14. Јули (1. Јули)
СТРАДАЊЕТО НА СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ КОЗМА и ДАМЈАН, бесплатните лекари
По телесното прославување на нашиот Владика Господ Христос на земјата, како нешто достојно за восхит насекаде се прочуја подвизите на светите Христови маченици, зашто преку нив се јави силата на Спасителот, и сите се восхитуваа на нивното храбро противење на мачителите и нивното непобедливо трпение. Во таквите маченици спаѓаат и овие свети страдалници Козма и Дамјан, браќа по тело, родени во стариот Рим и воспитани во христијанската вера.
Изучувајќи ја лекарската уметност овие свети браќа ја исцелуваа секоја болест, зашто во сè им помагаше благодатта на самиот Бог. И врз кој болен човек, или пак добиток ќе ги положеа своите раце, болните веднаш оздравуваа. Добрите исцелители од никого не земаа награда, поради што и беа наречени бесплатни лекари. Само една најскапоцена награда тие бараа од исцелените, а тоа беше верата во Христа. И навистина, не само во самиот Рим, туку и по околните градови и села, низ кои тие одеа и ги исцелуваа болните, мнозина обраќаа кон Христа Бога. Покрај благодатта на исцелување, тие и со својот огромен имот, наследен од родителите, им помагаа на луѓето и на ништите. Го продаваа и раздаваа имотот, ги хранеа гладните, ги облекуваа голите и им ја укажуваа секоја милост и милосрдие на бедните и оскудните. Додека ги исцелуваа болните тие вака им зборуваа:
- Ние само ги полагаме рацете врз вас и ништо не можеме да сториме со нашата сила. Семоќната сила на единствениот вистински Бог и Господ Исус Христос врши сè. Ако поверувате во Него без сомневање, веднаш ќе оздравите.
Така секојдневно многу луѓе се одвраќаа од идолопоклонството и пристапуваа кон Господа Христа.
Светите лекари живееја во едно село во околината на Рим, каде што се наоѓал имотот на нивните родители. Таму целата околија ја просветија со светата вера. Меѓутоа ѓаволот, не можејќи да го поднесе нивното добродетелно живеење, поттикна некои свои слуги да појдат кај царот и да ги наклеветат пред него, нив, невините. Во тоа време во Рим царуваше Карин . Тој ги послуша клеветниците и веднаш испрати војници да ги фатат и да ги доведат кај него. Кога војниците започнаа да се распрашуваат за нив во селото, верните се собраа кај светите и ги молеа да се сокријат за некое време, додека одмине царевиот гнев. Но светите бесплатни лекари Козма и Дамјан не ги послушаа, туку итаа доброволно да излезат пред војниците, сакајќи со радост да пострадаат за Христа. По упорното наговарање и молби, тие се сокрија во една пештера. Војниците многу се разјарија и разгневија што не ги најдоа, па фатија некои угледни луѓе од тоа село, ги оковаа и ги поведоа кон Рим. Штом дознаа за тоа, светите веднаш излегоа од пештерата и потрчаа по војниците, велејќи:
- Ослободете ги невините и поведете не нас! Ние сме оние што ги барате!
Војниците ги ослободија оние луѓе а ги оковаа Светите и ги одведоа во Рим, каде што ги затворија во темница до утредента. Кога се раздени, царот седна пред народот на гледалиштето, ги изведе пред себе и со силен глас започна да им зборува:
- Вие ли сте тие што им се противите на нашите богови и со некакви маѓепсништва бесплатно ги исцелувате болестите меѓу луѓето и добитокот, заведувајќи ги простите луѓе да отстапуваат од отечките богови и закони? Барем сега оставите ја својата заблуда и послушајте го мојот добар совет: пристапете и принесете.им жртва на боговите, кои досега долго ве трпеле. Иако се навредени од вас, тие не ви вратија зло за зло, иако можеа да го сторат тоа, туку стрпливо го очекуваа вашето обраќање кон нив.
На тоа светите угодници Христови како со една уста му одговорија:
- Ние не заведовме никого и не знаеме никакви маѓиски вештини, ниту пак некому сме извршиле некакво зло, туку болестите ги лекуваме со силата на нашиот спасител Исус Христос, како што Тој заповеда, говорејќи: „Болни исцелувајте, губави очистувајте...“ (Матеј 10, 8). Тоа го вршиме бесплатно, бидејќи Спасителот така заветуваше, велејќи: „Бесплатно сте добиле, бесплатно давајте“ (Матеј 10, 8). Та нам не ни се потребни имоти, туку го бараме спасението на човечките души и им служиме на немоќните и ништите како на својот Христос, зашто грижата за нив Тој ја смета грижа за Себе, објавувајќи им на добротворците: „Гладен бев и Ме нахранивте, жеден бев и Ме напоивте, гол бев и Ме облековте“ (Матеј 25, 35. 36). Овие Негови заповеди ние се трудиме да ги исполнуваме со очекување од Него да добиеме награда во бесконечниот живот на Небесното Царство. А со вашите лажни богови ние не се согласуваме. Ти, и оние со тебе, служете им. Ние, пак, сме сигурни дека не се богови. Ако сакаш, царе, ќе ти предложиме да Го познаеш единствениот вистински Бог, Творецот на сè, Кој прави сонцето да грее и за добрите и за лошите, и дава дожд и за праведните и за неправедните (Матеј 5, 45), за потребите наши, а во слава на преголемото име Свое: отстапи од бесчувствените идоли и служи Му Нему!
