Свети Антониј Велики

1. Ги давам овие правила, како што ќе ги изрече Господ преку мојата уста, за оние што ќе го прифатат тешкиот товар на испосничкото монаштво. Тие треба да им бидат послушни на овие првила, и кој ќе наруши само едно од нив, тој “најмал ќе се нарече во царството небесно” (Матеј 5, 19).

 

А. Надворешниот тек и надворешниот ред на ваквиот живот

 

а) Оддалечување од светот и од заедничкиот живот со луѓето

          2. Оној што сака да се спаси (во ваквиот начин на живеење, да не останува во својот дом и да не живее во оној град, во кој грешел. Исто така, тој не треба да ги посетува своите телесни родители и роднини (3, 16).

           3. He враќај се во градот, во кој си грешел некогаш пред Бога (3, 25).

          4. Не оди да видиш како живеат твоите роднини и на нив не им дозволувај да доаѓаат при тебе, за да те видат како живееш. Па дури и воопшто не гледај се со нив (1, 11).

 

б) Избор на осаменото место во пустината

         5. Нашите духовни оци учат, дека пустината е најпогодното место за размислување за смртта и сигурна закрила од занесот по светските работи, кои му даваат спокој на телото (2, 82).

          6. Оној што живее во пустина и што молчи, тој е избавен од три борби: од борбата преку ушите, од борбата преку јазикот и од борбата преку очите од гледање на она што може да го рани нашето срце (3, 15)”.

          7. Внимавај само да не те измами твојата помисла, дека пустината е место на студенина (2, 91).

 

6) Ќелијно осамување

          8. Оддалечи се од животната врева, и ќе бидеш како патник и поклоник. Седењето во ќелијата ќе ти биде - како да одиш во туѓа земја (2, 49).

           9. Ако појдеш некаде, брзај што поскоро да се вратиш на своето осамено место, за да им се предадеш на твоите молитви (3, 10).

          10. Кога појдеш на жетва, не задржувај се таму, туку што побргу враќај се во твоето осамено место ( 1, 42).

          11. Кога посетиш некого од твоите духовни браќа, не задржувај се долго во неговата ќелија (1, 24).

 

в) Зафатеноста во ќелијата и редот во ќелијата

           12. Во твојата ќелија биди зафатен со овие три работи: со рачна работа, со читање на псалмите и со молитва ( 1, 65). 13. Кога си во твојата ќелија, занимавај се со: читање на духови книги, со молитва кон Бога и со рачна работа (3, 45).

          14. Секој ден пости до деветтиот час, освен саботата и денот на Господа - неделата. Кога ќе настане деветтиот час, појди во твојата втрешна ќелија, и пред да ја земеш твојата храна, изврши ја твојатa молитва. Откако ќе јадеш, читај и моли се наизменично (1, 3).

 

г) Молитви и коленопреклоненија

          15. Извршувај ги молитвите во утврдените часови, не пропуштај ни еден, за да не даваш одговор за тоа (1, 6).

          16. Молитвата извршувај ја ноќе, пред да појдеш в црква (1 ,13)”.

          17. И секогаш, пред да појдеш во црква, моли се во твојата ќелија (1, 45).

          18. И воопшто, и пред и по заедничката молитва со браќата, секогаш моли се и во својата ќелија. И никогаш не биди мрзлив да го правиш тоа (3, 68).

          19. Почесто преклонувај ги твоите колена. Не биди мрзлив да го правиш тоа, за да не умреш со лоша смрт (3, 61).

          20. Koгa се молиш, не дозволувај си да бидеш мрзлив, зашто молитвата на мрзливиот е само празни зборови (2, 63).

          21. Кога се молиш и кога Го спомнуваш Бога, биди како птица, која лета лесно и високо, според заветите на монаштвото и значењето на твојата облека (парафраза) (1,59).

 

д) Читање и размислување за Бога

          22. Види постојанен во читањето на духовните книги; тие ќе те оттргнат од твоите нечисти мисли (3, 27).

           23. Ако усрдно и постојано читаш духовни книги и ги извршуваш Божјите заповеди, Божјата милост ќе биде со тебе (3, 66).

          24. Размислувај за Божјите дела и не биди мрзлив да се молиш.

          25. Монах, кој седи во својата ќелија со затворена уста и кој не мисли за Бога, сличен е на разурнат дом, кој се наоѓа надвор од градот, кој секогаш е исполнет со секаква нечистотија. Зашто, секој што сака да ја исфрли нечистотијата од својот дом, тој таму ќе ја однесе. Ова значи: молчењето, ако е полно со тапкање на умот и соблазни на помислите и срцето, тоа е нечистотија гревовна, која ја внесуваат бесовите во човечката душа (3, 67).

 

ѓ) Рачна работа и труд

          26. Телото треба да го поробуваме и измачуваме со постојанен труд.

           27. Одреди си некаква умерена работа, со која ќе се занимаваш во твојата ќелија. Тогаш срцето твое ќе биде смирено (2, 50).

           28. Види постојанен во твојата рачна работа. Тогаш во тебе ќе се всели стравот Божји (3, 35).

           29. Принудувај се во твојата рачна работа, и ќе добиеш страв Божји (3, 35).

