20. Април (7. Април)
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ГЕОРГИЈ ИСПОВЕДНИКОТ, митрополитот Митиленски
Нашиот преподобен отец Георгиј, од млад го засака Христа, се замонаши и трудејќи се во секоја доблест, стекна смиреноумие како никој друг. Стана исповедник Христов за време на царувањето на Лав Исавријанецот, трпејќи гонења и злоставување од иконоборците. Потоа за време на царувањето на правоверните Константин и Ирина беше поставен за митрополит Митиленски. Беше многу милостив и дарежлив и поради своето големо воздржание им стана другар на ангелите. Стана чудотворец исцелувајќи неизлечиви болести и изгонувајќи нечисти духови. Го доживеа царувањето на Лав Ерменин кој го обнови иконоборството, и во длабока старост повторно претрпе гонење за светите икони. Пред зацарувањето на Лав Ерменин во Митилена се случија знаци кои го претскажуваа вознемирувањето и неволјите на Црквата Христова. Така еднаш во храмот на светата маченица Теодора покрај пристаништето, за време на вечерната, додека народот пееше: „Господи Помилуј!“ некоја невидлива сила со страшен звук го крена светиот Крст од светиот престол, го издигна до кровот на црквата и тој падна на земјата. Народот се преплаши од тоа и сите долго време се молев силно викајќи „Господи Помилуј!“ и не сакаа да излезат од црквата, очекувајки да наиде некоја насереќа на нивниот остров. Во тоа време таму беше пренадобниот Симеон ед својот брат Георгиј. Прозорливиот преподобен Симвон со солзи им говореше на луѓето:
- Браќа. Бог нема целосно да го унишии нашиот крај, туку наскоро ќе зацарува богопротивен цар, кој ќе ѝ ја одземе убавината на Црквата: ќе ги згази чесните икони.
По веколку дена еден огромен и страшен вепар со отсечени уши и опаш, влета во истата црква низ вратата, влезе во олтарот и легна на горниот престол. Црковните слуги се обидоа да го избркаат во не можеа, па затоа зедоа големи мотки и долго го тепаа, та едвај го избркаа. Кога дозна за тоа блажениот Симеон, рече:
- Верувајте ми, деца, дека тој вепар означува оти овде со допуштање Божјо ќе дојде епископ кој ќе ими карактер и живот како свиња.
Наскоро тоа и се случи. Зашто кога зацарува Лав Ерменин, тој покрена гонење против Црквата Божја и повика многу епископи во Цариград, наведувајки ги на иконоборната ерес. Тогаш во Цариград беше повикан и митрополитот Митиленски, преподобниот отец Георгиј, кој се истакна како храбар војник Христов. Додека многумина го прифатија царското зловерие, тој со исклучителна мудрост го посрами царот и лажниот патријарх Теодот Каситер и останатите еретици, и многумина ја сфатија својата заблуда. Но царот и патријархот не го дотрпеа ваквото изобличување и го испратија во прогонство во Херцон, а на негово место за митрополит во Митилена поставија еден еретик, кој како див вепар го загади лозјето Христово, уништувајки ги светите икони и зверски смутувајќи ги разумните овци.
Останатите денови од својот живот свети Георгиј ги помина во прогонство, творсјки многу чудеса со благодатта Христова. Кога дојде време да се престави на небото заблеска сјајна звезда која го претскажа неговиот блажен крај. Неговиот живот беше светлина за свстот со добрите дела, и затоа Бог со сјајна звезда ја прослави неговата блажена смрт, и неговите мошти ги направи чудесен извор на исцеленија, ради прославување на Својот угодник. Свети Георгиј се пресели во бесмртниот живот во 816-та година.
СТРАДАЊЕТО НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК КАЛИОПИЈ
Во Памфилиска Перга живееше една жена по име Теоклија, која беше благочестива и богобојазлива заедно со целиот свој дом. Твореше многу милостиња и чесно го минуваше животот. Омажена за чесен човек, сенатор и патрициј, таа многу години немаше деца. Со своите усрдни молитви Го умоли Бога и зачна. Пред да се породи и умре мажот и и остави огромно богатство. Таа роди син и му го даде името Калиопиј. Теоклија многу се трудеше околу неговото воспитување, го поучуваше во стравот Божји и душата му ја полнеше со мудроста на Светото Писмо.
