Блажениот Диадох, епископ Фотички

1) Границата или врвот на совршенството на верата е бестрашното проникнување на умот во Бога.

2) Границите на надежта се во преселувањето на умот во благата што ги очекуваме.

3) Границите на трпението невидливо, како видливи се гледаат со духовните очи, се наоѓаат неуклонливо во трпението.

4) Границите на немањето желба за богатење се во ова: да сакаме да немаме, како другите што сакаат да имаат.

5) Границите на разбирањето се во ова: да не знаеме за себеси кога се устремуваме кон Бога.

6) Границите на смирената мудрост се ова: потполно да ги заборавиме своите добри дена.

7) Границите на негневењето се: големата желба да не се гневнме.

8) Границата на чистотата е чувството на непрестајната прилепеност за Бога.

9) Границите на љубовта се: умножување на пријателската расположба кон оние што не ожалостуваат и не навредуваат.

10) Границата на целосното изменување во сладосното доживување на Бога е: да и се радуваме и на самата мака на смртта.

Блажениот Диадох, епископ Фотички