           30. Седејќи во твојата ќелија, наложувај си да работиш рачна работа, но при тоа името Господово да биде постојано со тебе. Тоа нека ти биде непрестајно во твојот ум. Поучувај се од него во твојот ум и славослови Го Господа со јазикот твој, говорејќи: “Господи Исусе Христе, смилувај се на мене!” Или: “Господи Исусе Христе, испрати ми ја Твојата помош!” Или: “Те прославувам , Господи мој, Исусе Христе!” (3, 28).

 

e) За храната

          31. Одреди си еден единствен час и тоа за секогаш, кога ќе јадеш заради поткрепување на твоето тело, а не за насладување (3, 60).

           32. Употребувај наједноставна и најефтина храна (2, 83).

          33. Лебот твој јади го со молчење и со воздржување. Твојата храна да биде секогаш скромна (3, 7).

          34. Не јади до наситка (1, 52).

          35. Не биди алчен за храна, за да не бидат обновени во тебе твоите некогашни гревови (1, 67).

          36. Во средите и петоците не разрешувај го постот (1, 21).

          37. Месо никогаш да не јадеш (1, 20).

          38. На место, каде се точи вино, не оди (1, 19).

          39. Не брзај кон општи трпези и гоштевки (1, 30).

          40. Ако дојдеш во некое место, каде се поставува заедничка трпеза, вкуси и благодари Му на Бога (1, 35).

           41. Кон третата чаша вино, не додавај четврта, освен кога е тоа потребно поради некоја болест (3, 23).

            42. Не пружај рака веднаш кон она што се подава (1, 68). 43. Ако си млад, не пружај ја твојата рака кон јадењето пред другите, затоа што тоа не е скромно (1,79).

 

ж) За спиењето

           44. Спиј малку и одмерено. Тогаш ангелите ќе те посетуваат (1, 53).

           45. Koгa си здрав, не се распашувај пред спиење (3, 22).

          46. Koгa легнуваш да спиеш, не ставај си ги рацете под покривката, за да не згрешиш и без да знаеш (3, 21).

 

3) За облеката

          47. Дење и ноќе биди во твојата какула, и во твојата мантија и во сета твоја облека, како затвореник и роб (1, 37).

          48. Не ставај на себе си облека, со која би можел да се гордееш и да се фалиш (1, 43).

          49. Пази ја твојата облека, за во денот на Страшниот суд да не се покажеш необлечен меѓу другите (1, 11).

           50. Повеќе од она што ти е потребно, не чувај кај себе (3, 9).

           51 Сиромаштијата не е ништо друго, туку умереност во сѐ или таква состојба, во која се задоволуваме со малку.

           52. Сакај го навредувањето повеќе од почеста, изморувањето на телото повеќе од одморот и недостаток во потребните работи повеќе од изобилството (2, 52).

 

3) За црковното богослужење

           53. Работите околу црквата и богослужението треба да му се доверат на човек што верува и што се бои од Бога (1, 11).

           54. Штом ќе чукне клепалото, не биди мрзлив, туку веднаш оди в црква (3, 5).

           55. Не пропуштај ги богослужбите, за да не биде тоа за тебе препка и мрежа (3, 26).

           56. Во црквата никогаш не разговарај (1, 25).

           57. Не биди во црквата како на некое место, каде се собира многу народ, за да нема во твојата душа неред и многу лоши помисли (2, 28).

           58. Во црквата не го сохранувај својот мртовец, односно не занимавај се за тоа како да ги уредиш твоите животни работи (1, 29).

 

и) За взаемните односи

аа) Првиот и најважниот однос спрема аввата, спрема својот духовен отец, спрема старците и воопшто спрема сите напреднати

            59) Кон никаква работа не пристапувај без да се посоветуваш со аввата на манастирот (1, 32)

             60) Не говори многу пред твојот авва и пред поиздигнатите од тебе (2, 37).

             61. Ова нека ти биде непрестајно во твоето срце: секогаш да му бидеш послушен на својот духовен отец. Тогаш во тебе ќе се всели стравот Божји (3, 38).

             62. Совршенството на твојот подвиг е послушноста. Добро е за секој човек, ако го носи јаремот на Господа уште од својата младост, ако служи и ако е послушен (2, 92).

             63. Не биди непослушен, за да не бидеш орудие и сад на сите лошотии и неправди (3, 37).

             64. Со смирение и со плач моли го твојот духовен отец да те поучи што не знаеш. Тогаш нема да бидеш посрамен (3, 47).

             65. Добро памети кој те напојува со добро учење. Труди се од него да ги научиш животворните заповеди. Тогаш твојот живот ќе биде успешен, ќе биде според Божјата волја, како што пишува блажениот апостол Павле: “Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сѐ!” (1. Тим. 4,15) (2, 48).

            66. Ако искрено си го наведнал својот врат под јаремот на послушанието, внимателно слушај сѐ што ти се говори, а потоа сето тоа извршувај го според сета сила на заповедта (2, 53).

             67. Не скривај го од твојот духовен отец гревот што си го направил (3, 54).

             68. Учи се од твоите постари како треба да живееш добро (1, 31).

             69. Своите духовни оци сакај ги повеќе од твоите телесни родители. Затоа што тие се грижат за тебе заради Господа Бога (2, 38).

             70. Живеј така, што манастирските оци, кои те родиле духовно, да ѝ се радуваат на твојата слава меѓу светиите (3, 6).