На тоа царот Карин им рече:
- Не ве повикав за красноречие, туку да им принесете жртва на боговите.
Светителите одговорија:
- Ние Му принесуваме бескрвна жртва за нашите души на единствениот наш Бог, Кој не избавил од замките на ѓаволот и ни го дал единородниот Свој Син за спасение на целиот свет. Тој не е создаден туку е Создател на сите, а твоите богови се човечки измислици и дело на занаетчиски раце.
- Не навредувајте ги вечните богови - рече Карин, туку принесете им жртви и поклонете им се, ако не сакате да бидете мачени.
Исполнети со Светиот Дух, слугите Христови рекоа:
- Биди посрамен со боговите твои, Карине! За да се увериш дека нашиот Бог е семоќен, твоето лице во овој миг нека се сврте на спротивната страна од твоето тело!
Карин веднаш се промени во лицето и тоа му се сврте кон плеќите и никој не можеше да му помогне. И така седеше тој на престолот со свртено лице, а народот громогласно викаше:
- Голем е Богот христијански и нема друг Бог освен Него!
Во тоа време многумина поверуваа во Господ Христос и ги моеа светите Лекари да го исцелат царот. Ги молеше и самиот цар, велејќи им:
- Сега знам дека вие сте слуги на вистинскиот Бог Затоа, велам, како што исцеливте многумина, исцелете ме и мене, за и јас да поверувам дека не постои друг Бог освен од вас Проповеданиот, ги створил небото и земјата.
На тоа светителите му рекоа:
- Ако Го спознаеш Богот Кој ти ги дарувал животот и царството, и поверуваш во Него со сето свое срце, тогаш Он ќе те исцели.
Царот со силен глас рече:
- Верувам во Тебе, Господи Исусе Христе, вистински Боже, помилуј ме и не спомнувај го моето досегашно незнаење!
Додека царот зборуваше, неговиот врат се исправи, лицето му се врати на своето место и тој стана, ги крена очите и рацете кон небото и заедно со народот Му благодареше на Бога, говорејќи:
- Благословен си Христе, вистински Боже, Кој преку овие Твои свети слуги ме извади од темнината.
Така исцелен, им оддаде достојна почит на светите лекари Козма и Дамјан и ги отпушти со мир.
Светите браќа го напуштија Рим и се упатија кон своето село, каде од страна на жителите беа пречекани и дочекани со радост И слава на Господа Христа. Светителите пак, по својот обичај повторно одеа по околните градови и села и исцелуваа и со Светата Вера ги просветуваа сите, па повторно се враќаа во своето село. А Ѓаволот, откако не успеа да им наштети со своето прво лукавство, измисли друго средство. Во тој крај имаше еден многу познат лекар, кај кого на почетокот се учеа на лекарските вештини и светите Козма и Дамјан. Не можејќи да ја поднесе славата на овие угодници Божји, непријателот на човечкиот род го поттикна овој познат лекар на завист кон нив. Тој ласкаво ги повика кај себе и со изговор да собираат лековити тревки ги одведе во планината, а во своето срце имаше Каинова мисла. Откако ги одведе далеку, тој уреди секој пооделно да собира тревки. Потоа го нападна првин едниот и го уби со камења и на ист начин го погуби и другиот. Потоа нивните тела ги сокри кај тамошниот поток".
Така светите Христови страдалници, бесплатните лекари Козма и Дамјан, го завршија својот живот и се удостоија на маченичките венци од Христа Господа, Спасителот наш, Кому со Отецот и Светиот Дух чест и слава, сега и секогаш и низ сите векови. Амин.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ПЕТАР ПАТРИЦИЈОТ
Преподобниот Петар се роди и беше воспитуван во Цариград од славни и богати родители. Неговиот татко Константин беше патрициј и војвода. Тој уште од младоста усрдно се занимаваше со науките и исклучително добро Ја изучи философијата, а исто така и сите останати световни науки. Кога стана полнолетен стапи во брак и по смртта на својот татко ја наследи неговата угледна функција на патрициј, во времето на благочестивата царица Ирина и нејзиниот син Константин. А кога на царскиот престол стапи Никифор и избувна војна и царот го постави Петар за главен војвода на целата војска. Во текот на оваа голема војна најпрвин Грците ги победија Бугарите, а потоа, со допуштање Божјо, Бугарите, откако се опоравија од доживеаниот пораз, жестокот ги разбија Грците, па го убија и нивниот цар Никифор. Тогаш беше фатен и блажениот Петар со педесет кнезови. Бугарите тогаш се уште не беа христијани.