Во тие времиња преовладуваше идолослужењето и многу луѓе им се поклонуваа на гадните богови и им принесуваа жртви. Свети Калиопиј целосно се беше оддал на молитвите и постењето. Кога дозна судијата дека момчето е христијанин, неговата блажена мајка Теоклија го спаси синот од смрт. Таа му даде доволно пари, облека и слуги, и го испрати во киликискиот град Помпеопол. Во тој град, Калиопиј западна во некакво бурно многубожечко прославување што го приредуваше незнабожниот игемон Максим, во чест на поганите идоли. Светото момче многу се чудеше на тоа, и праша некои од присутните:
- Која е причината за ова славење?
Тие му одговорија:
- Денес е празник на нашите богови. Ајде придружи ни се.
На тоа тој им рече:
- Јас сум христијанин и го празнувам мојот Христос, а во устата на оној што го слави Христос не треба да влезе ништо од поганите жртви.
Тоа дојде до ушите на игемонот Максим, и тој нареди да го фатат Калиопиј и да го доведат пред него на суд. Кога го доведоа го праша:
- Како се викаш?
Момчето одговори:
- Јас сум христијанин и се викам Калиопиј.
Игемонот рече:
- Денес празнува целата вселена поради божествените празници. А како ти, живееш во лага и не сакаш да празнуваш со нас?
Свети Калиопиј му одговори:
- Вие живеете во лага и чекорите во темнина, зашто го оставивте живиот Бог и се поклонувате на мртви дрвја и камења.
Игемонот рече:
- Твојата дрскост те води кон тешки маки. Кажи ни од каде си, и имаш ли родители?
Светиот одговори:
- Јас сум од Перга Памфилиска од сенаторски и патрициски род, но пред се јас го ценам тоа што сум христијанин. Имам мајка, а татко ми одамна е умреа.
Тогаш игемонот му рече:
- Ако им се поклониш на идолите, ќе ти ја дадам за жена својата ќерка единица.
Светиот му одговори:
- Јас Му ветив на својот Бог Христос дека ова земно тело ќе го сочувам во чиста девственост и беспрекорно ќе го изведам пред неговиот праведен суд.
Игемонот повика:
- Зол гаду, мислиш ли дека со таквите зборови ќе ме разбесниш побрзо да те убијам? Знај дека јас долго ќе те мачам, ќе го исечам на парчиња твоето тело и ќе го спалам.
Светителот одговори:
- Колку подолго ќе ме мачиш, толку посветол венец ќе ми сплете мојот Христос за страдањата мои. Светото Писмо вели: „Никој не добива венец ако не војува правилно“ (2 Тим. 2, 5).
Игемонот им рече на слугите:
- Искршете му ги коските со оловни стапови!
Тепан, свети Калиопиј говореше:
- Ти благодарам, Христе, што ме удостои да поднесам маки за пресветото име Твое.
Игемонот им рече на слугите:
- Тепајте го со сурови жили по стомакот, а потоа со остри клинци растегнете го за да му испукаат зглобовите, и така приврзете го. Потоа под него запалете силен оган, та да издивне кинат со клинците и горен од огнот.
Кога започнаа така да го мачат, свети Калиопиј почувствува силни болки, и повика кон Господа:
- Дојди, Христе мој, помогни му на слугата Твој, за во мене недостојниот да се прослави името Твое, и сите да видат дека никогаш нема да се посрамат оние што се надеваат во Тебе.
И веднаш ангел Господов го изгаси огнот и крв го обли младото маченичко тело, а низ длабоките рани му се гледаа коските.
Игемонот нареди да го одврзат маченикот. Призорот беше многу трогнувачки, и народот повика:
- О, неправеден суд! О, какво момче така страшно измачуваат!
Игемонот му рече:
- Нели ти реков дека твојата младост те прави дрзок и те поттикнува на најтешки маки?