             71. Особено настојувај и грижи се благословот на манастирските старци да почива врз тебе (3, 3).

             72. He откривај им ги на сите твоите помисли, туку само на оние што можат да ја излекуваат твојата душа (1, 41).

             73. Не откривај им ги на сите твоите помисли, за да не му бидеш соблазна на твојот брат (3, 34).

             74. Имај пријателски чувства кон сите, но немај ги сите за свои советници (2, 69).

            

66) Односите на сите спрема сите

           75. Труди се да бидеш таков, така што сите луѓе да те благословуваат (1, 57).

            76. Сочувствувај во жалоста на твојот брат; покажи му сочувство и љубов (2, 29).

            77. Ако некој од браќата те замоли да му помогнеш, работи со него целиот тој ден (3, 21).

            78. Испитувај ги твоите пријатели; не им дозволувај на сите да ти се доближуваат не им се доверувај на сите, зашто светот е преполн со лукавства. А одбери си еден брат, кој се бои од Господа и со него здружи се, како брат со брат. А уште е подобро да се доближиш до Бога како синот кон својот татко, зашто сите луѓе се под власта на лукавството, со мал исклучок. Земјата е преполна со суета, страдања и жалости (2, 70).

 

вв) односите на постарите кон помладите

             79. Ако си престанал да му робуваш на гревот, тогаш од името на Господа говори и поучувај ги оние, поради кои се купи името на Господа. Бидејќи тие се мртви и отсечени од живиот Бог, потруди се да им помогнеш да не вршат грешни дела, духовно да оживеат и да се удостојат да ја добијат вечната слава (2, 56).

              80. Изобличувај ги и поправај ги твоите духовни деца без да ги штедиш, зашто ти ќе бидеш одговорен за нив: ако бидат осудени на Страшниот суд (1, 51).

              81. Строго изобличувај и не штеди никого, но прави го тоа со страв Божји. Не гледај кој е кој, постапувај според зборовите на вистината (3, 4).

              82. Ако твојот брат дојде кај тебе и ти ги открие своите мисли, на никого да не му говориш за нив, туку моли се и за него и за себе си, за да ве спаси Господ обајцата (3, 1).

              83. He отфрлај го оној, кој бара да поверува во Христа (1, 40).

              84. Ако некој не ги прима твоите поуки, веќе не поучувај го (2, 68).

              85. На никого не давај му некакво правило за живот, ако ти самиот не го исполниш пред тоа на дело (2, 62).

              86. Најголемиот срам од сите можни срамови е: да му заповедаме на некого да прави нешто, што ние самите не го извршуваме; зашто нема да имаме никаква корист од туѓите добри дела (2, 66).

 

гг) Односите спрема болните

             87. Штом станеш изутрина секој ден, грижи се за болните што се околу тебе (1, 2).

              88. Посетувај ги болните и полни ги со вода нивните садови (1, 55).

              89. Сѐ што можеш и сѐ што ти е непотребно, давај им го на болните (1, 21).

             90. Ако твојот духовен отец ти заповеда да им служиш на болните, служи им од сѐ срце, за да добиеш двојна награда од Бога - за послушност и за извршување со љубов на она што ти е заповедано (2, 42).

 

дд) Односи спрема туѓпнците

             91. Ако дојде кај тебе некој брат, иако во невреме, прими го со радост, за да Му благодари на Бога и да не биде ожалостен од тебе (1, 8).

              92. Ако дојде кај тебе некој брат, смири се пред него во сѐ, покажи му срдечност заради Господа и имај страв да се погордееш пред него (2, 42).

             93. Твоето лице секогаш да биде жалосно, само кога дојдат при тебе непознати браќа, тогаш пред нив покажи се радосен.

 

ѓѓ) За взаемното однесување

             94. Види скромен во сѐ што работиш (1, 77).

             95. Во сите твои односи со другите биди како многу сиромав: не гордеј се ни кога разговараш, ни кога пееш песни и славославија на Бога. А кога ќе бидеш со твоите браќа, твоите зборови да бидат неизвештачени (2, 78).

             96. Co дете и со младич не поведувај разговор, а уште помалку прави пријателство со нив; не ги примај да живеат заедно со тебе, за да не му дадеш место на ѓаволот (1, 4).

             97. Со дете воопшто не зборувај, зашто тоа може да ти стане препка (1, 16).

             98. Не фаќај го за рака братот што стои до тебе и не допирај го неговиот образ, бил тој постар или помлад од тебе (3, 22).

             99. Со сите свои сили оддалечувај се, од луѓе лишени од разум и разумност (2, 64).

            100. Ако сакаш спокоен живот, не оди кај оние што се грижат за суетни работи, а ако случајно се најдеш во нивната средина, тогаш биди таков како да не си меѓу нив (2, 71).

 

ее) Разговор и употребување на јазикот

            101. Не подигнувај го својот глас; постојано молчи во твојата ќелија, освен кога се молиш според твоето молитвено правило (1, 44; 2, 35).

              102. Бeгaj од јазични борби; зауздувај го својот јазик.

              103. Не говори многу за да не се оддалечи од тебе Светиот Дух (2, 23).

              104. Преславно дело е да се молчи и да се угледаме на Господа, Кој молчел и пред Ирода, иако имал голема власт (2, 57).

