Поуки од свети Макариј Велики

4.Создавање на тврда решеност да Одиме по Господа

Движењето на душата кон спасението почнува со желбата за спасение и со тврдата решеност да Му се предадема на Господа. Господ ќе го изврши нашето спасение, сѐ подготвил за него и прави сѐ за да се спаси секој. Се очекува само човекот да пристапи и да почне да прави сѐ што е потребно за неговото спасение.

 

а) Се очекува нашата желба како неопходен услов.

  1. Човекот по својата природа има своја цел и Бог го бара тоа од него. И затоа заповеда човекот најнапред да го разбере тоа, да го засака и да има волја да работи за тоа. А за да може мислата да биде остварена во дело, да приложува труд и да ја извршува потребната работа, за ова Господовата благодат му го дава сето ова на оној што поверувал и посакал да го врши. Затоа човековата слободна волја е од суштествено значење. Ако човекот нема волја, самиот Бог не презема ништо, иако може да го прави тоа според Својата слобода. Затоа извршувањето на делото на духот зависи од слободната човекова волја. А и кога ние учествуваме со сета наша волја, и тогаш сета работа ни се припишува на нас од страна на Бога (37, 10).
  2. Како што евангелската крвоточива жена, која, иако не можела да се излекува и останувала поразена од една страшна болест, сепак, имала нозе да Му се приближи на Господа, да пристапи кон Него и да Му се обрати со зборовите: “Сине Давидов, помилуј ме!” (Марко 10, 47). На ист начин и слепиот, кој не можел да се приближи и да пристапи кон Господа затоа што не гледал, сепак и тој му се обратил со истите зборови. Па, откако поверувал, Господ се приближил до него го излекувал и тој прогледал и се спасил. Затоа, и ние да поверуваме во Него, да Му пристапиме, за да бидеме веднаш излекувани од Него. Зашто Он им ветува на сите да им даде ваква помош. Така и душата, иако е поразена од срамни страстни рани, иако е ослепена од гревовната темнина, сепак ќе посака да повика кон Христа и да Го повика, за да дојде и да ѝ даде вечно избавување (20, 7).
  3. Како што оној слепец, ако не повикал, и онаа крвоточива жена, ако не се приближила до Господа, не би биле исцелени, исто така, ако некој не пристапи кон Господа, по слободна волја и не Му се моли со силна вера, и тој нема да добие исцеление. Зошто тие биле веднаш исцелени, а ние уште не сме исцелени од нашите страсти? Поради нашето неверување и поради тоа што не Го сакаме со сето наше срце и не веруваме искрено во Него, затоа уште не сме добиле исцеление духовно и спасение. Затоа, да поверуваме во Него и искрено да Му пристапиме, ако сакаме и нас така брзо да нѐ излекува, како што вели Он Самиот: “Небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат” (Лука 11, 13). А не е лажлив: “Co надеж на вечен живот, што го вети вечниот Бог, Кој не лаже” (Тит 1, 2) (20, 8; 45, 2).
  4. Иако детенцето не може ништо да прави, не може да оди и да појде кај својата мајка, сепак, кога ја бара, тоа вика и плаче. И мајката се сожалува на него и се радува што нејзината рожба ја бара и на тој начин, па бидејќи детенцето не може да оди, таа, водена од својата силна љубов спрема него, доаѓа при него, со голема нежност го зема во своите раце, го милува и го храни. Ова истото го прави и нашиот човекољубив Бог со нашата душа, која се приближува до Него, Го бара и Му се моли. А Он со уште поголема љубов и добрина се доближува до неа и, според зборовите на свети апостол Павле, станува “еден дух” со нас. (1. Кор. 6, 17) (46, 3).
  5. Господ е милосрден и долготрпелив, го чека нашето обраќање. Ако грешиме, претрпува, чекајќи го нашето покајание, ако паднеме, не се срамува пак да не прими, како што вели пророкот: “Зар паднатите не стануваат и оние што скршнале од патот не се враќаат?” (Јерем. 8, 4). Штом се отрезниме, штом придобиеме добра мисла, се свртиме ли кон Него и Му се обратиме за помош, Он е секогаш готов да нѐ спаси, зашто ја чека нашата искрена желба, нашиот устрем кон Него, нашето доброволно и непринудно приближување, нашата вера и усрдност; го помага секој наш труд во доброто и светото. Затоа, да се ослободиме од секоја предрасуда и од мрзливоста и да се трудиме да бидеме храбри и постојани во чекорењето наше по Него; да не го одлагаме од ден на ден нашето покајание, да не им служиме на нашите пороци и страсти, зашто не знаеме кога ќе го напуштиме нашето тело (4, 17).

 

6) Како се образува нашата желба?

 

аа) Поттикнување од Бога.

Господ ја вразумува невидливо душата. Често ја обраќа преку несреќи, а понекогаш и со Свое непосредно влијание, како кај свети апостол Павле, но секогашен весник кон нашето обраќање е словото Божјо.

