Авва Евагриј
Добротољубие (том 1)
Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
6. Други изреки
1. Почетокот на љубовта, тоа е заемното почитување и доброто мислење еден за друг и претпоставување дека другиот има и други добри својства.
2. Убаво е кога се збогатуваме со кротоста и љубовта.
3. Гордата помисла е веење на добродетелите.
4. Патот се израмнува од милостињата.
5. Нечистата совест е несправедлив судија.
6. Срамно е да им робуваме на телесните страсти.
7. Ако сакаш да бидеш без жалост, труди се да Му угодуваш на Бога.
8. Кој се грижи добо за себе си, за него и Бог се грижи.
9. Целомудреното срце е пристаниште на соѕерцанијата.
10. Ако сакаш да дознаеш кој си, не испитувај каков си бил, туку каков си бил создаден.
11. Суетната душа е како безводна јама.
12. Горделивата душа е пештера разбојничка, таа не го поднесува гласот на знаењето.
13. Лошата заблуда на вистинскиот маж е непознавањето на Светото писмо.
14. Да имаш страв Божји, познај го ова по плачот и солзите.
15. Смирението на душата е непобедливо оружје.
16. Добродетелниот човек е рајско дрво.
17. Господ Исус Христос е дрвото на животот. Ползувај се со него, како што треба, и нема да умреш довека.
18. Прави им добро на сиромасите, и ќе Го вкусиш Христа.
19. Јадењето на Христовото Тело е вистинска сила.
20. Ако Го љубиш Христа, не заборавај да ги извршуваш Неговите заповеди.
21. Зашто од ова се познава, кој, после Бога, е извршител на доброто.
22. Пријателот по Бога, источува мед и млеко во своите зборови.
23. Мрзливата и немарливата душа нема да има ваков пријател.
24. Помислата на славољубивиот е жесток деспот.
25. Да ја премолчуваме вистината, значи да го закопуваме златото во земја.
26. Оној што има страв Божји сѐ што прави го прави според Божјата волја.
Авва Евагриј