              105. Кога ќе бидеш заедно со верници, каков што си ти, определи се за тоа повеќе да слушаш внимателно што говорат другите и биди готов да го извршуваш она што е потребно за твоето спасение. Ова ќе биде многу подобро за тебе, отколку да зборуваш (2, 54).

             106. Koгa ќе појдеш кај некого, стравот Божји да биде во твоето срце и пази ја твојата уста, за да се вратиш во твојата ќелија со мир (2, 36).

              107. Мудриот човек добро знае како да се однесува. Тој не брза да говори, знае кога треба да говори и кога да молчи и да слуша. А неразумниот не знае да управува со својот јазик (2, 67).

               108. Kora седиш со своите браќа, не говори многу, а ако сакаш да прашаш нешто, кажи го тоа кратко и со смирение (2, 39).

               109. Твоите зборови да бидат слатки и поучни. Не заборавај, дека од зборовите се и славата и унизеноста (2, 32).

               110. Не говори со раздразнетост; зборовите твои секогаш да бидат мудри и разумни, какво што е и твоето молчење. Угледај се на нашите премудри оци, чии зборови секогаш биле исполнети со мудрост и со разум, какво што било и нивното молчење (2, 27).

               111. Јазикот твој секогаш да го следи разумот, зашто неразумните зборови се како бодила и како игли (2, 61).

              112. Бегај од лагата: таа ќе го прогони од тебе стравот Божји (3, 51).

               113. Твојата уста треба секогаш да ја говори само вистината (2, 51).

               114. Предмет на твоите разговори секогаш да бидат добрините на севишниот Бог; со тоа ќе се удостоиш да добиеш од Него уште поголеми добрини (2, 57).

               115. Не распрашувај се за лошите дела, туку биди што подалеку Од нив со твоето внимание (2, 31).

               116. Не води празни разовори, а ако некој ги поведе, не слушај ги, за да не зацрпи од нив твојата душа (2, 56).

               117. Мрази ги празните зборови за сѐ што се однесува на овој свет (2, 14).

               118. Настојувај со сите твои сили да се воздржуваш од шеги и од забавни зборови.

               119. Не викај и не говори силно и брзо, зашто е напишано: оној што ги умножува зборовите, тој не е во безопасност од гревот (Проповедник 10, 14) (2, 46).

               120. Не биди тврдоглав и не настојувај да биде на твоето, за да не влезе злото во тебе лутината и гневот (1,62).

               121. Не колни се никогаш, ни кога е нешто несомнено, а особено кога е работата сомнителна (1, 27).

 

жж) За патувањата

             122. Ако неопходно треба да појдеш в град, никогаш не оди сам (1, 17).

              123. Кога одиш за вода или кога патуваш, говори псалми напамет и размислувај (1, 33).

              124. Кога патуваш со браќата, поодалечувај се малку од нив, за да го запазиш твоето молчење (1, 75).

              125. Кога одиш по пат, не гледај ни лево ни десно, туку внимателно говори ги твоите псалми и умствено моли Му се на Бога. А потоа, каде и да пристигнеш, не прави пријателства со жителите на тоа место (1, 76).

              126. Не влегувај во толпа на светски луѓе; не биди сличен ни на фарисејот, кој сакал секаде да се истакнува и да се покажува (1, 9).

              127. Не дозволувај ѝ на жена да се доближи до тебе и не давај ѝ да влезе во твојата ќелија, зашто по неа доаѓа бура од помисли.

              128. Не јади заедно со жена и никогаш не другарувај со дете (3, 18).

              129. Кога треба некаде да преноќеваш, не покривај се со иста покривка со друг човек (1, 80).

              131. Не легнувај на иста рогожа со оној кој е помлад од тебе (1, 5).

              131. Не спијте двајца заедно на иста рогожа, освен, ако нема друга можност. Дури кога тој би бил твојот татко или твојот брат, и тоа да биде со страв (3, 19).

              132. Не седи долго во манастирските гостински простории (1, 26).

 

 

Б. Устројство на внатрешниот живот

 

а) Ревноста - почеток на животот

             133. Биди ревносен при придобивањето на добродетели, за да не станеш мрзлив (2, 15).

              134. Плаши се од истинувањето на божествената љубов (2, 11).

             135. Не враќај се од добрите дела, што си ги започнал (2, 10).

              136. Не отстапувај од патот на твојот осамен живот (2, 13).

              137. Не оставај ги трудовите, што ги правиш заради добродетелите, за да не станеш мрзлив и неработлив и за да не погрешиш во последниот час. Ho, сакај Го Господа до самиот крај и ќе добиеш милост (2, 97).

              138. Како што урнатините што се надвор од градовите им служат на сите за исфрлање на смрдените нечистоии, така е и душата на мрзливиот и лош отшелник, кој не го живее добро својот одвоен монашки живот и станува живеалиште на сите страсти и гревовни нечистотии (1, 69).

 

6) Правило на животот и Божјата волја во заповедите

             139. Ако си се предал на Бога, исполнувај ги сите Негови заповеди и сѐ што ти се заповеда - исполнувај сѐ и ништо не изоставај, зашто, ако помислиш да пропуштиш нешто, тогаш нема да ти бидат простени твоите некогашни гревови. А ако одлучно решиш да извршуваш сé, дури и по цена на својот живот, биди уверен дека некогашните твои гревови веќе ти се простени (3, 17).