  1. Бог сака човекот што се наоѓа во гревови одново да го воведе во живот; го советува да почне да плаче и да се кае. И ако продолжува да плаче за своите грешни дела, Бог го уверува покајникот дека и понатаму треба да плаче и да се кае да ги оплакува сите свои гревови, кои ги направил во текот на целиот свој живот (15,15).
  2. Kora си, по Божја промисла, во страдања, во жалости, во болести, тогаш токму она што те измачува, тоа е она што и е корисно на твојата душа. Кога имаш страдања во светот, тогаш почнуваш да размислуваш во себе си: јас сум несреќен во овој свет, ќе се одречам од него, ќе појдам, ќе се оддалечувам од него и ќе Му служам на Бога. И токму тогаш кога дојдеш до ваквата мисла можеш да ја слушнеш евангелската заповед: “Оди, продај го имотот свој !” (Матеј 19, 21). Тогаш намрази го животот во светот и почни потполно да Му служиш на Бога. Така ќе почнеш да Му благодариш на Бога за несреќата во овој свет и што таа ти помогнала да ја послушаш Христовата заповед. Најпосле, ако делумно си ја изменил твојата мисла спрема видливиот свет и да се оддалечиш од него и од телесноста, тогаш треба да се измениш и во умот и телесното мудрување да го измениш со небесно. Тогаш ќе почнеш да размислуваш за спомнатата евангелска заповед, но уште нема да имаш мир, а ќе почнеш само да се грижиш и да се трудиш - за да го придобиеш она за што си слушнал - царството небесно (32, 7).
  3. Како го уловил Бог светиот апостол Павле? Тој одел насекаде и ги ловел христијаните, ги одведувал со себе си, а потоа тој самиот бил уловен од вистинскиот Цар. Павле ја прогонувал и вознемирувал Христовата Црква затоа што во него живеел духот на гревот, но бидејќи ова го правел од незнаење, а не затоа што Му се противел на Бога, туку бил уверен дека ревнува за вистината, небесниот и вистински цар не го презрел, туку го уловил: го осветлил, го удостоил да го слушне Неговиот глас и удирајќи го по лицето, како Свој роб, му дарувал слобода. Гледаш ли каква е добрината на Господа и како Господ може во еден миг да ја измени душата, која се прилепила за порокот и ожесточеноста, и да ѝ ги подари Својата добрина и Својот мир (48, 8).
  4. Како што царот што им испраќа писмо на оние, на кои сака да им даде свои дарови и им вели: “Потрудете се што побргу да дојдете при мене, за да ги добиете од мене царските дарови”, па ако не дојдат да ги примат тие дарови, не само што нема да имаат никаква полза од царските писма, туку, напротив, ќе заслужат и смртна казна затоа што не дошле да ја примат големата почест од царската рака. Така и Небесниот Цар Бог им ги испраќа книгите од Светото писмо на луѓето, како Свои писма, објавувајќи им, дека тие што ќе поверуват во Него и ќе почнат да Му се молат да им го даде Својот божествен дар. Зашто е напишано: “Нам ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станеме учесници во Божјата природа” (2. Петр. 1, 4). Ако човекот не дојде и не проси, нема да прими. Тогаш нема да има никаква корист од самото читање на Светото писмо, туку, напротив, ќе заслужи смртна казна затоа што не сакал да го прими царот на животот од Небесниот Цар, без кој е неможно да го добиеме бесмртниот живот (39).

 

66) Борба со себе си заради прифаќање на Божјото признание.

  1. Човекот не се удостојува веднаш откако ќе го чуе Божјото слово. Ако го тврдиш спротивното, ти ја одречуваш човековата слободна волја и ќе го откажуваш постоењето на спротивните сили, кои се борат против нашиот ум. Ние велиме, дека оној што го слуша Божјото слово, најнапред се смирува и почнува да се вежба за борба против сатаната. Победата се добива само по долга борба. Тогаш победникот станува вистински христијанин, односно одлучува да биде вистински Христов последовател (27, 20).

 

вв) Мисли што дејствуваат на волјата.

Во оваа борба со себе си човековиот ум собира разни побуди и претстави за вистината, кои се во состојба да го поттикнат и да го воодушеват. На прво место, свети Макариј го претставува тоа што го изврши Бог за нашето спасение и со какви ветувања го опкружил Своето дело. Кон оваа своја мисла тој често навраќа во своите проповеди.

  1. Проникни во умствената суштина на душата сосем сериозно и длабоко. Бесмртната душа е како некој скапоцен сад. Погледни и види колку се огромни небото и зeмjaтa, но Бог се грижи повеќе за тебе, отколку за нив. Види колку се големи твоето благородство и твоето достоинство! Бог не испратил ангели да бидат твои да те спасат, туку Он Самиот дошол да те повика, да те најде тебе целиот покриен со рани и да ти го врати првобитниот чист Адамов лик. Самиот Бог дошол да се застапи за тебе и да те избави од смртта; Застани и размисли - колку е голема Божјата промисла за тебе! (26, 115, 28).
  2. Претстави си некој цар, кој нашол некоја многу сиромашна девојка, облечена во нечиста и искината облека, но не се посрамил да ја земе, да ѝ ја соблече нејзината облека, да ја измие нејизината нечистотија и да ја земе за своја царица, која ќе седи до него на неговата трпеза и на сите царски гозби. Така и Господ ја нашол испоранетата човечка душа, ѝ дал лекарства, ја соблекол од неа нејзината нечиста и искината облека и срамот на пороците и ја облекол во царска, небесна, божествена, светла и славна облека, ѝ ставил венец и ја направил своја сотрпезничка - на трпезата на веселбата и радоста (27, 3).
  3. Затоа Христијанството има толку важно значење. Тоа е голема тајна. Познај го твоето благородство, биди свесен кон какво големо царско достоинство си повикан и дека си повикан да добиеш голема чест, како што пишува свети апостол Петар: “Вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина” (1. Петр. 2, 9). Тајната на Христијанството е необична за овој свет. Видливата слава и богатството на земниот цар се нешто земно, гниежливо, преодно, а Божјото царство и богатсво се божествени, небесни, славни, кои никогаш не одминуваат и никогаш не се прекратуваат. Зашто оние што се во небесното царство царуваат заедно со Небесниот Цар, а Он е “првороден пред секоја твар” (Кол. 1, 15), па затоа и оние што царуваат заедно со Него се првородни (27, 4).
  4. Ветувањата на христијаните се големи и неискажливи, така што со верата и богатството само на една душа не можат да се споредат ни сета слава и убавина на небото и на земјата, сите нивни украси, богатството, убавината и насладата од сѐ што е видливо. Па така, при толку многу побуди и ветувања од Господа, како можеме да не посакаме потполно да не Му пристапиме, да Му се посветиме и, според Евангелието, да се откажеме од сѐ и од нашата душа, и да Го засакаме само Него и да не сакаме ништо друго и никого? Ете, сето ова ни е подарено! Каква слава! Колку се големи грижите на Господа уште од времето на оците и пророците! Колку објавени ветувања! Колку многу побуди! Колку добрини покажал Господ спрема нас уште од почетокот! А на крајот кога дошол ја докажал Својата најголема и неискажлива добрина спрема нас со Своето распнување на крстот, за да се обратиме и да нѐ воведе во вечен живот. А ние се уште не се одделуваме од нашите желби, од љубовата спрема светот, од лошите преубедувања и навики и преку тоа покажуваме дека сме маловерни! Но и покрај сето тоа, Господ останува милостив спрема нас, невидлив, нѐ запазува и успокојува и никако не нѐ предава, според нашите гревови, на пороците и на светските измами, по Својата голема долготрпеливост и добрина и не дозволува да загинеме, имајќи сѐ уште предвид дека некогаш ќе се обратиме кон Него ( 4. 17, 18).
  5. Што значат зборовите: “Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го подготвил за оние, кои Го сакаат" (1.. Kop. 2, 9)? Bo она време големите праведници, цареви и пророци знаеле, дека ќе дојде Спасителот, но не знаеле, не слушнале и на ум не им паѓало, дека Он ќе пострада и ќе биде распнат, дека Неговата крв ќе биде пролиена на крстот; дека ќе има крштевање со оган и со Дух Свети, дека во Црквата ќе се принесуваат леб и вино - Неговото тело и Неговата крв; дека оние што ќе се причествуват видливо со леб и со вино - ќе го јадат телото и ќе ја пијат крвта на Господа, дека апостолите и христијаните ќе Го примат Духот Утешител и дека ќе се облечат со сила одозгора - ќе се удостојат да се соединат со Светиот Дух. За ова не знаеле ни царевите ни пророците; ова ни на ум не им паѓало (27, 17).
  6. Бидејќи ни се подготвени вакви блага и ни се дадени вакви ветувања, дека таква била Господовата волја за нас, тогаш да не бидеме мрзливи и да не задоцниме; да побрзаме кон вечниот живот и потполно да Му се посветиме на Бога и да го правиме она што Му е Нему угодно (45, 9).
  7. Слушајќи за достоинството на душата и за тоа колку е скапоцена оваа духовна суштина, дали помислуваш на тоа дека небото и земјата ќе загинат, а дека ти си повикан во братство и сестринство со Христа? Во видливиот свет сѐ што е на младоженецот ѝ припаѓа и на невестата, па така, и сѐ што е Господово - ти се доверува и на тебе. Он Самиот дошол за да се застапи за тебе - за да те повика. А ти за ова и не помислуваш, не го сфаќаш своето благородство. Затоа продуховениот маж со право го оплакува твоето паѓање и говори: “Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните” (Псал. 48, 20).