Светиот одговори:
- Бесрамен песу, мислиш ли дека се уплашив од твоето мачење? Јас се надевам во мојот Христос, и ти никогаш нема да ја оскверниш чистата вера Божја во мене. Телото мое е пред тебе. Мачи го како сакаш, но знај дека ќе добиеш одмазда од Бога во денот на Страшниот суд.
Тогаш игемонот им рече на слугите:
- Оковајте го и фрлете го во најдлабока темница, и не дозволувајте никој да се грижи за него, ниту да го величаат за неговото трпение.
Слугите веднаш го оковаа страдалникот и го фрлија во најстрашна темничка ќелија.
Кога дозна за таквото страдање на својот син, неговата блажена мајка Теоклија го раздаде својот имот, ги ослободи робовите, го раздаде златото и среброто на бедните, а целиот недвижен имот: села, ниви и лозја ги поклони на Црквата. Веднаш отпатува во Киликија кај својот син кој страдаше за Христа, им даде малку злато на стражарите на темницата, и успеа да влезе. Кога го виде окован му се поклони, и му ги пови раните. А свети Калиопиј, целиот отечен од многуте рани, не можеше да стане пред својата мајка, па само рече:
- Добро ми дојде, мајко моја!
А таа одговори:
- Блажена сум јас, и благословен е плодот на утробата моја, зашто како Ана Самуила и јас свет сад му принесов на Бога и како Сара Исака те приведов како пријатна жртва на Христа.
Мајката ја помина целата ноќ крај нозете на својот син, пеејќи заедно со него и славејќи го Бога. На полноќ силна светлина ја осветли темницата, и дојде глас кој говореше:
- Вие сте свети исповедници Христови и уништувачи на идолите. Сте ги оставиле татковината и имотот, за да пострадате за Христос!
Утредента игемонот Максим го изведе светиот на суд и го праша:
- Се освести ли од своето безумие? Ќе ја исполниш ли царската наредба? Ќе им се поклониш ли на боговите за да останеш жив?
Светиот му одговори:
- Се чудам на твојата бесрамност, зашто многупати го слушна мојот одговор:
- Јас сум христијанин, и за Христос ќе умрам, а ти повторно ме рашуваш и не се срамиш да војуваш против вистината. Игемонот ја виде непоколебливата решеност на маченикот нареди да го распнат на крст како Христос. Тоа се случи токму Велики Четврток. Кога виде дека го поведоа нејзиниот син на распнување, света Теоклија им даде на војниците пет златника, и ги замоли нејзиниот син да не го распнат како Господ Христос, туку наопаку. Тоа го стори од смерност, сметајќи дека е недостојно нејзиниот син да биде распнат на ист начин како Господ Исус Христос. На Велики Четврток свети Калиопиј беше распнат за Господа, а на Велики Петок, во девет часот предпладне го предаде својот дух во рацете Божји. Тогаш дојде глас од небото, кој му рече:
- Дојди, сограѓанину Христов, и сонаследнику на светиите!
Кога мртов го симнаа од крстот, неговата блажена мајка падна врз него, го прегрна, и веднаш издивна. Потоа дојдоа христијаните ги зедоа двете тела и ги погребаа заедно на чесно место, славејќи го Отецот и Синот и Светиот Дух, еден во Троица Бога, Кому слава низ сите векови. Амин. Свети Калиопиј и неговата мајка пострадаа чесно на 7 април, во 304-та година.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ НИЛ СОРСКИ
Големиот отец на Руската црква според своето подвижништво и богомудрост, учителот на скитската простота и созерцателниот живот, преподобниот Нил е роден во 1433-та година. Не се знае ништо за неговото потекло и место на раѓање, но сепак според неговите многубројни врски со важни личности од неговото време, и според неговото високо образование, се претпоставува дека бил од болјарско потекло. Навистина, свети Нил се нарекува себеси селанец, но можеби поради своето длабоко смирение, и затоа што живеел на татковството на своите предци меѓу селските жители.