Осуден на мачење и смрт, војводата Петар лежеше во темницата. И додека усрдно Му се молеше на Бога за своето избавување, ноќе му се јави свети Јован Богослов, го ослободи од темницата и го одведе во неговата татковина. Од тоа време Петар целосно се посвети во служба на Бога. Убеден во ништовноста на се овоземно, тој се повлече на Олимписката Гора. Го прими таму ангелскиот лик, се подвизуваше заедно со Јоаникиј Велики! и се научи на секоја добродетел.
Петар остана на Олимписката Гора триесет и четири години и потоа отиде во Цариград, бидејќи веќе му беа починале сопругата и синот. Тука најпрвин поживеа при црквата која самиот ја беше подигнал и се викала Евандриска. Потоа се повлече на едно осамено безмолвно место, си направи мала ќелија и поживеа во неа осум години, носејќи остра власеница врз своето тело и сите години на својот испоснички живот ги помина бос. Со постот, бдеењето и останатите монашки подвизи, тој страшно се измачи себеси.
Подвизувајќи се така добродетелно и богоугодно, преподобниот Петар се упокои во Господа и беше вброен во ликот на преподобните, кои Го слават Отецот и Синот и Светиот Дух за навек. Амин.
СТРАДАЊЕТО НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК ПОТИТ
По времето на царувањето на Антонин, кога насекаде имаше големи гонења против христијаните, во Сардинија живееше еден човек на име Гилас, кој беше во идолопоклоничкото безбожие. Тој имаше син единец, тринаесетгодишно момче на име Потит. Омудрен со премудроста Божја, Кој од устите на малите деца чини пофалба за Себе (Псалми 8, 3; Матеј 21, 16), и просветен со благодатта на Светиот Дух, Потит Го позна својот Творец и Нему Му ги принесуваше своите молитви и поклоненија, а се гнасеше од бездушните идоли. Тој најде христијанско Божествено Писмо и откако го прочита се исполни со духовна мудрост и разум. Потоа кришум од татка си отиде кај христијаните, прими Свето Крштение и ги одбегнуваше гадните идолски жртвопринесувања. Неговиот татко Гилас го забележа тоа и беше многу тажен. Тој благо го советуваше заедно со него да им принесе жртва на елинските богови, но светото момче му одговори:
- Татко, ти не ми зборуваш добро. Ако навистина ме сакаш, тогаш советувај ме за она што ја спасува душата а не што ја погубува. Јас сакам ти да ја познаеш вистината, да се одвратиш од нечистите заблуди и да започнеш да Му служиш на Едниот Кој живее на небесата, Богот Кој држи се, Творецот на секоја твар.
Таткото се разлути, веднаш го затвори во една одаја и нареди никој од домашните да не се дрзне да му даде леб и вода. Притоа му рече:
- Да видиме дали ќе ти даде храна и вода твојот Бог, Кого ти Го почитуваш.
А светото момче Потит ги преклони колената и се молеше на Бога, говорејќи:
- Осуди ги, Господи, оние што ме осудуваат и собори ги оние што се борат против мене (Псалми 34,1), зашто сакам да Ти служам Тебе, мојот Господ Исус Христос, Кој си благоволил да слезеш од небото на земјата за спасението човечко. Погледни на молитвата на Твојот смирен слуга, и крепи ме во гладот, како што си го крепел Твојот пророк Даниил, фрлениот меѓу лавовите. Ти си рекол во Светото Евангелие Свое: „Блажени се гладните и жедните за правда, зашто ќе се наситат, блажени се прогонетите заради правда, зашто нивно е Царството Небесно“ (Матеј 5, 6.10). Затоа не оставај меи мене, заклучениот овде и измачуван со глад и жед заради Твојата правда!
Светото момче остана во тој затвор многу денови, мачено со глад и жед од својот татко, од Бога крепено со духовна храна и од Светиот Дух поено со благодат, и лицето негово блескаше како сонце. Веселејќи се во својот Господ Бог, Потит говореше: „Tи благодарам Господи, што мене, недостојниот Твој слуга, благоволи да ме наситиш со Твоите духовни блага, кои што се посилни доколку повеќе се добиваат. Уште Те молам, благ и милостив Боже, Боже на ангелите и архангелите, Кој не ја сакаш смртта на грешникот, туку да се обрати и да биде жив: услиши ме, бидејќи од срце повикувам кон Тебе за мојот родител. Дај му познание на вистината Твоја и разбирање на верата. Отвори му го умот за да Те познае Тебе, Творецот свој, и да Ти послужи Тебе Единствениот, а не на елинското многубожие, Нека не се радува заради него непријателот на христијанскиот род - ѓаволот, туку нека се прослави на него семоќната сила Твоја, која ги упатува заблудените кон спасение“.