              140. Твоите мисли треба да бидат постојано зафатени со Божјите заповеди, кои треба да се трудиш да ги извршуваш со сите свои сили, не оставајќи ни една од нив, за душата твоја да не биде како сметиште за сите нечистотии (3, 3).

              141. Ако започнеш некаква работа и видиш дека таа е спротивна на Божјата волја, веднаш прекини ја и не продолжувај да ја работиш (2, 58).

 

в) Божјата слава е целта

             142. Cо сите твои сили грижи се само за тоа преку тебе да биде прославуван твојот Отец, Кој е на небото (Матеј 5, 16) (1, 50).

 

г) Спомнувањата - се побудувачи и поткрепители на ревноста

аа) За заветот и зa првата ревност

            143. Не отстапувај од Бога заради гниежливи работи, туку спомнувај си за она што си ветил тогаш кога во тебе горел огнот на твојот устрем кон богоугоден живот (2, 98).

             144. Настојувај да не го заборавиш значењето на твојата облека, во која си облечен во почетокот; спомнувај си и за солзите на твоето покајание, кои си ги проливал со покајание и бегај од лошите помисли, кои ти се поткрадуваат, така што тие да не те вовлечат и во грешни дела (2, 99).

             145. Принесувај непрестајно и искрено покајание, и ни за еден миг нема да се предадеш на безгрижност и мрзливост (3, 48).

 

66) За примерните ревнители

             146. Не земај пример од оној што е послаб од тебе, но од оној што е посовршен од тебе (2, 3).

             147. Образец и пример нека ти бидат оние кои Го возљубиле Бога со сето свое срце и постојано да правиш добри дела; не срамувај се да побараш тие да те поучат за подобар живот, затоа што се тие посовршени во добродетелите.

              148. Не земај ги за пример оние што се грижат за угодностите во светот, зашто тогаш во ништо нема да успееш; туку угледај се на оние, кои заради Господа живеат во горите и пустините (сп. Евр. 2,20) и ќе дојде на тебе сила одозгора (2, 20).

 

вв) За ветените блага

              149. Ако го извршуваш сето она што ти е заповедано, тогаш ќе го наследиш сето она што око не го видело, што уво не чуло и што на срце на човекот и на ум не му паднало (1. Кор. 2, 9) (2, 16).

              150. Употреби ја светлината на очниот вид за да бидеш удостоен да се вброиш во родот на праведниците додека има уште време (2, 19).

 

гг) За смртта и за судот

              151. Имај на ум дека твојата младост веќе изминала и дека твоите сили се исцрпени, а немоќите веќе се умножиле и крајот на твоето заминување веќе е близу, кога ќе мораш да дадеш одговор за сите твои дела и знај дека таму ни братот може да го откупи својот брат, ниту таткото може да го избави својот син (2, 75).

              152. Секогаш спомнувај си за твоето излегување од телото и никогаш да не заборавиш за вечното осудување. Ако вака правиш, никогаш нема да згрешиш (2, 81).

              153. Размислувај во себе си и говори: нема да бидам во овој свет повеќе од денешниот ден, и никогаш нема да згрешиш пред Бога (1, 66).

              154. Секој ден мисли си: уште овој ден ми останува за мојот живот во овој свет, и ќе се запазиш од грешење (3, 48).

              155. Ќелијата твоја претвори  ја во затвор и мисли дека за тебе веќе сѐ е свршено и дека секој миг ќе отчука часот на твоето ослободување од овој свет (2, 76).

              156. Внимавај, мисли што правиш, за да не бидеш отфрлен во идниот живот. Тешко им на мрзливите, на оние што не се трудат, зашто наближува нивниот крај; нема кој да им помогне и нема надеж за нивното спасение.

 

д) Причините за успех: Божјата благодатна помош и личните усилби и подвизи

 

аа) Помошта одозгора привлекувана од молитвата

              157. Г оспод наш Исус Христос да ни даде помош сѐ што правиме да Му биде угодно (1, крај).

              158. Пред сѐ, изливај ја твојата непрестојна молитва и секогаш благодари Му на Бога за сѐ што и да станува со тебе (1, 1). 159. Труди се непрестојно да изливаш молитва со солзи, за да се сожали Бог над тебе да го соблече стариот човек од тебе (1, 70).

             160. Не престанувај да проливаш молитвени солзи. Тогаш Бог ќе се сожали над тебе и ќе ја олесни болеста на твојата душа (3, 69).

              161. Ако сакаш да Му угодиш на Бога, предај Му се потполно на Господа Исуса Христа; Он ќе те избави и ќе те заштити (2, 72).

 

66) Личните подвизи п усилби

              162. Труди се да ги извршуваш овие подвизи што ти ги предложувам: трудот, сиромаштијата, оддалечувањето од сѐ, лишувањето од сѐ и молчењето. Смирението се состои во следново: човекот да мисли дека е грешник и дека ништо добро не направил пред Бога; да се труди да молчи и себе си да се смета за никој и ништо; да не држи воопшто до своето мислење и да биде готов да отстапува; да се откажува од својата волја, главата да му биде наведнета, смртта да ја има пред своите очи, да се пази од лага, да не зборува празни зборови, да не противречи упорно, трпеливо да ги поднесува навредите, и да се приморува трпеливо да поднесува секакви тешкотии и страдања. Труди се, брату, да ги запазуваш овие правила, за твојот живот да не биде бесплоден (1, 17).