Свети Нил се замонашил и го отпочнал својот монашки живот во обителта на преподобниот Кирил Белоезерски. Ги користел советите од мудриот и строг старец Пајсиј Јерославов, кој потоа бил игумен на Сергиево Светотроичната Лавра. Од оскудните податоци за животот на преподобниот Нил е познато само дека тој патувал по светите места на Исток, и долго време живеел на Света Гора. Се трудел меѓу атонските отци како рајска пчела, И целото Руско монаштво го обдарил со својата прекрасна списа, која во себе содржи не само вистини за скитското безмолвие, за скитското молитвено испосничко тихување, туку и за неговиот личен опит на сознание, проживеани со лично искуство, и запечатени со доживувањата од неговиот личен ангелски бестрасен живот. Плод на неговиот престој на Света Гора е изучувањето на правилата за пустинската осаменост, безмолвната молитва и духовната трезвеност. Затоа, како што преподобниот Антониј Печерки е основач на монаштвото во Русија, така и преподобниот Нил можеме со полно право да го наречеме првенец на скитското подвижништво. Омилено занимање на преподобниот Нил беше изучувањето на Светото Писмо и Житијата и учењата на светите отци. На тој начин, не само што со умот и срцето ги изучи туку и во живот и непрекинато занимање ја претвори душеспасоносната наука на богомудрите отци: Антониј Велики, Василиј Велики, Ефрем Сирин, Исак Сирин, Макариј Велики, Варсонуфиј, Јован Лествичник, Ава Доротеј, Максим Исповедник. Исихиј, Симеон Нови Богослов, Петар Дамаскин, Григориј, Нил, и Филотеј Синајски. Преподобниот Нил многу го засака скитскиот начин на живот во Света Гора. Во неговата душа длабоко продре љубовта кон осаменоста. Кога се врати во Белоезерскиот манастир, тој не сакаше да живее во него, туку отиде на реката Сорска, заби еден крст, па најпрвин направи мала капела и ќелија и покрај нив ископа кладенец. Кога околу него се собраа браќа за да се подвизуваат, тој изгради и црква. Го уреди својот манастир со посебни отшелнички правила, според скитовите кои и до сега постојат на Света Гора Атонска. На тој начин го основа првиот Руски скит. Во својот нов скит преподобниот продолжи да го изучува Светото Писмо и делата на светите Отци, и според нив го уредуваше својот живот и животот на своите ученици.
Преподобниот историјата на својот внатрешен живот делумно ја откри во посланието до еден од своите блиски соподвижници кој упорно го молел за тоа.
„Ти пишувам, - вели преподобниот, - откривајќи се себе си: твојата љубов кон Бога ме тера на тоа, и ме прави безумен да ти пишувам за себе. Ние треба да постапуваме според Светото Писмо и преданието на светите Отци, а не според приликите. Моето заминување од манастирот Белоезерски, зарем не беше заради душевна корист? Несомнено е поради неа, зашто видов дека таму не живеат според законот Божји и преданието на Отците, туку според својата волја и човечкото расудување. Се уште има многу такви, кои, постапувајќи неправилно си вообразуваат дека водат доблесен живот. Кога ние двајцата живеевме во манастирот, ти знаеш дека јас ги одбегнував врските со светот и се трудев да живеам според Светото Писмо, макар што поради својата леност немав успех во тоа. Сега се преселив далеку од манастирот и со благодатта Божја најдов место според мојата замисла; тоа е малку пристапно за луѓето како што и самиот виде. Живеејќи во осаменост, јас се занимавам со изучувањето на духовните книги; пред се, ги изучувам заповедите Господови и нивното толкување - преданијата на светите Апостоли; потоа житија и поуки на светите Отци. Размислувам за сето тоа, и што ќе најдам корисно за мојата душа, го препишувам за себе. Во тоа се состои мојот живот и дишење. Заради мојата немоќ и леност, јас целата надеж ја положив во Бога и во Пречистата Богородица. Кога треба да превземам нешто, а тоа не го наогам во Светото Писмо, јас го одложувам на некое време додека не го пронајдам. Не смеам да превземам ништо по своја волја и свое расудување. Живеел осаменички или во општожитие, ти држи се до Светото Писмо и оди по стапките на светите Отци, или потчини се на некој кој е познат како духовен човек во зборот, животот и расудувањето... Светото Писмо е сурово само за оној што не сака да се смири со стравот Божји и да отстапи од земните помисли, туку сака да живее според својата страстна волја. Некои не сакаат смирено да го изучуваат Светото Писмо, дури не сакаат ни да слушнат за тоа како треба да живеат, како Светото Писмо да не е пишувано за нас и не треба да го исполнуваме во наше време. Но, за вистинските подвижници и во дамнина, и сега, и во сите векови, зборовите Господови секогаш ќе бидат чисти како сребро, и заповедите Господови за нив се подрагоцени од злато и послатки од мед“.