Додека светото момче така се молеше, му се јави Ангел Господов кој го крепеше, говорејќи му:
- Ќе го добиеш моленото. Бог, во Кого од срце веруваш, секогаш е со тебе и ќе добиеш сè што бараш од Него, но, знај дека против тебе се подготвил ѓаволот. Затоа треба да се облечеш во сите Божји оружја, за да можеш да им се спротивставиш на неговите лукавства (сп. Ефесјаните 6,11).
Го рече тоа Ангелот на светлината и си отиде. А светото момче продолжи да Му се моли на Бога, говорејќи: „Смилувај се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите“ (Псалми 56, 2).
По кратко време му се јави Ангелот на темнината, блескајќи со лажна светлина и му рече:
- Еве, дојдов кај тебе, безазлено момче, за да не малаксаш од глад и жед, туку да го послушаш својот татко и гозбено да се наситиш со него. Јас сум Христос. Се смилував на тебе, гледајќи ги твоите солзи и дојдов да те посетам.
- Оди си од мене, сатано! Непријателу на вистината, нема да го прелажеш слугата Божји. Ти не си Христос, туку антихрист - одговори светото момче и започна да се моли, говорејќи:
- Господи Исусе Христе, избркај го од мене овој нечист враг, и фрли го во бездната на која е осуден со слугите свои.
Тогаш ѓаволот го промени својот ангелски изглед, се претвори во огромен џин, висок петнаесет лакти, па потоа во огромен вол и зарика со страшен глас. Светото момче се огради со крсниот знак и му рече:
- Престани, злобен духу, да ги искушуваш Христовите војници. Не ќе можеш да го исплашиш со крвта Христова искупениот и со крсната сила оградениот!
И ѓаволот веднаш исчезна, но неговиот глас се слушаше оддадеку:
- О, колку младо момче ме победува! Тешко мене, каде сега да здивнам? Кон кого да ги насочам моите стрели? Ако му пристапам на старецот, тој нема така лесно да ме победи како ова момче. Но, ќе појдам и ќе влезам во ќерката единица на царот Антонин, и преку неа ќе ја покажам силата своја! А против тебе, Потите, ќе го поттикнам царот да те погуби во страшни маки.
Свети Потит одговори:
- Врагу! На какви маки и да ме подложиш, јас секаде ќе те победувам. Не јас, туку мојот Господ Исус Христос ќе те победува!
И побегна ѓаволот, викајќи:
- Тешко мене! Победен сум од дете!
Потоа Гилас го изведе Потит од затворот и му рече:
- Чедо, принеси им жртва на боговите, зашто царот нареди непослушните да бидат усмртени со страшни маки или да бидат фрлени на ѕверовите. Јас страдам за тебе, оти си ми единец. Не сакам да го изгубам својот наследник.
Светото момче го праша:
- На кои богови треба да им принесам жртва? Сакам да ги знам по имиња.
Таткото одговори:
- Зарем ти, чедо, не ги знаеш богот Зевс, и Ареја, и Минерва?
Потит на тоа рече:
- Откако сум се родил, јас никогаш не сум слушнал дека постојат такви богови, туку само идоли. Татко! Кога би знаел колку е голем Богот христијански, Кој не спаси понижувајќи се Себеси, ти би поверувал во Него, зашто Тој е единствен вистински Бог, Кој ги створил небото и земјата а сите останати многубожечки богови се ѓаволи.
Гилас праша:
- Од каде ти се овие зборови?
Светото момче одговори:
- Преку мојата уста зборува Оној на Кого Му служам. Тој рекол во Своето Евангелие: „Не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што треба да кажете“ (Матеј 10, 19).
- Зарем ти не се плашиш од маките, чедо мое? Што ќе правиш кога ќе те одведе кнезот мачител и ќе те стави на страшни маки? - праша Гилас.
Насмевнувајќи се, светото момче одговори:
- О, татко! Безумно зборуваш! Мојот Господ Исус Христос, Искупителот на нашите души, ќе ме крепи мене, слугата Свој. Зарем ти, татко, не знаеш дека со името Господово Давид како невооружено момче со камен го уби силниот Голијат и зграпчувајќи го неговиот меч му ја отсече главата?
Гилас го праша:
- Со надеж во својот Бог, подготвен ли си за Неговото име да ги поднесеш сите страдања?