              163. Да отстраниме сѐ што го успокојува нашето тело; да не го преценуваме земниот живот, за да живееме во Бога, Кој во денот на Страшниот суд ќе не праша дали сме гладувале заради Него, дали сме жедувале, дали сме трпеле недооблеченост, дали сме се смирувале, дали сме офкале од длабочината на нашата душа, дали сме се самоиспитувале и дали сме достојни за Бога. Па затоа, постојано да се трудиме да бидеме смирени и да жалиме за нашите гревови, за да Го најдеме Господа. Да го презреме телото, за да ги спасиме нашите души (3, 14).

              164. Избери го трудот, и тој, заедно со постот, молитвата, бденијата, ќе те избават од сите нечистотии, затоа што телесниот труд придонесува за чистотата на срцето, а чистотата на срцето ѝ помага на душата да даде плодови (3, 29).

              165. Сакај го милосрдието и облечи се во вера. Не дозволувај му на твоето срце да го замислува злото, но принудувај го да враќа добро за зло. Барај ги добрината и мирот и ревнувај за придобивање на сите добри дела (2, 33).

 

ѓ) Душевни расположби, од кои зависи успехот

 

аа) Претојување во Бога со страв, со бодрост, внимание и одвратност од гревот и од светот

             166. Твојата душа секогаш ќе биде со Господа, а телото, како некоја статуа или идол, нека биде на земјата (2, 59) 167. Секогаш стој право пред Господа (3, 8).

             168. Божјиот страв секогаш треба да биде пред нашите духовни очи. Исто така, постојано да си спомнуваме за смртта и да ни бидат одвратни и светот и сѐ што е во него (2, 18)

             169. Умирај секој ден, за да живееш, зашто оној што се бои од Бога, тој ќе живее вечно (2, 96).

             170. Види постојано буден, за да не паднеш во мрзливост и неработливост (2, 95)

             171. Намрази сѐ што е од овој свет и оддалечи го од тебе, инаку светот ќе те оддалечи тебе од Бога (3,70).

             172. Намрази сѐ што е штетно за твојата душа (2, 8).

 

66) Трпеливост

             173. Што и да правиш, прави го со трпеливост, и Бог ќе ти помогне во сите твои работи и во сѐ што ќе бива со тебе (2, 21).

             174. Види внимателен, гледај и не бивај малодушен (3, 71).

             175. Види добродушен во сѐ што правиш во сѐ што го правиш според Божјата волја (2,21).

             176. Не обеспокојувај се од мислите што те напаѓаат во твојата ќелија; знај дека Господ нема да заборави ни еден од твоите трудови што ги правиш заради Него. Ова ќе помогне да успееш, а и Божјата благодет ќе биде со тебе (2, 18)

             177. Храброста не е ништо друго отколку непоколебливост во вистината и отпор спрема непријателите; кога ти нема да отстапиш пред нив, ќе отстапат тие и нема веќе да се појават (2, 85).

 

BB) Скрушеност и плач

             178. Дење и ноќе жали што си правел гревови (1, 36).

             179. Пали го твојот светилник со елеј од солзи (1, 38).

             180. Непрестајно плачи за твоите гревови како да имаш мртовец во твојата ќелија (1, 49).”)

             181. Твоето лице треба да биде секогаш жалосно; за во тебе треба да се всели стравот Божји.

             182. Сметај дека си никој и ништо, а плачи за своите гревови (3, 30).

 

ѓѓ) Смиреност

             183. Засакај го смирението, и тоа ќе ги покрие сите твои гревови (1, 61; 3, 36).

             184. Биди смирен во сите дни на твојот живот и припаѓај му само на она што е добро (2, 30).

             185. Оној што е послаб во добродетелите од тебе, сметај го за еднаков на тебе; а оној, пак, што е еднаков со тебе, за многу посовршен од себе си (2, 17).

             186. Не завидувај му на оној што те надминува; многу е подобро сите луѓе да ги сметаш за подобри од тебе, за со тебе да биде Самиот Бог (2, 9).

             187. Не оди со горделивите, а оди со смирените: да се угледаш на нив и да се дружиш со нив (2, 25).

             188. Види смирен во сѐ: во твоето држење, во облеката, во седењето, во одењето, во одот, во уредбата на твојата ќелија и во сѐ што е во неа (2, 77).

             189. Ако почнат да те фалат за твоите дела, не радувај му се на тоа и не насладувај се со тоа. Скривај ги твоите добри дела колку што можеш; не дозволувај си да говориш за нив и особено труди се да не им се радуваш на пофалбите од луѓето (2, 79).

              190. Плаши се да станеш познат по нешто од своите дела (2, 5).

              191. Ако некој те прекори без вина за некаков грев, смири се и ќе добиеш венец (2, 43).

              192. Научи го твојот јазик да говори прости ми, и ќе придобиеш смирение (1, 64).

              193. Свикни го твојот јазик во сите случаи и во секое време и на секој брат да му говори: прости ми. Зашто, ако секогаш говориш вака, набргу ќе добиеш смирение (3, 42).

              194. Види готов секогаш кога ќе те прекорат да речеш: прости ми, зашто ваквото смирение ги одгонува ѓаволските искушенија (1, 72).