Потоа свети Макариј говори и за други побуди, говори за тоа дека нашата цел е: да бидеме со оние што ни се сродни, особено со Господа, дека ни е добро само тогаш кога одиме по Господа, дека нема полоша состојба од таа кога сме оддалечени од Него.

  1. Ако го подигнеш твојот поглед кон небото, ќе видиш дека сончевиот диск е на небото и дека неговите зраци паѓаат на земјата, дека сета негова светлина и сиот негов сјај се стреми кон земјата. Така и нашиот Спасител Господ Исус Христос седи оддесно на Отецот, над сите ангелски начела и власти, но Неговиот поглед : устремен кон луѓето, кои живеат на земјата и ја чекаат Неговата помош, за да се издигнат таму, каде што е Он. Зашто Он вели: “Каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга” (Јован 12, 26). Но бесловесните животни се многу поразумни од нас, зашто секое од нив се соединува со животните од својот род: дивите животни со диви, а овцие со други овци. А ти не се враќаш при својот небесен род, односно при Господа, со твоите мисли се доближуваш и се согласуваш со духот на злобата, му стануваш помошник на гревот, па заедно со него војуваш против себе си, предавајќи му се на тој начин на непријателот да те изеде, онака како што орелот ја јаде птицата што ја фатил или волкот - овцата, или како што ѝ се предава детето на смртта кога ја пружа својата рака кон змијата, која го каснува и го умртвува. (45, 6).
  2. Душата му припаѓа на оној , со кого општи и со кого доброволно се соединува. Па затоа, или имајќи ја во себе Божјата светлина, живеејќи во неа, се украсува со добродетели или, имајќи ја во себе гревовната темнина, подлежи на осудување. Онаа душа, која сака да живее во Бога - во вечен спокој и во вечна светлина, треба да умре за некогашната духовна темнина и да премине во другиот живот заради божествено превоспитување. Кога го слушаш ова, сврти го твоето внимание на себе си и прашај се дали ова настанало во тебе. Ако уште не настанало, тогаш треба да жалиш, да плачеш и непрестајно да тагуваш. Ти кој си уште мртов за Царството Божјо, викај кон Господа и моли Му се со вера да те удостои со вечен живот. Бог го создал човековото тело така: да не може да се храни од себе си, од својата природа, да не зема за себе си храна, пиење, облека и обувки; напротив, го создал голо и го создал така - сѐ што му е неопходно да позајмува однадвор. Телото не може да живее без она што постои надвор од него, односно не може да живее без храна, јадење и облека. Ако се ограничи само на она што е во неговата природа, да не позајмува ништо однадвор, тоа ќе умре и ќе загине. На тој начин и душата, која ја нема во себе Божјата светлина, создадена по Божјиот образ, зашто според Божјата волја и промисла, таа го има во себе си вечниот живот, та и таа не од својата сопствена природа, од Неговото Божество, од Неговиот Свет Дух, од Неговата светлина да ги прима својата духовна храна, духовното пиење и небесната облека, а тоа и претставува вистински живот за неа ( 1 , 8, IO).
  3. Како што по телото, според она што го рековме погоре, животот негов не е од него - од телото, туку од она што е надвор од него, односно од земјата, тоа не може да живее без она што постои надвор од него, така и душата, ако таа уште сега не се роди одново за другиот живот и не се храни таму со духовна храна, ако не расте духовно, ако не напредува пред Господа, ако Он не ја облече во неискажливата облека на Божјата убавина, таа не ќе може да живее без таа храна - не ќе може таа самата да живее во духовна наслада и вистински спокој. Зашто Божјата природа има и духовен леб - леб на животот од Оној, Кој што рекол: “Јас сум лебот на животот” (Ј ован 6, 35) и “вода жива” (Ј ован 4, 10), “вино што го весели срцето на човекот” Псал. 103, 15) и “елеј од кој блеска лицето негово” (Псал. 103, 15), “со елеј на радоста” (Псал. 44, 7), со разновидна храна на небесниот Дух, со светла небесна облека, дарувани од Бога. Тешко ѝ на онаа душа, ако се ограничи само на својата природа, ако не општи со божествениот Дух, зашто таквата душа умира и не бива удостоена со божествениот живот. Како што губиме надеж за оние болни, кога тие веќе не примаат храна, и како што ги жалат и што ги оплакуваат нивните блиски, роднините и пријателите, така и Бог и светите ангели проливаат солзи за оние души, кои не јадат од небесната храна на Духот и не живеат во негниежливоста (1, 11).
  4. Па така, ако твојот внатрешен човек со опит го сфатил сето ова, тогаш ти живееш вистински духовен човек - вистински вечен живот, и твојата душа дури и сега се успокојува во Господа; ти навистина си го нашол и си го примил ова од Господа, за да можеш да живееш вистински живот. А, ако сознаваш дека немаш во себе си ништо од ова, тогаш плачи и тагувај затоа што до сега не си го придобил вечното и духовно богатство и за тоа што до сега уште не си го примил вистинскиот живот. Затоа, оплакувај ја својата духовна сиромаштија, и дење и ноќе моли Му се на Господа затоа што се наоѓаш во страшна духовна немаштија. O, само кога би ја спечалиле оваа тага поради ваквата наша духовна немаштија! Само кога не би го минувале времето во безгрижност и во пренаситување! Оној што тажи и што бара, кој постојано Му се моли на Господа, тој набргу ќе биде избавен и ќе го добие небесното богатство, како што рекол Господ, завршувајќи ги Своите зборови за несправедливиот судија и за вдовицата, дека многу повеќе Бог ќе се одмазди за оние што викаат кон Него дење и ноќе. Ви велам: Он ќе се одмази многу скоро (сп.Лука 16, 7-8) l, 12).
