Авва Евагриј
Добротољубие (том 1)
Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
5. Изреки за духовниот живот – според буквите на грчката азбука
1. Неумесно е оној што ги бара почестите да бега од нив, зашто за трудот се даваат почести.
2. Сакаш ли да Го познаеш Бога? Познај се најнапред себе си.
3. Вистинскиот пријател е оној , кој брза да нѐ извести за радосните настани.
4. Со ништо не е сообразно да мислиме високо за себе си, а да извршуваме ниски дела.
5. Високото мислење за себе си во сѐ му пречи на самопознавањето.
6. Неразумниот демон на животот е хегемонот - управителот.
7. Благородството на душата се открива и во добрата расположба.
8. Благочестив е оној кој не си противречи на себе си, кој живее сообразно со барањата на својата разумна природа.
9. Храмот Божји - е беспрекорниот човек.
10. Најлошата придобивка е лошиот живот.
11. Говори што е потребно и како што е потребно, па нема да го слушнеш и она што е непотребно.
12. Најдобрата придобивка, тоа е верниот пријател.
13. Болеста на душата е суетното однесување.
14. Патникот и сиромавиот се Божји коллуриј(?) (Откр. 3, 18). Помажи ги твоите очи со каллуриј, за да гледаш. Коллуриј е милосрдие спрема оние кои имаат потреба од нашата помош.
15. Оној што ги прима нив со сочувство - тој ,скоро ќе прогледа.
16. На сите им прави добро, а особено на оние, кои не можат со ништо да ти се оддолжат.
17. Правичниот бранител е како чаша студена вода.
18. Целомудрен е оној што има кротка душа, тој е како херувим.
19. Честа во староста е доказ за трудољубивоста пред староста.
20. Ревноста во младоста е залог за честа во староста.
21. Светилото на душата е вистинското соѕерцание.
22. Сакајќи го она што не треба да го сакаш, нема да го сакаш она што си должен да го сакаш.
23. Подобро е да добиеш лажно злато, отколку лажен пријател.
24. Чистата душа Му е угодна на Бога.
25. Полошо од самољубието е - сѐ да се мрази!
Авва Евагриј