Светиот одговори:
- Верувам во мојот Творец, Отецот и Синот и Светиот Дух, Едниот во Троица Бога, дека ќе ми даде сила не само јуначки да ги поднесам сите маки, туку и бестрашно да умрам за Него. Верувај и ти, оче, во Богот за Кого ти зборувам, па ќе се спасиш. Боговите на кои ти им се поклонуваш се ништо. Ниту некогаш некого спасиле, ниту нешто можеле да сторат. Бескорисно е да се клањаш на мртви метали, камења и дрвја. Тие се неми и бесчувствени. Имињата со кои ги нарекувате вашите идоли се имиња со кои во дамнина се нарекувале најрасипаните и најлошите луѓе, кои се занимавале со демонски и најразлични злосторства, заслужни за секоја казна. Државните закони и денес ги осудуваат таквите и ги предаваат на смрт. Бедните души на тие ваши богови сега се во пеколот и непрестајно се мачат во вечниот оган, кој никогаш не згаснува. Во тој исти оган заедно со нив бесконечно ќе се мачат и оние што сега им служат на нивните идоли. А нашиот вечно Жив Бог управува со сите видливи и невидливи твари и владее со небесното и земното, и оние што веруваат во Него и вистински Му служат ги прославува во Своето Небесно Царство, па и на земјата нивните имиња ги чини славни, збогатувајќи ги со чудесна благодат, со која тие творат знаци и чудеса. Тој вели: „Знаците на оние што ќе веруваат ќе им бидат овие: со Моето име ќе истерувате демони, ќе зборувате нови јазици, ќе настапувате на змии и ако и смртно нешто испиете нема да ви наштети; врз болни ќе полагате раце и тие ќе оздравуваат“ (Марко 16-17).
Таткото се восхити од зборовите на својот син и рече:
- Сега сфатив дека е вистински христијанскиот Бог, Кој преку устата на ова момче зборува работи какви што никогаш не сум слушнал. Кога во него не би имало Божествена сила, тоа не би можело од своето срце да изговара вакви зборови. Како што гледам, преку устата на мојот син зборува тој Бог.
Воздивнувајќи и плачејќи, Гилас рече:
- Тешко мене, грешниот! Младо момче, сине мој, далеку попаметно си од мене, стариот, зашто во детството Го позна Вистинскиот Бог, а Јас се досега не го знаев. Но сега верувам со срцето и исповедам со устата дека нема друг бог освен Богот христијански и дека не постои сличен на Него.
И така Гилас поверува во Христос и прими Свето Крштение под раководството на својот син, светото момче Потит. По крштението на својот татко, подражавајќи ги апостолските трудови, Потит отпатува во земјата викана Епир и таму Го проповедаше Христа. Оттаму појде во градот Валерија. Таму имаше една жена Киријакија, сопруга на сенаторот Агатон, тешко болна од лепра, која ниту еден лекар не можел да ја исцели. Свети Потит дојде пред вратата на нејзината куќа и седеше кај нив како просјак. Тогаш од куќата излезе еден евнух, и свети Потит го замоли да му даде малку вода. А евнухот го праша:
- Зар си дошол овде за да бараш вода?
Светиот му одговори:
- Жеден сум, не толку за вода од овој дом, колку за спасението на душите, за во овој дом да се покаже благодатта на мојот Господ Исус Христос.
Восхитен од овие зборови, евнухот го праша:
- Од каде си момче? Како се викаш?
Свети Потит одговори:
- Роден сум од земја како и ти. Се викам Потит. Слуга сум на мојот Господ Исус Христос, Спасителот на човечките души кои веруваат во Него и Исцелителот на телесните недостатоци. Тој лепрозни очистувал, раслабени од одар подигал, на слепи вид им давал и мртви со збор воскреснувал.
Евнухот го праша:
- Ако си Негов слуга, можеш ли и лепрозни да исцелуваш?
- Таму каде што има вера ќе има и исцеление, зашто мојот Господ Исус Христос на секого му дава според верата - одговори светителот.
- Можеш ли ти да ја исцелиш од лепрата нашата госпоѓа? - праша евнухот.
Светителот одговори:
- Ако поверува во мојот Бог Христос, ќе оздрави.
На тоа евнухот рече:
- Ако ја исцелиш ќе станеш господар на сите нејзини имоти.
Светителот одговори:
- Јас не сакам ни злато, ни сребро, ни имоти, туку сакам нејзината душа да ја присоединам кон мојот Бог Христос. Евнухот веднаш ја извести својата госпоѓа и свети Потит беше внесен кај неа. Влегувајќи во нејзината одаја, свети Потит рече:
- Мирот на мојот Господ Исус Христос нека биде во овој дом! Киријакија му рече на светиот: - Те молам, исцели ме ако можеш. Светителот и одговори:
- Верувај во Богот Кого Го проповедам и прими свето крштение, па ќе оздравиш. На тоа жената рече:
- Научи ме како да верувам. Тогаш свети Потит ја поучи во Христа Бога, покажувајќи и го вистинскиот пат на спасението. Откако го сослуша, таа му рече:
- Верувам дека нема друг Бог освен Оној за Кого ти ми зборуваш и се надевам дека Он ќе ме исцели, а ти прави што ќе правиш. Тогаш свети Потит ги преклони колената на молитва и со солзи. започна:
- Господи Исусе Христе, Царе на ангелите, Спасителу на душите, Ти си им рекол на Своите ученици: „Со името Мое лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони истерувајте!“ (Матеј 10, 8), Услиши ме, Владико, и мене, слугата Твој и исцели ја оваа жена. Благодатта Твоја нека биде врз неа, за незнабошците да речат дека си Ти вистинскиот Бог и дека нема друг бог освен Тебе.