  5. Доаѓањето на Господа било заради човекот, кој лежел во гробната темнина, во гревот, под власта на нечистиот дух и на лукавите сили, за да го воскресне сега - во овој живот, да го воскресне и да му дарува живот, да го очисти од секаква нечистотија, да го просветли со својата светлина и да го облече во Својата небесна и божествена облека. Кога воскреснат телата, чии души претходно воскреснале и се прославиле - ќе се прослават и овие нивни тела и душите нивни, кои се уште сега просветени и прославени, ќе се облечат во неракотворно и небесно живеалиште - во славата на божествената светлина. Гледаш ли колку е Божјата слава неискажлива и несфатлива! Не е можно да се изрази и да се опише неизмерливото, безграничното и несфатливото богатство на христијаните. Затоа, со голема грижа треба да пристапуваме кон христијанскиот подвиг и да го придобиеме ова богатство, зашто наследството и делот на христијаните е Самиот Бог. Затоа е и речено: “Господ е дел на моето наследство и од чашата моја” (Псал. 15, 5)
  6. Како што месото, кога не е посолено, се расипува и се исполнува со неподнослива смрдеа, така што сите се згрозуваат и се оддалечуваат од него, та црвите што лазат низ него наоѓаат во него храна за себе си - го јадат и се вгнездуваат во него. Но штом се посоли, црвите во него загинуваат, неподнесливата и гнасна смрдеа исчезнува. Исто така, и душата, непосолена со Светиот Дух, оддалечена од небесната сол, односно од Божјата сила, умира и се исполнува со страшната смрдеа на грешните помисли. Затоа и Бог се оддалечува од страшната смредеа од суетните помисли на темнината и на страстите, кои живеат во таквата душа; во неа се движат лоши и страшни црви, односно лукавите духови и темните сили, кои се загнездуваат, се хранат од неа и лазат низ неа ја изедуваат и ја уништуваат. Зашто е речено: “Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое” (Псал. 37, 5). Но штом душата прибегне при Бога, поверува и си ја побара солта на животот од благиот и човекољубив Дух, солта што слегнува од небото ги уништува во неа страшните црви, ја отстранува страшната смрдеа и ја очистува душата со дејството на својата сила. А на тој начин, кога вистинската сол ја направи здрава и неповредлива, - таа одново станува употреблива за служење на небесниот Господар. Затоа, и во старозаветниот закон, за да се означи ова, Бог заповедал секоја жртва да биде посолена со сол (сп. 3. Moj. 2, 13 (1, 5).
  7. Како што во видливиот свет - соблечениот бива изложен на голем срам и подбив, бива одбегнуван и напуштан и од своите пријатели, па и роднините го скриваат својот поглед од своите роднини кога се тие голи. И децата кога ќе ги видат своите родители голи, го свртуваат својот поглед од нив (сп, 1. Мој. 9, 33), - така и Бог со згрозува од душа, која не е облечена во потполна облека на Духот - кога не е облечена со силата и вистината на Господа Исуса Христа (20, 1).
  8. Самиот прв човек, кога видел дека е гол, се посрамил. Колкава е бесчеснота на голотијата! Ако, пак, телесната голотиј а не изложува на таков срам, со колку поголем страв и со какво бесчестие на страстите е покриена онаа душа, која е разголена од божествената сила, која не е облечена во сета вистина на неискажливата, негниежнива и духовна облека на Самиот Господ Исус Христос! И секој кој е лишен од божествената слава - колку треба да се срамува од самиот себе си и од сознанието за своето бесчестие, како што се посрамил и Адам, кога видел дека е необлечен, сознавајќи ја својата сиромаштија и својата голотија. Затоа, ваквата душа треба да Му се моли на Христа Бога, кој ја дава духовната облека и кој ја облекува душата во неискажлива светлина. Да не се облекуваме со славата на неискажливата светлина и да не си правиме облека од суетни помисли, да не мислиме и да не се самоизмачуваме со нашата лична праведност, односно дека имаме облека на спасение (20, 2).
  9. Како што домот, во кој се наоѓа самиот владетел, бива преполн со секакви украси и убавина, така и душата, која Го има Г оспода во себе си, во која живее Смиот Господ, е исполнета со секаква убавина, затоа што Он, со сите Свои сокровишта, се наоѓа во неа. Но тешко му на оној дом, во кој е отсутен владетелот; тој запустува и се урива - се исполнува со секаква нечистотија и неуредност; таму сѐ, според зборовите на пророкот, се исполнува со “бесови и бувови” (Иса. 13, 21), зашто во запустениот дом наоѓаат место за себе дивите мачки и кучиња и секоја нечистотија. Тешко ѝ на онаа душа, која не се подигнува од своето тешко паѓање и која ги има во себе си оние кои ја убедуват и тераат да биде во непријателство со својот младоженец, оние кои намераваат да ја уништат, да ѝ ги развратат нејзините мисли и да ја оддалечат од Христа (33, 3).

 

гг) Со овие и вакви претстви душата е готова да го послуша признанието, да појде по Господа, но во нас се појавуваат мисли, кои ни говорат дека имаме уште многу време да го направиме тоа, па така ја ослабуваат нашата желба. Свети Макариј нѐ одвратува од мислата за одлагањето на делото на нашето спасение со силни причини. Тој ни посочува дека може да престане Божјото долготрпение и тогаш пропаста е неизбежна.