Новиот пат на животот, избран од преподобниот Нил, ги зачудуваше неговите современици. И навистина имаа на што да се чудат, особено оние послабите. Местото кое што преподобниот Нил го избра за свој скит, според очевидците беше диво, мрачно и пустинско. Целата околина на скитот беше ниска и мочурлива. Самата река Сорка, според која угодникот Божји е наречен Сорски, едвај се влече низ своето корито, И повеќе личи на бара отколку на истечна река. И ете, тука се подвизуваше рускиот отшелник.
Новиот, дотогаш невиден скитски живот во Русија, често искажуваната тага на душата заради расипувањето на црковните книги и грижата по можност да ги исправи, предизвикуваа незадоволство спрема преподобниот. Но, тој стрпливо одеше по својот пат и беше почитуван од добрите архијереји и великите кнезови. Во 1491 година преподобниот Нил присуствуваше на соборот одржан против еврејските еретици. Ревнителот на Православието, архиепископот Новгородски Генадиј, сакал лично да го види преподобниот отец Нил, и да го слушне неговото мислење за спорните работи за кои што се расправало на соборот.
На соборот во 1508 година, на кој се расправало за манастирските имоти, преподобниот Нил покажа до каква мера ги отфрлил сите световни пристрасности и како душата му ита единствено кон небесното. Согласен со духот на сиромаштвото на Максим Гркот и другите светогорци, преподобен Нил прв предложи на соборот манастирите да немаат имот и монасите да живеат по пустините. Сите белоезерски пустиници, следејќи ги во тоа заповедите на својот отец свети Кирил, го подржуваа мислењето на великиот скитоначалник, а Максим Грк подоцна дури и пострада од митрополитот Данил, иако повод за гонењето била ерес што му била подметната на светиот Максим. А пак, преподобниот Јосиф Волоколамски, иако самиот строг подвижник, имаше спротивно мислење и се повикуваше на светиот Теодосиј Велики, основачот на општожитијните манастири, на Атанасиј Атонски, и на други настојатели на манастирите кои имале имоти; и преовладало неговото мислење. По преподобниот Нил, неговиот ученик, кнезот Васијан Коси, исто како својот блажен учител и со него сите светогорци, многу се залагаше манастирите да бидат без имот, но нивното мислење не беше усвоено. Во своето претсмртно заветување преподобниот Нил, заповедувајки им на своите ученици неговото тело да го фрлат во пустината за храна на зверовите, или со презир да го закопаат во јама, го пишуваше ова: „Тоа тешко согреши пред Бога, и не е достојно за погреб“. А потоа ги беше додал и овие зборови: „Според мојата моќ се трудев да не користам никаква чест на земјата во овој живот; така нека биде и по смртта“.
Преподобниот Нил се престави кај Господа на 7 април, 1508 година. Неговите свети мошти почиваат во кивот во неговата пустина.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ЛЕВКИЈ
Се подвизувал во петнаесеттиот век; го основал Успенскиот манастир на реката Руза, во Московската губернија. Неговите свети мошти почиваат во црквата на неговиот манастир.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ДАНИЛ ПЕРЕЈАСЛАВСКИ
Преподобниот Данил како посебен подвиг ја имал грижата за мртвите. Кога и да слушнел дека се нашол некој смрзнат или усмртен на друг начин, тој брзал пристојно да го погребе и да се помоли на Бога за него. Се упокоил мирно во 1540-та година. Неговите мошти почиваат нераспаднати.