Откако така се помоли, светиот уреди да биде крстена. И кога жената влезе во купелот и се крсти, веднаш се исцели и излезе потполно здрава. Нејзиниот сопруг Агатон и сите домашни, откако го видоа тоа поверуваа во Христа и се крстија. И многу граѓани, речиси половина град, гледајќи во нив, ја примија светата вера и Го благословуваа Бога, говорејќи:
- Навистина огромна светлина видовме преку ова момче, кое не изведе од идолопоклонската темнина.
А свети Потит им зборуваше:
- Ете, ја видовте големината Божја. Затоа исполнувајте ги заповедите Негови и ќе добиете вечно спасение.
На излегување од градот свети Потит отпатува во пустата гора викана Гаргара. Таму живееше со зверовите како со овци, зашто по Божја наредба зверовите му се покоруваа и во групи го следеа. Во тоа време ѓаволот влезе во царевата ќерката Агнија и ја мачеше. Царот многу тагуваше и се молеше за неа на своите богови, со ветување дека ќе им принесе волови со позлатени рогови ако ја исцелат. А преку устата на девојката ѓаволот викаше:
- Јас нема да излезам одовде додека не дојде ваму Потит, кој живее на гората Гаргара.
Царот веднаш испрати еден свој големец на име Геласиј со четириесет војници, да го пронајдат Потит. Го најдоа како седи во гората и околу него мноштво ѕверови. Војниците се преплашија од таа глетка и сакаа да побегнат, зашто ѕверовите се свртеа кон нив, но светителот им запрети, велејќи:
- Разидете се без да повредите некого.
Ѕверовите веднаш се разидоа. Свети Потит го праша Геласиј:
- Зошто со толку војници дојде кај мене?
А Геласиј го запраша:
- Ти ли си Потит?
- Јас сум грешниот слуга на мојот Господ Исус Христос - одговори светителот.
- Царот Антонин тебе те бара. Затоа појди со нас - продолжи еласиј. Светителот возврати:
- Зошто на незнабожниот цар му е потребен човек христијаан?
Но војниците го поведоа свети Потит и тој застана пред царот, кој го праша:
- Од каков род си?
Светителот одговори:
- Христијанин сум, а и родителите ми се христијани.
- Зарем ти не знаеш, - праша Антонин, - за нашата царска наредба дека секој што не им се поклонува на нашите богови се предава на смрт?
- Јас тоа и го сакам. Да умрам за мојот Бог Христос - одговори светиот. Царот продолжи:
- До мене стигна глас дека ти можеш да Ја исцелиш мојата ќерка. Ако го сториш тоа, ќе те опсипам со многу почести и богатства.
Светителот го праша:
- А зошто не ја исцелат твоите богови?
Царот праша:
- Како се осмелуваш да зборуваш така со мене?
Свети Потит одговори:
- Ако ја исцелам твојата ќерка, царе, ќе поверуваш ли во мојот Бог?
Царот вети дека ќе поверува, а светителот му рече:
- Знам дека имаш закоравено срце и нема да поверуваш, но јас со силата на мојот Бог ќе го сторам тоа заради присутниот народ, за тој да види, да поверува и да го прослави името на Господа Исуса Христа.
Тогаш беше доведена царската ќерка пред свети Потит. Преку нејзината уста ѓаволот му рече на светиот:
- Потите, нели ти реков дека ќе направам да дојдеш кај царот без да сака?
А светителот дувна во лицето на девојката и му рече на ѓаволот:
- Мојот Господ Исус Христос, Синот на Живиот Бог, на Кого Му се покорува сета твар, небесна, земна и подземна, ти запретува и ти наредува, нечист духу, да излезеш од ова Негово створение и повеќе да немаш власт да влезеш во него.
Откако го рече тоа, светителот ја удри девицата со својата десна рака по лицето, и во тој миг сите видоа како од нејзината уста излезе страшна змија и исчезна. Сите се запрепастија и зборуваа:
- Навистина е голем Богот на ова момче!
И многумина од нив поверуваа во Христа.
И царот со восхит велеше:
- О, колку голема сила има христијанското маѓепсништво!
На тоа свети Потит му рече:
- Тешко тебе, безумен царе! Ти ја гледаш големината Божја и не веруваш во Бога.
- Јас им благодарам на моите богови. Тие ја исцелија мојата ќерка - возврати царот.
Светителот рече:
- Лажеш, царе! Мојот Господ Христос ја исцели твојата ќерка а не твоите богови!
- Престани да зборуваш и принеси им жртва на моите богови, па ќе те направам голем во мојата царска палата и ќе ти дадам злато, сребро и богатства - му рече царот.
На тоа свети Потит одговори:
- Нема добро за тебе, царе. Ти ми го ветуваш она што Јас го сметам за земно ѓубре. Јас на небото имам неминливи и неискажани богатства, кои што мојот Господ Христос ги приготви за сите што Го љубат. А твоето злато и сребро, и сите твои богатства ќе ги изеде огнот.