  1. Се плашам за нас, кои живееме во невнимателност, раководени од предрасуди, да не се исполнат по извесно време зборовите на апостолот, кој вели: ”Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?“ (Рим. 2, 4). Ако поради Божјата благост кротост и долготрпеливост го преумножиме бројот на нашите гревови и со својата мрзливост и негрижа си подготвиме тешка осуда, тогаш на нас ќе се исполнат и овие апостолски зборови: ”Според твојата упорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога“ (Рим. 2, 5). Зашто голема е Божјата благост и неискажлива Неговата долготрпеливост спрема човечкиот род, само ако посакаме да се отрезниме и ако се потрудиме потполно да се обратиме кон Бога, ќе можеме да го добиеме спасението (4,19).
  2. Ако сакаш да ја запознаеш Божјата долготрпеливост и Неговата голема благост, за ова можеш да се поучиш од боговдахновеното Свето писмо. Погледни ги Израилците, чии татковци, на кои им биле дадени ветувањата, на кои им припаѓале посинувањето, и славата, и заветите, и славата, и законот и службата кон Бога и ветувањата, од кои е и Христос по плот, Које е Бог над сите, благословен во веки (сп. Рим. 9, 4 и 5), и колку многу грешеле! Колкупати отстапувале од Него! И Бог не ги оставал потполно, но само за извесно време. За нивна корист ги предавал на казни, сакајќи преку страдањата да ги омекнува нивните тврди срца, да ги обраќа, да ги поттикнува, им ги испраќал пророците и долго време бил спрема нив долготрпелив кога тие грешеле и Го навредувале. Ги примал со радост оние што се обраќале. И кога одново отпаѓале, пак не ги оставал, но преку пророците ги повикувал кон покајание. Колкупати и да отпаднале од Него, штом би се обратиле и штом би повикале кон Него, секогаш ги пречекувал со љубов, сѐ додека најпосле не би паднале во некој голем грев, ставајќи раце на Својот Господ, Кого, според преданијата на своите татковци и на светите пророци, Го очекувале како свој Искупител и Спасител, Цар и Пророк. Зашто, кога дошол, тие не Го примиле, па дури Го подложиле на големо подбивање, а најпосле Го предале на крсна смрт. И по сите овие навредувања и преумножувањето на нивните гревови, кои стигнале до нивната полнота, се оддалечил од нив Светиот Дух, кога се расцепила црковната завеса. Затоа и нивниот храм им бил предаден на незнабошците, бил разрушен и запустен, според зборовите на Господа: “Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде урнат” (Матеј 24, 2). На тој начин тие конечно им биле предадени на незнабошците, заробени од тогашните цареви и расеани пo целата земја и им било заповедано да не се враќаат во својата земја (4, 20).
  3. Така и сега милостивиот и благиот Бог ја пројавува Својата долготрпеливост спрема секого од нас. Иако бива навредуван од нас многупати, Он молчи и чека човекот со време да се отрезни, да се промени и веќе да не Го ожалостува; со љубов и со радост ги прима сите грешници кои се кајат за своите гревови и се обраќаат кон Него. Зашто Он Самиот вели: “Радост станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што cе кае" (Лука 15. 10). Не е Божја волја да погине ниеден од најмалите. Но, ако некој, и при најголемата Божја милосрдност и долготрпеливост, кога Бог не го накажува за секој негов грев, таен или јавен, туку, иако го гледа, молчи, очекувајќи го неговото покајание и обракање, па станува сосем безгрижен и почнува да натрупува грев врз грев, тој ја зголемува својата безгрижносг. Зидајќи грев врз грев и ја преполнува мерката на своите гревови, па најпосле паѓа во таков грев, од кој не може да се извлече, па се очајува и, откако ќе му се предаде на лукавиот, на крајот потполно загинува (4, 21).
  4. Така било со Содомците. Грешејќи многу и не обраќајќи се, најпосле, кога покажале лоши намери и спрема ангелите, паднале во таков грев, така што веќе немале можност за покајание, па биле потполно отфрлени, затоа што ја исполниле и ја надминале мерката на своите гревови. И затоа, според Божјиот суд, биле со оган изгорени. Така било и во времето на Ное: луѓето паѓале често во гревови и не се каеле за нив, па ја загадиле и огревовиле целата земја. Така било и со Египќаните, кои многу Го ожалостиле Бога и страшно грешеле против Неговиот народ, но Бог бил сѐ уште милостив спрема нив и сѐ уште не им наложувал такви остри казни за да ги уништи, туку ги накажувал само за да ги поучи -нда ги поттикне кон обраќање и покајание - им нанесувал лесни удари, пројавувајќи ја Својата долготрпеливост и очекувајќи го нивното покајание. Но тие, откако згрешиле многу пред Божјиот народ, ту се обраќале кон Бога, се каеле за своите гревови, ту пак се враќале кон својата гревовна ожесточеност, го оптоварувале Божјиот народ со тешки работи и најпосле, кога Бог преку Мојсеја и преку многу чуда, го извел еврејскиот народ од Египет, направиле уште еден голем грев, кога јурнале по Божјиот народ, за да го вратат. За тоа Божјиот суд ги казнил и ги уништил, ги издавил во морските води, покажувајќи дека се недостојни за видливата вода (4, 22).
  5. Така и ние, возљубени, поучени од библиските раскази, треба што побрзо да се обратиме и да побрзаме кон Господа, Кој е милостив спрема нас и трпеливо нѐ чека, бидејќи потполно оддалечен од секакво лукавство и лошо предубедување; оние што се обраќаат ги прима со голема радост, но ние, не разбирајќи ја лошо Неговата долготрпеливосг, така што од ден - на ден нашата немарност станувала се помала и нашите гревови не се умножувале и така сме запазени од Божјиот гнев. Да се потрудиме со уште поголема ревност и со искрено срце да се приближуваме кон Бога. Бидејќи очајанието доаѓа од внушувањето на злобата и демонското лукавство, да се бориме против него и да не се сомневаме во нашето спасение, спомнувајќи си ги нашите претходни гревови, кои обично ги доведуваат луѓето до очајание, мрзливост и безгрижност, за да не се обратат кон Господа и да се покајат, така што да не добијат спасение според големата Негова милост спрема човечкиот род (4, 24).

 

дд) Меѓутоа, штом душата на тој начин ќе одлучи да го започне делото на своето спасение, духот непријател ги вперува кон неа своите последни разгорени стрели на очајание и безнадежност.

