сега заедно со спета Кинрила блаженсетнувиит на небесата.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК ТЕОДОТ

Овој свети маченик (според некои свештеномаченик) пострада за Господа Христа посечен со меч.

СПОМЕН НА СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ТЕОДОТ, ТЕОДОТИЈА и ДОЛИНДУХА, и со нив ДИОМИД, ЕВЛАМПИЈ и АСКЛИПИАД

Овие свети маченици беа фатени од незнабожниот цар Трајан, заради исповедањето на верата во Господ Христос. Присилувани да се одречат од Него и да им принесат жртви на идолите, тие одбија. Затоа ги ставија на разни маки, па ги затворија во истата темница во која што се наоѓаше светиот маченик Јакинт коморникот. Таму свети Јакинт ги зацврсти во Христовата вера. А кога тој го прими маченичкиот венец, ги изведоа овие свети маченици од темницата и ги присилуваа да јадат од идолските жртви. Тие не само што не го прифатија тоа, туку и ја изобличија идолопоклоничката вера. Поради тоа ги обесија на дрво за мачење, им ги стругаа телата, па потоа ги симнаа и им ги отсекоа главите. Така овие победоносци се искачија на небесата. Нивните тела чесно ги погребаа некои христијани на местото каде што ја примија маченичката смрт.

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБЕН АНДРЕЈ РУБЉОВ

Точниот датум на неговото раѓање не е познат. Годините околу 1360 се земаат за веројатни години на раѓање, по тоа што во записите за неговата смрт (1430 г) се спомнува дека умрел во длабока старост, што тогаш значело после шеесетата година од животот. Андреј Рубњов станал монах пред 1405 година и го добил името Андреј. Живеел во манастирот на Сергиевата лавра близу Москва во заедницата на сликари, меѓу кои се познати Теофан Гркот и Прохор од Городец. Постојат записи кои сведочат дека во 1408 година ги сликал (заедно со Данил Црниот) зидовите на Успенската катедрала во Владимир, и во 1425-1427 година катедралата на Света Троица во Сергиевата лавра. По Даниловата смрт, Андреј во Московско Андрониковиот манастир насликал фрески во катедралата на Спасителот. Умрел во Андрониковиот манастир на 29 јануари 1430 година. Во 1904 година е откриена неговата икона Света Троица на Стариот Завет (или Гостопримството Авраамово, насликана најверојатно околу 1411 г) и со тоа започнала епохата на истражување на неговите дела. Денес оваа икона е изложена во Третјаковската галерија во Москва. Уметноста на Андреј Рубљов е комбинација од две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите слики се секогаш спокојни. Од 1959 година постои музеј на Адреј Рубљов во Андрониковиот манастир. Руската Православна Црква го канонизирала во 1988 година.

СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ЖЕНИ МАЧЕНИЦИ КИПРИЛА, АРОА и ЛУКИЈА,

кои пострадаа со свети Теодор Киринејски

СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ТЕОФИЛ

Пострада за Господ Христос посечен со меч.

СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ МЕНИГНОС

Во мир се упокои во својот Господ.

СПОМЕН НА СВЕТАТА АСКЛИПИЈА ЧУДОТВОРКА

Се преставила во мир.

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ МИХАИЛ ХОНИЈАТ,

архиеписконот Атински

Според еден Ватопедски кодекс неговиот спомен се врши денес, заедно со свети Андреј Критски.