- Како се осмелуваш да зборуваш така со мене? - гневно извика царот.
- Да, зборувам, оти не ти се плашам. Мојот Господ ќе ме избави од твоите раце! - одговори светото момче.
- Ти ме навредуваш и срамотиш - продолжи царот - но, јас трпам, штедејќи ја твојата младост, и те советувам да им принесеш жртва на боговите, за веднаш да не започнам да те мачам.
- Поштеди се, зашто за тебе се подготвува страшен пекол. Ќе пропаднеш заедно со твоето царство и вечно ќе гориш во незгасливиот оган заедно со твојот татко, ѓаволот - одговори светителот.
Разбеснетиот цар нареди да го соблечат свети Потит и жестоко да го тепаат со железни стапови. Тепан, светиот говореше:
- Ти благодарам, Господи, што ме удостои да страдам за името Твое!
Царот го праша:
- Сакаш да умреш или ќе принесеш жртви?
Потит праша:
- На кои богови сакаш да им принесам жртва?
Царот нареди да престанат со тепањето и му рече:
- Зарем ти не ги знаеш големиот бог Зевс, Арфан и Минерва?
Насмевнувајќи се, свети Потит одговори:
- Да видиме какви се тие богови, па ќе направам што ќе наредиш.
Царот со радост го одведе во идолскиот храм. Но, штом свети Потит се помоли на вишниот Бог, идолите испопаѓаа и се искршија на парчиња. Тогаш светителот му рече на царот:
- Ако се вистински богови, тогаш зошто испопаѓаа? И зошто не станат и не си помогнат самите на себе? Гледаш ли колку е голема силата на мојот Бог!
Посрамен и јаросен, царот нареди да го оковаат маченикот во тешки окови и да го фрлат во темница. Додека се молеше во темницата му се јави блескав ангел, кој го крепеше и тешеше. Тешките окови врз него се растопија како восок, темницата на полноќ се исполни со светлина и во неа се разлеа неискажан благомирис. Стражарите се чудеа од каде доаѓа таквиот прекрасен мирис, и кога зирнаа низ прозорчето ја забележаа необичната светлина. Го видоа и светителот без окови, како се радува, Го фали Бога и разговара со Ангелот. Таа глетка многу ги преплаши. Пред изгрејсонце го известија царот за се. Тој нареди да го подготват гледалиштето и да го соберат народот, па дојде и седна да му суди на маченикот, кој се прекрсти и со светло лице излезе пред него. Разгневен, и со грозен поглед кон маченикот, царот праша:
- Потите, што мислиш, каде се наоѓаш сега?
- Се наоѓам на земјата на мојот Бог - одговори Потит.
На тоа царот рече:
- Сега ќе загинеш. Кој бог може да те избави од моите раце?
Светителот одговори:
- Засрами се, царе. Песот е попаметен од тебе. Тој му се умилкува на човекот од чии што раце јаде леб, а ти, иако доби исцеление за својата ќерка од мојот Бог, хулиш на Него.
Царот нареди веднаш гол да го обесат на мачилиштето и да го горат со свеќи, па со железни нокти да му го стругаат телото. Светиот маченик трпеше како во туѓо тело и му се потсмеваше на царот, говорејќи:
- Каде се твоите закани, царе? Ти се фалеше дека ќе ме совладаат маките, но јас не чувствувам никакви болки. Разбери дека ова мачење му причинува болки на твоето срце а не на моето тело, зашто со трпение се веселам во нив.
Посрамен, царот уште повеќе се разјари и нареди да го симнат од мачилиштето и да го фрлат на зверовите. Но, зверовите легнаа покрај него и му ги лижеа нозете, а тој викаше кон царот:
- Што велиш сега, нечист мачителу? Зарем се уште не ја гледаш силата на мојот Бог Христос. А царот нареди да ги вратат 5веровите назад и му рече на џелатот:
- Исечете го на парчиња овој проклетник, па расфрлајте го на кучињата да го изедат!
Кога џелатите ги зедоа секирите и започнаа да го сечат светителот, со чудесната сила Божја неговото тело стана цврсто како камен, така што секирите не можеа ни најмалку да му наштетат, а џелатите се рануваа себеси. Народот се запрепасти и околу две илјади луѓе тогаш поверуваа во Христа Господа. Тие викаа:
- Во ова момче навистина дејствува Оној исти Бог, Кој порано дејствувал во Петар и Павле, кои пострадаа во овој град. Царот мачител затрепери и рече:
- О, колку е големо маѓепсништвото на овој нечист христијанин! И нареди да се подготви железна тава, да се вжешти зејтин и да го пржат маченикот во неа. Нареди да се растопи и олово, та и со него да го полеваат. Но, тој, како да се наоѓаше во ладовина, весело Го славеше Бога и му велеше на царот:
- Те заколнувам во твојата царска чест, додавај уште олово, зашто од него чувствувам огромна свежина! Во недоумица какви маки да измисли за маченикот, царот нареди да донесат долг железен клинец, да го вжештат и да го забијат во главата на маченикот. Но, со силата Божја тој беше жив и здрав без болки, зашто тие се префрлија на царевата глава и тој викаше:
- Смилувај се на мене, слуго Христов, и избави ме од овие боли. Сега ја познав силата на твојот Бог!