  1. Се случува сатаната да води разговор со тебе во твоето срце и да ти вели: “Гледај колку многу си грешен! Колку лоши работи си направил! Види со колку грди работи е исполнета твојата душа! Ти си натоварен со многу гревови и не можеш да се спасиш!” Ова го прави со цел да те фрли во очајание, бидејќи твоето покајание му е непријатно. Зашто, откако преку првородениот грев влегол во душата, тој разговара со неа, како што разговара човек со човек. А ти одговарај му вака: “Јас го имам Господовото сведоштво во Светото писмо, кое ми вели: “Jac не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив” (Ј езек. 33, 11). Зашто Он затоа и слегнал од небото, за да ги спаси грешниците, да ги воскресне мртвите, да ги оживотвори умртвените и да ги просвети оние што се наоѓаат во темнина. И навистина, кога дошол - Он нѐ повикал да нѐ усинови, нѐ повикал да влеземе во светиот град, исполнет со мир, во вечната слава, само ние треба на овој наш добар почеток да му дадеме добар крај, да живееме во сиромаштија, оддалечени од светот, во страдање, да не престануваме да Му се молиме на Бога и непрестајно да чукаме на Неговата врата. Како што телото е блиску до душата, така и Господ е близок до нашата душа и секогаш е готов да дојде да ја отвори заклучената врата на срцето и да ни го подари небесното богатство. Он е благ и човекољубив и Неговите ветувања не се лажни, ако само со трпение Го бараме Него и сѐ она што ни го ветува Он (11, 15).
  2. Замисли некој персиски или римски логор. Во него влегле двајца младичи, окрилени со храброст и ревност и почнале да се борат. Така се еднакви спротивната сила и умот меѓу себе; тие имаат подеднаква моќ, така сатаната се вовлекува во душата и ја измамува нашата волја, но и душата може да му се противставува и да не му се покорува. Затоа, обете сили можат само да нѐ поттикнуваат, но не можат да нѐ принудат ни кон зло ни кон добро. И Бог ни ја дава Својата помош за поткрепа. Со неа биваме помогани во борбата како со небесно оружје, со кое можеме да го победиме и да го искорениме гревот. Душата може да му се противставува на гревот, но без Божјата помош не може да го победи и не може да го искорени злото. Оние што тврдат дека гревот е сличен на силен исполин, а душата на детенце, говорат погрешно. Зашто, ако се тие толку различни и ако гревот се споредува со исполни, а душата со детенце, тогаш законодавецот, кој му го дал законот на човекот, за да се бори против сатаната би бил несправедлив. (27, 22).
  3. Ако ни се чини дека не сме во состојба да се бориме против мноштвото гревови кои владеат со нас (а ваквата мисла, како што веќе рековме е ѓаволско внушение и служи како препрека за нашето спасение); треба да си спомнеме и да не го оставиме без внимание, тоа дека Господ, Кој дошол при нас по Својата благост, Кој им дал вид на слепите, ги лекувал раслабените, исцелувал секаква болест, воскреснувал мртви, до кои веќе се допреле гниењето и распаѓањето, им го отварал слухот на глувите, само од еден човек изгонил цел легион бесови и на таков побеснет човек му подарил здрав разум. А колку повеќе душата, која се обраќа кон Него и бара милост од Него, има потреба од Неговата помош, Он ќе ја приведе до телесна и душевна чистота, до бестрасност, во преуспевање во секоја добродетел, обновување на умот; ќе и подари здравје, разбирање, мир на помислите; ќе ја запази од слепилото, глувоста и ослабената верба и ќе ја поведе кон духовна чистота, добродетели и чистота на срцето. Зашто, Оној , кој го создал телото, Он ја создал и душата. И како што на сите што пришле кон Него, ја барале Неговата помош и исцеление, како благ и единствен Лекар, на сите им го давал она што им било потребно; им го давал дарежливо. Он е дарежлив и во Своите духовни дарови.
  4. Co сето ова Он нѐ убедувал постојано и неуморно да ја бараме неговата помош; Он дошол заради грешниците: да се обратат кон Него и да ги излекува оние што ќе поверуваат во Него. Потребно е ние да отстапиме од нашите предубедувања, колку што е тоа во нашите сили, да ги намразиме нашите лоши дела и светски измамувања, да се оддалечиме од лошите и суетни помисли и секогаш според нашите сили, да се прилепуваме за Него, а Он е готов да ни ја покаже Својата помош. Он е многумилосрден, живототворец, ги лекува неизлечивнте страсти, им дава избавување на оние што Му се обраќаат по својата слободна волја и според своите сили се оддалечуваат од секаква светска љубов, го оддалечуваат својот ум од земјата и се устремени кон Него со сета своја желба и со сето свое барање. (4, 27).

ее) Кога се отстранети сите спротивни мисли, тогаш завршува борбата за завладување на нашата волја и се создава одлучност да работиме за Господа и да се трудиме за нашето спасение. Оваа одлучност е силна како и самата смрт. Таа се изразува вака: дури и да умрам, нема веќе да му служам на гревот.

  1. Св. Макариј говори за ваквата душа во која има вистинска одлучност: нејзе што и да ѝ направат, во какви и да е искушенија, таа сѐ претрпува и говори: и да умрам, нема да Го оставам Г оспода и нема да им угодувам на гревот и на непријателот. (26, 8).

Но, често тој ја изразува оваа одлучност како со колење на душата - колење на животните одредени за жртва, бидејќи ваквата одлучност е токму што и саможртвата, како сепаленица, пред Господа.

  1. Ако телесниот човек одлучува кон изменување на себе си, тој најнапред умира духовно и станува бесплоден за својот поранешен лош живот. (46, 2).
  2. За жртвите било пропишано тие да бидат земени од свештеникот, а откако настапувала смртта, да бидат исечени на парчиња, а потоа посолени и ставени на огнот, зашто, ако свештеникот не ја земал овцата и ја умртвил, таа не можела да биде посолена и да му биде принесена на Господа. Така и нашата душа, пристапувајќи кон вистинскиот Архиереј, Христа, требала да биде од Него заклана и умртвена за своето грешно мудрување и за својот лош живот, со кој живеела - со гревот и за гревот. И како што животот ја напушта жртвата, така и душата треба да ја напуштат лукавите страсти. Како што телото, кога од него излезе душата, умира и веќе не живее со својот земен живот, не живее како што живеело, не слуша и не оди, така, кога небесниот Архиереј Христос со благодатта на Својата сила ќе ја предаде на колење душата и ќе го умртви во неа животот за светот; таа умира за овој лукав живот што го живеела, таа веќе не слуша, не говори, не живее во гревовната темнина, зашто лукавството на страстите како и душата, по силата на благодатта излегуваат од неа. И апостолот извикува говорејќи: “За мене светот е распнат, а и јас за светот” (Гал. 6, 14). (1, 6).