              195. Знај дека смирението не е ништо друго, туку сите луѓе да ги сметаме подобри од себе си. Никогаш не заборавај дека си виновен за многу гревови. Затоа главата твоја да биде наведната и твојот јазик да биде секогаш готов да му кажеш на секого што ќе те навреди: прости ми, господару мој! Смртта нека ти биде постојанен предмет на твојата помисла (3, 49).

              196. Сакај го трудот, биди им на сите послушен, устата секогаш нека ти биде затворена, и ќе добиеш смирение, а смирението ќе го привлече простувањето на твоите гревови (3, 72).

              197. Пред сѐ, сметај дека си никој и ништо, а ова ќе го роди смирението во тебе; смирението ќе ти даде опитност, а опитноста ќе ја роди верата; верата ќе ја роди надежта; надежта ќе ја роди љубовта; љубовта ќе ја роди послушноста, а послушноста ќе те научи да бидеш постојанен во доброто (2, 1).

 

е) Подвизи на борбата со гревот

 

аа) Пред сѐ, борба со помислите

              198. Далеку одгонувај ги лошите помисли од себе и предавај Му се на Бога. И Он ќе те закрили со Својата десница (3, 33).

              199. Не оди по секоја своја помисла (3, 7).

              200. Не исполнувај ги своите помисли и желби (3, 51).

             201. Внимавај не дозволувај му на твојот ум да биде зафатен со спомнувањето на твоите некогашни гревови, за да не бидат пак обновени во тебе (1, 60).

              202. Не занимавај се во умот твој со твоите некогашни гревови, за да не се обноват повторно. Биди убеден дека тие ти биле простени тогаш кога си се покајал и си Му се предал на Бога. Ни најмалку не сомневај се во ова (3,40).

              203. Не спомнувај си и не говори за задоволства и за гревовите, на кои си им се предавал пред твоето покајание. Не мисли веќе за тоа што си правел и кои заповеди си ги прекршил. Зашто ова може да ти послужи како искушение (3,44).

              204. За оние страсти, на кои си им робувал во светот, никогаш веќе не помислувај, за да не бидат одново разбудени твоите некогашни грешни желби. Ова може да ти послужи како соблазна (3, 46).

 

бб) Bop6a со разни други желби

              205. Свети апостол и евангелист Јован сите човечки похоти ги собира во три, па вели: “Cé што е во светот - похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот” (1. Ј ов. 2, 16). Похотта на телото е наситување на стомакот со многу разни јадења, од кои потоа произлегува блудната нечистотија. Предмет на похотта на очите се земните блага, кога ги има - ако се вознесува или се исполнува со нечисти претстави. Гордоста е љубовта спрема славата на овој свет, високото мислење за себе си, себепофалбата и жедта за пофалби од други, која се зацарува во нашиот ум поради некакви суетни и преодни работи (2, 89).

              206. Бегај од љубов спрема богатството и од непослушноста, за да не бидеш заплетен во мрежите на твоите похоти, зашто тие го изгонуваат стравот Божји од нашето срце и срамот од нашето лице, предавајќи го својот поклоник на ниски и срамни дела, кои нѐ оддалечуваат и отуѓуваат од Бога (3, 58).

              207. Соблечи го гневот од себе си и облечи се во крстот, отфрли го окото развратно и земи го во себе окото чисто и детско (2, 2).

              208. Биди далеку од гревот; пази се од похотите и од сите гревовни желби (2, 88).

 

вв) Борба со сладострастието

              209. Сладострасниот човек, односно оној што го бара само она што е пријатно за ништо не е годен (2, 74).

              210. Не биди сладострастен, зашто сладострасните Бог не ги слуша (2, 74).

              211. Мрази ги и телото и неговите сладости, затоа што тие се исполнети со зло (3, 52).

              212. Телото толку многу истошти го, така што тоа да личи на тело што е на болничка постела (3, 62).

 

гг) Борба со гневот и со неговиот пород

              213. Ако те нападне гнев, гони го веднаш што подалеку од себе си, и ќе се радуваш во сите дни на твојот живот (2, 84).

              214. На никого никогаш не лути се, туку проштевај им на сите (3, 31).

              215. Ако некој неправедно те прекори, не гневи се (3, 53).

              216. Биди мудар, и устата на оние што говорат лошо за тебе, затворај ја со молчење (2, 66).

              217. Не чуди се ако некој говори за тебе лошо, затоа што тоа е една од ѓаволските итрини, нашите најлоши непријатели, кои ни ставаат пречки, за да ја дознаат вистината какви сме (2, 87).

              218. Не гневи се брзо и не мисли зло за оној што те разгневил (3, 55).

              219. Ако некој те навреди, не лути му се на оној што те навредил, туку речи: јас сум заслужил сите браќа да ме навредуваат (2, 40).

              220. Не мрмори и никого не навредувај (2, 8).

              221. He враќај зло за зло, ниту ги навредувај оние што те навредуваат, зашто со тоа што ти го прават тие Господ те смирува, гледајќи дека ти самиот не сакаш да се смириш (2, 45).

              222. И помладите и постарите нека се молат: да не паднат под тиранијата на гневот (2, 84).