Светителот му одговори:
- Нека те исцелат твоите богови. Царот не престануваше да го моли, а маченикот му рече:
- Ти нема да се исцелиш се додека не дојде ваму твојата ќерка, оја мојот Христос ја оздрави. Веднаш беше повикана царевата ќерка, која падна пред нозете га маченикот, говорејќи:
- Те молам, слуго Божји, крсти ме во името на твојот семоќен Бог!
Светителот нареди веднаш да се подготви купел и пред целиот народ ја крсти царевата ќерка, бидејќи во тоа време било невозможно да се најде свештеник, зашто тие се криеле поради гонењата. Потоа маченикот ги крена рацете кон Бога, се помоли за исцелување на царот и тој оздраве. Но, наместо да го познае вистинскиот Бог и да Му заблагодари, незнабожниот цар започна да им благодари на своите нечисти богови, велејќи:
- Ви благодарам, боже Аполоне, боже Марсе и богињо Минерво, што ме исцеливте!
Тогаш свети Потит започна остро да го прекорува царот, изобличувајќи ги неговото безумие, тврдоглавост и целосната преданост на ѓаволската прелест. Бесомачно разјарен, царот нареди да му го отсечат јазикот и да му ги ископаат очите. И покрај тоа маченикот јасно зборуваше, славејќи Го Бога и велејќи:
- Ќе Го благословувам Господа во секое време, Неговата пофалба е секогаш во устата моја. Ќе Го благословувам Оној Кој ставил песна нова во устата моја и весело и радосно ќе Му пеам на Бога.
А на царот му рече:
- Што постигна безбожнику, со тоа што ми го отсече Јазикот? Се надеваше дека ќе ми го одземеш говорот, но, ете, гледаш и слушаш дека зборувам јасно со благодатта на мојот Христос, Кој ќе те победи како фараонот во дамнина. Гледајќи дека е победен и посрамен, царот просто се избезуми и не знаеше што повеќе да прави со маченикот. За да се избави од укорот на народот, најпосле нареди да му ја отсечат главата со меч. Така Христовиот маченик Потит во детски години ја положи својата душа за Господ Христос, и сега царува со Него во бесмртниот живот на небото. Да се удостоиме и ние на бесмртниот живот, по молитвите на светиот маченик Потит и благодатта на нашиот Господ Исус Христос, Кому слава со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш и низ сите векови. Амин.
СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ДВЕ ИЛЈАДИ МАЧЕНИЦИ
Пострадаа за Христа со меч посечени.
СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ДВАЕСЕТ И ПЕТ НИКОМИДИСКИ МАЧЕНИЦИ
Пострадаа за верата Христова спалени во оган.
СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК МАВРИКИЈ
Велиот премачкан со мед, овој свет маченик умре за Господа Христа избоден од пчели.
СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК КОНСТАНТИН АЛАМАН ЧУДОТВОРЕЦОТ
и останатите со него
Овој свет маченик и останатите со него беа родум од разни краеви. Беа дошле во светиот град Ерусалим, за да се поклонат на Светите Места. Биле околу триста луѓе. Од Ерусалим дојдоа на островот Кипар. Тука свети Константин со тројца монаси започна да ја проповеда верата Христова. Затоа беше фатен од старешината на островот, на име Савин, и бидејќи не сакаше да се одрече - . од својата вера во Господа Христа, беше многу мачен и злоставуван. По долгото мачење, нему и на тројцата со него, им беа отсечени главите во селото Ормидија, во близина на местото Ларнака на Кипар. Побожни христијани ноќе ги зедоа нивните свети тела и чесно ги погребаа тука. Подоцна беа откриени нивните свети мошти како негнилежни и чудотворни, зашто исцелуваа многу болни. Над нив потоа беше подигнат и храм на свети Константин, кого од тогаш го слават сите на островот Кипар. Ова нивно страдање според некои се случило околу дванаесетиот век. Со нив пострадаа и многу други свети маченици (некои од нив наречени Аламани), а некои од нив останаа на Кипар и се прославија во подвижништвото. Нивниот заеднички спомен се слави на 13 јули.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ВАСИЛИЈ
Го основал манастирот Ватеј Риак во близина на Мунтанија.
СПОМЕН НА НАШИОТ ПРЕПОДОБЕН ОТЕЦ ЛАВ ПУСТИНИКОТ
Нашиот преподобен отец Лав живеел гол во пустината, како првиот Адам, без да се срами од своето тело, зашто потполно го беше поттчинил на духот и во служба на богоугодувањето. Во мир се упокои во Господа, заради Кого и поднесе таков подвиг.