За да ја истакне оваа вистина посилно пред нашето внимание, свети Макариј опширно говори за тоа, дека сите неуспеси во духовниот живот, сите паѓања и отпаѓања и морални неуспеси произлегуваат од недостигот на самозаборавната решеност да Му служиме на Господа со ослободување и оддалечување од сѐ.

  1. Малкумина се оние кои со својот добар почеток го соединуваат и својот добар крај, кои дошле до својата цел "без пречки, кои имаат љубов само спрема Единиот Бог и кои се одвоиле од сѐ друго. Многумина добиваат умиление, многумина ја добиваат небесната благодат, биваат понесувани со небесната љубов, но не можејќи да ги издржат на својот пат различните борби, подвизи, трудови и искушенија од лукавиот, бидејќи секој има желба да сака нешто во овој свет и потполно не се ослободува од оваа своја љубов, па се враќа кон разновидните и различни светски желби, поради својата слабост и мрзливост или од плашливоста на својата волја или поради љубовта кон нешто земно - останале во светот и потонале во неговите длабини. А оние што имаат намера до крај да го живеат добриот живот, должни се, освен небесната љубов, да не се приврзуваат доброволно кон никаква друга љубов, за со тоа да не му стават пречка на духовното, да се вратат назад и најпосле, да се лишат и од самиот живот. Колку што се Божјите ветувања големи и неискажливи, толку ни се потребни верата и надежта, трудовите и големите подвизи и долговременото проверување. Не се од мала важност благата, кои се надева човекот да ги добие - оној што го засакал небесното царство. Тој сака да царува со Христа во сета вечност, па зарем нема да се реши усрдно, во текот на овој живот, сѐ до самата смрт, да претрпува борби, трудови и искушенија? Господ ни се обраќа и ни вели: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене” (Матеј 16, 24). И уште: “Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик” (Лука 14, 26). Не се многумина оние луѓе, кои што, иако намераваат да го добијат царството небесно, иако сакаат да го наследат вечниот живот, сепак не се откажуваат од животот според своите желби и да ги следат своите наклоности, или подобро е да се рече, да го следат оној, кој ги сее овие суетности во нив, а ако не се откажат од себе си, иако сакаат да го добијат вечниот живот, не можат да успеат во тоа. (5, 7).
  2. Вистински се зборовите на Господа. Во духовниот живот напредуваат само оние, кои според Господовата заповед, потполно се откажале од себе си, ги намразиле сите телесни желби, врски, разоноди, задоволства и уживања, и пред своите духовни очи Го имаат само Единиот Господ и сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди. Затоа, секој паѓа и се оддалечува од Бога по својата слободна волја, ако не сака вистински да се откаже од себе си, па, покрај љубовта спрема Бога и спасението на својата душа, се насладува со некакви задоволсгва и светски желби; нема сецела љубов кон Господа, колку е тоа можно за раздвижување на нашите возвишени желби и сакања. (5, 8).
  3. Понекогаш навидум добри работи биваат извршувани заради човечка слава и пофалба, а пред Бога ова е еднакво со неправдата, кражбата и со другите гревови. Зашто е речено: “Господ ќе им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден на друг” (Псал. 52, 5). И во навидум добрите дела лукавиот дух гледа служење на него; тој е многу разновиден и измамува со светските желби. Заради некаква и телесна љубов, со која човекот се поврзува себе си по својата слободна волја, бива уловуван од гревот. Така и таква љубов станува окови и вериги, станува тежок товар, кој го потопува и удавува во овој лукав свет, не дозволувајќи му сила да се прибере. Од ова зависи неговата рамнотежа, неговата наклонетост и победата на порокот. Човекот и целиот човечки род биваат напаѓани од ова искушение; од него биваат напаѓани сите христијани, оние што живеат во градовите и во горите, или во манастирите, во полињата или во пустите места, зашто човекот бива уловен од својата сопствена волја кога почнува да сака нешто, па оваа негова љубов го врзува така, што тој не може сецело да се стреми кон Бога. На пример, некој засака имот, друг - злато и сребро, трет - светска ученост и мудрост заради слава пред луѓето, четврти - власт, петти - слава, шести - ненавремени среќавања, седми - цели денови минува во расејаност и задоволства, осми – се измамува со празни помисли; деветти - заради човечка слава ги учи другите на Божјиот закон, десетти - се насладува со мрзливост и неподвижност, единаести - е приврзан на облеката, дванаесетти им се предава на земните грижи, тринаесетти - сака многу да спие, да се шегува и да води срамни разговори. Она кон што е приврзан човекот во овој свет, било тоа нешто мало или големо, тоа го задржува и не му дозволува да ги собира своите сили. Со која страст човекот не cе бори страсно - неа ја сака; таа го победува, таа го обременува, таа го става во пранги и му пречи на неговиот ум да се обраќа кон Бога, да Му угодува, да Му служи само на Него, да се подготвува за небесното царство и да го добие вечниот живот. (5, 7).
  4. А душата, која навистина се стреми кон Бога, која Го љуби само Него и спрема своите сили, со својата волја се приврзува само за Него, а за тоа ја добива и благодатта на Светиот Дух, се одрекува од себе си и не ги следи мислите на својот ум, затоа што е постојано со лукавиот дух, кој го измамува. Душата, штом Го возљуби Господа се избавува од ѓаволските мрежи со својата вера и со својата ревност и благодарение на помошта одозгора, се удостојува да го добие вечното царство. А возљубувајќи го вистински, со силата на својата слободна волја и со Божјата помош, нема да биде лишена од вечниот блажен живот.