              223. Оној што го свртува другиот образ кога го удрат по едниот, тој покажува дека се радува што го навредуваат. Него Господ Исус Христос нема никогаш да го остави, зашто Он е благ и им помага на оние души што трпат заради Него И што Го бараат. Он им дава сила додека тие не добијат мир од своите страсти. Па затоа, радувај се кога те среќаваат незгоди и страдања, зашто по нив доаѓаат слатки плодови (2, 93).

              224. Не плаши се од човечките навреди (2, 4).

 

дд) Борба со други движења на срцето, кога го подриваат нашиот успех со осудување на нашите блнжни

              225. Ако видиш дека твојот брат згрешил во нешто, не презирај го, не одвраќај се од него и не осудувај го, зашто инаку и ти самиот ќе паднеш во рацете на твоите непријатели (1, 59).

              226. Не прави лошо на никого и никого не осудувај (2, 24). 227. Не слушај кога се говори лошо за другите, туку сожалувај ги, и ќе бидеш жив (2, 44).

              228. Никого да не осудуваш, зашто со тоа ти самиот паѓаш (2, 80).

             229. Не прекорувај го твојот брат ни тогаш кога гледаш дека ги престанува сите заповеди, зашто инаку и ти самиот ќе паднеш во рацете на твоите духовни непријатели (3, 39).

              230. Не осудувај никого од смртните, за Бог да не се одврати од твоите молитви (3, 64).

              231. На никого не предочувај му ги неговите недостатоци во каков случај (1, 23).

              232. Никого и никогаш не прекорувај го за неговите недостатоци (1, 47).

 

ѓѓ) Бop6a со самољубието и славољубието

              233. Кога даваш милостиња, не покажувај за да биде видена од другите (1, 34).

              234. Ако правиш духовни подвизи, не фали се со нив (1, 39).

              235. За доброто дело што намераваш да го направиш не говори му на никого од напред, туку потруди се да го направиш (1, 48).

              236. Кога правиш некои добродетели, не мисли високо за себе си и не говори: јас направив тоа и тоа, зашто ако така постапуваш, нема да бидеш мудар (2, 65).

              237. Не биди славољубив, во срцето твое немај самопофалби и не говори: јас го направив тоа и тоа и успеав во тоа и тоа. Ваквите мисли се полни со славољубие и кој е преполн со нив, тој станал живеалиште на нечистите духови (3, 59).

 

ее) Борба против човекоугодништвото и лицемерието

              238. Не оставај ја волјата Божја, за да ја исполниш волјата на луѓето (2, 7).

              239. Не изоставај ги Божјите заповеди заради човечкото пријателство.

              240. Не биди лицемерен и дволичен, а уште помалку биди лажец (2, 26).

              241. Не бивај праведен само пред луѓето, туку труди се и пред себе си да бидеш мудар, кроток, добродушен, трпелив, ревносен и човекољубив (2, 28).

 

жж) Борба со гордоста

              242. Не гордеј се со твоите дела, какви и да се тие (1, 73).

              243. Не возвеличувај се во твојата гордост и не фали се (2, 46).

              244. Прогонувај ја гордоста далеку од себе си, твојот ближен и сите луѓе, сметај ги за подобри од себе (3, 53).

              245. Нема поголема несреќа од тоа: да го ожалостиме нашиот ближен и да се гордееме пред другите (2, 60).

              246. Не сметај дека си мудар, зашто твојата душа ќе се погордее, и ќе паднеш во рацете на демоните (1, 63).

              247. Не сметај дека знаеш сѐ и дека си многу мудар. Никогаш не говори дека знаеш сѐ и дека можеш сѐ, зашто целиот твој досегашен труд ќе биде напразен и твојот брод попусто пловел досега (3, 41).

 

Заклучок

              248. Оној што нема да исполнува сѐ што е пропишано, тој ќе Го разгневи Бога. Јас, Антониј , ти ја кажувам вистината. Па затоа, внимателно слушај ги моите зборови и скриј ги во твоето срце. Знај дека преку овие заповеди те предавам на Бога, твојот Создател. Ако ги запазиш, ќе се радуваш заедно со сите ангели, а сите лоши духови ќе ги ожалостиш. Затоа, живеј според овие заповеди, и Бог ќе биде со тебе и ангелите ќе те придружуваат насекаде. Твојата душа ќе се исполни со пријатен мирис и со блажена светлина ќе светлее твоето лице; ќе станеш Божјо светилиште, како и сите светии. И најпосле ќе Го сретнеш Господа со веселба и со радост и ќе го чуеш Неговиот глас, кој ти говори: “Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам: влези во радоста на својот господар” (Матеја 25, 21) (3, 77).

              249. Не отстапувај ни од една од овие поуки и Господ наш Исус Христос ќе ти даде спокој и во мир ќе го завршиш делото што си го започнал. Нашите совршени оци, и оние што се угледале на нив, од извршувањето на овие поуки станале совршени (2, 22).

              250. Ако кон ова што е кажано посакаш да додадеш уште некое од добрите дела, направи го тоа, постојано благодарејќи Му на нашиот Господ Исус Христос (3, 22).

              251. Секоја ноќ со солзи заливај ја твојата постела и смирувај се пред Господа Исуса Христа, за да ги отстрани од тебе твоите гревови и да те обнови, да ти даде помош за правење на добри дела и да ти го подари светото царство небесно. Нему нека Му биде благодарност, чест, слава и поклонување, сега, секогаш во сите векови и во сета вечност. Амин (2, 100).

Свети Антониј Велики