Преподобен Авва Исаиј

Словата на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици  

За виното

1. Тајната на виното. Тоа е слика на човечката природа и на човек што сака да го сретне Бога и да Му угоди, па затоа во чистота го пази своето дело, за да Му го предаде со радосг на Бога.

2. Садот за вино бива измачкуван со смола, како што е потребно. Тоа е слика на телесната чистота, која ги има здрави сите свои членови и е чиста од сите срамни страсти. Зашто не можеме да Му служиме на Бога ако им служиме и на нашите телесни страсти.

3. Како што не можеме да наполниме вино во сад, кој не е потполно засмолен, кој има пукнатина, така не можеме да Му угодиме и на Бога, ако имаме омраза и непријателство спрема некого. Да се испитуваме и да видиме дали ги има нив во нас, зашто тие му пречат на човекот во делото на неговото покајание.

4. Виното во својот почеток преврива. Тоа е слика на секое започнување. Тоа е вриеж и барање - сѐ додека не закрепне и не се зацврсти.

5. Виното не станува вино ако не преврие и ако не добие извесна умерена киселина. Така и почетникот во духовниот живот не може да напредува, ако продолжува да ја извршува својата волја, ако не добие од своите духовни оци Божји квас и тие не му го покажат вистинскиот пат и не го поведат по него, - се додека Бог не му даде да го види тој пат.

6. Виното го оставаат во неговите садови сѐ додека не отстои колку што е потребно. Исто така, ни почетникот во духовниот живот, не може без молчење, без маки и без трудови, кои Му се угодни на Бога, - да дојде во добра состојба.

7. Ако го ставиме грозјето во зрна и со лозови фиданки и лисја, виното ќе биде кисело. Така и почетникот во духовниот и испоснички живот, ако продолжи да живее со своите роднини и со други луѓе, кои немаат ист начин на живеење, како што е неговиот, ја загубува духовната расположба, која ја примил од своите духовни оци по Бога.

8. Винските садови ги потрупуваат со земја, за да не ветрее и да не се расипува. Така треба да биде и со почетниците во подвижничкиот живот: ако не добијат смирение во сѐ, сите нивни трудови се попусти.

9. Виното, ако често го пробаат, тоа изветрува и го изгубува својот вкус. Ова истото станува и со човек, кој покажува што работи и како се подвизува; во тој случај славољубието го упропастува неговото дело.

10. Ако го остават виното отворено, лошите мушичкн влегуваат во винскиот сад и го расипуваат виното. Исто така, прекумерното зборување, шегите и празнословието ја расипуваат добрата расположба на младите монаси.

11. Ако го изложат виното на ветар, тоа ја губи својата боја и вкусот. Така и гордоста го уништува секој плод на човекот.

12. Виното го кријат во визбите и го покриваат со дебели покривки. Така го штитат и Божјиот трудбеник молчењето и крајното смирение - кога сите свои трудови ги смета за ништо. Без молчењето и ваквото вистинско смирение - не може тој да ги скрие своите трудови.

13. Сето ова треба да се прави за виното сѐ додека не узрее и не стане вкусно за пиење; тогаш ќе почне да го пие оној што се трудел за него. И човекот треба да прави сѐ што е потребно - додека Неговото дело не Му cтaнe пријатно на Бога.

14. И како што не можеме да веруваме дека виното е добро само врз основа на тоа што ќе ни речат дека е добро, ако ние сакаме да го вкусиме и не го испробаме, така човекот не може да има увереност во своето срце и да не се плаши за себе си - сѐ додека не појде и не застане пред Бога и Бог не го признава неговото дело за совршено.

15. Ако винскиот сад почне да протечува, целото вино постепено ќе истече в земја, пред да разбере домаќинот за тоа, ако не ги погледнува винските садови одвреме - навреме. Така и некоја сосем мала и неважна работа, може да го упропасги човековиот труд, ако е тој мрзлив и невнимателен.

16. Браќа, да ги впрегнеме сите наши сили, за да се запазиме од сите работи, што можат да ни причинат штета, а Божјата милост и благодат ќе ни дадат смелост во оној ден, за да можеме во тој ден да речеме: “По нашата немоќ не се трудевме да го направиме она што ни го наложуваше нашата совест, но силата за да го направиме беше Твоја. Од Тебе е и милоста и помошта, и простувањето и триењето. Зашто, што сум јас? Досега бев во рацете на лошите, од кои ме спаси Ти, а јас немам ништо што можам да Ти дадам. Јас сум грешен и недостоен сум за Твоите дарови, но Ти сепак ме избави од рацете на моите непријатели. Господи, Ти си Бог мој. Твоја е славата и силата, и славата и милоста; и закрилата, и помошта и силата во сите векови и во целата вечност. Амин.

Преподобен Авва Исаиј