  5. За да можеш јасно да го разбереш ова, односно многумина загинуваат поради својата слободна волја, се дават во морето, биваат водени во ропство, замисли дом што гори и еден од оние што биле во него, штом дознал за пожарот, сакајќи да се спаси, со бегање го напушта домот и остава во него сѐ и се грижи само да ја спаси својата душа. И тој успеал да се спаси. А еден друг, кој исто така бил во тој дом, посакал да спаси некои од своите работи, па се задржал додека ги собере. За тоа време огнот се засилил, така што го зафатил и него и го изгорел. Ете, тој човек загинал во огнот по својата сопствена волја поради својата љубов кон нешто, што го сакал повеќе од себе си! Исто така, некои луѓе патувале по море. Настанала силна бура и се дигнале страшни бранови. Еден од патниците кога ја видел таа голема опасност, оставил во коработ сѐ што носел со себе си, се фрлил во водата со надеж да го спаси само својот живот. Па така, носен горе - долу од разбеснетите бранови, тој се борел успешно со нив затоа што не бил оптоварен со ништо, туку се грижел само за себе си и за својата душа, пливал и се борел со разбрануваното море и успеал, по долги и големи напори да се спаси од неговите горчливи води и да дојде до морскиот брег. А некој друг од патниците, кој сакал да спаси и некои скапоцени работи, кои ги имал во својот багаж, помислил и нив да ги земе, верувајќи дека и со нив ќе може да плива и успешно да се бори со големите и страшни бранови и да се спаси. Но, штом скокнал така натоварен во водата веднаш потонал во морските длабочини, па така, мислејќи повеќе на земните работи, отколку на својот живот, ги загубил и нив и својот живот и својата бесмртна душа. Гледаш дека по своја слободна волја станал жртва на смртта? Замисли, исто така, дека се расчуло оти непријателски сили тргнале против твојата татковина, а ти, сакајќи да се спасиш, веднаш бегаш, ни најмалку не се задржуваш, туку појдуваш без да земеш што и да било со себе си. А некој друг, не верувајќи дека непријателите се близу и сакајќи со себе си да земе некои од своите скапоцени работи, па собирајќи ги, задоцнил навреме да избега; непријателите дошле, го фатиле и го одвеле во ропство во туѓа земја и го подложиле на тешки работи. Гледаш дека и ова станало поради слободната волја на тој човек. Затоа што немал достатно храброст и затоа што повеќе ги сакал своите скапоцености отколку својата вистинска слобода, па затоа и бил одведен во ропство (5, 11).
  6. Слични на ваквите луѓе се и оние, кои не ги исполнуваат Христовите заповеди, кои не се откажале од себе си и не Го возљубиле Единиот Господ, туку доброволно се врзале со земни вериги. Ако сакаш да ја разбереш вистината на совршената љубов спрема Господа од боговдахновеното Свето писмо, тогаш погледни го праведниот Јов, како бил лишен од сѐ што имал: и од своите деца и од имотот, и од добитокот, и од своите многубројни слуги и преголем имот. Него го почитувале поради неговото големо богатство, но го проверил Господи тоa и тој се докажал дека неговото вистинско богатство било во неговиот Бог и Господ. Слично на Авраама, кога Господ му заповедал да излезе од својата земја, и од својот род и од домот на својот татко (си. 1. Мој. 12, 1), веднаш се лишил, така да се каже, од сѐ од својата татковина, од земјата, од домашните, од родителите и тргнал по Господа. А потоа по многу страдања и искушенија, тогаш кога му била одземена и неговата жена, кога бил навредуван од сите во туѓа земја, во сите тие денови докажал дека над сѐ Го љуби само Единиот Бог. И, најпосле, кога, според ветувањето, откако изминале многу години, имал свој единороден и толку сакан син „и кога Бог побарал од него да Му го жртвува својот син, покажал готовност тој самиот да ја жртвува и својата рожба, а со тоа покажал и докажал дека вистински се откажал од себе си. Зашто со тоа што бил готов да Му го жртвува на Бога својот единороден син, тој покажал дека ништо и никого не сака повеќе од Бога. Ако со таква готовност бил готов да го даде својот сакан син, со тоа покажал дека, кога би му било заповедано, да го остави и целиот свој имот или одеднаш да им го раздели на сиромасите, дека и тоа би го направил со најголема готовност и усрдност. Ја согледуваш ли сега вистинитоста на совршената и доброволна љубов спрема Господа? (5, 12).
  7. Така и оние што сакаат да бидат сонаследници на овие праведници, не треба да љубат ништо освен Бога, та кога ќе бидат подложени на испитувања, проверувања и искушенија, да се покажат достојни и искусни - да покажат дека ја запазиле својата љубов спрема Господа. Само оние што Го љубат само Единиот Бог и оние што се откажале од секаква светска љубов - ќе бидат во состојба да го извршат подвигот до крај. Но сосем е мал бројот на оние луѓе што имаат ваква љубов спрема Бога, кои се откажале од сите светски желби и задоволства и кои можеле и можат така смело и трпеливо да ги поднесат сите искушенија и напади од лукавиот. Многумина се оние што сакаат да се удостојат со Божјото царство без трудови, без подвизи, без пролевање пот, но ова е неможно. (5, 13).
  8. Како што сиромасите во овој свет доаѓаат кај некој богат човек, за да поработат кај него за време на жетва или за некоја друга потреба, за да го добијат од него она што им е потребно за нивното прехранување, но некои од нив не се вредни и работливи, не сакаат да работат како што треба, на иако не работат и не се трудат во домот на богатиот човек како што прилега, но сакаат да добијат иста надница како и оние што работеле и вистински се труделе, така и ние, кога го читаме Светото писмо и кога читаме за некој праведник како Му угодил на Бога, како станал пријател и собеседник Божји, толку страдања претрпел, колку се измачувал заради Бога, колку прекрасни работи извршил и какви подвизи имал во својот живот, тогаш се восхитуваме и сакаме и ние да ги примиме тие прекрасни дарови; само не сакаме воопшто да се трудиме, да се подвизуваме и да страдаме. Но ти велам, дека сето тоа го посакува секој човек: и блудникот, и митникот и сите грешници. Сите тие сакаат да го добијат царството Божјо, лесно, без труд и без подвизи. Затоа е потребно да има искушенија, проверувања, страдања, подвизи и пролевање пот, за да можат да се покажат и пројават оние, кои доброволно се откажуваат од сѐ и дека со сите свои сили, дури до самата своја смрт, Го љубат само Единиот Господ и покрај таа голема своја љубов немале ништо друго, што го сакале и пожелувале. Па затоа сите тие, сосема заслужно, влегуваат во царството небесно, зашто се откажале и од себе си, според зборовите на нашиот Господ Исус Христос, Го засакале Бога и Единиот Господ повеќе и од својот живот, па затоа за ваквата своја љубов и за својот свет живот ќе бидат наградени со најскапоцени небесни дарови.